Пред извесно време го купив течниот туш за очи на Аура, сакајќи малку да сменам, бидејќи не памтам веќе од кога точно го користам тушот за очи на Есенс и ми здосади. Го купив 160 денари, пред сè, го зедов заради амбалажата - многу сакам кога производот го добивам спакуван во кутивче, а и амбалажата на самиот туш ми е многу елегантна. Четката е одлична, многу е слична со онаа која ја има водоотпорниот туш на Есенс, меѓутоа има драстична разлика во формулата. Овој туш има потечна формула, но многу е пигментиран и лесно и прецизно се исцртуваат линиите. Дали дека е потечен, некако полесно можам да маневрирам и без многу замарање постигнувам различни типови и дебелини на линии. Има длабока црна боја и баш ги интензивира очите; јас и онака имам големи очи, со малку појака линија сум како манга-девојка со очи џамлии , се суши доста брзо и станува мат, меѓутоа не е водоотпорен. Јас имам мрсни очни капаци, го нанесувам без база на голо око или над сенка за очи, меѓутоа никогаш не се пресликал, единствено малку почнува да се разлева ако ми засолзат очите, инаку во принцип не мрда од око и го вадам од очи во речиси иста состојба како што сум го нанела. Ми се допаѓа, меѓутоа ќе размислам дали ќе го купам повторно кога ќе го потрошам, само поради тоа што не е водоотпорен. Ако во меѓувреме излезе водоотпорна верзија - тоа ќе биде мојот туш за цел живот.
Го купив пред еден месец овој хајлајтер и ич не ми се допаѓа. Ставам и исто како да немам хајлајтер. А од другите производи што ги користам од аура сум презадоволна. https://2.bp.blogspot.com/-IdLjW3b3...0/13020381_10201654135031899_2124356175_n.jpg
Јас ги обожавам производите на Аура и секојдневно ги користам. Последните 2 месеци сум воодушевена од нивните нови бронзери па направив и рецензија за нив на мојот блог. Може да ја прочитате тука http://mymakeupbagm.blogspot.mk/2016/11/aura-all-year-bronze-bronzing-powder.html
Ве молам препорачајте ми кое бројче да го земам од нивните вештачки трепки, да не се многу долги само сакам повеќе волумен да имам.
@sweetgirl1106 04 се доста густи и долги, 10 е густа исто но со пократки влакна. Ако сакаш само волумен земи ја 10
Не можам да ја видам сликата, но претпоставувам за кој зборуваш. Хајлајтерот е нежен и не е некој јак и затоа имаш такво мислење. Мене ми се допаѓа ептен.
Презадоволна од Аура козметика. Мат течните кармини се топ, од руменилата го имам Honeymoon Honey, го имам течниот илуминатор + за поголем ефект ставам и другиот хајлајтер. Од пудрите сум малку разочарана имаат чудни нијанси, ете можеби јас не се пронајдов. Cover me течната пудра ми е тешка некако како паштетче хахах, но од коректорот correct me сум презадоволна. Од трепките 02ка и 10ка најприроден ефект, барем според мене. То е то, сакам да прашам дали некој има користено од маскарите и каков ефект дават? Kisses
Во Космо. Во ДМ маркетите се поскапи сите козметички линии. И те молам не го поставувај прашањево во сите можни теми. Секако некоја ќе ти одговореше. Моливчињата за веѓи и усни не се воопшто скапи, стотина денари се. Можеби @senza.parole се сеќава на точната цена па ќе ти каже, знам дека таа користеше нивни моливчиња.
Сте ја виделе ли некаде четкава по парфимериите? Ја барам ама неможам да ја најдам , да не е повлечена од продажба? Ако ја видете некаде пишете
На официјалната страна пишува дека е околу 670 денари ( 1347 динари )па би требало и кај нас да е толку.