1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Аутизам кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од Hipica, 16 април 2011.

  1. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    ШТО Е АУТИЗАМ?

    Аутизмот претставува развојно нарушување кое се појавува во раното детство, најчесто пред третата година од животот. Тоа е состојба која различно се манифестира кај секое дете, но, генерално сите деца со аутизам имаат неколку заеднички карактеристики:

    * Тешкотии во говорот, јазикот и невербалната комуникација - главен проблем не е дека детето не може да зборува (иако мал дел никогаш не го развиваат говорот), туку дека тие имаат тешкотии во комуницирањето. Детето може често да повторува перфектно, што се нарекува ехолалија, но не може да ги користи истите зборови во друга ситуација.

    * Тешкотии во социјалната интеракција - луѓето (посебно децата) со аутизам често имаат тешкотии во започнувањето и одржувањето врски со врсниците. Често се случува децата со аутизам добро да се поврзат со нивните родители и оние кои водат грижа за нив, но не и со останатите деца. Тоа не значи дека детето со аутизам не може да се спријатели, но често не знае како да го направи тоа.

    * Тешкотии со фантазијата и внатрешниот говор - имагинарната игра (како што е преправањето дека куклата е бебе или играчката возило) е многу важен дел од детскиот развој. Децата со аутизам ретко покажуваат имагинарна игра и како резултат на тоа нивниот развој е попречен.

    * Стереотипни активности - крцкање со прсти, вртење на предмети или неуморно гледање на предмети кои се вртат, одење по линија, шкрипење со забите, потскокнување, изразена поврзаност со предмети без јасна цел за тоа, сложување на предмети според некоја нивна карактеристика, одење секогаш по еден ист пат на исто место, инсистирање на едноличен тек на денот, јадење на еднолична храна, повторување на исти зборови или реченици, самоповредување итн. Сите овие набројани стереотипни активности се само дел од неограничениот број на варијации.

    ЗАЧЕСТЕНОСТ

    Дали знаете дека скоро еден процент во светот или приближно 67 милиони луѓе се дел од спектарот на аутизам? Во светот нов случај со аутизам се дијагностицира на секои 20 минути. Аутизмот се среќава кај 1.5 милиони лица во САД. Во Европа од аутизам страдаат околу 8 милиони луѓе. Во Македонија се очекува да има 2040 лица со Канеров аутизам и 12 240 лица со аутистичен спектар на нарушувања. Аутизмот има растечка стапка на појавување од 10-17 % годишно. Аутизмот во светот има епидемиски размери и тенденција на појавување.

    РИЗИК ФАКТОРИ

    Аутизмот не е предизвикан само од една причина. Тоа е полигенско, комплексно нарушување чија што етиопатогенеза лежи во интеракција на генетските фактори и срединските влијанија. Познати ризик фактори се следните:
    Пол: студиите покажале дека момчињата 3-4 пати почесто развиваат аутизам, отколку девојчињата.
    Семејна историја: семејствата кои имаат едно дете со аутизам имаат зголемен ризик (3-8 %) да добијат друго дете со ова нарушување.
    Други нарушувања: децата со одредени медицински состојби како што се: Фрагилен Х синдром, туберозна склероза, Down синдром, Cornelia deLange syndrome имаат зголемен ризик да развијат аутизам.
    Генетски разлики / слабости: истражувачите откриле одредени гени што се вклучени во настанокот на аутизмот. Некои генетски грешки изгледа дека се наследни, додека други се случуваат спонтано.
    Средински фактори: истражувачите моментално испитуваат дали токсините и загадувачите на воздухот играат улога во зголемувањето на бројот на лица со овој синдром.
    Коморбидни медицински заболувања: одредени нарушувања на имуниот систем како што е размножување на габите во цревата може да влијае врз појава на аутистични симптоми.
    Вакцини: една од теориите го посочува конзервансот тимерозал во вакцината МПР како можен етиолошки фактор во регресивната форма на аутизмот.

    ФАКТИ ЗА АУТИЗМОТ

    * Спаѓа во групата на первазивни развојни нарушувања и вклучува биолошки или органски нарушувања во функионирањето на мозокот;
    * Тој е спектрално нарушување кое опфаќа индивидуи кои функционираат на различно интелектуално ниво, од длабоки тешкотии во учењето во луѓе со просечен или надпросечен IQ;
    * Тој е скриено нарушување бидејќи луѓето со аутизам обично немаат разлики во изгледот во споредба со останатите луѓе;
    * Моментно се верува дека се јавува кај повеќе од 1 % на новородени деца;
    * Тој е асоциран со епилепсија кај една третина од индивидуите во адолесценцијата;
    * Аутизмот е асоциран со необични одговори на сензорни стимулации и луѓето можат да бидат пречувствителни на звуци, вкусови, мириси, допири, итн;
    * Доживотна онеспособеност со потреби за доживотна поддршка во најголем број случаи, но со вистинска помош може да се стори многу за нивниот живот.

    АУТИЗМОТ НЕ Е

    * Резултат на емоционална лишеност или емоционален стрес;
    * Желба да се избегне социјален контакт;
    * Резултат на родителско отфрлање или ладни родители;
    * Поврзан со социоекономскиот статус;
    * Ментално заболување;
    * Погрешно разбран гениј (иако во некои околности некои индивидуи имаат специјални таленти во тесни подрачја)

    КАКО ДА СЕ ДИЈАГНОСТИЦИРА АУТИЗМОТ?

    Има разни дијагностички системи употребени во дијагностичката постапка. Најчесто клиничарите ги базираат нивните критериуми на ICD-10 застапена од Светска здравствена организација, или DSM-IV критериуми. Други златни стандардни тестови се ревидираното дијаностично интервју (ADI-R) и дијагностичката скала за опсервација на аутизмот (ADOS). Дијагностицирањето се врши од страна на детски психијатар, детски невролог, развоен педијатар, дефектолог, психолог, логопед, социјален работник и други стручни профили. Стручните лица треба да бидат ваши пријатели, а не непријатели!

    ТРЕТМАН НА АУТИЗМОТ?

    Современи третмани на аутизмот се: Son-Rise програма, Систем на комуникација со помош на размена на слики (Picture Exchange Communication System - PECS), TEACCH метод (Treatment and Education of Autistic and Related Communication-Handicapped Children), ABA метод (Applied Behavioral Analysis), биомедицински третман, терапија со диета, аудитивен интеракциски тренинг, окупациона терапија, терапија на сензорна интеграција, музикотерапија, хипербарична оксигенска терапија, работа со компјутери, роботи итн.

    ШТО ДРУГО МОЖЕ ДА ПОМОГНЕ?
    Говор
    * Говорете со детето едноставно.
    Говорете со куси реченици и концентрирајте се на поентата.
    * Користете го името на лицето за да го привлечето неговото внимание.
    * Дадете му доволно време на лицето со аутизам да го обработи тоа што сте го кажале и да ви одговори.
    * Избегнувајте фрази и апстрактни идеи.
    * Зорувајте јасно и видете дали има знаци на разбирање на тоа што сте го кажале

    Визуелна поддршка
    * Користете визуелни поими, доколку е соодветно да им се помогне во разбирањето, на пример: слики, симболи, референтни објекти.
    * Користење на знаковен јазик, каде што е соодветно, може да им помогне да ја разберат вашата смисла.

    Структура
    * Обезбедете јасна структура на денот така што тој/таа ќе знаат што и кога да очекуваат.
    * Обезбедете предвидливи рутини.
    * Објаснување за промените однапред, ако е можно, за да се намали напнатоста.

    Превземено од МНЗА (Македонско Научно Здружение за Аутизам)
    **************
    Како гледате вие на децата со вакви проблеми и дали можеби некогаш сте имало искуство со некое такво?
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Аутизмот претставува биолошко пореметување на мозокот кое го оштетува комуницирањето и друштвените вештини. Опфаќа широк спектар на пореметувања кои се движат од благи до тешки степени. Аутистите се опишуваат како личности кои се во “својот свет”. Многу аутисти кои добро функционираат опишуваат два света, својот и надворешниот, и своите искуства ги опишуваат како размислувања и слики.
    Аутизмот денес се дефинира како органски развоен дефект на мозокот кој се одликува со неможност за развој на јазичната комуникација и останатите облици на друштвена комуникација. Се јавува кај 2-5 деца од 10,000 родени и е 1,5 пати почест кај машките. Некои аутистични деца покажуваат извонредни моторни, математички и други вештини. Често се опсесивно окупирани со објекти во движење, светлина, вода која тече или ротирачки објекти. Кај поголемиот број на аутистични деца проблемот се препознава подоцна во детството а тежината зависи од коефициентот на интелигенција. Некои деца можат постапно да научат да зборат и да покажат извонредна дарба за математика или уметност. Околу 30% од аутистичните деца добиваат епилепсија. Со стареењето сите особини на аутизмот стануваат се поизразени. Причината за појава на аутизмот е непозната, најверојатно е резултат на низа случувања.
    За жал во поблиската околина имам два примери за аутизам,детето на соседтката и детето на една другарка кај кое е констатирано најблага форма на аутизам.
     
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Болна тема за мојот братучед и снаа. Имам такво дете во фамилија. Значи од здраво, право дете на 2-3 годишна возраст увидеа дека нешто се случува со детето. Го лекуваа нашиве лекари и самите не знаеа што му е, зборувам за период од пред 10 год. Ги прошетаа сите балкански земји за да САД ја потврди дијагнозата на аутизам и премине на некакво си лекување. (го ставаа и на диета, кислородни комори и што ти уште не)
    Да се разбереме, нема лек за таа болест, не се лечи али може да се доведе до некоја граница за да може детето да се социјализира колку толку.
    Убаво е опишано во првиот пост, али што се случи овдека. Не испадна дека е наследно туку се потврди дека е од вакцина. На таа возраст децата примаат 2 вакцини што примаат ај и не е толку битно колку што нашиве увезле лоши вакцини. Тоа го потврди САД со факти ама ај, каде да се жалиш и каде да кукаш. Интересно е дека од таа генерација на деца се зафатени уште 5 деца од мојот град.
    Да не бидам офф, немаме ние ни школство ни програми за такви деца. Детето оди во основно училиште и супер е прифатено од другарчињата. Таквите деца живеат во свој свет во кој тешко е да допреш до нив а се допира со посебни методи и техники. Детето не е насилно и нема да те повреди али во одредени случаеви кога е нервозно, хиперактивно може само себе да си нанесе болка- во стил да си ја удри раката...
    Аутизмот може да се доведе до некој си минимум во пубертет ама не и да се излечи. Како резултат на тоа во тој период може да се некое друго сетило повеќе развие но немора да значи, зависи во кој стадиум на аутизам станува збор.
    Како и да кај нас нема стручни лица ниту пак обучени лица кои видат такви деца веднаш препишуваат седативи за смирување што нема си врска, а да не зборувам за училишта и сл. со еден збор нема каде и како да се социјализираат таквите деца.
     
  4. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    брат ми има некои симптоми-Детето може често да повторува
    изразена поврзаност со предмети без јасна цел за тоа
    одење по линија
    самоповредување.
    Веќе неколку месеци оди во градинка, и тоа многу му помогна, ама сега не знам, во јули ке полни 4 години, штом има напредување... не знам...
    А има ли некој што се излечил од тоа?
     
  5. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    имам гледано документарец на оваа тема зборуваше девојка на која и бил дијагностициарн аутизам таа девојка сега има некој нејзини 50 год од прилика и мене ми изгледасе сосема здраво и таа самата викасе дека само социјализација мозе да помогне во ваков случај
     
  6. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.201
    Допаѓања:
    23.959
    Во Америка, децата со поблага форма на аутизам, одат во посебни училишта, но потоа најнормално се запишуваат на факултет, и го продолжуваат животот како нормални деца. Тие се прифатени од околината, се социјализираат и живеат нормален живот.
    Во Македонија има училиште за деца со посебни потреби. Се вика Св. Наум Охридски и е во Скопје. Децата таму одат на училиште, учат занает, спијат и јадат, а за викенд си одат дома..
     
  7. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Имам комшиче кое има аутизам.

    Неговите се повеќе и повеќе го носат во друштво на деца, да се меша со нив и да не биде одделено, арно ама децава или не му обрнуваат внимание, или му се потсмеваат :doh: .
    Најтешко и е на мајка му, бидејки она ги трпи последиците, она гледа како го исмеваат и не сакаат да се дружат со него, целото внимание и е посветено на него.
    Тоа е дете со посебни потреби и посебно третирано.

    Жал ми и за него затоа што не може да го вкуси шмекот на детството и животот :worried: , не може да расте како секое нормално дете, а жал ми е и за родителите што нервози претрпеа.
     
    На katarina5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Имам братучед кој ги има овие симптоми ,но кај него се јави после враќањето од војска.
    Сега ,не знам дали станува збор за аутизам или друго нарушување ,еве го веќе 10 години откако е таков ,се затвори во себе ,се дружи само со еден другар кој поради некој бениген мултипен тумор во мозокот е малку подзаостанат.
    Никаде не излегува ,го одби работното место ,сеуште не е оженет (веќе наполни 36 години ) ,а преинтелигентен е , со мене зборуваме со часови и тоа за различни теми .
    Но тој постојано го споредува неговиот свет со овој реалниов .
    Има дипломирано со 9.8 просек ,човеков го бидува,стварно,само не знам што се случува со него ,а многу ми е криво бидејќи ми е многу близок и е предобар .

    Може ли аутизмот да настане поради некој доживеан стрес?
     
  9. emzzy

    emzzy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    11
    Имам исто и јас братучед кој е од Македонија но живее со своите во Англија. Бил на испитување и му рекле дека 70 % има аутизам..:/ Многу лично детенце е и кога ќе дојдат во Македонија и кога нема да те остави да го гушнеш и гњавиш ми доаѓа да си ја изедам петицава. :) Има 3-4 години а лани му го открија аутизмов. Колку што го разбрав вујко ми , го однесле во некоја болница каде му правеле некоја масажа на главата за да му се ’’одмрзнат’’ нервите за некоја си комуникација.. Знам дека го праќаат во школо за деца со аутизам, и се подобро и добро му е. Жално е што овие деца си живеат во нивен свет, дури и сведок сум дека на братучед му песокта му се гледа како јадење и упорно ја јаде, си гледа цртани филмови и си испушта некои звуци во смисол како да си зборува со цртаните ликови. Родителите го носат и на пливање, но џабе него не го интересира тоа туку оди на пливање и ја пие водата, не знае што попрво да и направи. Искрено му посакувам на сите деца да се излечат ако имаат шанса бидејки еве, знам како им е на домашните... Знам дека имало некој си апарат - го пикаат детето внатре и му се подобрувала состојбата но 60 % е сигурно дека ќе му се подобри. Ако нешто дознаете во врска со лечењето пишете ми в пораки, поздрав :*
     
    На Bubi*2 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ibanez

    ibanez Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    102
    Jas imam sin so AUTIZAM.Porano taa bolest ja znaev od dozdliviot covek-so Dastin Hofman.Vo toj film autizmot bese oslikan vo blaga forma.Togas ne ni mozev da pomislam deka Jas ke imam autisticen sin.Obicno losite raboti se slucuvaat nekade na drugo mesto...A eve veke22g. ziveam so AUTIZMOT.Vo nasava drzava nema strucen kadar koj ke im pomogne na nasite deca a i nas roditelite da ni pokaze kako da izvleceme poveke od niv...Go nosevme kade sto slusnavme no -nisto.Ne uspeav da slusnam kako mojot sin me vika mamo....Mislam deka ovaa nasa Makedonija treba da ima sluh za ovie deca a i nivnite roditeli koi osven maki i dusegriznicki pogledi od sograganite ne videle nisto...Sega mojot sin e vozrasen,a mojata drzava me nagradi so toa sto i mene i maz mi ne napravi socijalci...UZAS!!!!Neznam sto drugo da napisam....Bi trebalo da se educiraat nasite sogragani ,deka i tie lica imaat pravo na ova parce nebo pod koe ziveeme.Dobro e koga pisuvame za nekoj so AUTIZAM od sosedstvoto no loso e koga ke cukne na nasata vrata!!!Navistina treba pomos,nasmevka i razbiranje....Sekoj ima pravo na pristoen zivot!!!A posebno nie sto duri nemozeme ni pristojno bez stresovi da se prosetame po ulicite na nasiot grad.....
     
    На Poisoon му/ѝ се допаѓа ова.
  11. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
    На Ladyy*, Abeja и prinstongirl2 им се допаѓа ова.
  12. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Имам дете во фамилија со аутизам. Не е типичен аутизам туку некој вид (не ми текнува сега баш како се викаше). Детето беше супер, одлично напредуваше, и кога на 3 год ја прими таа вакцина во почетокот не се забележуваа никакви промени.
    После одреден период (неколку месеци) приметивме нешто чудно кај него. Живееше во негов свет, излив на емоции, зборуваше кога тој сака и сл други симптоми....После макотрпни испитувања од Скопје до Белград, во Белград ја установија дијагнозата. Тогаш во тоа време воопшто не беше познато тоа кај нас.
    Мајка му по цели ноќи седеше на нет и читаше што и како и од што може да се случи. Не наоѓаше никаков конкретен одговор. Воспостави контакт во Америка со некој институт со надеж дека ќе се најде лек/терапија. На крај резултатите беа дека за тоа нема лек и дека болеста е од вакцината. Постоеше и мала веројатност дека е од осиромашен ураниум од војните кои се провлекуваа на Косово и Мк во 2001год кога баш и тој бил во матката ама тоа беше многу незначителен процент.
    После тоа се најдоа контакти со уште неколку мајки од мојот град кои имаат деца од таа генерација и со ист проблем. :x Незнам што да кажам.
    По многу дебати и расправии со многу др. утврдив дека ретко кој доктор го вакцинира своето дете а јас ја одложив таа вакцина на година дена плус. Ете, со надеж дека ќе ојача организмот и дигне имунитетот. Ми беше страв до коска зашто бев претходно за се информирана, али еве да чува Бог се помина во најдобар ред.
    Имаше и кај нас некои иницијативи да се престане со вакцинација ама Владата убедуваше дека се со висок квалитет....бла бла бла мораше да перат пари и стават во нивен џеб затоа што набавуваат кинески со најмал квалитет, на сметка на тие мали чисти и невини души.
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.999
    Пол:
    Женски
    Син ми ја прими оваа вакцина кога направи годинка, некаде пред еден месец. Ама за ревакцинација ќе се помислам... ептен ми е страв, не знам ни дали да ја примаме... колку и да се опасни болестиве од кои штити (не дај Боже да се јават), сепак се лекуваат. Некако повеќе би ризикувала да не ја прими, помирна ќе ми е душава...
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Првата не е страшна втората е страшна.
    Јас добивав едно 5-6 опомени дома па дури и некои реферати дека ќе ми следува казна од 18 000ден ако не ја прими. Се вадев дека е болен и кога наполни 4год ја прими.
    Абе глупо е сега кога го запишуваш во школо ти бараат картонче со сите примени вакцини и што ако не ги примило нема да го запишат?!?! А и да на 6 год. му направиш ревакцинација неверувам дека ќе делува...
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.999
    Пол:
    Женски
    Е па не знам... се надевам дека ќе можам барем да одложам, затоа што најверојатно во следниве две години нема да бидеме во земјава. Но како и да е, сигурно можам да потпишам дека не сакам да ја прими на моја одговорност. Познавам луѓе што двете деца не си ги вакцинирале воопшто - па ене ги двајцата, здрави и прави мажи со семејства. Како медицинско лице, ја знам придобивката од вакцините... ама од друга страна - денес се е бизнис, па и во медицината.
     
    На sagittarius57 и slavica999 им се допаѓа ова.
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Имам во близина тука дете кое е аутистично. Наводно од вакцинација се јавила реакција ... но неговата тетка си кажа дека уште негде година кога ќе му се обрателе детево не реагирало им паднало многу сумњиво. По некое време им е кажана дијагнозата. Ве молам немојте да паничите за вакцините ... колку илјадници деца примаат иста па фала Богу ова не се случило. И сите ние сме примале па ете не. Ни во Америка со еден куп истражувања не може да се најде причината за оваа состојба био ја рекла јас зашто тоа е состојба на умот, не е болест. Инаку мене ми е веќе јасна работава со вакцините, се вртат пари стана бизнис. Затоа што некои вакцини кои со години уназад се примаат за одредени болести кои веќе се исчезнати со време се уште се даваат на деца. Тоа не ми е јасно?! А фактот е тој за жал станува голем профит.
    Аутизмот тешко дека ќе добие за брзо и решение. Тешко дека ќе се пронајде и причината. Во Америка на секои илјада деца се јавува ... најбројни се ваквите деца таму. Тука кај нас последниве две три години почна да се зборува јавно и да се реагира. И не, не верувам дека има врска ураниумот или кризата од Србија, Косово итн. Тогаш требаше еден куп вакви деца да има. Може др фактори да се причинители. Според мене се е поврзано со нервниот систем и трансмитерите кои доведуваат информации до мозокот. Таму одредени центри веројатно не се во нормална функција ... а ова е можно при развојот пред и после раѓањето на детето да се случува.
    Инаку имам слушнато за доктор од Турција кој и тука доаѓа, дека е ефикасен во својата работа со вакви деца. Неговиот син бил аутистичен и наводно успеал да го излечи од таа состојба. Да се надеваме дека со време ќе се пронајде начинот или лекот за да се помогне на ваквите деца.
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Не се лечи, може да се ублажи ама не и целосно да се излечи. Со многу работа и труд плус во пубертет може да се подобри ситуацијата.
    Ние немаме специјални училишта за такви деца што е многу жално и тие неможаат да се социјализираат како прво. Нашите лекари како од ракав препишуваат антидепресиви и др. тешки лекови што немаат никаква врска со болеста. Сите нешто слушнале, прочитале ама не се ни обучени за работа со такви деца.
    Најблиску во Европа такво училиште има во Словенија
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Затоа пишав наводно, зашто не можеме да знаеме до кој степен било и како, колку е тоќно тоа итн. Тоа имам слушнато само. Јас мислам дека ако само од себе нешто не се промени целосно лекување од ваквата состојба нема. Ама верувам дека еден ден че се најде начин за успешно надминување на овој проблем кај децата.
     
  19. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
  20. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    jas imam nekava slaba, blaga forma na autizam. Napraviv test i osvoiv 32 poeni, na samata granica :D