Бидејки имате информација дека вакцината е тригер, а притоа наведувате дека нешто трето може да е тригер кое е тоа третото од опцијата, јас навистина незнам и немам слушнато до сега, а би сакала да знам.
Поназад имам пишано за тригер а можеш и да изгуглаш what trigers autism или така нешто. Нигде не пишува вакцина..не знам кој ви ги полни главитр најозбилно
Имам блиска личност која роди здраво, право машко дете коа беше контактибилно и реагираше на се. По примање на вакцината веќе следниот ден се случи нешто необјасниво за сите нас, а тоа е звукот на капка од кујнската чешма да му засмета на детево. По многу испитувања утврдено е дека станува збор за аутизам, премногу коинциденција за човек да не поверува само дај Боже никој да не го осете.
Ете Милки ако не се лажам, погоре ви објасни што се може да е тригер. Кога се вели дека вакцината е тригер, не значи дека е и единствен тригер. Кога постои предиспозиција кај детето за аутизам, оти аутизмот или го носиме во гените или не го носиме, нема аутизам што се појавил преку ноќ, можеш и да не го вакцинираш, аутизмот нема да остане скриен во никој случај, само што друго нешто секако ќе биде тригер што ќе го извади на површина. Тоа е муабетот. Ако кај детето постои аутистично генетско нарушување, секако нешто ќе го тригерне, без разлика колку и да се бега од вакцината. Затоа има и невакцинирани деца со аутизам.
Што не значи дека некој ни ја полни главата туку дека е реланост и дека вакцината може да е тригер како што може да разберам од погоре напишаното покрај многу други работи.
Абе готово ...кога попрво проработела вакцината толку брзо. Ок разбирам на некои луѓе им е полесно да ја обвинат вакцината. Не е лесно кога ќе ја чуеш дијагнозата... Се надевам дека е детенцето добро во секој случај
Како што имам читано, типично за нормален развој на говор за оваа возраст е фонд на зборови од 50-100 и искажување на прости реченици со два до три зборови. Но се разбира, секое дете е различно. Некои почнуваат и подоцна но наеднаш да зборуваат.
За вакцината не е докажано, за сега е само теорија, што секако е можно. За детенцето од погоре што го збориш, и да не примело вакцина, по некое време ќе се случело истото, само што друг тригер ќе било она што ќе го извади аутизмот на површина. Затоа што аутизмот го носиме во гените и само е момент кога нешто ќе го предизвика. Затоа плашење од вакцината е ирационално. Ако не е таа ќе биде нешто друго. Тоа е тоа.
Така пишуваат експертите по имунологија и вакцини на форумов. Многу површни размислувања и тврдења за длабока тема која ниту медицината нема конкретни одговори. Ама тука секако мора да се најде одговор и на тие прашања.
Случајно налетав на статијава. Сакав да ја споделам тука. Ацетаминофен е парацетамол. А колку често даваме или ни советувале да даваме парацетамол "превентивно" или веднаш штом почне бебе/дете да качува температура и над 37°.
Google is free Во последно време многу истражувања покажуваат дека генетиката ја има клучната улога, затоа.
А само замислете колку деца во државава и секаде во светот се дијагностицирани со аутизам, а имаат сосем друга состојба /болест/синдром.
Веќе одамна е исклучена вакцината (мрп, а и било која од редовните), дека предизвикуваат аутизам кај децата со досега најобемна студија. Ја има и студијата со сѐ детално објаснето, секој може лесно да провери и да прочита. Не ја ни идентификуваат како тригер, туку периодот кога се видливи првите знаци на аутизам се поклопува со возраста кога е одредена да се прими МРП-то. Овде се цитирани неколку студии: https://www.mayoclinichealthsystem....eaking-of-health/autism-vaccine-link-debunked Не си играјте со здравјето на децата, и така е опадната вакцинацијата поради ковид и карантините, еве веќе има предупредувања од имунолози дека од следната зима можни се појави на епидемии на морбили и полио меѓу децата.
Аутизам е едно,нарушување во рамки на аутистичен спектар е друго. Дали е вакцина,дали е генетика,времето ќе покаже. НО,раната интервенција (дефектолог,логопеди,градинка,говор,помалку време на екран) помага. Во комшии имаме дете кое е оставено 24саати да расте пред мобилен,дома никој за него не се интересира.Некогаш и самите придонесуваме кон успорен психомоторен развој.
Од интерен муабет имам инфо дека веројатно во календар за имунизација ммр ќе ја воведат како задолжителна вакцина на 6 месеци заради опаднатиот процент на вакцинација. Кога беше последната епидемија од морбили во 2019 не пуштаа невакцинирани дечиња ни во градинките, ни во игротеките. Барем во Битола беше така. Претпоставувам ќе се врати тоа пак.
Така беше, го поместија терминот на редовната што беше на 6 месеци за порано да се прима мрп, и ја поделија на две дози. За жал имаше и неколку бебиња кои не ја преживеаа. инфекцијата. А пред некој ден имаше информации дека процентот на вакцинирани деца е паднат на 56%.