Додека не добијам конкретен одговор нема да вакцинирам дете. Не сега кога конечно почна да зборува. Докторите викаат нема врска аутизам со вакцина. Нивните колеги дефектолозите исто така викаат дека причинител не е вакцината НО може да биде тригер за наследни болести исто така како и за аутизмот. Еве на пример од кај знам јас која е причината за некој потешкотии што ги имало моето дете. Барам конкретен одговор што ако го вакцинирам ?? Еден доктор ми рече - па ти не мисли на такви работи , со господ напред па убаво ќе биде се ! ..... сериозно ? Со господ напред ли да одам кога станува збор за медицина ? Ако има АМА -не фала !
Имаш конкретен одговор - вакцини не предизвикуваат аутизам, поткрепено со милион докази. Што уште бараш?
Освен за аутизам што си се фатила, размисли малку и што ќе биде ако се зарази со некоја од болестите што ммр штити смртен исход. Сте се фатиле аутизам, аутизам пола не знаете што е. Значи ако го има генот ќе го има и ти не можеш да делуваш на тоа. Аутизмот не е болест за разлика од заушки детска парализа и морбили... Остај докторите секогаш ќе држат неутрален став. Не можеш да очекуваш да седне да те убедува дека ништо нема да му биде. Се знае. Во календар е на 12-13м и треба да се стави. Толку може доктор да ти каже. Чисто една споредба на пријателка мајка и е ПУЛМОЛОГ во државна и на фб пишуваше статуси, дека вакцините се со 5г чип и корона не постои. И сега ајде еден доктор кажал така и треба при здрав разум да веруваш во такви теории, така?
@Milkiway @Angie1432 да, сум се запрашала и секако дека сакам да му ја ставам но сакам и да сум сигурна во некој работи. Точно е дека има од доктор до доктор пример еве во нашиот диспанзер докторката дава совети после ммр да нема контакт детето со бебиња и трудници за да не ги зарази... аман. Муабетот ми е дека ммр е вакцина за 3 опасни вируси. Меѓу другите компоненти во неа се и трите ослабнати ЖИВИ вируси. На дете со автономна болест или слаб имунитет секако дека ќе му се влоши состојбата. Затоа прашувам што ако некој носи ген на аутизам или има аутистични симптоми или еве нека не е тоа, епилепсија нека е,некоја друга болест(се од ова наведено доаѓа во пакет со слаб имунитет).Нема ли да излезат на виделина ите како ?? Дали во вакви случаеви не се дава вакцината ? Колку има што сеуште не се свесни за нивната состојба ? Не знам дали ме сфаќате што сакам да прашам и да кажам. Не сум антиваксер.
Еден куп деца невакцинирани а сепак имаат Аутизам така да нема поврзаност. Може ќе си помислев дека има врска ако сите деца со Аутизам се вакцинирани но ете несе.
Да тоа ни го кажа и нашиот педијатар дека има деца со аутизам не вакцинирани. Исто така има и мн докажани студии ,читав последната е од 2019 . Ама мене ме чудат нашиве дефектолози а сум слушнала и во центар за говор и слух истото го кажуваат дека има поврзаност. Затоа прашувам како и што.
Јас сметам дека не се доволни едуцирани и најлесно им е да препишат на вакцината. Еве и за страбизамот викаат дека е од вакцината. Ќе искочи сее од вакцината и настанува збунка.
Ген може да се "активира" и после прележување обичен чест вирус, стрес, или буквално од нигде никаде.Не можеш да делуваш на сите фактори што би откочиле некоја болест. Те сфаќам што зборуваш, ама стварно е мала шансата вакцината да биде тој фактор, ја нема таа моќ. Многу поголем ризик за последици би било доколку детето се зарази со она против кое требало да се вакцинира.
Дискутираме само. Конкретно за ммр вакцината , а не за другите вакцини кои што еве јас барем не познавам мајка што не ги ставила.
Јас познавам Од што многу се прави начитана и учена, завршила средна медицина а врска нема од медицина, бебето е 9ипол месеци а нема примено ниедна вакцина Страв и било ми вика И моето е 9ипол па сите вакцини си ги прими по ред, уште ммр ни остана на 12/13 здравје
Е тоа е најинтересното, Македонија и се е можно. Познавам и јас мајка што ги нема вакцинирано децата со ниедна вакцина, во градинка не идеа ама во школо да. Имаше и тука една членка чии внуци не беа вакцинирани, а идеа во градинка.
Примаат во училиште, зошто основното образование е задолжително кај нас. Може ќе направат притисок од почеток ама не смее да не примат воопшто и дете без вакцини.
Може сте приметиле, сега ставаат печат во делот во книшка кај вакцините, а во наше време само беа напишани, без печат. Знаете дека родители сами си пополнуваа демек се примени сите вакцини, а ниедна не е дадена?
Бидејќи е жива атенуирана вакцина, тоа значи дека силината на вирусот е намалена. Ваквата вакцина предизвикува активација на имунитетот за да се создадат антитела, но спречува од појава на заболувањето. Сепак може да се јави инфективност, односно детето да биде заразно во краток временски период, а доколку дојде во контакт со мало дете се уште не вакцинирано или со трудница која не е вакцинирана, може да ги зарази. Особено е лошо за трудници кои се во првите месеци од бременоста кога се создаваат органите и може да допринесе децата да се родат со проблеми или да се родат предвремено и колку порано во бременоста се зарази жената толку помали се шансите детето да преживее.
Од тоа што читам вика да можеш да бидеш преносител ако во меѓувреме си се заразил, но вакцината не е причинител за зараза. Стварно ми е чудно. Мене никој за ммр не ме прашал ниту дали сум трудна ниту дали имам дома некој чиј имунитет е компромитиран како кај болен од рак. Што ми беше посочено при ротата, преку изметот дека можеш да се заразиш. Ама ако најдеш линк те молам сподели ми. Баш пребарував, но не сретнав. Веројатно не знам да го пребарам добро тоа на анг.
Ризикот е многу мал, но сепак постои. А исто така, факт е дека вакцината се дава во две дози и заради тоа дете кое не е целосно имунизирано може да заболи. Дури постојат случаи кога целосно вакцинирани деца имаат заболено од заушки, но текот на болеста е многу полесен. https://kidshealth.org/en/parents/fact-myth-immunizations.html