Аутизам кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од Hipica, 16 април 2011.

  1. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    31.967
    Мајка во Мк ли сте или странство?
    Прашувам бидејќи сум приметила дека нашите деца некои зборови ги прилагодуваат спрема странскиот јазик на кој се навикнати во школо, некогаш звучи грешно, да не речам смешно за уво, тоа не е загрижувачко.
     
  2. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.170
    Пол:
    Женски
    Angliski zborovi pika vo mk recenici, iako e vo mk. Ajde da gi spoime together. Primer. Zatoa mu gi skrativ Angliskite crtani kolku mozev.
     
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.948
    Допаѓања:
    187.271
    Не разбрав точно што е проблемот, ама изворот на проблемот ти е најден. Дете фиксирано за екрани од мала возраст.Не си барајте дијагнози, работете на проблемот.
     
  4. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.170
    Пол:
    Женски
    Da znajs deka i toa ima vrska, pojke zborva ako ne e pred ekran
     
  5. MaLeCkO :)

    MaLeCkO :) Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2015
    Пораки:
    319
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, за прв пат пишувам во групава, сакам да Ве прашам дали некоја од вас има искуство со Имунофан инекции од Русија, ми ги препорачаа дека имале голем ефект кон подобрувањето на состојбата, кај нив ги користеле многу за Аутистични дечиња...ако има некоја искуство или знае нешто Ве молам да споделете :) секое дополнително инфо ми е добродојдено, Ви благодарам.
     
  6. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.030
    Допаѓања:
    4.604
    Пол:
    Женски
    Одамна ве читам и имам доста искуство собрано на темава но за жал не се осудував да пишам.

    Пред некој ден за прв пат си отворив душа на друга Категорија одма се најде една ничим изазвана госпоџа во ПМС "сум била желна за внимание, сум сакала да ме сожалуваат", пола ден си плачев. Среќа админите го избришаа мислењето, веднаш штом го пријавив. Зошто постојат такви луѓе нема никогаш да разберам. Од каде таа злоба да ни ставаат сол на раната ? Да не даде Господ ни од близу да видат такво дете. Тоа се истите што и да видат бегаат далеку ко од чума, за нив се нашите деца вишок во овој свет и треба да бидат абортирани.

    Ама затоа тука можам да пишувам, вие ме разбирате.

    Имаме во семејството специјално детенце со атипичен развој, што јас многу си го сакам, и се борам за него како да е мое дете. Тоа ми е најдоброто другарче. И тој многу ме сака. Оди на училиште со ресурсен, знае да чита но тоа е се механички, тој не го разбира тоа што го чита. Со деца не се дружи, но и не сака да остане баш сам. Најсреќен е ако има некој до него . Зборува само ако е на зорт, ама разбира се. Поради терапиите, нема веќе трескање од земја за глупости, нема мавтање со рацете и слично. Оди во тоалет сам, јаде сам.

    Една од причините поради која сакам мое дете е тоа, да има срцево семејство и кога еден ден родителите ќе му починат да не остане сам на планетава.

    На тема мое дете ме фаќа страв баш од генетски предиспозиции за ваква аномалија. Илјадници истражувања прочитав, со многу лекари се консултирав, никој не ми кажа на што да внимавам за да го намалам ризикот уште во бременоста.

    Цигари не пушиме , метилирана фолна пијам (макар што и таа ако се предозира предизвикува проблем), тестостерон кај жените читав дека влијае, загаден воздух (ама живеам во здрава средина). За вакцини нигде не пишува па се вакциниравме од Корона .

    Што друго да превземам да го намалам ризикот? Кои тестови пред бременост/по бременост се прават?

    Второ, имате ли искуство со неурофидбек терапија? Колку време трае една сесија? Има ли резултати? Како се одвива?

    Темата е малку комплексна, па може да ми пишете и во приватна порака да размениме искуства околу терапии и исхрана.
     
    На MilaSs12, elimkd и NewMama им се допаѓа ова.
  7. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.501
    Тоа е генетска предиспозиција никој не може да знае што ќе носи со него може и двајцата родители пример да не се дијабетичари, а на крај детето да биде. Нешто што е генетски никој не може да го предвиди. Помалце стресови тоа највеќе помага и за мајката и за бебето. Плус аутизмот не е доволно истражен и не знаат зошто се случува така да во тој поглед не можеш ништо да направиш за жал.
     
    На Mama329, KuklickaSk и kikikikirika им се допаѓа ова.
  8. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.252
    Допаѓања:
    35.054
    Пол:
    Женски
    Никој не може со сигурност да предвиди што ќе се случи. Само за одредени болести врзани со атипичен развој сега за сега се знае начинот на наследување. За многу состојби различни фактори играат влијание. И затоа можеш да превземеш некакви превентивни мерки какви што и превземаш ама некоја да ти гарантира 100% нешто тоа нема шанси.
    Мнгоу си свесна за состојбата и тоа може да помогне, ама само ако не се оптоваруваш со истата непотребно. Сакај го ова детенце и помагај му и мисли позитивно за твоето идно дете. Друго нема што да правиш.
     
    На KuklickaSk, elimkd и kikikikirika им се допаѓа ова.
  9. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.199
    Допаѓања:
    178.419
    Она клишето за многумина
    Да не го вакцинираш бебето
    Мој совет-паталец
     
    На kikikikirika му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски
    Не сакам да бидам погрешно разбрана, дека сум премногу ЗА вакцините ниту сум антиваксер. Еве што се однесува до моите деца редовно се вакцинирани. Не сум го вакцинирала малиот со мрп бидејќи не е здрав биден и без антибиотик подолг период.
    Него што е со аутистичните деца а не се вакцинирани?
    Познавам лично две братчиња,аутистични ,не се вакцинирани.
    Во потрага за нивен подобар развој се преселија во Словенија. Добиваат третмани одлични,претежно јаваат коњи. Ги смируваат. Таков третман за жал овде уште долго ке се чека.
    И бараа објаснување зошто еве тие се спортисти,здрави прави нели немале преткодно историја на аутистичен во фамилија. Одговорот е генетски. Тоа си го носат во себе,кога ке го манифестираат и за каков аутизам се работи бидејќи спектарот е широк тоа дополнително утврдуваат .
    Така да тоа што си го носиме во гените би се манифестирало,дали вакцината би ни била крива,дали средината дали токсини .. мислам допрва многу би се истражувало.
     
    На MissBreezy, kikikikirika, dunika и 9 други им се допаѓа ова.
  11. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.199
    Допаѓања:
    178.419
    Ја мислам значи јас дека гените се тие но што ке акривира и кога е прашање
    Сепак сметам дека вакцините се тригер кај деца кои носат такви гени
    Со значи ако не е вакцина нешто друго ке е тригер
    Но тоавшто можеш да го отфрлиш отфрли го
     
    На kikikikirika му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.241
    Допаѓања:
    19.025
    Имаше интересно истражување, тригер за аутизам може да биде и невино удирање по газе, викање по дете, доживеан стрес и слично. Има различен тип на аутизам, во одредени случаи и после 6тата година се дијагностицира состојбата. Зар до 6г нема ммр да ставате?
    Без ммр да оставиш дете е далеку полошо од самата состојба од која секако нема бегање. Бар во МК имаше смртни случаи на бебиња од морбили, во свет преку 200.000 статистика. А инаку да едитирам дека веќе во америка се најавува новиот outbrake на морбили и СЗО е со предвидувања дека пандемијата повторно ќе избие. А кај нас уште се збори белка дека треба да проба пред вакцина, по тоа се гледа колку сме далеку од свет.
    Како год, по мене е рекла казала тоа со вакцината. Со еден куп доктори зборев невролог, педијатар во МК и Америка пред да го боцнам и сите беа едногласни дека вакцината не тригира такво нешто туку се поклопува со времето кога детето ќе прозбори и прооди.
    Мислам дека не е нас да кажуваме. Има зошто е ставена во календар. Ако беше така сега ќе имаше еден куп аутистични деца, како и што се очекуваше дека до 2020 секое 10то ќе биде со аутизам ама не од вакцините. Цртаните телевизијата мобилните се наведуваат како тригери за оваа состојба.
     
    На Snowflake97, dunika, JoyJoy и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.501
    Се согласувам потполно со тебе. Имаше и наш познат кошаркар што го однесе детето во Хрватска да го вакцинира со МРП и што доби? Буквално ништо детето е со аутизам. Никој не гледа дека друго штети на нас воздух, зрачење од уреди итн. Никој не збори ни за Чернобил што се случи катастрофата што пола свет е радиоактивен цела почва е таква. Затоа и ќе јадеме со пестициди и глупости се е ланец што придонесува за генетиката. Една вакцина може да спаси живот и не сао децата со аутизам не ја примаат мрп и децата со конвулзии не ја примаат(овие немаат генетско нарушување). Вакцината не е извор на поттикнување генетски проблеми.
     
    На kikikikirika и Milkiway им се допаѓа ова.
  14. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.241
    Допаѓања:
    19.025
    Да во право си Антиќ (мислам така беше) , и да не збориме за труењето во велес и кавадарци што придонесе до спонтани кај жени. Ама сите пре-се фаќаат за вакцини и нема да вакцинираат дете, него ли да се бунат и да бараат мерки против загаден воздух. Нашиве деца ќе имаат големи последици од воздухот.
    Еве Хардварци што викаат по тоа прашање
    The new study found that the risk of ASD(аутизам) increased by 64% with exposure to 10 micrograms of PM2.5 per cubic meter of air (mcg/m3) during early childhood and by 31% during prenatal periods. During the prenatal period, the greatest risk was found during the third trimester.
    А кај нас никој за воздухот не се секира. Ние ќе си се убедуваме дека е од вакцини, додека не трујат со се и сешто.

    И да, прашајте германец колку е казната за оддложување на ММР. Овде нас многу не "разгалиле" ние да носиме одлуки што и кога да ставаме ама ај. Да бидеме над научниците.

    https://www.hsph.harvard.edu/news/h...ed-with-increased-risk-of-autism-in-children/
     
    На dunika, kikikikirika, Brpbrp и 3 други им се допаѓа ова.
  15. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.024
    Допаѓања:
    48.349
    Пол:
    Женски
    Даа ама ќе ти речат ние малиот ќе го вакцинираме у Грчка пошо тука во Македонија кој знае што ставаат во вакцините:headbang:
     
  16. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.030
    Допаѓања:
    4.604
    Пол:
    Женски
    А бе што уште неам прочитано на темава што предизвикува и која терапија помага.

    Интересен факт е дека во еден холандски град кај што живеат претежно инженери (има големи ИТ компании) е најголем % на аутизам. Демек од поинтелигентни/ пообразовани родители се поголеми шансите за дете од спектарот.

    Исто нешто од попоследните истражувања е дека за аутизам, не староста на мајката туку староста на таткото повеќе влијае.

    После читав и тестостерон покачен кај мајката за време на бременост или предозираност од фолна киселина. Но и недостаток на фолна влијае.

    Исто влијае ако меѓу две бремености нема голема пауза, како и земањето на хормонални лекови скоро пред бременоста и инфекции за време на бременост.

    Кај полубрат/полусестра по таткова линија шансите за аутизам се речиси исти како и за тие што немаат такви роднини, по мајчина линија се шансите само неколку проценти повеќе.

    Кај брат или сестра шансите се околу 10% и се намалуваат ако разликата меѓу децата е поголема.

    За терапијата со коњи: смирувачки делува, подобрува моториката, но не очекувајте чуда. Многу важно е и тренерот таму да е сертифициран за таква терапија. Не е ефтино, но ако размислиш, нашите деца не трошат за друго хоби, па јавањето е супер опција.
     
    На MilaSs12 и Happyinlove им се допаѓа ова.
  17. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски
    Еве бидејќи гледам многу си истражуваш околу аутизмот , некои теории пишуваат и ја нарекуваат дека е еден вид "машка болест" . Бидејќи е состојба без емоции. Го споредуваат со таа машка ладност. Поголем процент аутистични лица се машки.
    Многу,многу широк спектар на аутизам постои попратен со други синдроми.
    Затоа рехабилитацијата си ја одредуваат лични тренери,дефектолози,психолози и останати специјалисти.
     
    На kikikikirika му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Gihun

    Gihun Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2021
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Ме интересира дали овде има некои што имаат дете дијагностицирано со Аутизам? Гледам многу коментари но не сретнав баш некои кои зборуват од лично искуство. Ние имаме 3 годишно дете дијагностицирано со аутизам. Баш би сакал да стапам во контакт доколку имате случај, пишете во инбокс слободно. Гледам од многу коментари пробуват да објаснат од тоа или тоа, или лек. Вистината е дека причината не е позната, има повеке фактори кои можат комбинирани заедно да доведат до аутизам. Лек нема затоа што не е болест. Позз
     
    На Pepsii и kikikikirika им се допаѓа ова.
  19. Andra

    Andra Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2019
    Пораки:
    1.156
    Допаѓања:
    1.667
    Пол:
    Женски
    Мојот син е 3 год. Нема говор, кажува неколку збора ретко и нив ги применува.Лани имаше операција сите 3 крајници и цевчиња во ушите, левото уво многу воспалено и воопшто не Слушал.Предвремено роден близнак со мала килажа, но рано проооде на 11 месеци. Веќе 3 месеци посетува логопед, дефектолог, развојен терапевт и приватни и државно. Посетив многу дефектолози, психијатри неможат да го проценат. Има знаци на аутизам ама благи и неколку. Дијагноза нема.
    Ме интересира каде ви ја потврдија дијагнозата.
     
  20. darleen

    darleen Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2021
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    74
    Во англосаксонскиот фолклор има приказни за тоа дека на околу 2-3 годишна возраст самовили ги заменувале децата, преземајќи ја нивната форма. Описот на децата по така нареченото заменување, е потполно ист како децата со Аутизам. Секако ова се приказни од пред стотици години, кога не постоела в од вакцина, па така да мое мислење е дека нема никаква врска вакцинацијата со појавата на Аутизмот.
    А на крајот на денот, зарем толку е страшно да се живее со Аутизам и да се биде вакциниран, наспрема алтернативата да не ги вакцинираме децата и да има голема смртност.