Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Аура козметика

Дискусија во 'Лице' започната од baby-star, 19 ноември 2013.

  1. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.531
    Допаѓања:
    106.104
    Пол:
    Женски
    @violetblue јас ја купив пред една недела пудрава , може не ја користам и мн време ама имам првично мислење.
    Пудрата покрива добро има средна покривност , и нијансата 412 ми е топ погодена, само што и со пудра во прав лицето по 4 часа почнува да свети. Јас очекував повеќе од неа, единствено да ја испробам со подлога и некоја др пудра одозгора , па да видам како ќе е. :)
    123 перфект според мене е каде каде подолготрајна :)
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.
  2. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.425
    Допаѓања:
    91.521
    Пол:
    Женски
    Пудрава ја користам некое време и сум задоволна. Покривната и долготрајноста зависат од подлогата и со што нанесуваш.
    Кога ставам подлога, моментално ја користам подлогата на есенс ми блеснува побрзо, кога ја носам само со крема за лице (ја користам на Себамед) подолго време е мат.
    Исто ако ја нанесувам со мокро сунѓерче покривноста е послаба. Со суво или со четка е попокривна иако покривноста е средна.
    Како изгледа на лице можеш да видиш во темата - вашата шминка низ слики, мислам дека имам 2,3 слики со неа.
     
    На violetblue и koritsaki им се допаѓа ова.
  3. Хана-банана

    Хана-банана Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2018
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Женски
    Дaли ги имaте прoбaнo кaрмините дa спoделите искуствa? Дaли се трaјни и пигментирaни и дaли имaaт убaви нијaнси? aruzu902_1_4.jpg
     
    На Alisa22 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Kjara15

    Kjara15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2017
    Пораки:
    990
    Допаѓања:
    710
    Пол:
    Женски
    Пробав од тестер , ептен ми ја исуши устата како корупка ми стана. Инаку траен беше и убави нијанси има. Да беше барем похидратантен.
     
    На Хана-банана му/ѝ се допаѓа ова.
  5. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.531
    Допаѓања:
    106.104
    Пол:
    Женски

    Пигментирани се и трајни да , имаат убави бои ама оваа линија не ми се одпадна баш , како што рече погоре девојката ја сушат устата многу. Со absolute matte , другата нивна линија не е така , тие се малку потрајни и не ги чувствуваш на уста :)
     
    На Smiley11, sorbet, joy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Leo-nora

    Leo-nora Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.956
    Допаѓања:
    1.267
    Пол:
    Женски
    Пудрите во прав на аура дали се добри? Неколку работи имам земено не сум задоволна. Конкретно за пудрата прашав заш не беа многу скапи. Фала
     
  7. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.824
    Допаѓања:
    5.549
    Мислења за камената пудра на Аура? Имам мрсна т зона. Сега ги користам на Римел ластинг финиш и другата ама некако како да не ми се доволно покривни.
     
  8. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.638
    Допаѓања:
    44.933
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Користел некој од руменилава? :)
    Како сте задоволни? Која нијанса ја препорачувате?
     
    На SunnyGirl2 и LunaGrey им се допаѓа ова.
  9. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.219
    Пол:
    Женски
    јас земав еднаш, според сликава мислам дека е 224 Rose. Убава е нијансата,розева ама малце потемна како Mauve боја, не знам како е на македонски:) не го користам толку зошто мислам дека по земјени тонови подобро ми стојат ама не е лошо руменилцето, пигментирано е и стои долго на лице.
     
    На Luminary му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.199
    Пол:
    Женски
    Убави се многу овие руменила.
    Мене омилено ми е Deep Wine. Многу сум светла и многу си се допаѓам како ми стои на тенот, дава инстантна свежина и доста е пигментирано ама супер лесно се бленда и трае.

    Го имам и Honeymoon Honey, тоа е розе корално, исто многу е убаво, ама фаворит ми е Deep Wine сепак.

    Туку, да те прашам како си задоволна од палетата со розевкастите тонови? Вреди ли да се купи? :)
     
    На Oxymoron, Luminary, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    И јас го имам Deep Wine, а ги имам и двобојните руменила на Аура и потврдувам, супер се. Немам купено друго руменило со години, нив си ги купувам. Јас сум црнка со потемен тен и виолетови/темни руменила најдобро ми стојат.

    Кога ќе ги отвориш првпат, да знаеш дека се мааалку појаки, малку протреси ја четката пред да ставиш. :)
     
    На Oxymoron, Luminary и Mishela им се допаѓа ова.
  12. resenska

    resenska Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    14.258
    Пол:
    Женски
    Jas go imam 211 vintage peach pigmentirano ubava nezna nijansa i odgavara na site tenovi stoi dolgo dava svezina na lice zadovolna sum
     
    На Luminary му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.638
    Допаѓања:
    44.933
    Пол:
    Женски
    Благодарам на сите за одговорите, дефинитивно ќе купам некое, само се мислам која нијанса, и јас сум така светла. Ако има тестери ќе пробам баш.
    :hug:
    @Mishela јас ја купив палетата на попуст околу 400 ден, и вреди за тие пари. Не се сите сенки еднакво пигментирани, но повеќето се (и розевите што е најбитно), така да во ред е.
    Потешки за работа се светкавите, но нанесени со прсти сепак оставаат убава боја со ситни светки. (Двете најсветли светкави нијанси се најмалку пигментирани според мене). Сметам дека најдобро би било да се нанесат со прсти, па потоа да се блендаат со четка, за убаво да се "залепи" бојата за кожата.
    Ми се допаѓа многу тоа што се нежни и можат да се користат и преку ден и за било какви прилики, но и лесно може да се надоградат за повпечатлива шминка.
    Еве ги нијансите уште еднаш.
    Во првиот ред се светкавите, долу мат.
    Ако имаш уште некое прашање, слободно. :)
    Screenshot_20190325-131101_Gallery.jpg
     
    На angela.kostova, marama, Mishela и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.199
    Пол:
    Женски
    Фала ти премногу на опширниов одговор, ќе си ја купам обавезно, баш поради цената и нијансите. Многу сакам такви нежни за на очи, а светкавите се исто преубави.
    Фала ти уште еднаш. :*
     
    На Luminary му/ѝ се допаѓа ова.
  15. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.425
    Допаѓања:
    91.521
    Пол:
    Женски
    IMG_20190408_200525.jpg
    Сенкиве се прекрасни, посебно втората палета. Убаво пигментирани, многу малку се ронат, а се блендаат одлично.
    Во дм се 309 денари, погледнете ги.
     
    На Ana-Marija24, senza.parole, koritsaki и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Kjara15

    Kjara15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2017
    Пораки:
    990
    Допаѓања:
    710
    Пол:
    Женски
    Ги гледав прееска.Верен обожавател си на козметиката на Аура. :D
     
  17. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    20.957
    Пол:
    Женски
    Нијансите Take the crown и Checkmatte дали сеуште се продаваат?
     
  18. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.425
    Допаѓања:
    91.521
    Пол:
    Женски
    Дечки во космо има 1+1 кармини. Супер изгледа понудата.
    Screenshot_20190514-185327.jpg
     
    На koritsaki, joy1, Макаронкаа и 2 други им се допаѓа ова.
  19. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.824
    Допаѓања:
    5.549
    До кога важи? Може линкче?
     
  20. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.608
    Пол:
    Женски
    До 19.05 :)
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.