Da, ima vo zavodot za sluh i govor, ama za zal za logopedot sto raboti ne mozam da kazam ni eden ubav zbor.
Пошто се работи за твоето дете да си се пожалиш на одговорните таму. Мора да почнете прво да се борите за себе, за да успеете да им помогнете на дечињата. Немој да се откажуваш и да баталуваш. Таму се платени за да работат. Ја има Томатис методата во Македонија и парите кои ќе ги потрошиш во странство да ги пренамениш за друго нешто. Доколку е потребно до директорката да се жалиш! Пиши им е-маил со поплака... Само не баталувај. Претпоставувам низ што минуваш и ова ти го кажувам најдобронамерно. Слободно распичкарај ги ако треба.
Другарка беше за детето, детето не и е со спектар на аутизам, туку има проблем со седнување на стол, има вишок енергија. Повели линк. Томатис методот и неговата примена во рехабилитацијата и терапијата: Метод на Томатис или аудио-психофонологија (АПП) е научна дисциплина која ја проучува врската помеѓу увото и гласот и помеѓу увото и спонтаноста, психичка активност која се јавува без оглед на свеста, вниманието и волјата. - ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација | Facebook
Ne vredi, tamu vo cekalnata drugi roditeli zboruvaa deka taa osoba ako se pozalis duri togas od inat nema da ti raboti so deteto, taka sto jas nemav ni zivci, a posebno ne vreme za gubenje.
Една година веќе не мават по болници од врата на врата и ништо не ни кажуваат. Помина една година откако бевме на ушно, од таму не пратија на др место, од таму на друго, термини термини, уште чекаме, ништо не знаеме. Веќе една или две недели ќерка ми наеднаш почнува да плаче од ништо. Плаче и леже. Јас лежам до неа, да ја смирам, ја чешкам, ја масирам, не престанува да плаче, додека не се исплаче не престанува. Тоа можеби трае пола саат, може и повеќе. Е сега се деси врвот, почна да плаче многу, воздух дури снема, цела црвена во лице, почна да се куби за косата и да се треска од земја, цела се тресеше, пробав да ја дигнам неколку пати, се тегнеше од мене вриштајќи и ме апна многу силно дури и крв ми пушти, ова можеби траеше 30- 40 мин. Прв пат доживеав вакво нешто од неа, неможев да ја препознаам, многу се тресеше и грчеше, помислив да не е некој напад. Со мм одма тргнавме на болница, ама таа е подалеку од тука и додека стигнаме она заспа. И се вративме дома. Многу сум исплашена, се и свашта ми мине низ глава, си мислам да не е некој напад, да не е епилепсија, не сум разумна за да мислам логично момемтално. Во понеделник ќе и одам на таа матичната ќе и се изнаебам, лом има да ја напраам шо ме моткаат цела година насекаде а никој помош не ни пружа.
Колкаво е детенцето? Дали зборува да ти каже зошто така прави (може си пишувала поназад, извини ако не сум прочитала)? Многу често имаат и напади на тантруми зависи која возраст е. Ако сте во странство знам дека е многу потешко и за термини и за преглед или барем проценка, за разлика од Македонија, кај што тие прегледи и проценки се прават и приватно.
2 години и некој месец. Врска неам дали беше тантрум, некои ми викаат тантрум било, некои ми викаат скок во развој. Иначе одлучив дека ќе идам во Мк ќе си ја пробам среќата на приватно. Доста тука чекав. За еден ушен преглед чекаме цела година.
Ако е толку мала можеби е и скок во развој, имам трауми од тие врескања без да разберам зошто..има 4 години и ден денес вршти ако после дремка е разбудена сама или ние да сме ја разбудиле, без разлика, она вришти пола саат...тантрум, инат, не знам што веќе. Поминува тој пола саат како друго дете да е. Не можат да канализират емоциите и само викаат. Добра одлука да си направите процена и преглед тука кај тим што имаат и дефектолог, логопед, психолог.
И јас ќе ти кажам дека мн веројатно се тантруми. Истото го правеше и мојата кога не беше по нејзино, си ја тегнеше косата и намерно ја удираше главата од ѕид, под... еве сега нема. Исто на таа возраст се појавија ваквите реакции.
Незнам. Оваа недела е значи ужасна, не се трпи. По цел ден плаче за не ништо, од се се нервира, рацете и двете цели ги бута во уста, цело време ми е залепена како крлеж, неможам да се измочам на раат од неа. Катастрофа
Ах, јас сум редовно во вц со придружба, тоалетна ми кине За плачки, колку бебе што не плачеше, после 2рата година ми наплати - не плачеше, ВРИШТЕШЕ. За се'. Право легнување на земја, нозе во вис и вриштење. Надвор, дома, секаде. Еве сега почнаа да намалуваат ваквите испади, ама стварно ушите ми беа пред колапс.
Пошо знам дека пишуваше за ушите, го средивте тој проблем? Ако не, од тоа е. Имам пишувано по сите теми, буквално исти врсти на “тантруми” имавме цело лето, се додека не открив дека детето има болки во ушите и секрет во средно уво. Еднаш помина со антибиотик и имав ново дете, после тоа се појави пак и не помагаа антибиотици, направена е операцијата и моментално се опоравуваме (плус вадевме крајник и другите два ги намалуваа) па исти такви “тантруми” сега доживуваме од болка. Само давам мислење според мое искуство.
И јас мислам дека ја мачат ушите овие денови. Гледам дека цело време се чепка за нив. Ете ќе идеме следната недела на доктор специјалист и ќе ни каже шо како. Уште тоа ми фали, и операција да треба и ќе полудам скроз. Ќе си нарачам терапија цела аптека од Мк и ќе се лечам дома.
Можеш да и дадеш парацетамол или бруфен кој е 3 во 1, да видиш дали ќе се смири после тоа, ако се смири значи навистина ја боли нешто, а плус и ќе и помогне оти против воспалително делува, ќе смири болка или што и да има.
Воопшто не е страшна операцијата, кај нас плус крајници беа во прашање. Таа интервенција е 15 минути, плус голем спас за ваков проблем. Ке се преродиш, е тек тогаш не ти треба аптека за да се лечиш Јас едвај чекав да се спасиме..
Не делуваат парацетамоли и слично, ако има секрет во средно уво, тој прави притисок. Еднаш со антибиотик се среди кај нас, следниот пат 3 антибиотици не делуваа. На интервенцијата го извлекоа секретот, и ставија цевчиња.
Ма не ми е страв од операцијата туку од после тоа, од опоравувањето. Мојава е плачка, страшлива, џигерот ќе ми го извади.