Имам купено течни кармини на Аура во септември и сега кога повторно ги пробав многу се потечни при нанесување и ако ги стиснам усните бојата целосно се губи. Кога првпат ги отворив не беа вакви, многу прецизно и лесно се нанесуваа и веднаш се сушеа ама сега повеќе како сјај изгледаат. До што може да е ова?
Да не стоеле на топло? Или пак, рокот да не им е поминат, без разлика шо се купени релативно скоро, зависи до кога им е рокот на употреба.
Имаат многу убави бои на новите моливи што се на вртење, но многу се кремасти и не траат. Исто финишот не им е мат како што очекувавж Старите ми беа подобри.
Ја има ли некој на Аура палетата Paradise? Како сте задоволни? Имате ли swatches или YT видео некое? @marama можеби? Закаснив со купување на Subculture па више ја нема, а оваа таков вајб ми дава...
Ја користам и ми е омилена палета од целата таа колекција. Имам на инста слика со неа, ќе ти пратам да видиш. Пигментирани сенки кои лесно се сенчаат, фино се надоградуваат.
И јас ја имам. Преубава е палетата иако на прв поглед ми изгледаше дека си ја купувам само за да ми стои дома. Ретко користам такви нијанси, ама навистина се навлеков. Многу добри комбинации може да извадат и за дневен полесен изглед, ама за нешто појако - феноменална. Лесно ми се блендаат и многу брзо можам да си направам smokey ефект.
Од Аура маскарата All in One како сте задоволни? Мислам читав дека е ок. И тушот за очи тој како фломастер, го употребував до пред една година, ама многу ми се пресликуваше на капаците, а не ми се мрсни... Има и мат и сјаен таков, не знам дали пак да му дадам шанса.
Мене воопшто не ми се погоди маскарата. За таа цена (околу 500 ден. беше) ќе си купеш на Maybelline предобра. Пишував и во темата Производи кои нема пак да ги купам. Можеби заради тоа што имам густи и долги трепки многу ми ги слепуваше и плус после 2-3 часа ми се мачкаше под долните трепки (иако никогаш не ставам маскара на нив) и станував како панда.
Така и си мислев. Big Shot од Maybelline мене ми е ол тајм фејворит, со неа ќе продужам... а, и нивниот туш ми е најок, така да, нема да ризикувам. Тенк ју нај.
Мене ми е една од омилените маскари , многу ми е погодена и баш го прави тоа што го ветува . Сепак се зависи до трепките
Јас ти препорачувам на флормар да си земеш. Предобри се, овие на аура се темни за сетирање под очи (ако имаш бел тен) и прават флеш, на слики со блиц се ужас..
Многу се добри, јас со години ги користам, а за special occasion ја користам и на Huda beauty pound cake.. Оваа не флормар ја купувам на штандот на Рамстор и не е скапа околу 300ден не повеќе, и и трае со години (секој ден ја ставам, нијанса 02), само пофални зборови имам стварно.. трајност, квалитет, цена
Здраво кои нијанси руменила на Аура ќе ми ги препорачате сакам некое нежно не ептен драч розово какo peach да е и друго така по бронзено некако кафево да го користам како бронзер? И кој од 3те врсти на коректор? Бидејќи во ДМ има попуст
За руменило погледни ја нијансата vintage peach- убава нежна кајсија боја а honeymoon- е по бронзено. Течниот коректор Correct me, јас го користам и задоволна сум
Лани уште ја имам земено од дм. Дали уште ја има таа палета не знам, се мислам дека беше некое лимитирано издание, а и одамна ја немам видено по штандови у дм. @marama Romantic sunset palette се произведува ли уште да не знаеш?
@BlackMistery @Dream-Girl ја нема повеќе оваа палета во продажба. Ги исчистија залихите пред да ги пуштат новите палети.