Аутизам кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од Hipica, 16 април 2011.

  1. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.015
    Пол:
    Женски
    Незнам, јас патам повеќе години од анксиозност и и хипохондрик сум и тоа ме прави да се сомневам и да се мачам во себе дека нешто не е во ред , можеби е до мене, ке пробам да не анализирам многу, фала многу на одговорите
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    3.093
    Допаѓања:
    9.405
    Пол:
    Женски
    Мајка супер си! Растерај стравовите и уживај си со детето.
     
    На LUCI 99 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. majka-majka

    majka-majka Активен член

    Се зачлени на:
    14 март 2024
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    37
    За сите што ги интересира и можат слободно да ме исконтактираат и во коментари и во ПП.

    Јас имам дете на аутистичниот спектар.

    Сум поминала многу и се уште поминувам. Од лечење во МК,пошироко во регионот па дури и Европски земји.

    Детето се уште не е полнолетно.

    Знаците ги имаше од бебе,инаку е функционално со говор и висока интелигенција за одредени работи.

    Нема да се правам дека сум психијатар или дефектолог,го споделувам личното искуство и мислење,но една работа е факт дека бројот на деца со вакви пречки е сѐ поголем ,а државата а богами и регионот нема соодветен систем за дијагностицирање,помош, едукација и вклучување на овие деца,како и помош на родителите кои имаат вакви деца.

    Знам дека многу нѐ има,поради предрасуди и стигна голем број родители и го прикриваат овој проблем и не зборуваат отворено за тоа, одбиваат рана интервенција, а институциите немаат капацитет ни можности да помогнат навремено.

    Така да слободно прашувајте ме,коментирајте можеме да си размениме к искуства ако нема друга слична тема.
     
    На H.VAGA, Zumbulche, MikicaBt и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.501
    Кај нас е лошото што ќе каже комшијата сите кријат не се искажуваат и вечиѕо се ситат на некои со проблеми и затоа е тој проблем. Верувам дека има доста аутистични кои со по изразени симптоми и кои со помалце но ова не е од сега туку од порано.

    Мајка проблемот е до тебе дете од 4 години нормално е да прашува и да се интересира и за се ќе има зошто и тоа иритира ама се надминува. Особено кога нема секундарно да му обрнеш внимание и ќе запне мамо мамо мамо на рипит. Денешниве деца немаат трпение многу и тоа е проблем голем, повеќе би рекла дека се нестрпливи одколку проблем да имаат.
     
    На Kaja991, Zumbulche, Antebellum и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.775
    Допаѓања:
    40.575
    Пол:
    Женски
    Не, прашањето ми е зошто да паничиш и да има адхд? Тоа не е терминална болест од која треба да се плашиш туку варијација на мозокот со која се живее цел живот. Ако има, треба да му пружиш помош онолку колку што му треба, дали преку некои модификации, дали психијатарот ќе предложи таблетарна терапија, дали само поддршка....мене ми беше дијагностицирано дека имам адхд на околу 20 години и веројатно сум на полесната страна на спектарот па во најголем дел од времето се менаџирам сама. Најбитно е да препознаеш дали му требаат одредени приспособувања во школо и дома, да не пробуваш да го ставиш во некој калап и најбитно да се едуцираш околу адхд. Барем тоа е мое мислење од лично искуство, а секако ако се сомневаш продолжи да се советуваш со стручни лица и ако треба нека направат одредени тестови.
     
    На theowndemon и le.soleil им се допаѓа ова.
  6. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.015
    Пол:
    Женски
    Не паничев само се сомневав, Јас имам АДХД знам добро што е тоа.
     
    На Antebellum и Angie1432 им се допаѓа ова.
  7. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.775
    Допаѓања:
    40.575
    Пол:
    Женски
    Во тој случај големи се шансите и твоето дете да има, ама од друга страна и многу повеќе би знаела ти лично како точно да му помогнеш. :) Се надевам дека ќе стигнете до точната дијагноза, ако ја има.
     
    На LUCI 99 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.233
    Допаѓања:
    27.841
    Кои се знаци на аутизам кај бебе? Ова и од други сум го слушнала, дека знаеле пред година дека не е нешто ок со бебето, ама нели викаат не се гледа пред 18м?
     
  9. majka-majka

    majka-majka Активен член

    Се зачлени на:
    14 март 2024
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    37
    @KuklickaSk Не ми е прво дете и одма се прави споредба во развојот.Мирно беше како бебе и спиеше и јадеше,но кај нас главата тешко ја координираше,покасно почна да гуга односно зборува,рачињата подоцна ги вртеше,не играше тапшин тапшин,почна со назнален говор и ехохалика не се превртуваше од грб на стомак лесно,тешко седнуваше и тешко можеше да седи иако имаше повеќе од 6 месеци.Прооде на 18 месеци,говорот доцнеше иако по нешто се обидуваше да каже сл чудно назални изговарање на зборовите.Покажуваше со цела рака накај тоа што сака да го земе и викаше Ња наместо дај. Не маше интерес за играчкитедолготраен, иако гледаше цртани и си имаше контакт со очи и разбираше команди.После тоа стана агресивно многу кога доаѓаа на ред фрустрации заради немање соодветен говор и кога ќе се каже дека нешто не може
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.501
    Да не ме разбереш погрешно. Тешко кревање на глава и другите делови на телото водат кон мускулна атрофија. Друга работа тапшин,зборење гугање иѕн дете мое прооде на 9м али прозборе дури на 2 и пол години. Ни тапшин ни покажуваше со прст ништо. Настрана на тоа што пре хиперактивен и цело време е надвор.
     
    На majka-majka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. majka-majka

    majka-majka Активен член

    Се зачлени на:
    14 март 2024
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    37
    @Brpbrp да така е, те разбирам.Меѓутоа мускулна атрофија не е дијагностицирана кај нас.Ама спектарот на аутизам е многу специфичен и се разликува кај секој поединец затоа е и спектар. Кај некои деца овие знаци ги нема,но кај нас испадна моторното забавување и немање координација мускулна тогаш како дел од спекатор како симптоми. Инаку денес физички е супер,фала му на бога,но аутизмот е тука. Докторите во МК а и во Србија беа поделени. До пубертет го водеа детето со адхд дијагноза и се двоумеа дали е или не е аутизам односно спекат аутистичен,бидејќи хиперактивноста исчезна,коефициентот на интелигенција е висок, говор има,детето само се описмени и англиски и македонски ж,учи работи зборува трча спортува но социјалниот елемент е проблем.Дел од МК велеа има аутизам дел не,на крај дијагнозата ја потврдија во странство. Затоа реков ќе споделам од лично искуство,ама факт е дека аутистичниот спекар е доста разновиден и не секое дете ги има овие симптоми.Некаде отсуствува говор целосно, некаде моторика тешка, некаде хиперактивност се е различно.
     
    На Brpbrp, le.soleil и KuklickaSk им се допаѓа ова.
  12. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    616
    Пол:
    Женски
    Ох… мноогу може да биде различно. Дури некогаш детето набидум е супер па на кај година и пол две можеш да видиш огромна разлика пред исклучувањето и потоа.

    Син ми инаку нема дијагноза освем проблем со концентрација и фокус. Психијатарот ми рече дека и да е на спектарот - високо функционален е нема да му се познава понатака во секојдневието.

    Дали може човек да препознае? Би рекла дека можеш да приметиш дека нешто не штима. Пример син ми до 3 месеци имаше добар контакт со очи после како да избледе.Многу плачеше и беше раздразлив.Наутро кога ќе се разбудеше гледаше директ во прозорот и бараше светло.И кога почна да разбира на пример околу 7 месец краток му беше погледот и ќе се насмевмеше и се ама гледаше низ тебе. Друго што приметив кога почна да лази ќе најдеше некоја играчка и 15 пати истото ќе го повтореше со неа. На име потешко се вртеше околу годината,показален гест немаше јас се го научив до втората година. Нај најмн беше присутна нефункционалната игра кај моето дете, отсуството на подолг контакт со очи а се друго беше океј. Емитација,први зборови,ономатопеја.

    едит: можам да се сложам со @majka-majka . И син ми е пример пре паметен мн понапред и од поголемите деца во многу работи, го интересираат сериозни теми, научни работи. Преубаво црта, многу добра логика има ,многу убава имагинативма игра, ама пусто социјалниот дел слаба страна. За сега мора да има стимулација моја. Помали игри како криенка, бркана, ринге јаја или да следи игра од поголемо дете знае. Може да се вклопи во колектив. Ама примее игра и взаемно комуницирање со деуго дете се базира на тоа само тој што ќе му текне или ако му се допаѓа да ја следи играта. Ќерка ми на пример е помала ама заеднички знсе дс си игра со другите деца, има разлика
     
    Последна измена: 18 март 2024
    На KuklickaSk и majka-majka им се допаѓа ова.
  13. majka-majka

    majka-majka Активен член

    Се зачлени на:
    14 март 2024
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    37
    @Чанта токму така.Кај секое дете е различно.Има работи кои и сум ги заборавила како пика синдромот и сл.
    Немаше прашања, незнаеше да поставува прашања,тешко беше името да си го изговори,после три довикувања се вртеше на своето име и со мнпгу работа од многу мало со дефектолог приватно,почнаа подобрувањата.Инаку и нас ни велеа во Симпо дека е високо функционален аутизам ама во странство со долго месечни испитувања рекоа дека не е високо функционален затоа што сепак социјалниот момент го нема.Тешко се дружи, влегува во опасности без да знае какви може да бидат последиците и превзема ризични активности што може животот да го загрозат.
    Згора на сѐ свесно е дека другарите го избегнуваат и дека е птфрлено од друштвото а тоа води кон други проблеми
     
    На KuklickaSk и Чанта им се допаѓа ова.
  14. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    616
    Пол:
    Женски
    Моето дете е сеуште мало 4 и пол има точно. Опссностите како кола, дупка, висина или кал ги надминавме внимава многу. Е сега допрва со какви предизвиици би се среќавал незнсм. Мн е наивен веруба мн , не знае да лажи,сака да е умен се љути ако му кажеш дек е неумен. Сака да биде пофален да биде сакан. И мн се радува на деца иско не знае како да си игра со нив.

    А тоа за другарите е нај нааај тажно колку за детето,три дупло повеќе за мајката…Мене душата ми се кине кога кажува кој му се најдобри деугарчиња а примеќам дека кога доаѓаат сакаат да си играт со ќерка ми повеќе од колку со него, т.е идаат само за неа. Има и исклучоци секако.
     
    На KuklickaSk и majka-majka им се допаѓа ова.
  15. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    5.749
    Кај добар дел од децата знаците постојат и пред годинка а најчесто до 15 месеци може јасно да се видат за некој што знае што да гледа. Кај нас нема едукација на таа тема, ниту педијатри следат развој и прашалници ниту имаме бог знае колку стручњаци. Тука знаат се врти ли на име има ли контакт со очи, разбира ли и толку се прашањата со кои се отфрла сомнеж. Ама не е баш така. Да ти одговорам, пред годинка знаци се доцнење со мајлстони, претежно комуникациски и социјални. Отсуство на гестови: кревање раце да го земеш (10м), давање и покажување на играчки(15м), покажување со прсте за барање и споделување интерес (18м), мафтање за чао и сл. Немање joint attention (3 point gaze), немање интерес за околина и луѓе (пример може да помине 40 мин со играчка без да погледне на страна), немање комуникација со очи (не само контакт) на пример да погледне во родителот кога нешто сака, или му е интересно), да погледне кога нешто неочекувано да де случи. Немање вештини за имитирање, на пример ако тропнеш на маса да тропне по тебе -10м а подоцна и покомплексни акции, немање функционална игра (на пример да не знае да вози колички туку само да ги фрла или врти) или игра со преправање ( да дава јадење на кукла, мече и сл-18м) и исто битно е рецептивен говор односно да разбира (до 10м да разбира не, до 12 да знае да погледне неколку предмети и личности кога ќе прашаш каде е? До 15 да разбира команди од 1 чекор како на пример дојди ваму, седни, дај го тоа (ако има нешто во раката) и до 18 освен команди треба да разбира делови од рутина како на пример ајде да се бањаме да отиде накај купатило или ќе одиме надвор да искочи накај врата. Ова е вака што ми текнува од она што сум читала и истражувала. Да напоменам, не сум стручњак и све е ова од читање на студии, стручна литература итн.
     
    На H.VAGA, Pixi5, joy1 и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.501
    Добро сега кога веќе сите работи ги прави како и другите деца дали има нешто поразлично што го прави од другите? Бидејќи е потврдена дијагнозата.
     
  17. majka-majka

    majka-majka Активен член

    Се зачлени на:
    14 март 2024
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    37
    @Brpbrp Социјалниот момент,немање страв, повторувачки игри,стиминг
     
  18. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.015
    Пол:
    Женски
    Исто и мојот син се радува со деца а не знае како да си игра со нив има 4 години, ама некогаш се заигрува со едно дете пример криенка, или ке го праша колку години имаш како се викаш прашува други деца, и не мислам дека радување со други деца и дека незнае како да заигра е симтом на аутизам.Имам сретнато на инстаграм љуѓе дури на 36 години што откриле дека имаат аутизам цело време до тогаш не ни знаеле дек имаат аутизам, толку некои симтоми се незабележливи.
     
    Последна измена: 18 март 2024
  19. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.015
    Пол:
    Женски
    Пример за што немање страв, да опишеш ако сакаш?
     
  20. majka-majka

    majka-majka Активен член

    Се зачлени на:
    14 март 2024
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    37
    @Brpbrp на пр.Не знае да плива,ама ќе се качи и ќе проба да скокне од највисокта скокалница во најдлабокиот базен (ако не го задржиш и трчаш по него ,готово отиде и ќе рипне)

    Искачување на нависоките нај непристапни те места, посебно кога сме во природа,блиску до карпи и провалии со желба да се восхитува на висината ама премногу блиску до работ без проценка на состојбата дека може да се лизне.

    Желба да се допрат и погалат опасни диви животни и ако нема некој да го тргне буквално ќе настрада.

    Невнимавање кога излегува од јавен превоз или автомобил, буквално истрчува на улица

    Играње со оган,ако е големо.Еднаш трепките си ги изгоре а за малку и домот ќе го

    Значи немаат страв бидејќи не знаат да проценат потенцијална опасност и ризик .Пишува за тоа исто многу на интернет и од тој аспект не се самостални.Не можеш да го оставиш никаде без придружба
     
    На Brpbrp му/ѝ се допаѓа ова.