Може и јас од Дедо Мраз да се почастам едно карминче и едно руменило. Гледам ги фалите. Ова перливе што ги имам веќе којзнае од кога ми се, и фирма на нив и се' е избледено, а никогаш не ми притребало ни па ми текнало да ги сменам. Викате стојат руменилава, а?
Руменилата се преубави, јас имам едно на кое не му го памтам бројот, мислсм дека беше под името Honeymoon honey - нешто така. Преубаво е, а другите нијанси (освен deep wine) не ми се баш по вкус. За таа цена се и повеќе од одлични. Многу сум изненадена од квалитетот и изборот од козметикава, не очекував толку, ги сметав за многу, многу полоши.
А дали некоја ги користела хајлајтерите? Има две верзии не можам да се одлучам која да ја купам. Цената е околу 200 денари мислам.
Јас. Го имам посветлиот, тој од десно и одличен ми е. За преку ден е многу светкав, а и не користам толку многу шминка за да го вметнам и да изгледа убаво, но навечер ми е супер за над руменилото. Другиот мене ми беше премногу нападен, многу сум светла за да си дозволам толку голем контраст, но можеби тебе повеќе ќе ти се допадне. Јас повторно без двоумење би го одбрала посветлиов.
@sesilija Јас го користам бронзениот хајлајтер, има дискретни светки и многу убаво ги истакнува јаболчниците, баш дава Џеј Ло шмек.Јас го препорачувам бронзениот, ама повеќе е за вечерна шминка оти за преку ден е премногу гламурозен.
Осеќам дека на крај ќе ги купам и двата, само не знам од кој прво да почнам. Инаку на темата, јас одамна користам нивни производи, уште кога не им беше толку развиена дистрибутивната мрежа во Мк. Тогаш најчесто без застапени лаковите за зацврстување на ноктите и моливчињата за очи и усни, па постепено почнаа да го зголемуваат асортиманот. Од лакот за зацврстување во јоргован боја кутивче бев презадоволна, ноктите не се кршеа, а и нијансата е преубава, ама цената ја зголемија неколкупати што сметав дека е сепак претерано за него и не сум го купила одамна. Ги имам и четките од комплетот со три четки и тоа неколку години и можам да кажам дека немаат изгубено воопшто на квалитет. Ја користам и закосената четка за руменило- и од неа сум многу задоволна. Од моливчињата за очи не сум задоволна, за таа цена има многу подобри. Сум ги користела и фарбите за коса порано, ампулите за коса, коректорот за лице како кармин во зелена амбалажа (не знам дали уште го има но не го препорачувам), лакови за нокти... Мое мислење е дека во последните години со проширувањето на нивниот асортиман, но и со проширувањето на нивните пазари на продажба ги зголемија цените и тоа значително од порано. Затоа и во последно време не купувам толку од нив, бидејќи сметам дека за истите (или малку повисоки) цени можам да си купам поквалитетни и подобри производи од подобри брендови. Е сега одвреме-навреме ме фаќа мерак за некој производ како на пример хајлајтерот, меѓутоа во глобала не сум толку воодушевена од брендот. Планирав да го купувам и фиксаторот за шминка (не знам ни дали го имаат донесено во МК), ама прочитав многу негативни рецензии за него и баталив. Случајно да не сте го пробале и него? Еве им ја и официјалната страна доколку некоја сака да ги разгледа производите (верувам повеќето знаат, ова е српска компанија) http://www.aura.co.rs/ , а имаат и фан страна на фб https://www.facebook.com/pages/Kozmetika-AURA/16837408653587 .
Пудрата на Аура "Cover me" нешто преубаво што сум открила во скоро време, лицето го прави џам, не е тешка и премногу покривна ја купив во дм 314 денари со попуст
@sesilija На кој фиксатор за шминка мислиш, на оној во спреј или ? Мене и не ми е така лош, го купив на попуст во ДМ, ама само два пати преку сила го имам искористено, не ми се јавила некоја поголема потреба. Еднаш ја шминкав и мајка ми и го употребив кај неа, па и кај нејзе се покажа навистина добар. Незаменлив ќе ми остане фиксаторот во прав на Артдеко, ама од никсобуџетните, дефинитивно подобар е овој на Аура и подобро да се шприцаш со тој, него ли со ужасијата од Кетрин Арли. Порадо би си шприцала цементно млеко отколку со гореспоменатиов продукт од таа фирма. Има и нова четка, како онаа на Артдеко со бели флафи врвови. Баш сакам да ја купам за да ја пробам со хајлајтери, многу ме интересира каква е. Единствено не сум задоволна од двостраната четка - ми паѓаат премногу влакна, паѓаа уште кога не беше измиена, ме нервираше и ја баталив. Четките од малиот сет ми се сосема во ред, со нив немав вакви испади.
Да, на него мислам. Се жалат блогерките од ефектот и од долготрајноста. Гледам мало е пакувањето, која му беше отприлика цената на попуст? Изгледа сепак подобра варијанта е фиксаторот од Авон. Инаку ја немам користено двостраната четка, не можам да кажам мислење за неа. Имам двострана четка (за кармин и коректор) од Орифлејм, од неа сум задоволна, а сега ја видов новата што ја спомна, би било добро да се проба . Да не знаеш и за неа цена? Веројатно е како другите, 250-300?
Шишенцето е од 75 милилитри. A за цената навистина не ми текнува точно, разни бројки ми се мотаат во глава. Го купив на 25% попуст и мислам дека го платив или 112 или 170 денари ама не ме држи за збор, зашто навистина не ми текнува. Да ја чував фискалната ќе проверев. Испадна повеќе од солиден, ама не знам ете, може така ми се погодило. Битно нема да ми остане забатален, ќе го потрошам. Од Авон со години си немам нарачано нешто, кога ми треба некој производ, не можам да најдам консултант ни под дрво ни под камен, се откажав од нив веќе. А четката беше 300 или нешто над триста денари, со бројките очигледно сум скарана, или сепак не сум во форма. Ама како и да е, мислам дека е далеку поквалитетна од верзиите на Голден Роуз и ним сличните, а и поекономична за разлика од онаа преценетата на Артдеко за која и до ден денешен жалам што дадов толку многу пари. Ех, да ми беше овој памет тогаш.
Руменилата на Аура се на попуст, јас го земав Ханимун Хани за 165 денари, случајно ги видов дека се намалени, ова уште на почетоков на неделата мислам беше (поим немам кој ден, се изушурив малце), а немав време да пишам. Малце чудно ми мириса, ама ми се допаѓа што е така, дискретно, малце и светки има. Мава накај кафенкасто ама не претемно, ич не знам да ја објаснам бојава. Да напоменам дека имам потемен тен, се мислев меѓу ова и Дип вајн, ама тоа што ми е дома е слично со Вајнот. Сепак, за тие пари е супер. Да ве предупредам да си го повлечете фиокичето под тоа кај што се наредени руменилата... Таму стојат тестерите, јас ако не го отворев ќе си одев како селска мома со Винтиџ Пич, затоа што од дома тоа го одбрав, а бојата е многу поразлична преку стаклото, преку монитор и на лице место.
Кoлку пaри се глитерите нa Аурa? И дaли мoже дa ги нaнесaм нa бaзaтa зa сенкa oд Estee Lauder Double wear или требa дa јa земaм бaзaтa зa глитер нa Аурa?
Од Аура користам карминче Satin Extreme, најпрекрасното е моментално што го поседувам а цената е прифатлива, околу 200 ден. нешто. Ем убаво мириса, ем хидратира, траен е и бојата ми е ептен погодена. Прв пат во толку години да си најдам кармин што ми одговара без да лупнам 500ки.
^ Ако прашуваш за овие, цената им е 289 во ДМ а 296 во Космо (мислам дека оваа беше цената во Космо ако грешам нека ме поправи некој).
http://snow81s.blogspot.com/2014/03/aura-absolute-shine-sjajevi-za-usne-1.html Добра рецензија за сјаевите на Аура.Неколку пати ги имаам гледано ама не сум се заинтересирала да ги купам.Ама според коментарите ме фати мерак, многу биле пигментирани и убаво мирисале. За тие што си носат сјаеви над карминот како мене, па и самостојно, се добра и достапна опција. Од Аура сум многу задоволна од производите за усни.
Одлични се сјајчињата на Аура, јас имам две и многу сум задоволна. Пигментирани се и не лепат премногу, ги имам 512 Cotton Candy и моето омилено 510 Light Caramel. Имам и претходно пишано, Light Caramel во комбинација со мат карминчето од Голден Роуз - 01 се совршенство, ова другово сјајче си го носам самостојно без кармин пошто е попигментирано и појака боја. Од мене само пофалби, би сакала да си земам уште некое ама ги меркам и тие мат карминчињата мора да си земам и од тие.