Аудио книги

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Neytiri, 29 април 2012.

  1. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.449
    Гледам немаме тема за аудио книги, а имаме за е-книги, па за да не се почувствуваат запоставени ајде да отвориме и за нив. :)

    Што мислите за аудио книгите? Ги сметате за практични? Имате аудио книга ?

    Јас имам само една. Инаку книгата си ја прочитав, но си ја симнав бидејќи ми се допаѓа гласот на тој што ја чита и си ја слушам понекогаш.

    Инаку никогаш не би избрала аудио книга пред печатена.
     
  2. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Никогаш, никогаш не би избрала ваква книга пред печатена. Или пак е-книга.
    Така го нема задоволството што ти го носи читањето, вртењето на страниците и бележниците помеѓу нив.
    А пак мирисот на нова книга е незаменлив. Го нурнувам носот во страниците и дишам. Уживам. Колку и да се смени технологијата, некои работи за мене нема да се сменат. Една од нив е црни букви на бело парче хартија, спремни да поминат низ моите прсти.
     
    На Ucenicka123, Ketchup, crazylady и 2 други им се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.919
    Допаѓања:
    47.596
    Пол:
    Женски
    Јас не сум слушала аудио книга. Не знам зошто, ама не сум имала потреба. Се си мислам дека не може исто да се долови книгата, друго е кога друг глас ти ги пренесува емоциите, а друго е како сам ја читаш книгата и ја разбираш. :)
    Што знам, може ќе спуштам некогаш некоја, чисто од љубопитност.
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  4. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.379
    Допаѓања:
    8.745
    Си имам неколку книги на ајподот и ги симнав ради тоа што ми ги читаат со британски акцент :D
    им го обожавам акцентот па уживам.
    Инаку според мене се некако непрактични и глупи. И многу е тешко така да се внесеш во приказната. Може ова е лично до мене зашто јас визуелно повеќе паметам, ама сепак не би избрала аудио книга во никој случај.
     
    На Neytiri му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    904
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    Има ли некаде аудио книги на Македонски или на Српски јазик?
     
  6. ane.bella

    ane.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    2.090
    Допаѓања:
    16.738
    Пол:
    Женски
    единствени аудио книги ги имам тие "фамозните" Fifty Shades, и мислам имам коментирано на некоја друга тема тука на форумот,незнам точно која тема беше,дека и покрај тоа што се крена толку голема прашина околу книгите,мене лично и не ми остави некој голем впечаток,а причина за тоа беше мислам баш тоа што зедов да ги слушам книгите а не да ги читам.и мислам дека никогаш повеќе не би слушала друга книга,чувството не е исто да земеш и читаш книга и да ја слушаш,јас не можев никако да се сконцентрирам кога ги слушав овие горе спомнатив книги.
    а тек и да не правам споредба во цените ако решиш да ги купиш аудио книгите со цените на обична книга.памтам еднаш во книжара гледав Твајлајт сите аудио книги беа $170,a овие другиве $95 :fubar: арно шо ги најдов и симнав без пари од нет
     
  7. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    4.663
    Допаѓања:
    25.115
    Пол:
    Женски
    Не сум слушала аудио книга но би сакала да пробам.. :)
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  8. the-girl1

    the-girl1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    1.297
    Допаѓања:
    663
    Немам слушнато,но би сакала да пробам.
     
  9. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.591
    Допаѓања:
    7.988
    Мислам дека не би ми одела дружбата со аудио книга, но сакам да се пробаме :) Практично е за пополнување време во бус или слично. Па, девојки, од каде ги симнувате?
     
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.970
    Пол:
    Женски
    ^ Еве линк, тука можеш да најдеш аудио книги.

    Јас симнав една која ја имав прочитано претходно во форма на е-книга, ама многу без врска ми беше... Сосема поинаков филинг е кога некој друг ти раскажува, освен тоа, некои работи не ги ни разбрав. Јас и филм кога гледам, морам да ставам англиски превод за паралелно да читам и да слушам.
    Многу ми беше штуро кога ја слушав книгава, не можев ни да се внесам во приказната.

    Да за е-книги, не за аудио книги :)
     
    На Someonespecial, Ketchup, crimson и 3 други им се допаѓа ова.
  11. teddi

    teddi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2011
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    Мислам дека еднаш има пробано да слушам аудио книга,сфатив дека не е за мене бидејќи не се внесувам целосно во дејството туку како да има некаква бариера помеѓу мене и содржината на книгата.Инаку знам луѓе кои навистина многу полесно ги разбираат работи доколку тоа го слушаат. ;)
     
  12. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.282
    Gi obozavam. Posebno ako mi se dopadne glumata na toj sto ja cita.
    Stalno imam audio kniga vo kola, preferiram radio ama ako nema nesto interesno odma ja vrtam knigata.
    Mi se slucilo da na pola slusana kniga treba da ja vratam vo biblioteka i sum ja zamenuvala so klasicna kniga.
    Ke ja otvoram da ja citam, nemozam. Prikaskata kako jas ja citam i kako nekoj mi ja cital ne mi e isto.
    Isto obratno. Ako ja pocnam sama da si ja citam nemozam na pola da ja zamenam so audio kniga.
    Imalo prekrasni knigi kako na pr.
    Big Little Lies
    Novel by Liane Moriarty
    zena ja citase i bese inzvoredna. Imalo i nekoj utki.
     
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.556
    Допаѓања:
    48.173
    Пол:
    Женски
    Јас имам аудио книги и порано често ги слушав но сега немам ни време ни нерви да ги слушам. Ќе им ги пуштам еден ден на децата пред спиење. :D (ако даде Господ да ги имам.)
     
  14. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    4.663
    Допаѓања:
    25.115
    Пол:
    Женски
    Во пресрет ми е 20 и кусур-часовно патување со автобус, а мојот план за читање по пат се расипа поради тоа што најголем дел од времето ќе биде ноќ.
    Киндл за жал немам, па единствена опција ми се аудио книги (или евентуално podcasts).

    Проблемот е што не знам каде воопшто можам да ги најдам. Сајтот на @AnaKarenina погоре гледам не е во употреба веќе. А исто така, не знам дали ќе можам да соберам неколкучасовна книга во телефонот. Ми се чини неизводливо. Ако некој слушал аудио книги по пат, би бил добредојден да каже како успеал да го изведе тоа. :D Благодарам однапред.
     
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.970
    Пол:
    Женски
    @Lella со вакви сајтови секогаш е така - прво ги има, па ги нема, па ќе ги бутнат, па пак ќе ги вратат на друг линк... и така :) Piratеbay моментално е на овој линк https://thepiratebay3.org а аудио книги можеш да најдеш и овде https://www.torlock2.com/audiobooks.html
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  16. jok

    jok Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    756
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.113
    Допаѓања:
    74.467
    Пол:
    Женски
    Вчера прв пат слушав аудио книга. Многу ми се допадна, порано не замислував дека волку лесно би ми легнал овој тип на книги.
    Си слушав додека работам, па дури завршив со обврски, заврши и книгата, а не осетив дека сум прошла цела книга. :D

    Веројатно допадливоста има улога со нараторот, мене ми беше многу забавно и не ми беше воопшто тешко да ја следам приказната. :)

    Решив вака да им давам шанса на книгите кои сакам да ги прочитам, а нивните печатени верзии ме одвратиле од желба да ги земам во рака.
    Никогаш не замислував дека би можело да ми се допаднат аудио книги, осеќам дека ќе си ги слушам почесто во иднина. :)
     
    На poenta и toogood им се допаѓа ова.
  18. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.282
    Da se razbira.
    Redovno vo kola, a boga mi i doma.
    Eve vo momentov ja slusam
    [​IMG]

    Mi se desilo da ne mi se dopadne ili nemozam da ja sledam bas poradi slengot.
    Konretno ovaa kniga Jane Fonda sama si ja cita I perfektna e.

    Preporacuvam knigi za deca.
    Namesto roditelite da im gi citaat so nekoj tezok accent I nepravilno , zaedno so decata da slusaat vakvi knigi na bilo koj stranski jazik.
     
  19. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    3.106
    Допаѓања:
    35.129
    Пол:
    Женски
    Не сум пробала да слушам аудио книги и не знам дали би. Така велев и за е-книги дека немам да читам, па еве во последно време читам само такви:D.
    Али за мене читање си е читање.
     
  20. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    4.472
    Допаѓања:
    29.859
    Пол:
    Женски
    Не сум слушала аудио книги, ниту пак имам интерес за читање е-книги.
    Поимот книга претставен преку печатен формат ми е незаменлив. Релацијата читател-книга е момент кој ми поттикнува посебно чувство за дружење со најдобриот пријател во стандард издание.