Не ме додржа мислата па тргнав во потрага. Парфемот го има во Шатци и е 3100, барем така е преку групер. Мене многу ми се допадна мирисот, а и при самото нанесување поинаку се чувства на кожа. Овошен е ама не е благ, многу необичен мирис. И пакувањето изгледа убаво. Го пробав, па ќе видам колку е долготраен, секако ќе ве известам. Јас би го купила, помирисајте го. Исто да ви кажам дека маскарата лифт ит ап е на попуст во ДМ. Омилена ми е, ниту една маскара не ми ги подига и држи подигнати трепките како оваа.
@marama ќе го помирисам обавезно за таа цена треба да е стварно добар и траен. Кога сме кај маскарите , сакав да пробам и некоја маскарана Аура , значи таа Lift up ја препорачуваш.. прво одење во ДМ ќе земам некоја
Обавезно мирисни го, многу е убав, не ме потсетува на ниту еден друг. Мислам дека и тебе ќе ти се погоди маскарата. Секогаш кога е на попуст ја купувам, бидејќи менувам секој месец купувам поефтино иначе каде ми е крајот. Мене ми е многу подобра од сите во тој ранг на цени и мислам дека е единствена што би ја купила по редовна цена. Ако сакаш уште нешто да пробаш од брендов, пробај ги руменилата во стик. Вообичаено не ставам руменило ама кога и да ставам од нивното добивам комплименти.
Се што имам пробано од Аура не ме има ништо разочарано досега , имам на список доста работи да земам само да дојдам Мк Ти благодарам
Ги има ли уште негде овие мини сенки на аура? Одамна ги немам видено. Во Дм, Космо ги нема. Случајно да не ги во Зегин?
@marama со здравје да си ги користиш производите од Аура , се е прекрасно планерот многу ми се допаѓа кога ќе ја пробаш пудрата , чекам мислење
Како сте задоволни од течниот коректор на Аура? Во последно време се мислам да го земам откако ќе го потрошам сегашниов на Авон, сакам да сменам малку.
Подобар од тој на авон, сигурно. Зависи колку имаш за покривање, мене ми е океј. Убаво е и четчето за нанесување, а сега мислам и на попуст е околу 165 денари, често се среќава толку.
Па немам ништо за покривање само за кога не сум спиена доволно за посвеж изглед. Епа ќе го пробам тогаш
Бирај посветла нијанса, ја сум побела, па ја земав една од посветлите, ако не и најсветлата. Штета што ми се потроши, па барам како тебе интересна, нова идеја.
И јас сум ептен бела, па од Авон претходниов си го утнав така потемен е малку и се осеќам како да ми се двои малку, па го мешам со друг посветол. Еднаш утнав, ваљда нема сега пак. На Катрис пробај го, ако не си го пробала (бар читам дека е доста користен, вака не знам како е), јас меѓу него и овој на Аура се мислев ама прво овој да се испроба.
Аура земи го штом немаш многу да прекриваш. Мене ми е одличен, имам малце скоро и незабележителни темни кругови под очите (ама јас ги забележувам ) и ми ги прекрива одлично. Тој на Катрис е убав, многу покрива ама е тежок и понекогаш изгледа cakey. Коректорите на Авон се ужас. Мислам па и дека не се нуди баш некоја светла нијанса, сите што сум ги пробала се жолто портокалови и изгледаат како со земја да сум се мачкала. Не знам дали е до мојата кожа или до што ама никогаш повеќе не би ги користела.
@Dream-Girl Одличен е коректорот на Аура , за течниот зборам , и има доста светли нијанси , сигурно ќе си најдеш некоја. Јас ја имав користено нијансата - 301 ванила мене ми е омилен овој коректор , лесен е , покрива одлично и не ги истакнува тенките линии под очите
@koritsaki Новата пудра од Аура е со средна покривна моќ. Идеална е за комбинирана или масна кожа, а за нормална би била добра со добра подлога. На лицето делува многу природно, покрива црвенила, не се вовлекува во пори, не се распаѓа во текот на денот. Вчера ја носев повеќе од 12 часа и освен што почна да избива маснотија после 8 часа друга промена немаше. Вчера ја носев само со крема за лице, а денес ставив и подлога за пудра од есенс и многу подобро се нанесе. Најдобро се нанесува со четка за пудра, со сунѓерче мислам дека ќе биде послаба покривноста. Има неколку нијанси, јас кога ја гледав во ДМ, се мислев помеѓу две потемни нијанси, но ја добив 412 која е многу неутрална и одлично ми одговара на тенот, баш се прилагоди. Ја носам на сликата што ја ставив во темата - Вашата шминка, па може да се види како стои. Да напоменам дека немам вклучено ниту една апликација за разубавување на сликата. Би ја купила повторно за себе, а и како подарок за сестра ми.
@marama ти благодарам , ќе ја купам пудрава наредната недела ќе ја побарам нијансата ти што ја имаш , ќе ја пробам на тестер штом е неутрална најверојатно ќе ми се погоди едит- сега видов во темата вашата шминка преку слики , многу убаво стои пудрата на лицето баш како да немаш ништо ставено
Дали некоја ја користела пудрата во прав shine killer? Дали го дава оној бел одблесок при сликање со блиц? И колку дава по мат изглед за разлика од powderful пудрата? Се мислам дали и таа да ја купам и да ја користам за дневна шминка. Нешто ме копка да ја земам уште денес додека е на попуст. Мислење? Ќе ја тагнам и @marama
Се мислам за новата пудра на Аура, само не сум сигурна за ова средна покривност?Моментално користам 1,2,3 на Боржуа и не сум нај задоволна од покривноста. Некој ако ги користел двете да даде коментар? Со @marama мислам дека имаме ист тип на кожа, мрсна, само што јас имам флеки од акни па за да ги убаво покрие.