@marchi-cool Мене ми ја имаа подарено пудрава погоре на сликата , наменета е за мрсна кожа - пудрата е многу густа и одлично покрива - но , по некое време ја промени бојата т.е. оксидираше внатре во опаковката.. и сега така си стои во фиока
Јас ја користам, имам комбинирана кожа и многу е покривна. Мене ми е супер и за секој ден и за вечерни излагања. Мислам дека нема да згрешиш ако ја купиш. Сигурна сум дека ќе ти се допадне. Јас ја имам 104ката и иста ми е како бојата на кожата и не се ни познава дека имам нанесено пудра, а се ми покрива.
Мислам околу 400 денари, ама јас на попуст често ја фаќам за 300 денари отприлика и понекогаш имаат подарок и сунѓерче со пудрата.
Марама го купив ова на Аура што е, хајлајтерот со руж, трите како на сликите. Кажете како да се нашминкам? Имам и за контури мислам? Некое видео? Хелп
Тоа не е за контури, само хајлајтери се. Јас најсветлата и розевата ги користам како хајлајтер, а најтемната ми е темна за таа намена па ја користам како сенка за очи
Прво, извини што доцна враќам но бев многу зафатена изминатиов период Моливчето- не можам да си најдам соодветна боја со влакната на веѓите, ми се размачкува по неколку часа, а и премногу ми се познава кога ќе го нанесам. Едноставно не ми се допаѓа козметиката на Аура
Не е исто како на слика, јас би ти го препорачала 33ка, затоа што е предобра бојата за секој ден, а многу ми се допаѓа и 36ката. Тие две цело време ги користам.
Да ја земеш и ич да не се мислиш. Јас ја имам посветлата нијанса и сум презадоволна. Многу лесно се блендаат, а хајлајтерот е ептен нежен и привлечен. Заради него и ја зедов најмногу