Затоа што можеби детето повеќе зборува без ваше присуство. Еве јас на мојот што и да му кажам за инат прави се мое да негово не дури и во полусон. Додека вујко баба дедо чичко стрина сите што и да му кажат слуша. Со мене е на нож буквално.
И кај нас сеуште ништо не дијагностицирале. А се сомневаат дека можеби е на некок спектар. @Yowannty какво тестирање ? Мене ми рекоја не се фокусирај на дијагнозата туку на напредокот. Третманот е тој. Битно е на секоја разбвојна проценка дека покажува одење напред.
Мајка,гаси екран. Во прирофа два три саати во денот. Трчање и скокање. Фокус према нов вокабулср ,букви и бројки секско на школо ќе учи. Дефектолог обавезнооо. И мора да биде без тебе таму затоа што мора само еден афторитет да има додека му траст часовите. Воопшто да не ти е сомнително. За наредби од нај едноставни ќе почнитр. Како ајде затвори врата. Стави топче во кошничка.ќ и т.н Кога сака да пие или јаде или некоја играчка да бара нема да му дадеш одма туку најмалку неколку минути ќе му кажуваш дај дај и показен гест со ракат ќе правиш за барање на нештото. Секој ден така и за се. Вашето дете нема проблем со формирање на зборови и искажување. Мора да се научи дека кога му треба нешто треба да каже ДАЈ. Ова е само еден пример.
Ама не се добри дефектолозиве не се способни, зашто да не бидам во ходник да слушам можеби ќе ми го малтретираат детето а јас неможам да слушнам нема да можам да му помогнам, а и не знае да каже што правеле.
Како бе да го малтретираат?? Од каде си мајка? Зошто такво мислење имаш? едит: како тоа не се способни? Имаш некое искуство со нив?
Не знам какви точно, потребна ми е оценка и мислење од повеќе експерти прво, па понатака ќе се одлучува.
Искрено немој да генерализирате кај дефектолози те.Многу повеќе знаат и умеат за разлика од доктори еден куп и специјалисти.Точно има незаинтересирани и несоодветни знам од искуство и од луѓе што ми се пожалиле ќ па ги смениле ама не се сите такви.Кај мене да не беше дефектологот кој едвај го најдов немаше никаков напредок да има. Сепак ако ти е страв за безбедност на детето не барај дефектолог кој работи на црно односно дома или дома кај тебе. Си им центри си имаат опремени работни простории со сензор и соби. И што ли уште не и во принцип никогаш родителот не седи ниту чека таму.Пробај па ќе видиш
Колку чини од прилика и колку пати неделно го носеше по колку време? Смеам ли да присуствувам како родител?
ЈВие баравте препорака јас ја дадов.Тоа не значи дека нема и други добри.Да сум го носела детето ам тоа беше многу одамна,цените сигурно не се исти и незнам дали ќе дозволат родител.Таму немаше родители да чекаат.Прашајте разговарајте и сѐ што ве интересира ќе ви објаснат.
https://lider.mk/defektolog-e-osomnichena-za-povreda-na-maloletno-devojche-od-skopje/ Чисто информативно пазете на кого го оставате детето.
Здраво би сакала и јас да знам дали некој ги има веќе користено и дали има некој ефект? Имам прочитано на повеќе места дек помагале кај деца со доцен развој на говор и аутизам.
Здраво мајки , веќе почнувам да бидам многу загрижена за развојот на синчето , прочитав речиси се во тема , и пак не сум на чисто , 2 детенце ми е , со првото не сум имала вакви грижи ама ако може да ми додадете ваше мислење и насоки би била благодарна . Детенцето е 1 год и 4 месеци преоден на 1 и 2 месеци . Зборчиња не кажува , гласови испушта како да да , ба ба ,та та , ама не со намена . Каде е мама тато бато не покажува за дојди кај мама , доаѓа ама не секогаш . Сака да си игра и сам и со деца , обично кога е со деца се вклучува во игра , сака да ја земе играчка , ама ме загрижува што ретко се врти на име , ако истурам играчки направам нешто ќе дојде да ми се придружи речиси секогаш . Многу весело дете е враќа со насмевка кога ќе го задене било кој, кога сме на гости се врти да провери кој како што , исто ме загрижува што кога е многу среќен како да се вкочанува се смее и стиска дланки . Ред со спиење јадење нама проблем како од книга,ајде надвор оди накај врата ,дај на мама ако нешто држи во рака подава ама не секогаш , Дали има простор за грижа , каде да се обратам прво , и споманав матичната вели мал е , има контакт со очи покажува интерес за околината . Ве молам за совет