Имам другарка што на 30+ мафта со рацете кога ќе се возбуди. Нема аутизам. Аутизмот се карактеризира со дефицит на вештини за социјална комуникација, не е состојба за мафтање рачиња, вртење тркалца и што све има по нетот како знаци. Ако само ова ти е грижа не треба да се грижиш. И нема помала или поголема доза на аутизам, има спектар некои се афектирани помалку или повеќе во различни вештини. За аутизам нема лек, меѓутоа постојат терапии, кои ако се почнат на порана возраст можат да направат разлика на животот на индивидуите со аутизам.
Цело време го пратам дали има други симптоми ,но нема само мавта кога е возбудува и кога е радосен , и кога размислува понекогаш мавка.
Јас верувам дека не е сеедно да имаш дете со одреден проблем. И разбирам дека не е лесно. Да прифатиш и да се справиш со тоа. Но, што поскоро родителите прифатат дека нивното дете има нетипичен развој, толку побргу ке работат на проблемот и ке му помогнат на тоа дете. Буткање со сила во една група на деца кои поинаку се развиваат, е проблем пред се за детето. Значи детето има проблем, а нема помош и поддршка од стучни лица.
Не знам што си по струка или дали си само преначитана ама дојдов да ти кажам фала за прекрасните издржани и детални мислења на овие теми. (Говор и аутизам) Често те читам и применувам со детенцето и баш има напредок во зборчињата и изразување. Моево почна нервоза да изразува со пикање на дланките во уста и како да се гребе гризе до заби 2 3 сек, некаде вика нормален развој уште не збори не знае да изрази емоции некаде дека е знак за аутизам, времето ќе покаже што и да е ќе работиме да се подобри. Утрово исчитав 1000 статии истражувања и сфатив дека сите ние сме многу неедуцирани на темата и што значи аутизмот, што опфаќа а не само она што кружи на инстаграм. Еве јас мислев знам а појма сум немала каков широк спектар е тоа и колку е важна навремена интервенција, реакција, работа, а не само негирање од срам што ќе рече народот па да не сожалува ли и сл. Зголемен број на дечиња со аутизам, дали е последица на модерното време, технологии и недоволно посветено внимание од родителите или тоа што пред години се сметало за повлечено, хиперактивно или уникатно дете било од недоволно пристап до информации?! Гледам сите центри чекаат да има 24месеци, тешко се препознава и корегира претходно или? Бидејќи по светов викаат што порано да се започне и провери.
Само начитана, од истата мака, анксиозност Најрано што може да се дијагностицира е 18 месеци и од тогаш може да се процени дали едно дете е во ризик за аутизам или не (најпознат прашалник за тоа е mchat) ама рана интервенција за доцнење во развој во било кој сегмент, социјални вештини, комуникација фина или груба моторика говор може и многу порано, малтене од бебе. Ама ова во западни земји каде што педијатрите се обучени за препознавање на рани знаци и каде што на регуларни прегледи на 3 месеци администрираат прашалници со кои следат дали детето прави се што се очекува за негова возраст и каде што има центри за рана интервенција кои се бесплатни за родителите. Овде, од мое искуство и обзервација, нит имаме едуциран кадар нит свесноста е на тоа ниво ниту кај педијатрите а уште помалце кај родителите. И јас бев таква неедуцирана и се секирав зашто детето не ми се врти на име, мафта со рачињата, и 300 други глупости што отпосле дознав дека не се никаков знак или индикатор. Откако почнав да читам на темата, им го следев развојот преку тие прашалници и уствари сфатив дека децава не што немаат доцнење со социјално комуникациски вештини него се многу напредни што пак шансата да имаат аутизам се сведува на скоро нула. На сметка на тоа, пак каснеа со груба моторика, што ми беше исто голема грижа. Најголема мисконцепција е отсуството/каснење на говор што се изедначува со аутизам, и спротивно, имањето на говор што се изнедначува со немање на аутизам, кога говорот всушност не е ни дел од дијагностичките критериуми. Немањето или доцнењето со говорот не значи дека детето има аутизам исто колку што имањето говор не значи дека детето нема аутизам. Може детето да има преголем вокабулар, ама да не знае да го користи да каже што сака, што го боли, што му е интересно. Односно да нема прагматичен говор, да разменува реченици надоврзувајќи се на она што му е кажано што се очекува некаде после 3тата година. Следна мисконцепција е имањето/немањето контакт со очи. Во дијагностицирање на аутизам не се проценува дали детето има контакт со очи, туку како контактот со очи го користи. Пример, јас кога бев загрижена за едниот близнак, а бе детево контакт со очи немаше според мене. Активно избегнуваше да ме гледа во очи од близу, и колку и да го форсирав едноставно се друго ќе гледаше ама мене не. Што па било мноогу честа појава кај мали бебиња. Од друга страна, користењето на контакт со очи за комуникација му беше одлично, од бебе имаше 3 point gaze (да погледне во играчка/предмет, па во мене па во играчка да погледне во мене кога нешто ненадејно ќе се случи, да погледне во мене кога ќе види нешто интересно за да види дали јас сум го видела (се ова се форми на joint attention чие отсуство може да биде индикатор за аутизам од многу рана возраст) Следна мисконецпција е, разбира се, извршува команди. Еден голем дел од децата со аутизам имаат проблем со рецептивниот говор, ама има разлика од разбира се, до разбира се. Има точно определени мајлстони на која возраст што и колку треба да разбира и какви команди да извршува. Зголемениот број на деца со аутизам се должи на повеќе фактори, еден е што свесноста за состојбата е на повисоко ниво, се дијагностицираат деца кои се mild, кои претходно биле нарекувани тврдоглави, срамежливи, малце чудни, несоцијални и сл а уствари се во спектарот. Второ, до пред некоја година Аспергер на пример било посебна дијагноза, сега сите се под капата на аутизам, подоцна наречен high functioning, а сега low support. Веројатно има и други фактори, ама тоа е на научниците да докажат, не би да шпекулирам. Драго ми е што има напредок со зборчиња, се надевам дека набрзо ќе дојдеш во фаза кога ќе викаш Аман заќути малце, мозокот ме боли од тоа дрдорење Да те потсетам, до 15 месеци се очекуваат само 3 зборови како минимум И пикање раце во уста и гризење не е знак за аутизам, повеќе е знак за вадење заби Моиве на таа возраст главите си ги лупаа во комода секој ден, повеќепати дневно Се распишував јас, остаив и некои корисни линкови за некој ако сака да прочита или да ги погледне прашалниците, ама да напоменам за прашалниците, не изигравајте доктори сами, не толкувајте резултати во една или друга насока дури и да покажат некаков ризик или доцнење. Прво, овие прашалници треба да се спроведуваат од педијатри обучени за тоа, и било каков резултат не е сам по себе никаква дијагноза. Не е една работа кога се прави проценка, ако беше така, сите ќе си ги проценувавме по дома. Ако имаш некои прашања слободно пиши ми пп
Децата со функционален аутизам се послични на нивните врсници со типичен развој. Може да не им треба поддршка или ако се открие рано нетипично однесување, истото и да се коригира. Дел нема да бидат ниту дијагностицирани оти не отскокнуваат премногу од останатите и нема да им преставува пречка во секојдневното функционирање, иако се дел од спектарот. Додека пак на оние деца со нетипичен развој при аутизам кој што не е функционален, им е потребна стручна поддршка цело време.
Здраво, син ми сеуште нема говор, има 2 год и 3 месеци, на име се врти кога како, пример на мм му се врти скоро секогаш, мене не баш, знае да игра криена, пика бу, сега ќе те фатам итн, реди сортери без проблем ама реди и во линија играчки, пример камчиња надвор, контакт со очи има, кога му пеам, кога сака нешто исто, ме носи за рака до нештото, гледа во него, во мене па пак во нештото, ако му е на дофат храна сам ја зима ми носи да му олупам пример банана, водичка ако нема во шише, ми носи да му ставам, знае што е за што, чешелот за чешлање, четка за заби итн, реди со мене лажици вилушки кај што треба да се, алишта во машина става, се што ме гледа прави, ако сака надвор ме носи до врата и дава патики. Има страв, свесен е за рсботи, пример се чукна во маса ко се пикаше под неа, сеа си гледа нагоре додека излезе па се исправува.. Сега пред една недела почна да има како тикови, клима со главчето ко да потврдува нешто, ама е потврдување.. Со храна нема проблем, јаде се, нема проблем со текстура, џвака уште од малечок.. Одиме на дефектолог месец ипол веќе, ми рекоа дека се работи за аутистичен спектар или пак за сензорни проблем, затоа што ги има, нејќе да го чкрташ по рачиња ноџиња, не сака да има нешто на глава, не сака да се лула, ама нив ги надминуваме полека, сега нема проблем со лулање пример, нема проблем сега со одење бос по трева, бетон, земја... Кај да барам мислења, кои се дијагностичари добри? Ни дадоа и да испитаме кандида, тешки метали, интолеранции итн, се ми е закажано, од следнава ни почнуваат тие работи... Дали имате и друг совет, што било, на што да обратам повеќе внимание...
Јас имам дете 2год и 9 месеци. Тоа што го наброја и ние го имавме. Пред 2 месеца почна да зборува зборчиња. Сега има многу зборови и тоа на мак и на јазикот кај што живееме. Почна и да сврзува. Е сега незнам дали сте посетиле слух, трет крајник. Мојот испадна дека има 3 крајник и привремено намалување на слух имаше. Сега слуша ама ќе мора операција на 3 крајник. Исто посетуваме се што треба и напредок голем имаме.
Немаме проверенп, освен слух кога беше бебе во болница му правеа скрининг, беше уреден, бевме и само на ушно, редно рече докторката, никаква повреда на ушно тапанче или сл.. ама крајници немам проверено..
Прашав бидејќи познавам сличен случај каде што градинката помогна многу. Откако детенцето тргна во градинка, почна да се забележува напредок. Секако вие побарајте си мислење и направете си ги сите потребни испитувања.
Здраво на сите. И јас ср мачам со оваа тема долго време и тоа поради читање се и сешто на интернет пошо сум многу анксиозна. Бремена сум 5ти месец и сосем случајно налетав на статија као наводно пиење парацетамол за време на бременост било една од причините за појава на аутизам. Јас некаде 5та 6та недела имав забоболка многу силна па пиев 2 дена парацетамол. Потоа имав многу големп воспаление на крајниците па пиев уште 3 дена парацетамол и ми фадоа амоксицилин. Е сега мене паметот ми е таму. Многу би дакала да слушнам дали има некоја такво искуство. Да пиела парацртамол па да има детето аутизам или пак да пиела ама да нема дете со аутизам....
Има жени што мора да пијат секакви терапии за време на бременоста има жени кои пиеле антидепресиви па родиле деца без аутизам и без никакви други состојби, немора да значи дека е од лековите , има мајки што не пиеле ниту еден лек за време на бременост па имале дете со аутизам , мислам дека не е се уште итврдено од што може да настани аутизмот , никогаш не се знае , само добра мисла да се има е најважно