Ништо од тоа не ја занима мојата. Во некој нејзин свет си е, сама си игра. Затоа прашав, ако некој има искуство со овие педагози или психолози шо ли се, кај шо ме упатија. Шо праат тамо, како ја проценуваат? Не сум била по такви работи и незнам. А мојава голема плачка и плашливка е, кај и да одиме, плаче, не даде ни очите ни ушите да и ги проверат и не упатија на дрига клиника кај шо ќе и дадат седатив за да се смири за да можат да ја прегледат. Така да, стварно незнам како ќе ја испитуваат тие специјалистите кога знам дека нема да седи мирна.
Не ја интерисира друго ништо, си игра сама, незнае шо да прави со други деца, на лулашки не сака да игра туку фаќа патот да пешачи сама, цел ден само квиче дома, звуци испушта, и ова е буквално од кога ќе се разбуди до кога ќе заспе. Не се врти кога ја викам по име, а ме разбира кога ќе и кажам не или дојди. Не сака многу да ја чепкаш, односно да ја гушкаш, може за секунда да те гушне и одма бега. Те гушка само кога ја држиш во раце. Повеќето од времето не те гледа во очи.... Незнам дали напишав се, мислам дека уште има, ама мозок немам више за размислување. Исто и проблем иаме со јадење, јаде само 4-5 јадења, и само тие ги вртиме, друго не сака да погледне, попрво ќе умре од глад отколку да проба нешто друго.
Тоа се тестирања приспособени на возраста да се процени дали се развива согласно истата. Односно се следи дали го има совладано она што би требало да го има на конкретната возраст. Дополнително се проверува слух, се следат гестикулации, моторички вештини односно целото однесување на детето. На крај се носи проценка. Веројатно ќе треба да се среќавате и повеќе пати. Немам искуство со нив, ама вака горе долу се врши проценка.
Кога беше помала, ми јадеше од лажица пире, супа, кашички од зеленчук и овошје, блендирани макарони со сос. Друго не. Кога потпорасна малку и научи сама да јаде со рацете, ја одби лажицата и не сака да чуе за неа. Сега јаде само ќофтиња, компири, макарони, риба стапчиња, пржено лепче, некогаш ќофтиња со брокула јаде некогаш не. За смоки, чипсови, кексови, да не зборам, тие сите ги јаде.
Кај шо бевме на докторот за ушите, он ни кажа дека нема проблем со ушите но има доцнење во развојот. Јас знам дека има доцнење, но се плашам да не е аутизам. Срцето ќе ми прсне. Син ми не беше таков ама уопште.
Колку годинки е? Може е нормално фаза на развој, дали извршува наредби, како донеси ми ова дај она, дали кога игра знае како да заигра, тоа играњето сама не значи ништо, дали кажува по нештож дали посетувате логопед и дефектолог да кажат тие мислење, може нема ништо но може да заостанува пример во говорот но со многу работа и тоа ќе се среди, кај син ми оди те големо шо се знае да заврши задачи и се но не зборува пример, никогаш не му рекле дека има аутизам, не паничи може не е тоа.
Епа ете мојата незнае да извршува задачи. Кога и викам да даде некоја играчка не ја дава. Ја дава само кога неа и одговара, на пр кога сака да си игра со балонот или топката, мене ми ги дава. Знае да направи пљуска со раката со мене ( high five) , разбира кога ќе и кажам НЕ. За друго не е заинтерисирана. Знае некогаш да покаже на моето лице кај е носот. 2 год е
Битно е да си смирена. Без разлика на причината за доцнење на развојот ќе добиеш насоки за правилно стимулирање. Ќе си смениш мајндсет. Нема не ја интересира. Туку ќе седнеш и ќе ја учиш, ќе покажуваш, играш, се што треба за да се заитересира. Со многу внимание и стимулации може и ќе и биде полесно отколку што сега ти изгледа. И нормално без екрани. Ако е долго време пред екран и тоа си има своја улога.
Па мало е шо очекуваш, шо да знај на две години, ај не си стварај стресој за ништо, шо се две годинки, сега учи, не мора да знае се, не споредувај со други деца како се развиваат, само работи со неа , ќе научи, не се исто таа и син ти, си имаат разлика децата, мојот на таа година исто беше шо знаеше, знајш дека само кашички јадеше ништо друго и само сакаше да гледа цртани ретко се заигруваше сам па не со други да игра, само брм брм знаеше и мама да речи, кога сакаше се вртеше кога не ме игнорирам ако знае шо му кажуваш но намерно не извршува наредби не значи дека не сваќа, се разбира но неа му е тоа игра.
Тв беше проблем кај нас, со него порасна. Само еден цртан гледаше на него и ако го немаше цртанот полудуваше. Ама веќе не го пуштам цртанот неколку месеци, освен навечер пред спиење оти и мене ми треба одмор. Па само со тоа се тешам, дека овие психолозиве, матичниве, курциве палциве, бараат многу од толку мали деца . Ќе почекаме тоа е. За доктор за зборење, како се викаше тој доктор, логопед ли или како, ни кажаа дека после три години се одело на него. Па си викам до тогаш да почне да шпреха
Многу разлика има на две , на три, на три и пол, се секој месец се развиваат нагло, има деца на две години фрлиле памперси, зборат ко некој баби трчат лудуваат, некои се растени со други деца во близина се поопуштени со други знаат да заиграат и слично, воопшто да не се замараш до три и пол години со ова, пуштај ја во градинка, на три ако треба логопед и така.
Не ме сфаќај погрешно, ама многу лоши совети даваш. Дете на 2 години може да не збори ама треба да знае доста работи. Не може за дете да се рече не се замарај. За дете се замара и те како. Дете мора да се стимулира секојдневно да се работи со него и да му се посветува многу внимание. Најлесно е дај тв и мобилен и не се замарај и здрави и прави деца ги уназадуваме. Адидас кажа дека доктор им рекол дека има доцнење во развој, па тука ама никако не смее да остави и да не се замара оти е мало. Баш оти е мало треба да се стимулира и да му се помогне со време оти се што се завлекува потешко се коригира подоцна.
Извини што се вмешувам, ама исто така проблем може да биде ако детето во градинка слуша германски, а дома македонски. Го збунува тоа. И може и тоа да влијае на прозборувањето.
Не оди на градинка. Ја прашав матичната во врска со двојазичноста, ми рече прво да и збориме и да ја научиме на домашниот јазик па после германски.
Говорот е најмал проблем во ваков случај Треба стимулација за развој, за моторика и говор ќе си дојде. Често е случај кај двојазични семејства или во различна држава да се доцни со говор и веднаш да прозбори на два јазици околу 3та година. Но, другите работи кои ги набројавте е нешто на кое ќе се фокусирате да стимулирате, па дури и градинка е супер опција, дружба, да учи од други деца, трчање и играње во природа, на 2 години веќе има еден тон игри за развој кои може дома да ги играте, сложувалки, коцки, песни со имитирање, говорот е најмал проблем иако може и на тоа да се работи, јас од година и 7 месеци го носев синот на логопед, затоа што единствено доцнеше со говор и логопед прави проценка, најчесто на исто место дефектолог прави проценка и без страв ќе знаете на што треба да се работи Најдете институција околу вас која има и логопед и дефектолог и верувајте многу полесно ќе ви биде, тие и за дома ќе ви дадат насоки што да работите
Ми кажаа дека за логопед треба да чекаме кога ќе наполни 3 години. Од тогаш почнувале. Да видам прво ова сега кај шо ме пратија, да видам тамо шо ќе ми кажат, само да не треба многу да чекаме за терминот, тоа ми е проблемот.
Логопед за исправка на говор, за гласови и букви по 3 години. За стимулација на говор можеш во прв момент кога ќе приметиш дека доцни, моето дете одеше околу 8 месеци, игра и стимулација. Сега на 2,5 години ги има стигнато врсниците, пее, збори, кажува реченици, погодува времиња, искрено мислев и повеќе време ќе треба да се работи, но се поклопи вежбање и време на детето си беше да прозбори. Мора да има нешто во околина за проценка, каде што не се чека долго
Не знам каде си ама можеш да побараш на приватно центри што работат рана интервенција барем да добиеш насоки како да работиш со неа и да ја стимулираш, говорот може да касни и без да има посериозна причина за тоа ама од она што опишуваш тука не се работи само за говор туку и невербална комуникација и можеби рецептивен говор. При доцнење со развој прво треба да се исклучат медицински причини како слух и вид пред да се оди со проценка за аутизам или други развојни проблеми. Што и да е причината не треба да паѓаш во очај него да се бориш да добие детето подршка каква што му е потребна. Постојат доста информации и книги на интернет кои може да ти бидат пример како да постапуваш и да ја учиш. Муабети од типот мало е, ќе се пушти не се продуктивни и се застарени. Доказите одат во прилог дека раната интервенција е клучна и колку порано почне да се работи со детето толку подобро. Пиши ми во пп доколку сакаш да ти испратам една книга.