На поголема возраст дали сеуште немаат страв или се подобрува? Син ми сака да се фрла како што велиш во вода нема страв но за да излезе на улица внимава од коли, се плаши од проѕирен ливт нејки да се качи а во обучен нема страв, значи само во вода да скокне не с плаши, би незнам се ми е помешано, можеби многу ги анализирам дека си на ка со рачната кога се радува а има 3 години тоа му остана така друго све прати се однесува нормално за годините но ов со мавкањето со рацете само тоа ме замислува.
@LUCI 99 незнам што да ви кажам. Кај нас остана опасноста, треба работа континуирана и едукација што ја нема во редовно училиште за детето да стане самостојно да може да функционира кога ќе порасне.Да иде само да продавница да остане само дома некое време.Кај нас не е тоа случај.Има контрола на тие некои нагони ама сѐ уште е присутна состојбата таква.Дали тоа ќе го награден незнам. Значи во јавност па к дома не е нешто поинакво во однесувањето од другите деца, но стимунгот да присутен е и реакциите на она што му е т.н тригер или предизвик не се како на другите деца.
Те сфаќам што сакаш да кажиш ама јас дс го оставев син ми сам на себе мн бавно и тешко дека ќе ги стигнеше новите врсници. Имам и пример како помал го споредував со едно детенце помало малце од него,беше понапредно имаше мн добар однос со неговата мајка релација дете-мајка, убав контакт со очи и т.н и после една година кога го видов детето како дс беше друго… имаше стиминг со рацете, крици,хиперактивност,немаше зборови и се запрепастив душата ми се скина. Едноставно неможев да поверувам што гледам, сега е подобрено мислам дека го носат на часови подолго време. Незнам навистина што било причинител, ни кај моето дете незнам точно што беше причинител да има некаков степен на доцнење во развој( засега се води со слаб фокус и концентрација иско е веќе мн поправен). Од една страна си велам можеби беше ротата која направи компликација и му го наруши имунитетот а од друга страна неможам да знам со сигурност можам само да претпоставам. Она што знсм е дека ако некоја мајка се сомнева во нешто треба да побара стручно мислење и помош. И да нема никаква поддршка сама да го стимулира детето во областа во која е послабо. Да го охрабрува и да го турка напред. Син ми нема дијагноза аутизам. Можеби е на некој спектар незнам. Ама како и да се вика тоа мене не ме интересира. Оди напред тоа ми е најбитно. Инаку тој се вклопува во колектив- ако сите возат тротинет и тој ќе вози. Игра куцана. Се брка со децата. Се трка. Игра дома доктори мајстори со сестра му и со деца што ги гледа секој ден. Ама пример да му се обрати некое дете што не го познава нема да го изрегистрира. Значи не се срами син ми. Едноставмо не регистрира и треба да му насочам јас дека некој нешто го прашува за да се уклучи и да одговори. Ме сфаќаш? Ќерка ми на пример и другите деца и да се подалеку и заиграни ново дете или роднина што не ги гледа често ако постават прашање одма ќе одговорат или ќе покажат некаков срам ,не е исто.
Јасно. На интернет пишува многу ама се и сешто па се води кон аутизам реално, а и кон нормално дете. Друго е кога веќе некој го има. Јас за аутизам знам дека децата се по темпераментни и имаат јаки испади како тантруми ама агресивни. Па затоа ме интересираше. Кај синко во градинка има детенце едно не збори нешто чисто и плеска со рацете, си ги фаќа дланките и додека ги држи лево десно ги мафта истовремено и се плзи со јазикот и само ааа ааа вика. Од нигде никаде се исклучува на моменти им ги растура намерно играчките и само ааа ааа вика.
Женските се понапредни и подруги машките се подруги. Можеби е такво детето. Знаеш колку деца има што се пуштени од ланец и немаат ни срам ни перде сам во свој свет се кога сакаат играат со некого кога не сакаат не и со кого сакаат.
Да знам, ама проблемот е што како мал имаше многу не функционална игра, пр можеше 1 сат ако го оставев истото ќе го правеше. Немаше показен гест, контакт нормален со очи… едно од ова ако е нема гајле ама проследено со повеќе симптоми ,треба работа. Ако го оставев да си живее само во неговиот свет тешко дека ќе достигнеше се до сега што достигна. Дека машките се потрупести од женските итоа како е точно. Сите се различни но горе долу имаат нешто заедничко пр. Чувство на срам кога се малечки, контакт со очи, привезаност за родител. Јас ако излезев од соба не ни примеќаше, од кога го “разбудив” почна да примеќа се. На мн места го однесов сите ми рекоја мора да го разбудиме, да му го стимулираме мозочето. Нема проблем голем но мора работа.
Не се понапредни, туку различно се развиваат. Машките имаат посилни груби моторички вештини од девојчињата, девојчињата фина моторика. Секако дека има исклучоци, ама генерално развојот на неуротипичните деца е сличен. За говорот пример е мит дека машките покасно прозборуваат и треба да се чека. Се знаат рамките за дете до која возраст колку збора треба да има. За играње со други, ние како родители некогаш форсираме премногу да играат си други кога не сакаат или не им одговара друштвото.
Да и тоа е така ама битни се и други свери што водат кон говор па ете ако е само говорот а се друго е во ред,повеќе и од сигурно е дека ќе се развие. Само ете ќе му треба да речиме повеќе стимул домашен. Ако има и некој друг пропратен елемент многу е подобро детето да го водат специјални лица. За играта и големи деца одбиваат игра или бираат со кој ќе играат. Јас го сфаќам тоа кај син ми и се обидувам да не го притискам но морам да му укажам дека тоа е и дел од секојдневие. Пример тој делува незаинтересирано но буквално се слуша што се зборува околу него дури и подалеку да си. Ако е засегнат од било што во муабетот веднаш ќе се уклучи ако не, нема ни да те погледне. Утре ќе тргне здравје во школо, од старт социјалната страна му е слаба па затоа се трудам да се вклучува повеќе кога некој му се обраќа. Прееска на пример кога шетавме застана на едно место желади да соберел и имаше едно девојче. И сам отиде и кажа : здраво дадичкаа! И зема еден желад и таа го праша што е тоа батко? И тој ништо буквално. И втор пат го праша одеше по него, пак ништо, и јас се вклучив тука му реков дадата те прашува нешто сака да види што имаш во раце , и го крена рачето пред неа и и кажа - еве желад! … измсчувачки ми е веќе ова што ги генерализира луѓето…
Точно, на интернет пишува се и сешто. За детенцето од градинка на која возраст е, машко или девојче и со што си игра најмногу, дали со колички пример. Девојчињата обично се понапредни. Чист говор е прашање на време кога ќе се појави, обично до 4 години имам прочитано. Но, ова со мафтање на дланките како повторувачки движења, пребарував на интернет, не најдов, се мисли мафтање како летање или често мафтање за чао.
Детето е 4 години машко и мафта со рацете горе доле на пример како некое дете кога се лигави и скока во место и ги мафта рацете горе долу само овој не плаче туку мртов озбилен е и само ааа ааа вика како бебињата кога имаат нелагодност само ова не е бебе. Не се смее, не плаче кпга гледа не гледа директно во тебе на страна гледа ќе фокусира поглед кратко и толку. Синко вика дека со колички си играл највеќе. Обично нели викаат тие со аутизам си играат со тркала што вртат константно. Можеби и грешам. Баш за роденденот со ниедно дете не се гушкаше ни со тие што се дружи.
Zdravo sin mi pred nekolku dena bese na procenka i ni kazaa deka e 20 meseci ponapred od negovite godini. Drugo vo red razbira, imitira, gleda kazaa ok e samo govorot izgleda povekje razbira od sto zboruva. Treba da odi povtorno za govor da vidat na koe nivo e. Vo Svedska ima dijagnoza spektar autizam a vo Mk gasnenje na govor. Dali nekoj ima slicno iskustvo da e ponapred od svoite vrsnici a da ima dijagnoza autizam. Inaku e bil izlozen na ekrani mnogu dolko uste od bebe sega ne gleda nisto mnogu retko ima 4 godini.
А во што е понапред и како баш точно 20 месеци го проценија? Ова во мк или надвор некаде? Оти прв пат слушам за кај нас ваква проценка, па и со месеци точен број
Vo Svedska e praveno testiranjeto. Testot se vika PEP-3. Ima nekolku nivoa na zadaci sto mu davaat za razbiranje, zboruvanje, gestovi, imitacija, pogled, motorika i ne znam sto uste i toa go snimaat i posle site zaedno gledaat i davaat procenka za sekoja aktivnost i potoa se soberat i kazat do koja vozrast e od priliki.
Ne znam ne spomnaa nisto za IQ samo kazaa deka e 20 meseci po napreden od svojata generacija. I deka treba dopolnitelno da napravat testoranje za jazikot da vidat na koe nivo e zatoa sto ima povekje jazika
Се вика понапредно, затоа што не е ретко кај мали деца во развој некое да отстапува повеќе или помалку во одреден период, ама подоцна евентуално повеќето се изедначуваат со врсниците. Кај нас сеуште е многу често објаснувањето за секоја промена “многу е интелигентно затоа” и не се умараат многу да објаснат дека тоа во ран развој не мора да значи ништо посебно и како соодветно на моменталниот развој да се стимулира тоа дете, само родителите ги оставаат збунети и нели горди.
Исто и ќерка ми си ги изгоре трепките лани. По улица може да трча никако да и влезе во глава дека има коли и мојот најголем страв е кога сум со неа некаде чак и на паркинг нема осет колку е опасно да трча. Кога те читам се пронаоѓам. Ние исто поминавме бурен период од 2 години константно со психолози и невролози, за што јас претходно на промени препишував, ама тие биле тригерот. Кај ќерка ми 4 ипол е, сите елементи се мешани. Страв има од висина единствено кој настапи 3тата година. Социјален елемент не недостасуваше во смисла таа сака внимание и други луѓе, и без проблем одеше во градинка ама цело време си седеше сама. До скоро. Значи до пред некој месец беше цело време сама и ме советуваа да и дадам ако сака да си носи играчка од дома па го носи сеуште супер Марио или змејот од супер Марио беше претходно. Почна со други деца поактивно да се дружи пред 4тиот роденден. Најголем проблем е критиката за сега. Среќа агресијата траеше многу кратко, кошмарите ноќе ги средивме, сега највеќе работиме на нејзината реакција на критика. Значи нема викање или удирање ништо од тоа, ама ако и кажеш дека нешто направила погрешно на пример како вчера кога зела ножички и сосе етикетата ми ја засекла малку и новата блуза. И кажав само да не го прави тоа без мене дека може и самата да се повреди и демонстративно замина во другата соба, застанува на колена свртена кон ѕид и така си седи, а стварно многу внимаваме како и се обраќаме, ама се преувеличено и е во главата. Има и мал проблем со разбирањето. Во суштина се разбира до моментот кога нема да разбере основна работа. Бистра е, и текнуваат работи што и мене нема некогаш и често знае да не изненади со некоја постапка, ама некогаш нема да разбере нешто наједноставно. Како и да е, имаше одличен прогрес последнава година.
Моево дете знае кирилица латиница да брои до 20 на англиски, германски и македонски, знае форми, бои сите, овошје и зеленчук сите и н анаглиски и на мк, животните сите и да ги имитира, и на англиски и мк,знае од цртаните да повторува некои реченици, ама кога го викам на име не се врти, има контакт со очи, нема страв од некои работи, некогаш на кревет се клати наоред назад и мумла ама не предолго, се смее, сака да се гушка, ама не извршува наредби, не се одзива на име, кога ќе му речам нешто, не знае да каже дај, на, гладно сум, дај ми ова она,и мама не ме вика, има 3 год и 4 месеци. Се сомневаме на аутизам, Џабе и да е тоа кога не се лечи. Стапив во контакт со дефектолог ама она сакала да и го оставам детево она сама да работела демек со него а јас ни во ходник не смеам да сум, мене тоа ми е сумљиво, не знам она дали ќе работи со него, а зш не смеам да сум присутна и не ми се фрлаат пари на дефектолог ако не знам дали ќе работи уопште со детето.