Аутизам кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од Hipica, 16 април 2011.

  1. Ta-mara

    Ta-mara Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2019
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    684
    Пол:
    Женски
    Братучедка ми не знаеше дека има спора штитна жлезда,после од како го роди првото дете дозна дека тсх и било 5 па 8 ,среќа се е ок со детето ,треба да се следи само и се ќе биде ок
     
    На Fenix05 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.204
    Допаѓања:
    3.040
    Лесно е да се следи тироидната, не сме први век , само што тие хормони се вештачки ама телото ги препознава како природни , глупости дека од тироидната се случувало нешто , се случува ако не ја следиш и не земаш терапија редовно , јас па имам слушано дека постари жени од 35г ако раѓаат има ризик фактори , познавам многу кои имаат проб со тироидната и постари од 35г што родиле ,ене ги фала богу се ок, неодамна на тв кажуваше една жена дека лошо било за детето да се остава само да гледа тв или на телефон пошто така мозокот не му работел да препознава и да функционира надвор од тој свет и демек тоа било фактор за аутизам ,што е точно никој не може да потврди.
     
    На Lady Miami му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.529
    Допаѓања:
    91.531
    Пол:
    Женски
    Аутизам нема никаква врска со заболување на тироидната.
    Гените имаат најголема улога.
    Работам со деца меѓу кои има аутистични деца и не знаете колку семејства има каде едното има аутизам па има второто или третото., што доволно говори за поврзаноста на гените при настанување на аутизмот, никакви болести или вакцини не влијаат.
    Јас родив две деца со хашимото, болеста ми се јави веднаш по породивањето со првото, немаат аутизам.

    Забавен развој кај детето но не аутизам може да се јави само доколку самото има намалена функција на жлездата но на истата се проверуваат сите деца родени од 2006 наваму преку скрининг уште во родилиште.
     
    Последна измена: 23 август 2025
    На Мариаа., Bozica1980, Giovanna и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.544
    Допаѓања:
    28.503
    Пол:
    Женски
    Јас па имам прочитано дека ако мајката има автоимуно заболување во текот на бременоста, шансите се поголеми за да роди дете со аутизам.

    Само шо, ова уште не е докажано и уште не се знае зошто настануваат автоимуните заболувања.

    Мене баш во бременост ми открија дека го иам тоа, и ете, ќерка ми има аутизам.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.489
    Допаѓања:
    13.671
    Пол:
    Женски
    Имам автоимуно дијагностицирано во 2016, хашимото, а претходно неколку години ми викаа ништо не ти е, нормално е се, па родив во 2019 дете без аутизам, еве 6 ипол години има. Малово 6 месеци е, ќе видиме како ќе се развива.
    Јас тврдам дека и аутизмот генетски се пренесува. Автоимуно да, може да влијае на развој, ама аутизам да предизвика не баш.
    Исто како и вакцините. Може да има реакџија ама не предизвикува аутизам. Може да биде тригер за порано да се јават симптоми.
     
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.789
    Допаѓања:
    14.290
    @Adidas888 не те сфатив, ако не е тајна, за какво заболување се работи кај тебе ако сакаш да кажеш.
     
  7. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.544
    Допаѓања:
    28.503
    Пол:
    Женски
    Незнам за кое точно оти немам отидено на реуматолог да се испитам. Ги има многу.
    Во текот на бременоста добив воспаление, ме држеа 3 дена во болница за да утврдат шо е, прво мислеа да не е алергиска реакција и накрај ми рекоа дека е автоимуно.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.529
    Допаѓања:
    91.531
    Пол:
    Женски
    Германско здравство.
    :|
     
  9. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.544
    Допаѓања:
    28.503
    Пол:
    Женски
    Македонска работа. :)
     
    На mKdevojce му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.428
    Допаѓања:
    17.803
    Пол:
    Женски
    За некои попречености (не се сеќавам на медицинскиот назив на болеста) имам читано дека деформација во одредени гени, но истата деформација да ја имаат двајцата родители, доведува до попреченост. Доколку едниот родител ја имал деформацијата, детето ќе било само носител.
    Ова со тироиднава не ми држи вода некако. И тоа дека ако едно дете има аутизам и наредните ќе имале (моето искуство не вика така).
    Има многу претпоставки, никој не може да тврди ништо.
    Аутизмот не е болест, туку нарушување во невролошкиот развој. Нешто се случува во нервниот систем, нешто стагнира, нешто се подобрува.
    Од воздух, вода, хемикалии, вакцини, лекови, автоимуни болести, "неодговорна" мајка до којзнае што, се шират теории. Само за "неодговорен" татко не прочитав. Дали неговата тироидна влијаела на плодот или за тоа уште не "испитале".
    Додека не се потврди нешто научно и практично, не го ширете како дезинформација.
    Ме заболе мене некој Џон од САД или Димитри од Русија што мислат вака така додека пијат виски и вотка. Родителите на деца со аутизам си имаат доволно тежок, комплициран живот, за да некојси анонимус или член по форуми и социјални мрежи им набива чувство на себеказнување и себеобвинување.
    А највеќе ми пречи зборот "попреченост" за деца со аутизам. Тоа се најчисти суштества на светов кои просто не знаат за зло. Добрина им извира од очите. И не сте свесни колку можат да оценат од прв поглед кој е добар човек а кој не, кој што му мисли. Колку љубов прима, тродупло дава.
    Штета е што народов е апатичен кога станува збор за такви лица. Мал број родители им објаснуваат на своите деца како треба да се сакаат сите деца и да се дружат со сите. Такви гадни луѓе има, што мислам не ги пуштаат на родендени кај аутистични деца. Ќе ми глумат инклузија...Ние останатите сме со попреченост, таква злоба се крие во луѓево. Како аутистичните деца да се од друга посовршена планета, а ние да сме на казнена експедиција тука.

    Јас вакцините ги сметам за можен причинител, можеби не директен, туку секое дете пред да прима вакцина, треба детално да се испита (генски, хормонски, хематолошки итн). Можеби во тоа дете "тлее" некој причинител кој вакцината ќе го активира.
     
    На Amy1, Stressed Out, JuLleE и 15 други им се допаѓа ова.
  11. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.976
    Допаѓања:
    18.890
    Пол:
    Женски
    Па и ти зборот "попреченост" го перцепираш како нешто лошо и страшно.

    Формите на аутизам, каде детето не може да функционира самостојно, без родител или асистент, се попреченост.
    Има високо функционален аутизам, каде што личноста целосно сама се грижи за себе. Но, повторно, обврските не се баш едноставни како за некоја друга личност без аутизам.

    Никој не кажа дека на децата не им извира добрина. И треба многу да се говори за инклузија. И кај возрасни и децата да се спремни дека во училиште ке имаат другарчиња кои функционираат, а некогаш и изгледаат, поразлично.
     
    На Munchmallow20, Angie1432, LiquidLuna и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.428
    Допаѓања:
    17.803
    Пол:
    Женски
    Не ми вади зборови кои не сум ги пишала. "Лошо и страшно" не знам во која смисла го кажуваш. Комплициран и тежок живот спомнав, ама лошо и страшно, си правиш филмови.
    Извинете што ги пофалив децата со аутизам, мислев дека никој не знаете за нивната добрина :^)
    Не знам зошто всушност ме цитираше или онака од навика.
     
  13. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.976
    Допаѓања:
    18.890
    Пол:
    Женски
    Да елаборирам.

    Децата со аутизам, кои се целосно зависни од родител или асистент, се, деца со попреченост.
    Детето утре ке порасне во млада личност која ке зависи од некого. Нема да може да оди на работа, а тоа е попреченост.

    Личностите со аутизам се попречени во извршување на секојдневни активности.

    Ми излезе видео, каде мајка од Србија бара асистент за дете со аутизам кое има 21 година. Таа млада личност не може сама да се избања, да излезе на кафе, отиде на работа. Што е тоа ако не попреченост?

    Јас верувам дека на родителите кои имаат деца со попреченост или посебно потреби, не им е ни најмалку лесно. Но, свесни се дека нивните деца немаат типичен развој, и зборот попреченост не е навреда, туку нивна реалност.

     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.700
    Допаѓања:
    3.490
    Пол:
    Женски
    Се извинувам што упаѓам на темава. Може не сум најинформирана и не сакам никого да навредам. Но не сме инклузивни сеуште. Треба мнг да работиме на едукација и на децата и на возрасните.
    Имам во свое опкружување две дечиња кои некако поинаку се развиваат од другите. Не знам дали имаат дијагноза аутизам, не ми е згодно да прашам. Едното од нив е големко 8-9 години, на моја втора братучетка.
    Мислам дека таа некако се има повлечено може од што е посветена на децата. Сакам да и олеснам и да ја опуштам. Се видовме низ град и јас е понашав сосема вообичаено со детето, си разговаравме за се што ме праша, ама таа некако беше напната.
    Сакам почесто да ја дружам, мислам дека е добро детето што повеќе да комуницира со луѓе, ама и за неа е добро.
    Не сме инклузивна средина, дефинитвно не, гледајќи колку мнг луѓе се затворени. Сигурно не можам да се ставам во нејзина кожа, ниту ја разбирам како и е. Таа му е личен асистент во училиште, мнг се труди. Но општеството, претставено од сите нас единки, не сме поддршка. Колку јас и да се обидувам да и пристапам, мислам дека нејзин општ впечаток од средината ја мачи.
    Извинете ако некаде грешам и ако имате совет, пишете. Сакам таа да е поопуштена бар со мене. Ама не сакам нит да ја сожалувам нити да и попувам; сакам да си комуницираме како си другите.
     
    На SummerGirl, eliesaab и Abeja им се допаѓа ова.
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.847
    Допаѓања:
    39.020
    Пол:
    Женски
    Како не им е срам?

    IMG_20250905_175946.jpg
    IMG_20250905_180007.jpg

    Ако ова не е за тука, нека брише модераторот.
     
    На Abeja и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  16. Bettina23

    Bettina23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2023
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    3.146
    Пол:
    Женски

    Мајка ми ме родила мене со изместени хормони т.е хипотироидна имала,не знаела не примала терапија.Проблемот е што наследив јас хипотироидизам,немам аутизам.
    Јас родив две деца,со следење на тироидната и примање на терапија,досега е се во ред се надевам така ќе остане
     
  17. majadimo@gmail

    majadimo@gmail Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки сакам да прашам дали некој од вас го имате посетено со децата центарот за патологија за слух и говор како сте задоволни од логопедите и дефектолозите ви благодарам
     
  18. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.428
    Допаѓања:
    17.803
    Пол:
    Женски
    Попреченоста ја спомнав како мала споредба со "попреченоста" која ја има човекот со "типичен" развој кој не знае да љуби и да сочуствува.
    Ете пример за моето мислење е постот на @SummerGirl
    И те молам не ми се обраќај за да ми објаснуваш што може а што не може дете со аутизам или родител на такво дете. Почнувам да се сомневам дека ја потврдуваш мојата теза.

    На тој родител му е потребна помош од најблиските, сопруг/сопруга задолжително, баби, дедовци, чичковци, тетки... Тука родителот не може сам, а да не полуди. А на тоа дете му треба здрав родител, и психички и физички, затоа чувајте се родители, немојте да паднете телесно и умствено, вие сте светот на вашето дете. Ве убива мислата како ќе продолжи без вас, затоа грижете се за себе, за да можете подолго време да се грижите за детето.
     
    На Mother of 2boys, JuLleE, st-el и 2 други им се допаѓа ова.
  19. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.339
    Допаѓања:
    28.182
    Другарка на големиот син оди со години таму заради немање говор (без аутизам).

    Еве ја ќе прави 6г си тргна редовно во школо, иако има уште работа дур ги стигне врсниците. Презадоволна е мајката, многу голем напредок.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.976
    Допаѓања:
    18.890
    Пол:
    Женски
    Пак ка вртиш работата во недостиг на аргументи.

    Лице со типичен развој а недостиг на емпатија, сепак може да функционира самостојно. Да извршува секакви активности самостојно, оди на работа, функционира без потешкотии.
    За жал, тие лица се непријатни како друштво, ама не зависат од никого.

    Лица со попреченост имаат потреба од нега.

    Дај да не го силуваме зборот попреченост. Си има дефиниција.
     
    На st-el, Munchmallow20 и Angie1432 им се допаѓа ова.