Одговорни се 120 гени, особено оние кои влијаат на создавање на мозокот. Се наследува спорадично, значи само индивидуата ќе ја има болеста, но секако ако во семејството има некој синдром, малформација, тоа е плус оптоварување. едит: Старк друже, јас и ти за друго ќе се тестираме, немаме ние ризик од аутизам за наредниве поколенија. Кариотипот ни го покажува вк. број на хромозоми и нивни структурни и нумерички аберации. Секвенционирање на геном ни покажува сите гени и нивните мутации, дали се silent, non-sense, и сл. Дауновиот синдром може да го наследиш и како мозаицизам, некои клетки да го имаат, некои не. Ти најверојатно си го наследила вака- мозаицизам. Доколку прават кариотип твоите баби и дедовци и мајка ти и татко ти ќе се види кој е носител. А може пак од тебе и да почне, па да се пренесе на новите генерации. Ви благодарам
@Ygritte , едно прашање може? Која е веројатноста на деца да се "пренесе" даунов, ако го има во фамилија од страна на мажот, поточно братучед на мажот?
И мене ова ме интересира и тоа многу... Прашував од бремени жени што испитувале матичен гинеколог и сите со истиот одг демек нема како да се испита...
Затоа што е се почест кај децата... Прво зошто да се мачи и тоа и а и родителите ако има можност да се испита и плус најбитно ако доволно се работи со детето можи да има ментален развој... Зависи за каков Аутизам се работи има полесни форми на Аутизам има форми каде што децата и се агресивни и не можат да си го извршуваат основните работи.
Мислам дека затоа што живееме во Мк каде нема никакви услови, нит помош за деца со било каков проблем дали поголем или помал. Буквално никој не помислува на нив. Ете кој е заинтересиран може револтот да го искаже денеска пред влада во 12 на штрајк.
Почест е зошто се дијагностицира за разлика од порано. Што не значи дека вистинската бројка сега е поголема. Исто како депресијата, што порано не ни "постоела" и ред други болести. Аутизмот има огромен спектрум на форми. Еднаш еден родител на дете со аутизам баш во врска со ова изјави - ако знаеш еден аутист, ти знаеш точно еден аутист, ништо повеќе. Кај нас се стигматизира ако некој малку накриво чекори или пак има крив нос (ова малку преувеличено ама до негде реално), не пак луѓе со посериозни проблеми. За жал тоа уште долго нема да се искорени, зошто не се ни работи на искоренување. На родителите им е претешко секако, зошто се тажни, лути на општеството што ги отфрла децата, немоќни да најдат лек, кој го нема, а и гневни поради тоа што мислат дека ете да не била вакцината, немало децата да им се болни. Е тука ова може да се смени, само треба да се има желба и доволна е поголема информираност наместо слепо верување дека виновникот е вакцината.
Негде низ инстаграм ми се појави видео мислам за америка беше дека 86% луѓе со аутизам се невработени. Што со тоа дете кога родителите ќе починат... Може во друга држава има шанси да ми е помалце страв, ама во МК колку пати сум слушнала :Ауу бегај со аутизам е болно детето, или не се дружи со него. Буквално кај роднина потпишуваа петиција детето со аутизам да го префрлат во друг клас бидејќи ПАЗИ ги деконцентрирало другите деца, затоа што станувало и шетало во училница. А нема везе што другиве деца ко мајмуни по маси скокаат, кршат прават бељи. Нивните деца се "здрави прави". Колку гадости и од наставници сум чула како им сметаат и слично. Гадостии... Толку сме чуден народ, да се сити, да оговара, да навредува и повредува тоа е чудо. Во маало има дете со даунов синдром од кое сите бегаат. Само јас и син ми одиме и играме со него затоа што многу го сака и да го гушка и му се смее... а дојде на лулашки сите бегаат. За срамови сме искрено. Срам ми е што некои луѓе и ми се фамилија со такви размислувања. Се надевам ќе си ги научиме децата како што треба, ама надежта ми пропаѓа со само тоа што на децата им викаат "Ако не бидеш мирен ќе бидеш како ХХХ со посебни потреби дете...." Искрено посакувам да не сме вакви не знаеме што се животот ни носи.
Синко има во градинка со него и аутист и даун. Тоа со аутизам е така со поблаг може, па многу не го спомнува, ама ова со даун е толку мило, едно со плави очиња и убава насмевка, неодамна се пресели карши нашата зграда и кога и да го видам си поплакувам Мн. е мил. Зборува, разбира и одговара на прашањата. Е синко најмногу него го сака. Кога ќе го види трча и го гушка. Дома знае да рече ми е жал за….. го фатив за раче денес и го галев. Имавме една непријатна случка со него. Ама може учителките беа криви што не внимавале повеќе. Е сега дома имам друг проблем со синко. Почна да се смее “чудно” и да испушта крици некои како него , искрено некогаш морничаво ми е. И кажува дека они скокале по маси, шкафови, столчиња и еве истото го прави веќе извесен период. Најинтересни им се они. Мајката кажа кога го имавме проблемот со него, дека сакаат да го исфрлат. Секој ден и звонеле на телефон, и кај директорката пријавиле неколку пати. И рекле да си плаќа придружба а вика пари немам. Не и следувало. Вика му давам дупло бедоксини да е мирен. Дури и одобрено е да го тепаат Една вечер, цела го исплакав детето
А Nifty тестот, со сигурност ли покажува аутизам пример кај плодот? И дали воопшто може со нифту да се детектира аутизам?
Има толку многу синдроми, реакции на надворешни материи, дефицити во организмот или нарушена работа на некои органи може да предизвикаат реакции чие манифестирање би било како симптомите на спектарот... Не е аутизам но е нарушена работа поради икс причина. Најчесто тешко и се диференцираат, полесно е се под една капа место да се направат детални анализи.
Сите луѓе еднакво на секого треба да му дадат и внимание и почит и убаво да се однесуваат . Убаво напиша не знаеш животот што ни носи. Универзумов е интересен секогаш знае да изненади. Не му посакувам апсолутно на никого лошо но,секој што се однесува гадно кон невини луѓе треба да размисли дека еден ден ќе има деца и внуци . Патем и кај мене има човек 30 годишен со даунов и е пре мил. Стално го заигрува син ми,го смее дури и внимава на него.
Ниту еден пренатален тест не детектира аутизам. Аутизмот сеуште не се знае што точно го предизвикува и затоа не може пренатално да се открие. Не се детектра лесно ниту кај бебиња, дури над годинка може да се почне со дијагноза. @eli25 кожа ми се наежи од тоа какви нелуѓе имаме. Инаку кај син ми во одделение имаат аутистично дете, ама работи со асистент поголем дел од времето и порано оди дома. Наставничките се трудат во се да биде вклучен. Мојот е индиферентен кон него. Прифаќа дека е различен и комуницира по малку, ама вика нема баш време со него да се комуницира. Веројатно како ќе растат така ќе почнат да комуницираат повеќе со него.