Аудиослејв (Audioslave)

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од MissSpark, 11 август 2011.

  1. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    1.272
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Audioslave е американска рок група формирана во Лос Анџелес, Калифорнија во 2001. Активна била од 2001-та нажалост до 2007ма. Се состои од Крис Корнел, инаку поранешен главен вокал во Soundgarden, Том Морело - гитара, Тим Комеролд - бас и пратечи вокал и Бред Уилк - поранешни членови во Rаgе Аgainest the Machine.
    Свират нешто помеѓу хард рок и алтернатив рок, значи се прикладни за оние кои сакаат поагресивен и полајт рок.

    Audioslave издадоа 3 успешни албуми, собраа 3 Греми номинации, и станаа првиот амерички рок бенд кој настапување на отворен концерт во Куба. Нивното творење и настапување траеше се до 2007, кога Крис Корнел најави дека го напушта бендот поради внатрешни несогласување и разлики во музиката која што би требало да ја творат.

    Нивните албуми
    1.Audioslave (2002)
    2.Out of Exile (2005)
    3.Revelations (2006)

    Јавноста сепак ги почитува нивните песни, иако веќе не постојат шанси за повторно да се сплотат и да ја продолжат својата дејност заедно. Сепак, водечкиот вокал, а истовремено и оној кој што ја напушти групата и воедно го предизвика нивното распаѓање, продолжува да ги пее заедничките песни, на свои настапи овојпат самостојно.
    Во продолжение принесувам видеа од песните кои што мене ми се допаѓаат.
    http://www.youtube.com/watch?v=nGSYSxHmj4Q

    http://www.youtube.com/watch?v=7QU1nvuxaMA&ob=av2e

    http://www.youtube.com/watch?v=CrlWovBvPCM


    Ви се допаѓа ли музиката на Аudioslave и кои се вашите омилени песни?
     
    На kikkki и ForeverYoung им се допаѓа ова.
  2. Annabel Lee

    Annabel Lee Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2014
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    Жално е темава да остане без ниедно мислење. Бенд кој не отскокнува многу од другите од овој жанр,но солиден и пристоен. Јас пример ако бирам меѓу овие и Soundgarden ќе ги одберам вторите. Но си ги сакам и ги слушам. Според мене првиот албум им е подобар од другите, ама сепак жалам што немавме можност да дочекаме други албуми. Омилени песни:

     
    На MissSpark му/ѝ се допаѓа ова.