Спојлер Ако има ваква тема се извинувам.. Дечки сигурна сум дека ја знаете прекрасна серија ја даваа порано на Тера еве сега пак има репризи.. Плачиме само за шпанските, ни се смачи од турските па еве.. Ама за жал прикрај е серијата
Јас не го фатив крајот претпоследната ја изгледав само.. Сега на нејзино место друга даваат, италијанска некоја. А се сеќавам порано и јас ја гледав на Алсат (албанската).
Ако разбираш шпански еве линк https://www.youtube.com/watch?v=VvrlhC9ug3c https://www.youtube.com/watch?v=OMZzvIvE8Ng https://www.youtube.com/watch?v=vDbM-3kBpC8 https://www.youtube.com/watch?v=GgGqtH0u22I https://www.youtube.com/watch?v=t5sYi-MNOzI
Серијата е латиноамериканска, преубава е, заврши пред едно месец дена на МТМ телевизија ја даваа, јас таму ја гледав
Се работи за Аурора девојка која умира од непозната болест и нејзиниот татко кој е лекар и има клиника за криогенеза така беше мислам ја замрзнува во капсула се додека не најде лек за болеста. Во меѓувреме нејзините родители ја чуваат ќерката на Аурора од Лоренцо ( нејзината голема љубов) и ја лажат дека е нивна ќерка. По 20 години имаат лек за Аурора и таа оживува, овој дел ми беше прилично интересен, тука почнуваат преплети некои, не кажуваат дека е она туку демек ќерка на Аурора која е идентична на неа и се така..во меѓувреме уште луѓе се оживеани со помош на криогенезата, светот дознава за ова, на крај Лоренцо и Аурора се заедно и имаат уште една ќерка, но Аурора умира во несреќа и нејзиното срце е дадено на адвокатката Анхела, Лоренцо и Анхела се запознаваат и се заљубуваат и така и завршува серијата. Во меѓувреме и останатите ликови си се средуваат, оформуваат семејства. Ова е накратко раскажано , серијава е преполна со интересни моменти, премногу се да се раскажат