@rainbowec Баш и тоа сакав да го земам, ептен се најдовме. Нијансата е преубава, не верувам дека има девојка на која не би и стоела.А, јас најчесто нуд усни си носам преку ден.Вака во комбинација со карминот на Голден Роуз велвет мат 01 и молив од Есенс ќе бидам десетка.Фала на идејата. Во план ми е да го земам и 511 Creamy Pink оти знам дека на мене вакви розовкасти нијанси со ладен подтон многу убаво ми стојат. Инаку од Абсолут Мат линијата јас го имам 609 Candy Pick, случајно го земав.Јас тргнав по Ring A Bell нијансата ама завршив со оваа и знам дека не згрешив во изборот, многу убаво стои на плавуши. Многу е пигментиран дури и за светол кармин, а потемните нијанси се уште попигментирани.Воопшто не ја суши устата.Пролет иде мора да ги вадеме веселите боички, доста беше бордо/кафено. Поздрав.
Само едно инфо: во Ново Лисиче во Зегин оној до Мана, кармините мат и оние што се како сјај но се мат се 40 ден. поефтини од други места.
Јас се мислам дали да го земам овој вториот што е светол, ама бидејќи сум мноогу бела ми е страв дали ќе го погодам?
Во сите Зегин аптеки се така. Течниот коректор за лице, кој бај д веј е преубав, го зедов 187 ден., а во Cosmo и ДМ се по 234 (така нешто). Само еден апел до Зегинци ако нè читаат, да се снабдат со повеќе залихи зашто реално многу малку има од сè, a ќе биде навала по постовиве.
Ги има. За сјаевите не знам, ама јас од течните мат кармини и еден од тие мат во класично пакување зедов баш пред два дена од таа на Партизанска. И коректорите со сигурност ги има. Имаа и тестери и залихи од сè.
@Emotional123, ги има и двата. Течниот што е попогоден за подочници/хајлајт и другиот во црно стик пакување за недостатоци. Има и еден прозирен, тој е од постарите верзии. Иако, индивидуално е, баш читав рецензии и некои блогерки тврдат дека и двата може да се користат наизменично за што ти е попогоден, за тоа.
Tecnite karmini od Aura se pre predobri mnogu se trajni stojat mnogu dolgo vrem.Ovie se tecni karmincinja najprvo sjajni posle toa se susat i stanuvaat mat.Site boi vi gi preporacuvam najdobri se.
Јас едно време овие ги гледав во ДМ во ГТЦ и во Веро центарот, и баш имаше темно зелен а и др бои , беше мислам околу 200 денари сега незнам дали го има сепак проверете ваму
Ги нема повеќе светкиве на Аура, баш ми е жал многу беа добри. Инаку еве рецензија за транспарентната пудра на Аура http://rosee96.blogspot.com/2015/06/aura-shine-killer-review.html И да морам да напоменам многу се познава на слики со блиц, ако случајно се сликате со блиц никако немојте да ја нанесувате пудрава, затоа што од прилика ќе излегате вака, од искуство ви пишувам хахахах
Аууу! А баш бев решена да ја купам Сепак кажи дали после ова вреди да се купи или да барам нешто друго?
@Ana-Marija24 за преку ден е одлична, предобро го матира лицето и ја фиксира шминката, особено имам приметено коректорот не ми се собира како борички, ама за навечер сликање со блиц не би ја препорачала, јас кога се видов на сликите се изненадив, фала богу се сликаше со мој телефон па ги избришав хахахах смешно изгледа
Не знаев каде точно да го сместам постот дали во темата Руменило или Бронзер, па сепак на крај се решив да го ставам во соодветната тема за Аура. Се работи за румнилото Mocha Shimmer но посоодветна примена за многумина меѓу кои и јас е како бронзер.Еве и слика како изгледа: Пигментацијата му е бесна, значи не можам да ви објаснам колку е пигментирано.Примарно наменето е за потемни девојки, јас го купив со намера да го користам на исончан тен, но го користев и пред месец-два кога бев посветла и ми се допаѓаше ефектот. Побели девојки би можеледа го користат ако сакаат поизразени контури на јаболчните коски бидејки навистина е многу темно и одговара со повпечатлива шминка. Моментално го користам на карамел тен, значи малку сум исончана-карамел/бронзена боја ама планирам уште потемна да станам со оглед на тоа дека е доооста темно, сметам дека најубаво би стоело на чоколаден тен-како што и кажав погоре дека таргет групата на пазарот се девојки со потемен тен. Ако подетално ве интересира можете и да ја прогуглата оваа линија на руменила од Аура, има доста рецензии по Интернет, српските блогерки не го баш фалат, многу од нив пишуваат дека конкретнава нијанса не е лесна за блендање ниту пак е фотогенична. Со што воопшто не се согласувам, јас со мојата четка за руменило од Есенс сигурно ја знаете онаа со розевите влакненца со еден потег и малку блендање постигнувам одличен ефект.Може да се надоградува но сметам дека едно поминување со четката е доволно со оглед на тоа што е многу пигментирано и доста темно, сепак да не претеруваме. За фотогеничноста можам да кажам нијансата е прилично специфична и тешка да се долови затоа и има толку поделени мислења за оваа руменило-некои го сакаат и го фалат, а некои го мразат.Сепак сметам дека е индивидуално и прво треба да се проба. Во живо убаво изгледа, посебно преку ден, а и на слики на мене ми се допаѓа како излегува.Има топол подтон и е седефасто со дискретни шимери.Не е препорачливо за контурирање со оглед на тоа што не е мат, а и примарната намена му е како руменило. И да, содржи парабени.(Ако некој се заинтересирал да го купи,а внимава на овие работи да го има во предвид)