Девојчиња стигнат ли е кај нас гел-лајнерот? Мене ептен ми се допаѓаат ваквите " тушеви" ептен лесно и брзо ја исцртувам линијата плус по потреба ја правам подебела. Го имам оној на лореал ама тој ми е скап за секојдневна употреба. Овој би му дошол како соодветна замена. И патем, кој е овој Драган Вурдеља? Едит : симпатично човече кое е уствари еден од најдобрите мејкап артисти во Србија
Бидејќи многу ги користам производите на Аура, ептен се израдував кога пред малку видов пост на фб дека може да купам нивни производи онлајн во МК преку Пазар3 (имаат шопинг функција за онлајн продавници). Еве линк: http://www.pazar3.mk/mk/Shopping#!Category=616-Декоративна-козметика/Sort=Newest
Јас не сум задоволна со She bunny, тие малите лакови, за некои од нив требаше три слоеви за да се добие бојата, а и споро се сушеа. Останатите не сум ги пробала.
Пред некој ден зедов руменило на Aura од ДМ во веро и да ве предупредам дека изгледа им се измешани тестерите со нијансите на руменила зошто од тоа што го пробав на тестерот до тоа што го имам моментално според тој тестер забележувам дека нијансите се многу различни. Имам многу бел тен и веќе имав црвено руменило и сакав корално, портокалово ама побледа нијанса. Тоа што го пробав на тестер имаше слична нијанса на она што го сакав, а ова што го имам според бројчињата од тестерите е црвено и дефинитивно би стоело подобро на потемен тен. Сега разгледав и на интернет според нијансите дека не е тоа тоа од тестерот.
jas ja imam pudrata TAKE CARE OF ME i ic ne sum zadovolna trae samo 1-2 casa ne e pokrivna voopsto taka da nikogas poveke pudra od ovaa kolekcija!
Ќе може ли некој да ми каже цена на коректорот (во облик на сјај за уста) и на фиксаторот на аура? Паа и некои рецензии...wasntme:
Ја користам пудрата во прав на аура повеќе од година и сум многу задоволна, доволно е покривна и трајна. Ставам прво течна пудра па во прав но почесто ставам само од оваа во прав и сум задоволна.
И четката за течна пудра е супер, јас одамна престанав да ја користам зашто имам друг тип на четка, ама оваа од Аура е навистина солидна. Единствено треба да внимаваш во текот на разнесувањето на пудрата низ лицето, затоа што ваквите плоскати четки оставаат линии при изведувањето на потезите. За да не ми се прават линии, размачкував набрзина низ целата површина на лицето и потоа тапкав до посакуваната покривност.