Аутизам кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од Hipica, 16 април 2011.

  1. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    3.126
    Допаѓања:
    4.435
    Пол:
    Женски
    Не покажува
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Kbr

    Kbr Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2020
    Пораки:
    659
    Допаѓања:
    1.589
    Пол:
    Женски
    Во нашава држава страшно е да си здрав а не пак да имаш некој со посебни потреби... Имам близок во фамилија со посебни потреби, детето има скоро 11 години, не зборува, воопшто. Не е агресивен воопшто, знае да се гушка најслатко и најмило на свет, имало моменти кога сум го носела во паркот во нашето маало ( а општо и било каде) и имало реакции од луѓе бегај сине тој е болен. Еднаш бевме во парк кај езерцето, си седевме на кебенце, јас малиот и брат му кој е 2 година средно, мислам нема проблеми брат му, и имаше едно мало детенце кое трчкаше околу нас и си играше, малиот стана и го гушна (он така искажува дека некој го сака), бодејќи мајката и таткото на малптп дете беа тука тоа беше паника дигање, како малово шуга да има.. Па со мене се искараа како сум можела да дозволам да го гушне, па малото било "Ретардирано" што се не се изнаслушав... Мислам не ми личеше на културата премолчев го ставив во количка и си заминавме.. Слушнав само една мајка викна по мене да се вратиме да не си одиме и дека малото има право да седи во паркот и дека таа болест не е пренослива, ама неможев сакав да го заборавам тоа што се случи пред моите и очите на брат му... Па затоа мислам дека се повеќе се плашат за да не се роди некое детенце со аутизам даунов или некоја друга попреченост, општеството ни е хаос, прво тоа е култура (мислам за примерот погоре) утре тоа нивно дете нели ќе се сретне со секаков народ, кој знае како ќе реагира на некој што не е поразличен од него... Самите како општество не сме доволно информирани за таквите деца, па се плашиме, не знаеме како да реагираме, сето тоа мислам дека е од неинформираност.... А и за наставниците во школо се плашат од нив како да се запишале тарзани во школо, па им било тешко да повторат по неколку пати и нз ти што, а и родителите реагираат бирно, одма петиции за да се отпише детето бидејќи е поразлично од другите деца ќе досаѓало и ќе ги закачало... Па и да ги закача, зарем они меѓусебе не се закачаат, не се тепаат, не прават бељи....
    Извинете што се уфрлив во темава, и за долгиот пост ама ми се кине душата кога ќе видам како некој бега или отфрлува такви деца...
     
    На Серотин, Ygritte, christinnn и 8 други им се допаѓа ова.
  3. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.714
    Допаѓања:
    13.456
    Пол:
    Женски
    Во однос на наставниците имам само да кажам дека нема потреба од дефектолог секогаш, ако наставникот остане еден час плус од тоа што му е морално, може да му помогне на детето.. А и имам слушано во некој држави дека родителите на другите деца се договараат кој да остане плус еден час секој ден со детето за да детето со посебни потреби напредува исто како и другите деца. Додека кај нас ги учат да бегаат од нив, некаде, во некоја поцивилизирана земја самите родители им помагаат на таквите деца.
     
    На KateKaterina, mal.ecka и Kbr им се допаѓа ова.
  4. Kbr

    Kbr Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2020
    Пораки:
    659
    Допаѓања:
    1.589
    Пол:
    Женски
    Така е во право си... Ама за жал кај нас сеуште менталитетот е тој, се што е поразлично тешко се прифаќа...Џабе се и штарјкови и се додека некои мислат дека таквите деца се заразни...
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    9.359
    Пол:
    Женски
    Апропо моето прашање во темава... Тие што се плашат да имаат дете со аутизам се истите тие што реагираат така кога ќе сретнат такво дете.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    9.359
    Пол:
    Женски
    Не.
     
  7. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.233
    Допаѓања:
    27.839
    Не е точно. И мислам дека не си родител и затоа не може баш да го тврдиш ова.
    Има нешто што се вика родителаки инстинкт, и заради него не само што се плашиш, туку и не би поднел детето да ти е болно од било што. Да падне па те боли. Не па да има состојба која знаеш дека ќе го спречи да го исполни целиот потенцијал и да има исполнет и среќен живот. Можеби да живеевме во Германија ќе беше поинаку. Тука за жал, нема никаква грижа за овие деца. И стравот дека може да имаш дете со било каква попреченост е повеќе ос оправдан и нема врска со однесувањето кон овие деца. Однесувањето има врска со неинформираност на родителите и ограниченост. И тие родители кои не му даваат на детето да си игра со дете со аутизам, не му даваат да си игра ни со дете од друга религија или друга раса, со никој поинаков.
     
    На kikikikirika, Chantal, mssuniquee и 20 други им се допаѓа ова.
  8. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.265
    Допаѓања:
    21.285
    Пол:
    Машки
    Брат ми често беше одбегнуван од други деца, на нишалки неколку пати го има клоцано, туркано и молкнето. Тој уплашен се треси и лежи. Татко ми запраен негде муабет, ни гледа ни пусти (многу се нервирав) и еднаш му пријдов на детето шо го молкнеше брат ми, ама мирно само му реков шо прајш?!

    И знајте шо ми рече? Овој е ретардиран и зато го тепам. Ко сум го фатил на клоца, ко сум го фатил да го тепам и да му кажувам дека таквите деца не треба да се третираат вака како шо му прајш ти и да, брат му сум.


    Инаку повеќе му бев лут на татко ми, зато шо наместо да го пази детево тој си се заправил муабет на мобилен и не гледал. Ова одамна беше можеби има 10 години оттогаш.
     
    На KateKaterina, ane.bella, Ygritte и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    3.126
    Допаѓања:
    4.435
    Пол:
    Женски
    Најголемиот проблем кај нас е системот и организацијата, кога си родител на дете со аутизам или било каква попреченост животот ти се менува скроз. Секаде наидуваш на препрека, прво за во градинка па училиште,околина... и се останато. Надвор од мк е се поинаку, прво и најважно воопшто не се соочуваш со проблеми што ги имаме ние тука одат во градинка, училиште згрижени на соодветен начин, посетуваат спортски активности соодветно прилагодени за нив, имаат дневни центри средени со стручен кадар,каде што може да го оставиш детето неколку часа да завршиш некоја обврска без да се грижиш, и најголемата болка што кога нас родителите ќе не нема, државата ги згрижува тие лица.
     
    На Snowflake92, Kbr и KuklickaSk им се допаѓа ова.
  10. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.083
    Пол:
    Женски
    Се надевам дека еден ден, нема да го дознаеш одговорот од твоето прашање на потешкиот начин.
     
  11. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.265
    Допаѓања:
    21.285
    Пол:
    Машки


    Јас сум брат на дете со аутизам и тоа 3то ниво или кое и да го викаат, 4 беа вкупно. 24 часовна нега му треба на детето и не може ни основни физиолшки потреби да изврши како шо треба, значи сметгај треба со памперси.

    Дали мислиш дека мојата емоционална интелигенција и исчеличени нерви мислиш дека би се гадел од нечие дете ако е болно?

    Единствено шо ми е паѓа жал затоа што знам колку е тешко да си осудуван, плукан, одбегнуван, не од пријатели, туку од најблиската фамилија! Ко че ти кажа суптилно можиш да дојдиш на гости, ама да не доаѓа брат ти на некој начин...


    Слободно шо те интересира можиш да прашаш на темава, сум искусил се и сешто во животов, па сега сум и старател и сум го гледал дома и сум учел факултет. :)
     
    На Andra, kikikikirika, KateKaterina и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Kbr

    Kbr Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2020
    Пораки:
    659
    Допаѓања:
    1.589
    Пол:
    Женски

    За жал тоа е така, затоа што не се информирани децата и не само децата туку и родителите, на тоа дете што го малтретирало брат ти дали мислиш дека од дома му е објаснето како треба да се однесува со такви деца или луѓе воопшто, затоа сме дојдени до тој степен, со мојот пост погоре беше исто само што тоа детенце беше мало а родителите реагираа како да е тарзан а не дете.. А тоа дете (нивното) кога ќе порасне ќе тепа некое дете со попреченост или ќе малтретира ќе одбегнува затоа што го гледал тоа од родителите.. За жал така е во нашево државче...
     
    На Снегулк@23 и Stark им се допаѓа ова.
  13. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.985
    Допаѓања:
    59.657
    Пол:
    Женски
    На Matotheja му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.394
    Пол:
    Женски
    Мислам дека мнолгу се претерува со статии на интернет. Врие од наслови " 10 знаци на аутизам".Мајките (вклучувајки ме и мене) постојано се потресуваат и бараат знаци наместо да уживаат во мајчинството.
     
    На andromedae, elenaklasik, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    3.126
    Допаѓања:
    4.435
    Пол:
    Женски
    Па не би рекла дека е така, добро е да се биде информиран, рана дијагностика е најдобриот чекор
     
    На Angie1432 и Серотин им се допаѓа ова.
  16. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.394
    Пол:
    Женски

    Точно, ама опасно е кога персоната нема општи знаења за медицина и кога почнува да дијагностицира.За џабе ли се докторите? Па овие состојби мнолгу лесно можат да се помешаат со други.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    3.126
    Допаѓања:
    4.435
    Пол:
    Женски
    Да, но при најмал сомнеж може да се реагира со посета барем на дефектолог
     
  18. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.394
    Пол:
    Женски

    Го пратам моево дете внимателно,ама имам мнолгу големи познавања од вакви состојби.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.637
    Пол:
    Женски
    Бебето само што наполни годинка. Не реагира на своето име. Можеби е грешка наша, бидејќи јас и мажот ми ја викавме секако, само по име не (сонце, бебе, душа...), ама па не бевме загрижени бидејќи реагираше како и да ја викнеш, се вртеше, доволно беше само зборот да има довикувачки тон, но сега откако почна да спознава околу себе, не се врти ни на име, ни на било кој друг збор. Друго, реагира превозбудено на коли. Ќе помине кола покрај нас и од самиот звук се радува и писка. Не покажува со прст, но јас ако и покажам, погледнува таму каде што покажувам. Не сум сигурна дали разбира кога ќе и речам ,,дај". Веќе месец и пол се обидувам да ја научам на името, но неуспешно. Сè друго е во ред: Има контакт со очи, се смее дури и кога ние воздрасните се смееме за нешто што не е поврзано со неа и таа не го ни разбира. Брбори по цел ден, имитира кратки зборови, вели НЕ и ТЕ ( и значи ЅЕ), вели НАНА ( и значи спиење) и МАМА ама не сум сигурна дека е со значење. Имитира и дејства (ако јас си ставам играчка на глава и таа ќе си стави, јас кога и давам на куклата да пие млеко и таа го прави истото). Знае да игра соодветно на песнички ( ја знае ,,Две рачиња" и кога вели во песната ГОРЕ ги крева рачињата, и кога вели ДОЛУ ги спушта). Секогаш кога ќе и речам браво, шлука со рачињата, мавта за ЧАО, прави ,,да пукне" со рачето, ги бакнува куклите и мечињата ако и речам да го направи тоа, ме гушка, ама кога таа сака, не кога јас го побарам тоа. Праќа пољубац. Јаде самостојно со раце, знае да пие вода од чаша, може и сама ама ќе се потури малку. Знае за што служи лажицата, чешелот, далинското. На песнички се обидува да пее. Плаче по мене, ме следи низ дома, нема шанси да отидам до другата соба без да дојде. Реагира на огледало. Обожава да игра ,,Ѕе", дури и сама ја почнува играта. Обожава да врти страници на книги и сликовници, особено и се омилени оние што имаат да се повлече нешто или да се отвори. Ако и дувнам в лице, ми дува и таа. Се радува кога некој ќе дојде дома и го задева (се беси по него, му прави SE, му се смее, му брбори...). Од секогаш спие како што треба, без проблеми, јас сум една од ретките, наспана мајка. Си има рутина и шема во спиењето. Додека ја облекувам соработува. Од старт, се плаши на непознати, ме гушка и не сака да ја земат в раце, но не плаче и брзо, уште при истата средба, се спријателува. Вади и става играчки во кутија, а кога ги вади, сака да ги фрла зад неа. Се радува на животни и деца, но не знае да игра со нив (ги куби, им става прсти в уста, в очи...). Сака да се качува по мене и на каучот, но внимателна е има осет каде може да падне... сè што можев да се сетам, мислам дека наброив, па очекувам ваше мислење.
     
    На Ygritte, elimkd и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  20. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.241
    Допаѓања:
    19.025
    Прашањето ти е дали има аутизам или?
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.