Се работи за синот на моја другарка. Има 6 години не помни, помни блиски луѓе како баба, дедо, роднини, но мене што ме гледа еднаш на секои три месеци не ме помни. Опседнат е со телефонот и со телевизорот и кога гледа во нив не одговара на прашања целосно е отсутен. Не зборува чисто, посетува логопед и има напредок, но тие мислат дека проблемот е само во говорот дека нема друг проблем кај него.
А што ако не сакаат отчет да ти дадат, мора ли да ти објаснат што има проблем детето? Не ми е јасно ич кога прашувате за деца на роднини и пријатели, за што се замарате.
Проблемот е што мислат дека се е во ред. Сакам да и помогнам. Претходниот логопед и навел дека има проблем. Таа се налути тогаш и го префрли кај друг. Состојбата е очигледна нема што да се крие. Ќе почне на училиште ќе заостанува. Многу е неодговорна по цел ден е детето пред телефон и телевизор и станува агресивно кога не гледа. Сакам да разговарам со неа, но мислам ќе ми се налути. Не се работи за мое дете.
Не верувам дека можеш тука да добиеш корисен совет, ако детето има проблем мора да биде проценет од стручни лица и да се дадат насоки за вежби и терапии. Ако родителите негираат дека има проблем, што повеќе можеш да направиш? Верувам дека имаш добри намери, ама ако родителите не прифаќаат џабе е се.
@FlowerMarija детето има одено во градинка? Ако има, уште таму би требало да им имаат кажано на родителите дека треба помош од логопед, дефектолог итн. Повремено ги зима стручниот кадар во градинка баш за вакви работи... Мене пример ми наведоа за првото девојче дека треба да се работи со логопед, па 1ипол год одеше на логопед..
Нема одено во градинка, знам да одеше во градинка ќе беше подобар. Постои решение 21 век сме, не може да се однесуваат како да нема проблем. Во ред беше кога беше мал зборуваше, потоа не знам што му се случи. Почна со голема потешкотија да зборува. Викаа мал е ќе се ослободи. Голем удел имаат тие го навикнаа со телефонот и не може без него и гледа некои според мене глупави цртани со борење. Мене најмногу ме загрижува тоа со помнењето.
Не е тоа од сега многу одамна се сеќавам дека бев на гости кај колешка на мајка ми тие се преселија и никогаш не прашав што бидна со нив да скратам детето беше околу 4 години и не зборуваше ништо освен по некои англиски зборови кои ги научил од цртани и беше многу чудно за мене бидејќи тогаш се најљубопитни по 100 пати прашуваат ама мајка му се сеќавам гајле немаше. Со деца си треба работа, зборување. Ако детето од пријателката твоја има 6г. ќе мора наскоро да почне со училиште така да ќе си видат до што е.
Пред да се постави дијагноза аутизам потребно е да се исклучат сите можни медицински и немедицински причини за симптомите и однесувањето како на пример, слух, проблем со орална моторика, оштетувања на мозокот, траума, екранизација и сл. Преголема изложеност на екрани може да предизвика сериозни проблеми и кај здрави деца, да не зборуваме кај деца со некаков проблем со развојот. Дали е телефонот главен проблем или е само симптом на друг проблем мора да утврди стручно лице. Дури и најнеупатените родители би знаеле дека дете од 6 години што има проблем со говор треба да се однесе на подетални испитувања. И не зборам логопед, тие не се ни стручни за проценка и давање дијагнози. Него да се почне со невролог, генетски испитувања, проценка на развој итн. Ама како што рече Луна, не можеш да помогнеш на некој што не бара помош.
Не е на никој обврска да дава помош онаму кај што не е побарана истата, при тоа да се работи за туѓо дете. И тука да ти дадат совет или помош да речиме , што ќе и речиш на мајката : еј за детево твое имам решение , а мајкава небара помош
Колку и да си добронамерна, не е твое место да се мешаш. За жал, со таков тип на луѓе, нема да има ефект, дури и да им посочиш.
Штом детево те гледа еднаш на секои 3 месеци - не си доволно блиска да се мешаш во вакви работи. Ниту пак знаеш што се случува зад затворени врати и што точно мајката (не)прави. И помалку осудување. Како би знаела ти што прави детето 24/7 од гледање еднаш на 3 месеци...
Најверојатно мајката пушта цртани додека се гледа со другаркава за раат да позборуваат. Ама одма заклучоци и налепици.
Читав дека ако жената има проблеми со тироидната, а не е свесна, дека може да роди дете со аутизам. Се помислив дали кај нас има такви случаи, а сигурно има. Што би било најдобро да се направи? При планирање на бременост да се испитаат тироидни хормони, да се направи ехо на тироидната или пак обична крвна слика ќе даде сигнал дека нешто не е ок со тироидната?
Да има врска. Во русија пример прво нешто кога дознаваш дека си бремена,меѓу другите тестови што ти ги дава доктор е -испитување хормони на тероида. Познавам жена што имаше минимално покачување и и препишаа најмала терапија. Многу било опасно за развојот на бебето хормоните на тероида да се изместени. Јас две деца родив никој ништо не ми препорача за тоа. После гуглав и видов и во други држави дека е задолжително проверка во бременост.
Инаку неможе обична крвна слика да покаже дека нешто не е во ред. Во некој случаи може да нема ни симптоми поготово ако не е многу покачен. Јас почнав да испитувам редовно после второто дете. Мајка ми има цел живот тероида па и кај брат ми се појави и затоа и јас почнав на 6 месеци да си правам хормонален тест за лани октомврито да ми излезе хашимото плус хормоните изместени и сега сум на терапија. Смеам да имам и трето дете под строг надзор на хормоните и точна терапија. Едит: затоа треба самоиницијативно штом дознаваш дека си бремена веднаш да си испиташ хормони.
Во Германија е исто, прво нешто од кога ќе ја потврдат бременоста, испитување на крв, тироидни хормони, кламидија и некои антитела. Мене ми е препишана најмала доза од еутирокс, затоа што имало минимално покачување. Докторката рече дека границата е до 2,50 а мене ми е 2,66.
Испаѓа дека жената мора сама да си ја брка работата, оти никој нема да ти каже. Планираш ли бременост, испитај си тироидни хормони, не си играј, така би било најпаметно. Со оглед на тоа дека има доста деца со аутизам си помислив дека и ова може да е причина. А многу болести така може да си работат во телото, а да не даваат знаци.
И се да испиташ со ред ,гаранција за неродено дете нема,никој не може да ти даде.Тоа дека жена сама треба да си брка испитувања е најмал проблем.