Од 21.08 сум лакирана. Со сите домаќински работи, мислам дека супер изгледаат. Без база, без топ коат, само два слоја лак.
браво. Со два слоја па мене побрзо ми се лупи. Или ја не знам да се лакирам ко што треба еве денес баш се налакирав двослојно со бел па ќе видиме до когa ќе тера.
Девојки, го пробала некоја течниов бронзер? Ме фати мерак за течен бронзер, само се двоумам со нијансиве. Најсветлиот некако многу светол ми изгледа, другиве се плашам да не се многу портокалови. Ќе ги пробам и на рака, ама баш ме интересира дали некоја купила па да сподели од прва рака. И руменилата изгледаат баш добро.
Првата нијанса е повеќе на сиво, со ладен подтон. Третата ќе ти биде темна на тебе. Средната нијанса според мене е најдобра, видео имаш кај мене на инста ако сакаш да погледнеш како изгледа. Фин е, малку пакувањето е непрактично, но за цената е ок.
@marama да те прашам, новата пудра powderfull на Аура ја имаш пробано? Порано кога еднаш ја купив, имаше некои светки внатре и не беше баш ок за мрсна кожа, оваа сега каква е?
Извини, некаде мислам дека ме означи за пудрава ама скроз сум заборавена. Поубава пудра не сум пробала со години. Многу е лесна, убаво изгледа на кожа, многу убаво се носи. Има средна покривност, полумат завршница, не истакнува суви делови, не се вовлекува. Единствена мана се нијансите, ако најдеш нијанса што ти одговара сигурно ќе бидеш задоволна. 016 ја користам, а 018 ја користам како бронзер и мислам дека лицето никогаш не ми изгледало поубаво и посвежо.
Јас ја купив hydra matte, ја видов кај @marama на стори, најсветлата 011 и конечно да ми се погоди нијанса на пудра светла како што сум јас ептен ми е погодена на нијанса, денес прв пат ја носам, од сабајле од 7 до сега супер изгледа
Од Аура со години користам сунѓер за нанесување пудра, четки, моливи за усни, виткач на трепки, руменило. Од сите сум презадоволна и никогаш не сум ги сменила за друг бренд. Што друго ме интересира… за маскара, прецизен ајлајнер и вештачки трепки какви се дали сте користеле, добри се?