До сега им го користев бјути блендерот на аура, сега кога купив нов им беше по тврд и некако не е толку добар. Дали е стварно сменет или ми се причинува?
Јас да кажам за камената пудра, последната слика. Ја купив додека беше намалена во ДМ, околу 212 денари, најсветлата нијанса ми е сепак темна на лице (имам прилично светол тен, неутрален подтон, нормална-комбинирана кожа). а на тестерите на рафтот беше баш светла. Оксидира потоа плус, ама и општо е потемна отколку тестерот. И како за матирачка пудра - сосема обратен ефект има, по пола час сјаам кајшто сум нанела. Ако барате матирачка пудра за мрсна кожа. избегнувајте ја оваа.
Да, траат. Ги имам носено околу 5 часа, дури како поминува времето, така се сушат и предобро изгледаат на усни. Полумат се, хидратантни и доста меки, предобро се размачкуваат. Јас се изненадувам секогаш од трајноста на аура карминчињата. Како за нешто полумат и во стик, а не течно - траат прилично доволно. Затоа што, како што знаеме, течните кармини сепак траат подолго, што е нормално.
@koritsaki Што мислиш за маскарата? И видов дека си ја купила aura cover me пудрата. Ти се допаѓа? Мене ми е малце тешка, како да ми смета на лице ама доста покривна. Дури со неа маскирам и мозолчиња на тело.
@Glossy-girl за новите маскари на Аура, ја земав таа all in 1 одлична е , ми се допаѓа, навистина дава должина и волумен , е тоа дека ги витка трепките , не знам , јас секогаш користам виткач за трепките А пудрата cover me ја имав купено и лани, како што викаш навистина е доста покривна, јас внимавам колку ставам , на почетокот сосема малку па ако треба пак малку нанесувам. Со сунѓерче ја нанесувам инаку
Дали некој ги користел карминиве од Аура? Ако може да ми пише подетално околу структура, трајност и слично Фала
Ќе ти ја копирам мојата рецензија за карминиве, ме мрзи повторно да пишувам. Аура Карма Мат Карминчиња Условно кажано мат, ова се едни од полесните и похидратантни кармини кои ги имам пробано. Секако, кремастите кармини немаат таква структура како течните па не можат до тој степен да ја исушат кожата, но кога зборуваме за полумат финиш со некој полусјај кој постепено преминува во траен мат кармин кој трае - тогаш зборуваме за овие. Достапни се 5 нијанси: месо боја, кремава, кафеава, темно кафеава боја(појма немам како да ви ја опишам нијансата - зборувам за најдесно карминот, кој знае нека се јави во коментар) и уште една розево-виолетова. Со неколку поминувања на устата, вие имате мат кармин кој ќе трае отприлика 5часа, а и повеќе...Го тестирав, проверено Ми се допаѓа како постепено избледува бојата и како остава траг карминот, мене многу ми се допаѓаат и со оглед на тоа што се кремасти и нецелосно мат, сум презадоволна. Не се тешки и немам чувство на сушење на устата. Спојлер
Од Аура, карминче течно мат имав 601-my beloved единствена нијанса која ми се допадна. околу 290 ден беше. Прекрасен! Земав коректор, не е лош. Бронзерот го донирав на другарка и истото планирам да го направам со камената пудра. Од четките за шминкање сум презадоволна, имам 4 и сите ги користам подолго време, а како нови се.
Дали вреди да се пробаат новите палети на Аура? Се мислам помеѓу оваа И таа Roar. И ме интересира какви подароци дава Дедо Мраз ? Дали вреди да отидам на акцијата нивна што трае до утре или?
И мене оваа ми беше најубава ја ги пробав во Космо сите бои и ич не ми се свиѓа.. на револушн се поубави џабе овие се 500 ден
Мене ми се падна мат течен кармин, за жал боја која тешкп дека ќе ја ставам, корална јака розевкаста.
245 денари се масакрите нови во ДМ, на каса. Од брзање прошлиот викенд сум зела length наместо ALL IN. А, доста солидна маскара. Пробав и тестер од тие новите сенки на вртење, како моливчиња. Која пигментација, браво.