@koritsaki Пиши им на фб прашај ги каде може да ја најдеш Инаку ова ми е најдобрата и најпогодената четка досега. Ја имам 2 години и влакната се исти ко и првиот ден.
Здраво девојки, немам користено ништо од Аура до сега и ми треба некој со искуство да ми каже што да земам од нивниов асортиман како основно? однапред Ви благодарам база:Perfect base/Prime me/ Primer база за нам видливост на порите; пудра во прав:LOOSE POWDER MATTE Мат пудра - транслуцентна/пудра во прав powderful/мат пудра geisha; течна пудра: cover me/take care of me; Дали сте задоволни од фиксаторот за шминка?
@greenota Јас ја имам cover me пудрата , мене ми е ок ама мора да внимаваш колку ќе ставиш- се става мааалку една капка на цело лице зашто е доста покривна и ако ставиш мн неприродно изгледа. И само за масна кожа ја препорачувам Ја имам и белата камена пудра и таа е ок , супер матира. Прајмерите , фиксатотот и пудрата во прав ги немам користено
Да не знае некоја колку пари се новите палети со сенки од Аура? Многу фини нијанси имаат, ги сакам сите.
Имам еден куп производи од Аура, но овие ќе ги издвојам како најомилени и производи кои повторно би ги купила. Линијата Сити лајт, различни видови на хајлајтери е преубава. Ги користам и на лице и на очи. Течниот го нанесувам пред тој во прав и добивам преинтензивна боја, често го користам и на очи како база за сенки во прав и ги прави поинтензивни. Тие во прав ми се омилени, преубави се блендаат, не делуваат ко валкано на лице. Како сенки исто се одлични. Во стик златниот знам да го нанесам покрај на лице и очи и на усни. Преубава линија, а и цените не се високи. Поединечно се движат од 350 до кај 450 денари. Од оваа линија на лак ја имам оваа борда боја и имав црвена. Двете се убави и ми трајат неколку дена. Презадоволна од течните кармините. Едната линија е веќе позната на сите, убави бои, лесна формула и не ги сушат усните. За жал не се многу пигментирани. Течните кармини од линијата Гејша се препигментирани, со еден слој се добива убава еднаква боја. Омилен ми е црвениот, па и воопшто омилена боја за кармин ми е црвена, а овој е оној по кој најчесто посегнувам. Сенките за веѓи се многу мекани, убава пигментација. Ги користам и како сенки за очи и одлично се сенчаат. Бронзерите ги користам за лице и очи Прелесно се сенчаат, многу убави бои, природно изгледаат на лице. @Mishela мислам дека се околу 800 денари, барем според цените што ги гледав на официјалниот сајт и споредба со нашите цени. Него јас не сум ги видела никаде, каде да барам?
@marama мислам дека онаа со nude тонови ја има одамна или не сум видела добро? Гледав една sunsests така некако, тоновите беа прекрасни. Се надевам дека ќе ги донесат наскоро.
Дали сте задоволни од glorious cheeks руменила и која нијанса одговара на светол тен и светло кафеана коса?
Ја swatch-нав новата палета на Аура и пигментацијата на 04 и 11 ме изненади. Прекрасни нијанси, но само заради нив две не ми се купува цела палета. Останатите нијани не ми беа доволно пигментирани, дали поради тестерот или не знам што. Цената е 737 денари во ДМ. Да ја начекам на попуст ќе пуштам срце и ќе ја купам.
@sorbet не знам за палетава на Аура ама оваа на Револушн е феноменална, пигментирани се сите сенки, нијансите се слични, на бројност се повеќе и е иста цена. Ептен препорачувам
Пудрава е околу 350 денари, мислам на оваа амбалажа на сликава. Јас ја користам моментално и прилично сум задоволна.