Ја отворам темата,со цел да споделиме наши мислења во врска со козметиката на Аура,која нуди доста интересни производи за лице,очи,усни. http://www.aura.co.rs/index.php/
Ги имам користено само малите лаковите, моливчињата, и еден сјај, од лаковите сум задоволна, а моливчето пушташе убава интензивна боја, но на горниот капак ми се отцртуваше ако ставев. Сјајчето е погусто, ми се свиѓаат боите Спојлер
Девојки го имате ли пробано белото моливче на Аура, интересира ме дали го исцртува внатрешниот дел на окото, да не се брише за еден час, има некој искуство , досега не најдов добар бел молив, сите што ги купив само за исцртување однадвор ги бива ...
Јас го имам.Имам поделено мислење за него ,не ти го препорачувам баш,мене ми е многу остро и некако гребе и треба да се изнамачиш да ставиш од него.
-Од Аура не ми се допаѓаат моливите и сенките. Брзо ми се бришеа, се ронеа, не беа баш пигментирани. -Имав зацврстувач за нокти, 1% не го биваше. -Лаковите им се супер, имаат убави нијанси, лесно се нанесуваат, трајни се. -Руменилата им се добри. За цената се супер, а имаат и голем избор. Но, не се премногу трајни и не се премногу пигментирани.
Од лаковите за нокти и руменилата сум презадоволна. И од коректорот за лице сум задоволна, не е лош. Друго баш и не се сеќавам дека имам користено. Лаковите им се навистина солидни, а руменилата нежни и умерени.
Имам користено лакови за нокти,трајни се и прилично квалитетни.Моливчињата за ништо не ги бива,не цртаат убаво и се ронат. Исто крем и зацврстувач за нокти имам земено,блага веза немаат,не помагаат.
Во Космо има некаква акција на Аура кармини па ме интересира како сте задоволни? Добри им се кармините, хидратантни? Долго време останува бојата?
Јас сум задоволна од козметиката на Аура според тоа што имам пробано.Сакам да пробам и некои други производи,овие ги имам купено пред година ипол-две. Од моливчето за веѓи сум презадоволна,прецизно е,не се размачкува и преубави ги прави веѓите,а и нијансата ми се погоди ептен.Моливчињата xpress ги имам и двете и исто така сум презадоволна,кремасти се,убаво се нанесуваат,совршени се за зачаден-смуки изглед.Од другите го имам првото моливче и исто така е убаво,лесно се нанесува и бојата е совршена за во лето а има и дискретни убави светки.
Јас земав вчера бронзер од Аура и задоволна сум се, ама малце ми е исфрлено лицето и се прашувам дали може да е од тоа или пак дека сум во ПМС? Ѝ се има случено на некоја да се исфрли од козметика на Аура?
Lovely93 може ли да ми кажешкој бронзер го зема,јас сум во потрага по убав бронзер, ги користам наместо руменило. Инаку почекај да ти се исчисти лицето, доколку си во ПМС, па проби го после тоа, ако пак се исфрлиш има нешто. Секое лице е различно кај некои дава алергиски реакции.
Во Космо каде што стојат бронзерите на Аура имаш три нијанси. Најтемната нијанса е во најголемо пакување и е поскапа од другите од Аура, 415 денари. Другите беа 365 мислам. Ако го користиш наместо руж одличен е, другите ми беа мене пресветли некако. Барав слика на интернет нема. Ми се допаѓа бидејќи му дава и сјај на лицето. Само јас си ставам и малце руж од горе.
^ За жал изгледа до бронзерот е, имам доста ситни брунчиња по лицето.... а баш ми се допаѓа, многу. Чудна работа, а немам чувствителна кожа.... Но баш проверив сега, никаде не пишува дека е дерматолошки тестирано.
Ги донесоа ли кај нас новите кармини од Аура - final matte? Преубави се како што гледам по рецензиите, си најдов и преубави нијанси кои морам да ги земам. Ги фалат по одличната пигментираност и наводната ниска цена, во Србија се 599 динари. Баш ме интересира колку ќе бидат кај нас. Во меѓувреме, ако некоја ги забележала нека каже во темава. http://supernovakozmetika.blogspot.com/2015/01/aura-final-matte-ruzevi-sve-nijanse.html
Јaс oд aурa кoзметикaвa лaни гo земaв тoј зaцврстувaч зa нoкти aмa ништo не прaвеше, имaм прoбaнo сјaјче и oк беше, сегa ги меркaм тие кaрминчињaтa мaт штo се пa aкo некoјa ги прoбaлa некa пише
Имам едно лакче за нокти од Аура,ама воопшто не сум задоволна. Веднаш се корне од ноктите лакот ако постоиш во вода oд типот на миење тањири...Џабе си се лакирал. Инаку за овие лакчиња зборувам :
Преубави се! Многу ме потсетуваат на истите кармини од NYX, дури би рекла дека навистина со квалитетот се нешто приближно на нив. Дури ме изненади и трајноста, со NYX можам комотно да истерам цел работен ден, во пакет со јадење, пиење вода и сл. и карминот да остане на место како да сум нанела фиксатор. Со Аура не е нешто подоле ситуацијата, навистина се трајни, не колку NYX, но ми се случи да ми избледи бојата минимално по 6 часа. Со фиксатор без сомнеж би траел додека не го извадам. Ти препорачувам да се почастиш со едно, околу 300 денари се. Патем, 602 ring a bell е една од најдобрите nude нијанси (со розе подтон) кои сум ги имала. Заљубена сум во овој кармин, а следен за купување ми е виолетовиот. Преубаво изгледа.
Уште утре ќе се почастам со некоја нијанса, се надевам дека сите ги имаат, затоа што јас веќе намерачив 4 Последните од десна страна се како правени за мене. баш ми требаше некоја убава боичка, долготрајна што вака лесно се нанесува со четкичка. Благодарам девојки и секако ве поздравува мојов новчаник, многу е благодарен на форумов