Разбирам дека сакате да покажете емпатија и разбирање ама вака само го бутате реалниот проблем под тепих - а тоа е дека овие состојби честопати имаат генетска позадина, дека често го нарушуваат нормалното функционирање на детето и дека им треба соодветна дијагноза и терапија. Не секогаш, ама во многу случаи да. Со "абе супер си е детето, нема никаква попреченост/пореметување/болест" не знам кому помагате. Сите дечиња, и со типичен и со атипичен развој и со други состојби можат и да сакаат и да се дружат. Јас ете можда од моја перспектива го гледам вака ова, оти сум се сретнала со деца со аутизам и други невроразвојни состојби и родителиве радо би да се открие што е причината, колку год да е тешка, отколку да ги тешиш дека детенцето е само поразлично од другите и да останат пак со милион прашалници. Оти доаѓале баш за одговори, за нови совети, за нови испитувања, не за емпатија со зборови. Да, тие што му се поблиски ќе бидат поддршка, тоа во ред. Ама барем тие што работиме во таа фела, сфаќаме кое уназадување е муабетов што се прави. Истото го мислам и за луѓе со други попречености. Ете некој има физичка состојба за која не знае дијагноза, го шетаат од лекар на лекар, од испитување на друго и трето, ама ти го убедуваш дека он е здрав, може да функционира, да се прифати таков каков што е, и не му треба да бара сосила болест? Не ја сфаќам и аверзијата кон зборот болест или попреченост, можда пошто самите ја имате кон други болести/попречености, па не сакате и ова да се вброи во таа група. Да бидат рамо до рамо тие деца и луѓе со нас е едно и ете од ваша страна направете толку за нив. А терминологијата и све остало оставете на некој што учел за тоа.
Луѓето се ко леле децата со аутизам се ангели пратени од небото и после тоа прават булинг на возрасен човек кој 100% е на спектарот ама не е дијагностициран бидејќи аутизам е актуелна тема во последниве години. Со тоа што гледате проблем во зборот попреченост им правите уште потешко на сите што имаат некое невроразвојно нарушување зашто испаѓа дека треба да живеат од пофалби додека се игнорира потребата за реалните акомодации кои не ги добиваат во нашава земја, а треба да им бидат достапни како поддршка во многу сфери.
Девојче, не знам какви аргументи ми бараш и што упорно се обидуваш да ми докажеш а јас еве што не го знам, како жена која секојдневно е поврзана со лице со "аутистичен спектар". Не ми е јасно какви дефиниции спомнуваш. Мене животот ми е дефиниција, теорија, но и пракса. Ај да не се натегаме со поими, очигледно не размислуваме на иста фрекфенција. Болест?! Ајдеее...Не знам каде учиш, ама ми изгледа како да не ти се јасни работите. Јас мислам дека се "ангели пратени од небото" (мислам дека на мене се однесуваше реченицата, иако не ме тагна). Е тука си во право. Многу пати жалам што живеам во Македонија или жалам што Македонија ја направија таква држава од која со мерак би избегал човек.
Не сум девојче, жена сум. И не знам зошто се натегаш со мене, навистина. Мајките со деца со попреченост ја имаат целата поддршка од мене. Се обидувам да разберам, иако тоа не е целосно можно доколку немаш таков проблем со твоето дете, се сочувствувам со нив и се трудам да помогнам на било каков начин. Твојот обид да се избегне дефинирање на аутизмот како попреченост, нема да го олесни секојдневието на еден родител кој има дете со аутизам кое не функционира самостојно. Факт е дека секоја неможност да се функционира без помош, а притоа нема решение за дијагнозата, е попреченост. Со син ми учи дете со попреченост. Не знам каква дијагноза има, веројатно аутизам, но не е ни битно. Тоа дете има асистент, не функционира само. И сега ако тебе те нервира што го нарекуваат дете со попреченост, што им менува на родителите? Што менува дали ке кажеш аутизам или попреченост?
Ма каде сум рекла дека нема "попреченост". Само направив споредба со попреченоста кај луѓево кои кријат толкава злоба. Реков дека тоа е поголема попреченост.А ти упорно сакаш да ми докажеш како функционирале. Не реков "не, супер им е нив, можат се сами". Потенцирав на недостатокот од љубов и емпатија кај другите со т.н. типичен развој. Аутизмот не е болест, тоа е состојба на умот. Аутистичните луѓе не се болни, заразни, тие се само различни, различно ги обработуваат информациите кои ги примаат од околината, различно реагираат, поинаку комуницираат и се поврзуваат. Но, многу добро знаат да осетат кој е добар човек, да осетат позитивна енергија. Ама некој веќе спомна во групава дека го знаеле тоа Се уморив од објаснување што сакав да кажам, ако и ова не беше доволно, ќе сфатам дека не е до мене. Можеби погрешив што се вклучив во темава, овде сите повеќе знаат од оние што навистина знаат.
Potreben mi e defektolog ,ke ve molam preporaka od lichno iskustvo ,MN teshko da se najde navistina defektolog sto ke se potrudi so deteto
Еве каде кажа. Кога веќе се напна и запна. За луѓе без емпатија нема што да збориме. Јасно ни е на сите каков профил е тоа. Таквите луѓе не се сакаат себе си, а не пак дете со одреден проблем. Аутизмот е дијагноза. Болест. Проблем. Попреченост. Не е состојба на умот. Затоа што не се лечи. Не е променлива, за жал. Сите состојби на умот, ако веќе сакаш така да ги дефинираш, не се заразни. Но, ако го попречуваат нормалното функционирање, ако е нетипичен развојот, е попреченост.