Нема да ги стави Ете рота на пример покасно неможе да ја прима, превенар, шестовалентна ако се става покасно се става по една или по две дози Сиг тоа дете нема да биде исто заштитено како тоа што ги примило сите 3 дози Меѓутоа штом е дадено право на избор а не е задолжително секој како сака ќе си прави
Добро ама колку толку ќе биде заштитено. Син ми рота само една доза прими бидејќи имаше еден месец и пол после неа пролив и по 5 столици на ден. Во диспанзер ми рекоја нема да му ставаме ревакцини 80% е заштитен со првата. Едит: затоа и додатно ми е фуфка од ммр бидејќи и таа е "жива" вакцина.
А на крајот на денот, зарем толку е страшно да се живее со Аутизам и да се биде вакциниран, наспрема алтернативата да не ги вакцинираме децата и да има голема смртност. @darleen незнам прашај како им е на крајот од денот на мајките што имаат дечиња со аутизам. Безвезна е споредбата фала му на бога дека сите сакаме да ни се здрави и живи. Ама сите сакаме и децата еднакви права да имаат.
Тоа е социолошки проблем, за кој што сметам дека треба да се изнајде решение. Големо влијание има тоа како заедницата се однесува кон лицата со Аутизам. На пример, на запад има заедници каде живеат самостојно лица со посебни потреби и каде може да имаат нормален живот. Од друга страна има студии кои покажуваат дека социјализацијата на овие деца и прифаќањето на луѓето такви какви што се има многу позитивен ефект врз децата со Аутизам, овозможувајќи им да водат самостоен живот.
Убаво пиша, во странство. Кај нас само родителите на деца со аутизам си знаат како им е. Ние не смееме да кажеме 'зарем е толку тешко да се живее со дете до аутизам'. не смееме.
Очигледно не сте виделе како изгледа тоа па вака зборувате...да многу е тешко да се живее со аутизам во семјството, за родителите тоа е агонија... 24 часа на ден се прашувам што ќе биде со моето дете кога ќе ме нема бидејќи е зависно од мене во секоја смисла ... од најосновните работи како облекување, хранење па се по ред натака...24 часа во денот некој мора да е покрај лице кое што има аутизам И да од страна така еј па сите примиле вакцина па ништо не им е... а дали знаете колку родители има со искуства каде што после таа вакцината децата не можат да си ги препознаат без разлика дали е примена на година две или четири... како ќе го објасните тоа? Секој со својата судбина ама немојте да паметувате за нешто што само сте наслушнале Дали има некој што посетува дефектолог во гаспар да сподели искуство
Разбирам дека не е лесно во твојот случај и можам само да замислам колку е тешко, ама аутизмот е спектар и не секој случај е тежок, некои не се ни дијагностицираат сѐ до подоцна во животот. Еве на пример ова е чест мит и затоа многу деца не се ни дијагностицираат соодветно. Тоа што не можат да се препознаат децата, најверојатно се должи на тоа што сите тие промени во развојот кои почнуваат да се приметуваат се поклопуваат да бидат во годините кога се примаат редовно вакцините. Значи не мора да има директна врска туку само поклопување во временскиот период.
Моментално разработувам еден синдом, не директно поврзан со Аутизам, но споделуваат исти/слични гени. Ама за да се јави аутизам одговорни се околу 120 гени, некои се активираат/инактивираат уште при формирање на невралната туба, значи уште во фаза на фетус. Дополнително после, има мутации во невралните клетки и X-хромозомот. Чисто од аспект на генетика на развој да Ви кажам.
Не неможиш ни ти ни јас да замислам колку е тешко. И демек ако има поблаг аутизам тогаш е ок за мајката ? Па дете од вирус ќе заболи и душата те боли додека му помини. Ова не го измислив јас со вакциниве и доктори кажуваат по емисии дека доколку ги има тие гени може да биде тригер вакцината. Дали за аутизам дали за некоја друга генетскаболест. Баш би сакала да е така како што вие кажувате. Едит: како што неможам да разберам како е то да после вакцината да ти се смени детето скроз, така неможам ни ова вашево да го разберам - се поклопуваат баш тие години на детето со времето на давање на вакцината. Демек мајката нема да примети ништо околу развојот на своето дете ? И благ и тежок степен да е ќе се примети тоа. Ако не сомнеж за аутизам ќе има сомнеж за некое друго поле од развојот на детето.
Не знам што да ти вратам на ова? Нормално дека не знам како точно и е на жената, само појаснив дека аутизам не значи автоматски 24/7 постојана доживотна нега и многу често се промашува. Кој е тој доктор, немам слушнато? Не знам што не разбираш, ако има предиспозиции да не биде неуротипично дете, знаците може да се манифестираат во период кога се даваат вакцините бидејќи тогаш има најинтензивен развој и многу промени, па така временско поклопување на давањето вакцина и пројавување симптоми не е доказ за имање директна врска помеѓу тие две работи.
Дали би можела да споделиш нешто повеќе околу ова во приватна порака, ме интересира кои се причините и зошто се јавува оваа болест и дали ако имаш блиски да речиме брат/сестра, поголеми се шансите и твоите деца да се такви?
Тоа може да знаеш само преку кариотип. На пример јас носам ген на хромозом 21 уствари имам сателит на хромозом 21. И големи се шансите на син децата па нивни деца да имаат даунов синдром. А во фамилија блиска и далечна нема нокој со Даунов синдром.
Каде се прави ова и дали важи за сите болести или стриктно за даунов синдром? Колкав е процентот на точност? И колку пари кошта?
На сите гени се прави. Процентот на точност незнам но верувам дека е висок. Се прави на државна гинекологија 800 ден е мислам и во Систина негде 8000 ден.
Гинекологија треба упати бајѓи од специјалисти. ЗНачи Систина 8000 денари, хммм поголеми суми ми кажуваа мене на времето ко прашував.. неколку илјади евра.