Мене тоа матичен лекар да ми каже ќе излезам од ординација без поздрав и нема да ме види веќе. Мака мачи цел свет да стигне до дијагноза , ама кај нас имало тест пренатален за детекција, абе ајде, свашта. Дај боже да најдат начин ама сигурно нема прво кај нас да биде.
Не постои тест во бременост кој ќе потврди аутизам, дури има случаеви кога не може да се препознае ни до 2, па ни до 6 години. До 6 години не ни може кај секого да пишат дијагноза аутизам, под сомневање дека е во аутистичен спектар, да.
Ако имаше тест што потврдува аутизам во бременост, досега ќе го имаше, не сега да се воведува. Да, за Даунов синдром што се открива пренатално, сите знаеме дека е патолошки, ама не и за ова. Не знам на каков се мисли, дали генетски, дали по биохемиски параметри ама луѓе, еве иако немам големо искуство на полево, ви кажувам дека аутизам е многу комплексна работа, особено ако пробаш со генетски тестови да го откриеш. И кај тие деца кај што ќе се открие "нешто" (и тоа зборам деца родени, со веќе развиени симптоми), не можеш да знаеш дека баш тоа и тоа е причината зошто генетски варијанти ги има милион, и патогени и непатогени и непознати и познати. Преку ноќ со еден тест никој не открил аутизам. Родители одат од доктор на доктор, од тест на тест и многу пати и самите генетичари се со врзани раце оти класификацијата на мутациите се одредува според светска статистика. И таа статистика се менува секој ден. Едит Ја од срце посакувам на секој родител да му олесни душата, да најдат и причина и терапија и све оти сум им гледала во лице кој товар го носат. И затоа не е во ред доктори да фрлаат од ракав вакви небулози. А ви кажувам и дека голем број доктори не знаат детално генетика, сме го гледале тоа и по пациенти што ги праќаат.
Не знам, женава многу работи кажа, само слушав, ново ми е тоа. А Даунов може да се детектира во бременост?
Чекај сега, ако тоа може, зошто по медиуми има млади мајки со мали деца со Даунов? Пак нешто некаде затаило? А се мачат родителите навистина.
Даунов се одредува или со неинвазивни пренатални тестови (од крв) и тоа тука се одредува ризик од трисомии. Ама ретко се лажно позитивни овие тестови. А инаку конкретна дијагноза се прави од амниоцити. Не знам зашто има, веројатно не сите прават тестирања или едноставно одлучиле да го родат детето.
Веројатно затоа што не направиле пренатален тест , Мада веќе и добар доктор уште во 11- 12та недела може да утврди дека плодот е со индикации за Даун . А неретко има родители кои и при знаењето дека плодот е со аномалии (Даун ) решаваат да си го задржат детето ,т.е мајката одбива да изврши киретажа
Знаев Кај неа НЕМА ШО НЕМА Обична лажачка и оговарачка, а па кога и го видов односот со вработените...не знам како издржуваат тие пусти таму.
Да, но според мое искуство како што гипоминав сите, најдобра е. Со нејзина заслуга сега сум мајка. Експерт е за мене.
Секој со искуството. Ете мене ме расплака во 9ти месец до степен да се тресам, почна да врти телефони КАКО ТОА НА ДРЖАВНО МИ ДАВАЛЕ извештај за клексани, ФОНДОТ ПРАВЕЛ ПРОБЛЕМИ, па дојде до тој момент каде под нејзино влијание (приватни другачки) онаа шо ми даде извештај на државно, да ми се јавува ЗА ДА ГО СКИНАМ! И ниеден нормален доктор не прегледува по ноќевите во ниедно време и ниеден нормален доктор не те остава цел ден да чекаш да ти се јават за термин пола саат пред истиот. Никаде не се закажува само датум, а после на датумот да си врзан цел ден и да чекаш повик - АЈ ДОАЃАЈ. И кога ќе појдеш пак ќе дремеш и ќе чекаш. Јас ова само кај неа го имам видено. Во клиники како Систина, Ремедика, Плодност каде цела Македонија па и од соседни држави оди народ, закажуваш месец дена однапред со точен час, ама каде, тие се ситни риби за неа. Како ли го измисли ова да ми је знати... закажи датум, час непознат Јатрва ми ја има прегледувано во 02ч по полноќ. Не знам само со кој памет па тие се закренале во тоа време.
Готово сватив за која станува збор, како нова во градов ми ја препорачаја незе и со првото ја пишав за матична. Еднаш така на закажано ме викна во 11 вечерта и прегледот беше дури во 3 по полноќ.... сега се чудам со кој ум сум чекала... не ми гледа ко арна со умо без врска муабети прај само и оговара. Ко ми рече за приска да прам и ко и спомнав на државно, партал ме стори со муабет ќе ми идиш после ќе ми плачиш и слично...
Што не ја пријавите? Да ми рече да дојдам на преглед во 23 или 3 сабајле, по дифолт знаеш дека е некоја со тешка дијагноза.
Оф топик муабетов ама во широк радиус ја избегавав спомената докторка, баш ради тоа прегледување на пола ноќ. Од искуство на колешки, втора опција беше да им се јави во работно време и да е, доаѓај за 15 минути си на ред. Па чекај златна, не сум јас на дугме, дали секогаш можам да излезам од работа оти тебе ти текнало така. Бар гинекологот кај што одев/м за термини е закон. Максимум што сум чекала е 10-15 минути надвор од закажано ако е покомплициран случај пред мене или дошла девојка со болки, крварење и слично што е поприоритетна.
Малку оф топик заминавме, нека ни го преместат муабетот во соодветна тема. Се е точно што кажуваш, и мене ме прегледува толку доцна, проблем ми е со дете така доцна сега, но јас такви искуства со неа немам, со сите други матични во градов го имам тоа искуство кај што си одев расплакана, до степен една докторка да ми каже дека јас неможам да имам деца, друга да ми каже дека сум се напнала за дете да одморам малку.. Со мм имавме од секој аспект проблем, па дури и еден јајцевод изваден имам, проблеми со пролактин, тсх, спермограм, и тогаш не ни знаев дека постојат мутации и клексани. Кога појдов на консултација до денот кога забременив имаше точно месец ипол кога ми среди се, еве го дечко од 2 години е. Затоа замижувам на се останато, според мене жената е закон, а знам дека секакви случки има.