Deteto da ne recam bukvalo ne znae sto e telefon, edinstveno gleda tv po mnogu malku vreme.. Tablet voopsto ne mu imaat pokazano.. Celo vreme e so roditeli, no ne odi vo gradinka. Go nosat vo igroteka cesto.. Tamu si igra no malku e pogrubo sprema drugite deca..Sakaat da go nosat na psoholog no mislat deka seuste e mal deka nema da sorabotuva..
Пред некој ден го гледав видеото. На сите драги луѓе го препратив. Уште вие ми останавте. препорачувам да гледате од 7мата минута.
Сочуствувам со болката на мајката...но пореални ми се резултатите од детални генететски анализи за дефекти/мутации/синдроми или пак лумбарна пункција и триста други анализи кои се прават по најмодерни техники во ваков случај...одколку едноставно од цртаните дека е. Сите знаеме колку се штетни истите, но за толку осетлива состојба и за дијагностицирањето на истата треба далеку покомплексни анализи од споменатите.
А зошто мислеле дека цртаните се безбедни? Од сзо има јасни препораки во однос на тоа колку треба да се гледаат. Зарем луѓето мислат дека е океј да го оставиш детето пред телевизор цел ден и дека нема ништо да биде?
Многу добро прашање... На жалост ритамот на живот не е изговор бидејќи е лично наш избор дали ќе исклучиме телевизорот или ќе овозможиме услови за некаква активност на децата во домот или надвор од него. Вистинскиот одговор е бидејќи е така полесно. Најпрво за завршување на некоја мала обврска а потоа и за многу повеќе. Едноставно ми е нон сенс при стагнација во развојот предизвикана од тв и после икс години терапии и исклучување на цртаните од секојдневието да не се надокнадат дефицитите. Или едноставно не ја откриле причината, поради недостиг на знаење или методи и инструменти за анализа, па ај, од цртаните е. И не е во ред луѓето да не си бараат чајрето и изворот, коренот, на една состојба или болест и да се помират со едно од цртаните му е се.
Не сум ни сигурна колку има кај нас и какви испитувања се прават. Ама да е само од цртаните би требало да се надокнадат дефицитите, како што велиш. Кога ќе почне да се работи интензивно со детето треба да има и напредок, што знам. Ми запна за око тоа што вели мајката во писмото дека од толку работи ги штитиме децата, а цртаните ги сметале за безбедни. Дали некој навистина ги смета цртаните за толку безбедни детето цел ден да е пред екран? Дури и да не се причина за аутизам секако ќе има доцнење во развојот, бидејќи детето не се развива зјапнато само во екран, тоа логично е. А за полесно, нормално дека е полесно, нема друг изговор зашто детето би било само пред екран, за негов бенефит сигурно не е.
И јас не знам дали е залажување тоа дека се безбедни или стварно некој верува дека е сосема ок детето да дреме пред тв цел ден. Цело писмо е со нелогичности...
Последните реченици не ми се допаѓаат ич! ИМАВ здраво дете вика, што можеше да биде што сака во животот, а сега детето можеби немало да има пријатели, жена, деца И имал нестабилна иднина само заради тоа, немало да биде детето самостојно итн... Ако причината се само цртаните, мислам дека детето може многу брзо со големо внимание и работа со него, како што рече ете цртани одреден период само и не секакви цртани, да има голем напредок и да има нормален развој како и секое друго детенце. Јас им давам да гледаат цртани, но и доста играм со нив, играат и еден со друг многу убаво. Цртани се гледаат обично кога ке завршиме со ручекот, ручаме во 16ч, а до 14,15 се во градинка, таму не гледаат. Значи некаде 17,18ч пуштам цртани, дека бараат, ама ке гледаат па се фрлаат во акција да играат во собата кај играчките, таму нема тв. Моб не давам.
Луѓе не одетр од крајности во крајности. Цртаните не развиваат аутизам туку дека што се по цел ден на телефон, таблет покажуваат аутистични симптоми, тоа да се разграничи. Еден невролог на моја пријателка и рекол пошто детето и е со епилепсија дека тв е безбедно за гледање не е опасно за разлика од тел и таблет, лап топ, никако на тие уреди. Цртаните не се лоши 1 саат до 1,5 на ден а не цел ден да дреме дете пред тв. Докторот и рекол знаеш ли колку здрави деца носат со епи напади од преголемо седење на телефон. Затоа тв дозволувам до 1 саат на ден, тел, таблет не давам
Ни пола саат не му давам да гледа. Ќе кажам и зошто. Моето дете има задоцнет говор. Но не онолку за да треба да се превземе нешто. Правевме проценка на дефектолог. Развојот му е ок, од 29 до 40 месеци, а тој е 38. А говорот му е како на 2 и пол год дете. Пред се, он покасно почна да зборува, патем кога беше чуван од баба беше цело вр уклучен телевизорот. Дали гледал и колку гледал ни јас сама не знам. Дали тоа е од тв, никој не може да каже.. Ама имаме простор до пролет добро да го истимулираме да се подобри без логопед. Во спротивно ќе му треба помош. Јас мислам, а и дефектологот мисли, дека ќе успееме зашто е баеги бистар и умен. Соработува, обожава книги и да учи ново. И реално он не ни бара цртани..
Ние не одиме во крајности, го коментираме писмото од видеото погоре, го слушна? И јас еден саат пуштам, некогаш ни толку. И не јутјуб, не сакам да шкрапа само и да менува клипови, си гледа цртан, патролни шепи, дора, нешто со содржина да и држи внимание. Гледам да си е активна цело време, а цртаните се заменети со читање. Ако бара цртан за со јадење јас и читам сликовница. Гледам саатот да го искористам ептен кога ќе треба. Имаше и една студија излезена дека децата што поминуваат подолго време пред тв од препорачаното се помалку интелигентни, да видам дали ќе ја најдам. Ама аутизмот да е само поради цртаните некако... Па и тука на форумот имало членки што пишувале дека детето заостанало поради гледање цртани, ама потоа со работа има напредок.
Пумпа н е мислев стрикно на тебе душо знам дека допрва ќе има коментари од ситр видови. Татко ми е дефектолог и мн работи ги знам и плус индивидуално работи со деца со аутизам, адхд, даунов, церебрална и со деца со заостанатост што ја имаат од електричните уреди. Когс во лице им кажува на родителите дека се е океј со детето да не даваат толку мн да седе на тие уреди да видиш како ги свестува колку ги уназадуваат децата шѕо не сакаат да работат со нив и само им даваат телефони у раце и жално е мн
Кога ми искочи темава во Најнови, знаев дека е заради видеото погоре. А читам претходно и вакцините се спомнуваат. Мене во нерв ме мава моментот "предизвикан". Демек, здраво право дете, и заради Х причина сега има дијагноза. И од аневризми така викаат, здрав прав од нигде си умре, а тој уствари цел живот имал аневризма во мозокот, темпирана бомба која во секој момент може да експлодира. Исто е со аутизмот (и еден куп други болести). Не можам да тврдам дека апсолутно никаква поврзаност нема од вакцините или цртаните или било што друго со дијагностицирање на едно дете со аутизам. Ама дека предивикуваат дефинитивно не (correlation does not equal causation). Тие се можеби само тригер за нешто што веќе постоело во организмот, или можеби само случајно временски се поклопило. Како што членката кажа погоре, ако тоа е причината, при нејзина елиминација би се решиле и симптомите. Вакво ширење на дезинформации ми е неверојатно. Цртаните не се најголемо зло на светот. Ама како и се друго, ама претеруваш нормално дека има последици. И да читаш цел ден без физички активности не е добро, и да јадеш постојано цел ден не е добро, и да играш фудбал цел ден не е добро, и да учиш цел ден не е добро. А сите овие работи ако се прават по малку секој ден доведуваат до избалансиран живот. Се во умереност. Аутизмот не е болест што се фаќа. Си има генетски предиспозиции, и може да се манифестира порано, или со поголем интензитет заради лош животен стил. Како што и на просечното дете не треба да му се дава да гледа цртани 10 часа на ден, истото е за аутистичното, само што на второво ќе има посериозни последици (како што не е исто да дадеш чоколадо на слабо и дебело дете - двете не треба да јадат цело чоколадо од 100гр, ама за второто е полошо). А да го предизвика аутизмот, тоа во никој случај не е така. Ние како родители треба да им вродиме добри навики на нашите деца за да имаат убав живот, а не да им браниме цртани само за да не се разболат.
Се согласувам Спиди, не сакам јавно да пишам, но имам пример во комшии со дете кое најверојатно има аутизам, не е потврдено од доктор, но сите знаци ги има...нејќам да навлегувам во детали, а има историја голема за да детево биди со аутизам...за жал и не мислам дека е од вакцината, нема шанса од тоа да е...
Имам и во другата тема пишано, вистинските експерти и педијатри можат да го забележат аутизамот многу рано, само што кај нас приметуваат сите кога ќе стагнира развојот или по примањето на вакцината која ќе ја забрза состојбата па наеднаш ќе станат видливи симптомите. Цртаните го успруваат моторниот развој, а затоа што целокупниот развој зависи од повеќе сегменти па се случува тоа да влијае и на менталниот развој, говор и така натака затоа што детето е изложено само на едносмерна комуникација.Аутизамот не е едноставна дијагноза, ниту може да се даде веднаш, аутизамот не е само невнимание, тантруми и не вртење на името, меѓутоа кај нас многу лесно се дава дијагноза аутизам, а и народот слушнал па ајде тоа е аутизам. За жал има доста дечиња кои имаат проблеми со увото и слухот кои се дијагностицираат како аутизам. Аутизам е спектар на нарушувања и никогаш едно дете не личи на друго дете, постојат повеќе испитувања и некогаш може да биде потребно и пола година за да се даде дијагноза. Мене ми е јасно дека немаме многу експерти во земјава за аутизам, нема регистар, нема многу работи но сепак ги има неколку, има луѓе кои учат за тоа и максимално се вложуваат и низ чии раце секојдневно поминуваат по минимум 8 деца, а на интернет секој може да пишува и да си кажува што сака. Накратко се согласувам со тебе.
Не можам да го едитирам постот во брзање бев, да додадам дека успорувањето на моторниот развој не се случува преку ноќ и само од цртаните туку немањето физичка активност и дремење пред телевизор таблет и лап топ, а притоа немајќи ниту комуникација и не значи дека ако кај едно дете влијае лошо дека ќе влијае и кај друго. Што се однесува на епилептичните напади тие се случуваат од визуелните ефекти што ги имат цртаните и игрите и нема врска тоа дали е таблет, телевизор или лап топ исто е (зборувам за дечиња кои имаат епилепсија). Сите помлади генерации се растени со технологии, не е проблемот во тоа, проблемот е во правилно дозирање. И премногу овошје јадење може да предизвика нус појави. Девојкава од видеово имала некој контакт со дете со аутизам или пренесува непроверени информации од писмо??
Видеово не го догледав до крај искрено, со бебе мало некако не успеав. Ама од работата со деца со аутизам, можам да ви кажам дека од 13 деца, 9 беа невакцинирани, а сепак со симптоми на аутизам. Друга работа, како што напишале и погоре, мора да постои нешто во организмот за да може било кој фактор да предизвика појава на симптомите на аутизам. Тука не се само вакцини и цртани, туку и запоставеност на детето, ниска свесност кај родителите итн. Се додека родителите го контролираат времето пред тв, како и понудената содржина, нема место за грижи. На родителите со кои сум соработувала до сега им препорачувам времето пред тв да го поминуваат заедно, да раскажуваат што гледаат, и да му поставуваат прашања на детето. Тоа да биде можност за учење нови нешта, а не бесцелно гледање во екран.