Купив уште една нијанса и лип прајмер од нив. Нијансава што ја имам е одлична nude - au naturel, бројот е 910. Бидејќи често ја носам сивата нијанса што ја купив прва видов дека најважно е усните да се скроз суви, да нема ништо друго под нив. Многу ми се допаѓа покривноста што ја имаат со еден слој, а со прајмерот издржа подолго време. Едвај чекам прајмерот да го пробам и со други кармини. Него дали сте ги виделе во продажба новите стикови за контури што им се?
Цело лето го поминав со шминка од Аура. Бидејќи слабо користев пудра, стиковите за контури, руменила и хајлајтерите ги користев максимално. Многу убаво се блендаат, убаво изгледаат само со крема за лице, не се тешки па немаат потреба и од пудра како подлога. Практични се ептен и за на одмор затоа што нема потреба да носите еден куп четки, може да ги блендате со сунѓерче или со рака. Имам и еден бронзер со светки, тоа е постара линија ако не се лажам сафари е името, тој стои баш на секаква кожа. Сеуште не сум користела од класичниот туш ама оние во пенкалца се одлични. Многу прецизни, одлична пигментација и долготрајност. Едни од ретките од кои немам проблем со очите. За линијата сити лајт постојано пишувам, триото со хајлајтери секој мора да го има Мислам дека имам спомнато во некоја тема мене Аура ми се фаворити за црвени нијанси. Моментално најчесто користам од новото пакување на течните кармини, нијансата Aura, babe! е најубавата црвена која сум ја користела. Одлична покривност со еден слој, многу прецизен апликатор, да не зборувам за долготрајноста. Одлична им е и цената некаде околу 280-290 денари. Сигурно има уште нешто за пофалба, тоа во наредна прилика.
Дали им се добри сенките? Има ли некоја добра палета со пигментирани сенки и која и е цената? И препорачајте ми пудра за комбинирана кожа само да не оксидира и да покрива добро
Здраво, ме интересира дали во Аура дрогеријата која се наоѓа на Аминта цените се пониски во споредба со цените кои се по ДМ, Космо и другите дрогерии??
Што мислите за течните кармини на Аура? Дали имаат течни, мат кармини, ако да, ве молам препорака за nude нијанси.
Ако не ти се брза почекај викенов ќе ја објавам рецензијата за нивните кармини со swatch на усните и полесно ке ти биде да одбереш таа што ке ти одговара.
Лично јас сум задоволна од козметиката на Аура,имам користено пудра Care of me и Cover me.Првата е добра за мојата кожа тешка ми е за размачкување и не е многу покривна,а втората е повеќе покривна ама е потешка пудра.Во главно не се премногу добри за мојата кожа но не се ни лоши,би ги користела повторно. За мат кармините ќе кажам се најдобро ,преубави ми се од кога почнав да ги користам само купувам нови нијанси,Трајни се и имаат убави нијанси и најважно е дека не ја сушат устата. Во главно Аура ми е добра козметика и секако за цената е супер
Најновите се 290, а линијата од пред некој месец е 340-350 во ДМ. Најефтини се во Зегин ама не знам дали ги имаат најновиве.
Течниот коректор е одличен, покривен, тие во стикче баш и не, можда дека нијансата не сум ја погодила. Бронзер користам мат за контурирање, 300 денари, за цената е солиден само се мислам дека ми треба посветкав бронзер... Ќе ги пробам и карминчињата.
Ако сакаш посветкав земи го Safari trip 911. Многу убава е бојата, ситни светки има и на кожа многу убаво легнува. Огромен е па ќе ти трае со години.
Да, многу згрешив при изборот. Овај беше околу стотина денари поскап, а повеќе се исплаќа, само... ме уплаши големината, ајде овај секако ќе се потроши па ќе си надокнадам.