1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Атос, Грција - свето место недостапно за жените

Дискусија во 'Религија' започната од karenin, 5 мај 2013.

  1. meleh

    meleh Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Машки
    Во црквата имаме Свето предание кое го пазиме и го потрепуваме со Светото писмо.


    Светото Предание (παράδοσις; предание, усмено пренесување на верата),
    е нешто кое што се предава и се живее во Црквата а, е научено (предадено) или востановено како пракса, и, е во согласност со учењето на Господ Исус Христос, апостолите и Црквата го прифатила за такво. Православната христијанска вера се базира на два суштествени извори Светото Писмо и светото Предание, овие два извори го сочинуваат Божјото Откровение. Православната Црква им дава еднакво значење на двата извори.
    Благодатна ризница на светото предание е светата Црква Божја. За тоа какво значење има светото предание пишува и во самата Библија Држете ги преданијата на кој сте научени било со наш збор било со посланица. (2. Сол. 2, 15). Исто како и светото Писмо и светото Предание се смета за боговдахновено. Св. Василиј Велики зборува: “од догмите и проповедите кои што ги чува Црквата, некои ги имаме од запишаното учење, а некои потекнуваат од апостолското предание кое што нам како тајна ни е предадено.”
    До триесетата година по Христа учењето Христово не било запишано, па се пренесувало усно, оттука заклучокот дека светото Предание му претходело на светото Писмо. Оттука пак произлегува дека светото Писмо и светото Предание се две притоки кој се слеваат во големата река на Божјото откровение. На едната страна стои Светото писмо како извор на Божјото Откровение со своите канонски списи, а на другата страна светото Предание исто така како извор на Божјото Откровение, кое што ги опфаќа, кратките излагања и формулирања на верата, апостолските правила, актите на помесните и вселенските собори, делата на светите отци, литургиите, црковно –богослужбените текстови, побожните обичаи, монашките правила житијата на светиите и друго. Всушност светото Писмо правилно се толкува и разбира само низ светото Предание.
    Протестанските христијански заедници не го прифаќаат светото Предание сметајќи дека тоа има човечки происход.
    За православната Црква секоја догма мора да биде втемелена и во светото Писмо и во светото Предание подеднакво, бидејќи и двете се боговдахновени и имаат Божествен происход.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  2. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Кога апостолите или новозаветните автори зборувале за предание, тие не зборувале за некакви тајни кои само тие тајно си ги знаеле меѓу себе, а народот обичен не ги знаел, туку зборувале за преданија кои апостолите ги проповедале од Христово време па натака, а потоа ги запишале во Светите писма. Кога евангелистот Лука зборува за преданија во (ев. Лука 1:1-2, Библијата) кои ги примил од апостолите очевидци за животот на Исус, тој не зборува за некакви тајни сокриени од народот, туку за усмени преданија за животот и делото на Исус, кои тој сега еве се нафаќа јавно да ги соопшти до сите и затоа го пишува ова Евангелие, најпрвин на честити Теофил, како прв примател на пишаниот збор, а потоа и на сите други под водство на Светиот Дух, до нас во денешно време. Значи Лука се труди, она што го знае да го соопшти јавно, а не да чува некакви тајни црквени дејствија кои само некакви црквенодостојници ќе си ги знаат меѓусебе, како тајна.

    Тоа истото се однесува и на сите други стихови во Новиот завет каде се споменува зборчето „предание“. Значи преданијата не се тајни сокриени само за некаква елита, туку усмени преданија кои ќе треба јавно да се проповедаат, а за кои апостолите се погрижија да ни се обзнанат во Новиот завет, преку евангелијата и посланијата. Нормално дека апостолите не успеаа да напишат сè што знаат за Исус, бидејќи ниту сите книги на светот немаше да го соберат сето она што тие го дознаа и видоа, но сигурни сме дека тие не сакаа да пренесат шифри или тајни учења, за кои обичната црква нема да знае, туку само некакви елитни црквенодостојници. Впрочем и самиот Исус во една прилика рекол:

    „Јас му зборував на светот јавно; секогаш поучував во синагогите и во Храмот, каде се собираат сите Јудејци, и ништо не говорев тајно“ (Исус Христос, ев. Јован 18:20, Библијата)

    Тоа не е спорно, но Солунјаните знаеле сè што им кажал усмено како предание, но ние не знаеме. Сè што ние знаеме е тоа што го напишале, а врз основа на напишаното можеме да си претпоставиме, скоро со сигурност и што им зборувале усмено, затоа што имаме доволно пишани документи за да сфатиме за што тие зборувале. Сега, ако некој зборува нешто спротивно на напишаното можеме со сигурност да речеме дека лаже, бидејќи друг доказ и немаме, освен напишаниот. Инаку секој може да си лаже „јас ги знам тајните преданија“. И гностиците велеле дека знаат одредени тајни, кои другите не ги знаеле и за да се докаже дека лажеле морало да се потврди дека тоа нешто е спротивно со писмата на апостолите, затоа и настанал канонот на Светото Писмо.

    Од друга страна, второто послание до Солунјаните е едно од првите писма што апостол Павле го пишал, во 52-54 година, веројатно пред да бидат пишани и евангелијата. Значи Новиот Завет се уште не постоел во пишана форма и Христовите учења циркулирале меѓу апостолите и црквите во усмена форма, а и оние писма што биле пишувани се уште не биле разнесени по сите цркви. Значи, пак ќе повторам, кога апостолите зборуваат за предание, тие не мислат на некое тајно учење, туку на Христовото учење кое што било јавно и кое потоа се преточило во новозаветните документи на Светото Писмо.

    Е сега, токму зборчето предание, толкувано како тајна информација, е најзлоупотребуваната манипулација за самоволието на црквените водачи низ историјата. На почетокот апостолските отци се труделе да го одржат вистинското учење со апостолите. Подоцна кога се јавиле еретици, кои користеле тајни извори на авторитет, како разни апокрифни книги и документи, кои немаат апостолско потекло, ама често пати користеле псевдоними со имињата на апостолите, за да го зајакнат авторитетот на пишаниот документ, се јавила потребата да се направи јасна разлика кои книги имаат апостолски авторитет, а кои се лажни и апокрифни. Така настанал канонот на Светото Писмо, со цел да се дознае што е вистинито, а што е лажно, и нема никаков друг авторитет кој ќе ја покаже разликата помеѓу вистинитото и лажното, освен Светото Писмо.

    Подоцна црквата, врз овие изјави, како што се изјавите на Василиј Велики, злоупотребувала наметнувања на најразлични небиблиски учења, под изговор дека тие се учења од „тајното усмено предание“: така се јавиле учењата за иконите, на исток митарствата, на запад чистилиштето, животот и улогата на Марија како соспасителка, како родена без грев, вечна девица, воскресната и вознесена како Христос, обожавањето на светците, молитвата за мртвите и триста други чуда.

    Не го спорам големиот придонес на Василиј Велики, кој живеел 3 века после Христос, во борбата за одбраната на вистината за Светата Троица, за божественоста на Синот и Светиот Дух и други негови заслуги во теологијата. Но сепак, никој не е совршен. Иако тој во одбрана против разните ереси од тоа време се обидувал да даде најдобар можен одговор на разни проблеми и прашања, сепак овој дел од неговото учење, за тајните преданија, ги преминал границите и отворил една пандорина кутија која потоа била искористена за многу паганизми во црквата под изговор дека тие се дел од „тајното учење“ на апостолите. Во негов контекст тоа има сосема поинакво значење, од она што подоцна црквата го гради врз тоа негово учење, и уверен сум, кога тој самиот би можел денес да види што се’ произлегло од неговото учење за тајното усмено предание, дека и тој самиот би ги исправил сите тие делови, кои во тој негов контекст можеби и имале некаква смисла.

    Просто кажано, за да не се давиме во манипулации, дека некој денес ги знае тајните преданија, како христијанството да е некаква тајна организација на масонска ложа, најполезно е да се свртиме кон Писмото, кое е единствен валиден, докажан и потврден документ, сигурен во објавата на оригиналното и првично учење на апостолите. Сè друго се додавки и одземања со сомнително потекло, штетно за духовното здравје на секој верник.

    Точно така, на почетокот Христовото учење не било запишано, се пренесувало усно, но подоцна кога евангелистите виделе дека луѓето почнале да ги извртуваат Христовите поуки, да си ги прилагодуваат кон своите потреби (за своите уши), кога почнале луѓето да си додаваат свои учења врз Христовите, тогаш евангелистите благовремено ја осетиле потребата дека треба да се запишат (црно на бело) Христовите поуки и да се пренесат настаните што се случиле веродостојно од перото на очевидците или од нивните пријатели и така настанале евангелијата. Тоа ни го потврдува и Иринеј епископот од Лион:

    „Не го научивме евангелието од никој друг, туку од оние кои и ни го пренесоа, тоа евангелие кое некогаш го проповедаа јавно, а подоцна, според Божјата волја ни го пренесоа ВО СВЕТОТО ПИСМО, ЗА ДА БИДЕ СТОЛБ на нашата вера.“ (Иринеј: Контра Ересите, 3:1:1)

    Така влегле и новозаветните посланија во канонот, бидејќи биле со апостолскиот авторитет.
    Многу преданија се појавиле подоцна, па дури и гностиците се појавиле со тајни преданија велејќи дека тоа е вистинското апостолско предание. Се појавиле и преданија и во одредени цркви. И тие тврделе дека тоа им се преданија од апостолите, наводно пренесени по тајни канали.

    Но, како можеме да направиме разлика помеѓу вистината и лагата, ако не со некој стабилен авторитет на верата, а тоа е Светото Писмо. Токму затоа и црквата морала да го воспостави, односно да го канонизира Светото Писмо, за да направи разлика помеѓу чистото апостолско учење и ересите, кои имале лажни усмени преданија, но и лажни апокрифни пишани докуманти, евангелија и посланија. Значи, добрите преданија се оние кои се во склад со Библијата, а лошите преданија се оние кои се спротивставуваат на Библијата, значи сепак Библијата ни е мерилото, норматив дури и врз самата црква.
    Августин во своето дело „За единството на Црквата“ вели:

    Нека ја покажат својата црква, ако можат, но не преку зборување и мрморење, НЕ ПРЕКУ СОБОРИТЕ НА НИВНИТЕ ЕПИСКОПИ, НИТУ ПРЕКУ ПИШУВАЊАТА НА НИВНИТЕ ХЕРОИ, НИТУ ПРЕКУ ИЗМАМНИЧКИ ЗНАЦИ И ЧУДА, бидејќи сме предупредени за вакви работи од Зборот Господов. Но нека ја докажат својата вера преку Законот (Мојсеевите книги), преку предвидувањата на Пророците, преку песните на Псалмите, преку самите зборови на нашиот Пастир, преку зборовите на евангелистите, ОДНОСНО ПРЕКУ КАНОНСКИОТ АВТОРИТЕТ НА СВЕТИТЕ КНИГИ! (Августин: За Единството на Црквата)

    Ако Светото Писмо може да се толкува на различни начини, тогаш и пишувањата на Светите Отци исто така можат да се толкуваат на различни начини, зар не? И ако си запознаен со пишувањата на Св. Отци, знаеш дека тие и самите не можеле да се сложат за многу работи. И сега КОГО да го слушаме?
    И зарем Бог бил немоќен доволно јасно да се изрази во Своето Свето Писмо, па потоа му требале луѓе да ни го доџвакаат Неговиот Збор? Зар таканаречените „светите отци“ се поумешни и појасни во изразувањето од Светиот Бог, па на Божјиот Збор му треба толкување, а на пишувањата на Св. Отци не им треба толкување?

    Атанасиј Велики рекол:
    „Светото и Боговдахновено Писмо е сосема ДОВОЛНО за објавување на вистината“ (Атанасиј, Контра Паганите I:3)

    А пак Јован Златоуст рекол:
    „Велат дека нештата околу рајот треба да ги разбереме НЕ КАКО ШТО ПИШУВА, туку на друг начин. Но кога Св. Писмо сака да не научи нешто, ТОА СЕ ТОЛКУВА САМОТО СЕБЕ, И НЕ ДОЗВОЛУВА ЧИТАТЕЛОТ ДА ПОГРЕШИ! Затоа ве молам и преколнувам, ДА ГИ ЗАТВОРИМЕ НАШИТЕ ОЧИ ЗА СЕ ДРУГО, И ИСКЛУЧИВО ДА ГО СЛЕДИМЕ КАНОНОТ НА СВЕТОТО ПИСМО. (Јован Златоуст, 13 Хомилија на Битие).“

    На крајот од своето Велигденско послание, откако ги напишал сите канонски книги на денешното Свето Писмо (без дефтероканонските книги!), Атанасиј Велики заклучува:
    Овие книги се изворот на спасението, за оние кои се жедни да можат да се напојат со живите зборови кои ги содржат. Само во нив се содржи доктрината на побожноста. Да не се осмели човек кон нив да придодаде или да одземе. Бидејќи токму за ова Господ ги посрамоти Садукеите кога им рече „Во заблуда сте, бидејќи не го познавате Писмото“.“ (Атанасиј, Велигденско послание)

    И пак ќе повторам, не велам дека пишувањата на христијанските дејци треба да се отфрлат. Не, во нив има многу полезни работи. Но има една добра мисла што ми ја кажа еден брат (од кого многу сум научил за оваа проблематика), тој вели вака:

    Светото Писмо треба да го јадеме како лебот, заедно со трошките. Другите христијански книги треба да ги јадеме како рибата, коските да ги тргаме, месото да го јадеме. Коските можеме да ги забележиме најдобро само преку лупата на Светото Писмо.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. meleh

    meleh Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Машки
    Писмо правилно се толкува и разбира само низ светото Предание.
    Протестанските христијански заедници не го прифаќаат светото Предание сметајќи дека тоа има човечки происход.
    За православната Црква секоја догма мора да биде втемелена и во светото Писмо и во светото Предание подеднакво, бидејќи и двете се боговдахновени и имаат Божествен происход.
    Ова ако сакате протолкувајте го!
    Сега веќе станува збор за висока догматика и почнуваме да забегуваме од темата за Атос, ако ти дозволував да коментираш на моите мислења, сега нема да ти дозволам да ми коментираш на и да ми ја плукаш верата, извини светите Отци се нашето предание и писание. Очигледно дека постојано и постојано различно ги толкувате светите списи, но тоа е нормално зашто ОНОЈ КОЈ ЈА НЕМА БЛАГОДАТТА НА ДУХОТ СВЕТ закоравени му се духовните очи, ти посакувам и тебе и на тие како тебе, денешниот ЖИВОТВОРЕН ИСТОЧНИК да ти ги отвори очите и да прогледаш малку па да видиш кои водачи се во заблуда, дали оние на Црквата, кои имаат постојан духовен живот и жива сила и енергија, или вештачки творби создадени со двајца без тројца кои немаат ни духовен живот ни БЛАГОДАТ ВСЕСЈАТАГО ДУХА.
     
    На emaus и Orthophill им се допаѓа ова.
  4. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Секое место е свето на посебен начин.Тоа треба да се почитува.Без разлика за која вероисповед се работи.Ако е забрането за жени или е забрането за мажи, има причина нели...Не би рекла дека е дискриминација.Па не само во црква и во секодневниот живот има места кои не и се достапни за жените и мажите. Значи се има граници, правила така било и ке остане .Наше е само да го почитуваме тоа, а не да наметнуваме сопствени правила .Еве Лесновскиот Манастир има правило. Секоја жена таму влегува со сукња, а од неодамна и се шамија.Таму се продава светогорски темјан.Тој според мене ја има најделотворната мок. Јас сум жена и истиот го имам дома .Заклучок е дека и Света гора е достапна за секого , ама со вера.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Ти како жена и верник, имаш право да одиш на Света Гора?

    И немам јас проблем со нивната забрана за жени, многу манастири го применуваат тоа. Ама тие манастири НЕ НАПЛАЌААТ ВЛЕЗ, туку се отворени со срце и душа за секого (машко/женско, зависи од правилата) што сака да најде малку душевен мир.
    Света Гора, ем света, ем предание дека Богородица им наредила да не стапнува жена таму, ем примаат туристи кои плаќаат влез во зависност од својата вера.

    Баш го допрашував брат ми вчера за неговата посета таму.
    Значи, струја има во административната зграда (заедничката за сите манастири, таму е Одборот), неколку функционираат на агрегати, а во повеќето конаци/колиби користат ламби и свеќи. Скоро 80% од монасите НЕ ГИ НИ ВИДЕЛЕ, тие си се повлечени во своите испоснички домови, тек тук преку ден ќе виделе некој како си ја обработува градината (пред секоја колипка имаат градини, сами си ја одгледуваат храната).

    Има неколку „експонирани“ монаси кои ги пречекуваат и шетаат гостите, им одговараат на прашањата и ги насочуваат. Гостите можат, а не мораат, да одат на јадење и молитви заедно со монасите. Брат ми оделе на секоја молитва и јаделе заедно со нив, зошто вика дека тоа е едно уникатно доживување, ко да не си на овој свет, тишина и мир насекаде...храна основна (начекаа и пости, маслинки, лепче, посно гравче) ама ПРЕВКУСНА, вода изворска. Кај нив саатот е понапред, сабајле во 8 им бил ручекот, а последната молитва нешто после зајдисонце. 2 пати дневно јаделе, и има точно утврдено време кога оброкот почнува и кога завршува - ако случајно си го немаш дојадено јадењето не ги интересира, по завршување на молитвата без збор поминува монахот и го собира :)

    Си има поделба на монасите нормално, постарите веќе можат да комуницираат со дојденците, додека повеќето мора да се изолирани. Дел живееле и во куќи-пештери, тоа биле тие кои имале завет за молк и тие воопшто не ни излегувале од пештерите.
    За брат ми најинтересна била српската црква, таму седел најчесто, а и од таму си земал книги за читање во соба. Многу често го шетале полуостровот (пешки нормално, не се дозволени коли), најчесто преку тесни пешачки патчиња и низ шуми, затоа пред зајдисонце морале да се назад, зошто нели нема светло. Им се погодило еднаш да ги фати ноќ пред да стигнат, вика „Што и да кажам за тој момент малце ќе е...знаеш дека нема никој, а пак имаш чувство ко цело време да е некој до тебе“

    Тие имаа дозвола за 3 дена, останаа 5, зошто ги фати олуја и бродот не можел да застане на пристаништето за да ги земе. Се сеќавам тогаш мајка ми ме тераше да му се јавувам на тогашниот ми дечко (заедно беа со него и татко му), за да сме во тек со настаните, зошто ја имаше фатено страв да не случајно посакал брат ми да остане таму
    Ауф мајче :D

    Се смеам зошто го знам каков е, тој нема шанса 1мин да молчи, не па 1 година :D

    Брат ми влезе внатре зошто целата организација ја направија грци, со нив беше. Ме интересира дали има некој кој директно од Македонија си се пријавил и си влегол без проблем?
     
    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  6. meleh

    meleh Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Машки
    Бигорски манастир е амбасада нивна, Владиците Климент и Наум се светогорци и архимандритит Партениј.
     
  7. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Погрешно сум разбрана.Јас не можам да одам во Света гора телесно, но духовно да .Верувам дека со самото присуство на свтогорски мирис во мојот дом таа ми е достапна .Тоа сакав да кажам .
     
  8. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    Јас мислам дека сите кои се обидуваат да дискутираат на темата ја почитуваат нашата вера. Никој не сака да каже нешто против истата. Еве мене на пример не ми беше тоа намерата. Само сакав да да се замислиме и запрашаме за некои нешта. И да научиме нешто повеќе.

    Со ова и јас се согласувам. Мислам дека многу од нас треба вака да размислуваме. Треба да ни е поважна духовната блискост до Бога отколку физичката. Што постигнувам јас ако знам многу за вистинските преданија, кога Бога го барам само на такви места, а истовремено во душата не сум чист?

    Точно заводливи сме. Ама јас не верувам дека било која жена кога оди на вакво патување има за цел да предизвика такви чувства, посебно не кај толку свети луѓе. И големината на монасите е во тоа да може да ги победат сите искушенија. А не физички да ги одалечат истите од себе. Сите сме луѓе, без разлика дали сме мажи или жени. И Исус се определил за девствен живот, а сепак имал и машки и женски следбеници. И сите ги љубел исто. И тој не кажувал дека жените кои одат до него ќе го доведат во искушение.

    Од клипот кој го постирав, ептен на крајот се спомнува дека монасите живеат на ваков начин бидејќи не сакаат да дозволат на таа Света земја да дојде гревот и злото.

    http://www.youtube.com/watch?v=AxATVCWN ... e=youtu.be
     
  9. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  10. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски