Ги има ли веќе и кај нас? http://www.mrsfoxsbeautybox.com/2015/09/aura-illuminate-me-tecni-iluminatori.html#more Имаат и други новитети, како на пример база за сенка за очи, лакови за нокти- можам да кажам дека од ден на ден, се повеќе се изненадувам позитивно од овој бренд. Ептен ги следи светските мејкап трендови и лансира постојано нови производи по поволни цени.
Само уште да имаа подобар избор на течни пудри и cè ќе беше комплетно. Во последно време, целата декоратива која ја купувам е од Аура, никогаш не сум излегла од некоја дрогерија без нешто нивно.
Ах Мишела, кој ни е крив што имаме комбинирана/масна кожа. Тоа си мислев, сите пудри одвреме- навреме се на акција, намалени дали 20, дали 30%, само Ревлон Колорстеј не ја намалуваат никогаш. А и јас во последно време најмногу се задржувам на штандовите на Аура, знам порано немав толку добро мислење (баш имам пишувано и во темата), ама ептен го променив последниот период, има толку многу работи што ми прават мерак.
Јас го користам моментално коректорот cover me предобар е, кремаст, не ја суши кожата под очи и не ми се познава во ситните брчки. Имам 2 руменила од поновите и 2 од сјајните исто се многу убави. Моливчињата за усни и тоа за веѓи ми се дел од секојдневната шминка. Исто и двостраната четка за сенка е одлична, може само со неа да се нашминкаат. Единствено од пудрата cover me не сум задоволна многу е тешка, а другите не би ми одговарале на кожата. Сега сакам да ги купам тие мали марамчиња за отстранување на вишок маснотии, само ги немам видено нигде. Колку се да не знаете и дали се ефикасни?
@x.Daisy.x многу побрзо за разлика од други што имам користено. Од bourjois заборавав кога сум го купилa, а гледам на овој дека густ се познава до кај е.
Ее да тие течните многу брзо се трошат, на овој од Кетрис крем коректор што го имам, се уште не му се гледа ни дното. Затоа се мислам дали да си купам, некако не ми се даваат пари кога имам друг
@x.Daisy.x јас овие работи што се трошат како пудра, коректор и маскара гледам прво да ги потрошам па да пробам ново, и стално имам по едно, попрактично ми се виде отколку да имам повеќе и се сушат или поминува рок. Штом го потрошиш тој пробај го, одличен е, а и не е скап во зегин е околу 180-190 ден.
Маскарите ги имате ли пробано? Ги здогледав во локален маркет со ептен прифатлива цена (под 200денари), само не знам колку ги бива
A kade da go najdam? Barav vo DM i Cosmo vo CityMall nema..niti pa od druga firma sum nasla hajlajter ako znaes za sigurno kade go ima te molam kazi mi, itno mi treba za vikendov
Јас ја имам пробано таа за волумен, добра е ама не е нешто посебно, а читав дека најдобра била curly. За таа цена на essence ми се подобри I love црната и розевата.
http://hipermarket.mk/zdravje-i-ubavina/kozmetika/dekorativna-kozmetika Аура онлајн нарачки. Ги има Сеси, ги сретнав пред некој ден во една локална парфимерија кај мене.
Да не се сеќаваш колку пари беа? Гледам на линкот што си го ставила пишува 340 денари, а ДМ денес пишаа во нивната тема дека ќе ги добијат до крајот на неделата и ќе бидат 389 денари, што не е мала разлика. Ајде нека ги има и во Зегин па оттаму ќе си ги купуваме. Приметувам стално ова со цените го пишувам, каде е подобра зделка, како некоја опсесија ми е, или професионална деформација, не знам. Морам прво да разгледам каде е најевтино нештото, или каде е на акција, па потоа да го купам, и баш се приметив и кога пишувам во темите истото го потенцирам- што да правам секогаш сум посреќна така кога ќе ми останат пари за нешто плус, па сакам и другите да ги информирам да искористат, затоа сум толку досадна.
Во брзање не ја забележав цената . Инаку кога го ставив линкот ги немаше додадено , ова е од сега веројатно, а разликата во цената не е малку. И јас сега прочитав на ДМ колку ќе бидат. Баш ќе проверам колку се и кај нас. И јас сум иста, за СЕ. Затоа е добро и кога пишуваме рецензии да стои цена и од каде е купено, колку за споредба.
Аура до сега ги имаше само во ДМ и Зегин ама ко што гледам почнале и во Космо ама не сум била да проверам што имаат. Во ДМ се поскапи за некои 40, 50 денари, што и не е мала разлика. За жал во Зегин ги немаат сите производи иако во Зегин кај црквата Св. Петка до сега што сум ѕирнала имаат најмногу од производите.
Во космо ги има од многу одамна. А инаку во ДМ се доста поевтини отколку во Космо и бас се зачудив. А за Зегин не би знаела