Жал ми е. Јас сумнав за моето. Има 2ипол год ама покажува со прст, разбира се, јаде сам и јаде се, нема напади. Е сега не зборува реченици. Поточно до 2 год немаше ни збор. Сега има зборчиња ама не се правилни во изговор. Повторува се што му кажам ама не точно. Пример авион тој кажува авио.
Имам пишувано во темата ,,зборување кај децата” па да пишам и овде, бидејќи со сопругот сме останати без сон веќе подолго време иако јас како мајка чивствувам и знам дека детето ми е во ред, но околината индиректно ми укажува дека не е. Имам син 3 години и 8 месеци, до пред два месеца не зборуваше, односно не сврзуваше зборчиња не формираше реченици, но ја кажува азбуката на мкд и анг. Брои до 100 на мкд и на англ. Спелува зборови на англ. Ги знаи сите форми, сите животни, скоро сите професии, извонредно извршува наредби и точно знае што треба да направи. Почна да пишува, имињата на баби, дедовци, неговото итн. Почна да собира броеви до 10. Никој, никогаш го нема учено на ова, гледајќи Биби Боби и од играчките дома што се со букви бројки се научи. Тел не давам воопшто не користи. Почна да посетува дефектолог и после два месеци работа почна да зборува, сврзува повеќе зборови и формира реченица, веќе ме прашува, одговара на прашање, знае што сака што не. Ги меша родовите но тоа е нормално. Полажува чувства игра со деца што му одговараат има контакт со очи се врти кога го викам, но ако е заигран ќе се сврти покасно. Почна лани на градинка и се двои од групата во развој не сака да седи таму зашто му е досадно ндмаат активности не орават ништо, сака да оди во предшколската група да седи и во градинка полнува да биде нервозен дс плаче, каде што воспитачките на секое земање само зборуваат за него како бил многу темпераментен и ми даваат совет да го носам во центар за развој. Јас посетив уште неколку дефектолози и сите кажаа дека тој е развиен повеќе во паметот од деугите деца и е интелигентен и дека има свој карактер и таквите деца се тешки за чување во градинките. Стеучниот кадар од градинката ме повика на состанок и ме праќаат да го носам на проценка во МКФ затоа што додека бил дефектологот од градинка во негова група видел дека тој е вознемирен плачел и не сакал да седи сакал да си оди и затоа да фо носам на проценка. Јас го отпишав и запишав во привстна затоа што имаат мн активности и еве го си седи без проблем. За да ние дома бидеме мирни закажав преглед во ЦЕНТАР ЗА РЕХАБИЛИТАЦИЈА И ВЕРБАЛНА КОМУНИКАЦИЈА во Скопје на проценка. Значи тој си игра дома со едукативни играчки не сака колички мотори сака да сложува да пишува да бои. Стана љубоморен и неговото од есување се промени откако сестра му се роди но тоа е нормално. Кажете ми вие, еве советувајте ме што да правам веќе не знам. Дали според напишаното мислите дека имаме некој проблем сериозен, има задоцнет развој во говор тоа е факт, но тоа е нормално во денешно време. Се борам со опшеството затоа што ми го прават детето ненормално бидејќи не можат да се сорават со неговиот темперамент, карактер, избувливост.
Немате никаков проблем, детенцето е супер, си има свој карактер, него му е досадно од шо таму во градинката ништо не го занимавале а него му фали многу повеќе занимација, брзо сваќа, брзо учи. Добро си направила шо си ја сменила градинката. Може нешто да е повеќе љубоморен сега со бебето затоа реагира шо е нормално кај многу деца, му треба внимание повеќе и ако не го добива реагира. Ќе се среди како шо ќе расти, ако имате некаков проблем со говорот нека посетува логопед, можеш и да го запишеш на нешто плус за после градинка има различни школи интересни пример лего редење за со коцки за да му биди денот исполнет.
Ти благодарам за споделеното мислење. Сега во летниот период во план ми е да го запишам на нешто плус за да се занимава и дружи. Се уште посетива дефектолог и има многу напредот, секој ден се повеќе и повеќе ни зборува.
Супер, запиши го на нешто плус исто може ќе сакаш да смениш за логопед за со говорот, место дефектолог.
Задоцнет говор не е нешто 'нормално' денес, а ниту некогаш било. Имаш дете со нетипичен развој, свесни сте за тоа како родители и на прав пат. Оди на дефектолог, што е многу многу битно. Ке го однесеш на проценка и ке добиеш мислење. Одговор овде нема да добиеш, затоа што стручно лице нема да ти даде проценка на опис без да го види детето.
Ништо не пиев и со двете. Во странство водев бременост и тука ништо не ми дадоја се додека не ми падна железото при кај на временоста и тогаш пиев за железо. Мк е друго, таму препишуваат одма да се пие. И не, нема врска тоа што не си пиела со аутизам кај де
Ова што го опишуваш не е типичен развој, што секако не мора да значи дека а аутизам, исто и надареноста може да се манифестира со нелинеарен развој односно во некои области да е многу напреден во други да доцни. Однесете го на проценка ако ништо друго ќе ви дадат одговор зашто се случува и стратегии како да ги надминете потешкотиите со кои се соочувате. Со дијагноза или не, детето ќе биде истото дете ама вие ќе имате повеќе ресурси и знаење како да се работите со него.
Посетува дефектолог 3 пати неделно и има многу подобрување во однос на говорот. А, и веќе закажав за проценка ќе го однесам секако. Ти благодарам многу за советот.
Мислам дека имате проблем. Би ви рекла да го послушате предлогот од дефектологот и воспитувачките од градинка и да го однесете на проценка. Знам како и зошто се праќа на проценка дете ид градинка и тоа не е зошто не сакал да седи или плачел. Туку имал симптоми на интерниот тест што го прави дефектологот од градинката. Досега ретко се случува да погрешат.
Супер, баш ми е мило. Тогаш ке почекаш проценка и ке видиш што понатаму. Искрено, неретко на форум можеш да добиеш и утешни зборови, а со тоа и погрешна насока. Муабети 'ништо не му е и моето така вака' никому не помогнале.
Моето средно дете (девојче), зборчиња почна од кај 2, 2ипол и до 3ипол год немаше воопшто јасен говор. Од 3ипол до 5год одеше на логопед. Сега има 7 и супер и е говорот
Штом посетувате дефектолог тогаш значи не е само говорот тука се вклучени други елементи и и проблеми. Детето со проблем во говорот посетува логопед. Секако некогаш најтешко ни е да си прифатиме сами на себе но раната интервенција во секој поглед дава резултати а се разбира секој совет добродојден
Да, ама дете кое оди редовно, ако отстапува по нешто секако ќе му направат тест? Го слушав Трајковски, баш кажуваше дека има случаи и на 7/8 години прв пат се јавуваат за дијагноза.. па чудно ми беше зошто би требало да има начин да се увиди ова претходно и од некој друг (доктор, воспитувач) ако родителите негираат.. Фала ти ептен.