Аутизам кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од Hipica, 16 април 2011.

  1. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    834
    Пол:
    Женски
    Не кажува мама тато било каков збор,знае баба или де-де (во баботење)ама без никакво значење.Знае да покаже тато каде е или да отиде до кај татко му и да рече е.Или знае да ја стави цуцлата кога ќе му кажеш да ја даде,боби(куклата) ја знае но
    Не прави чао ниту браво ,нема куче маче ништо такво.
    Прооде пред неполн месец НО
    Единствено да речам што најмногу ме плаши а не знам дали е нормално не можам да забележам други бебиња така да прават е вртење со дланките.Најчесто е да речам кога како да се возбудува ама причината не е некоја нова за возбуда не знам ни ја како да опишам
    Пример седнуваме во хранилка да јаде и он се возбудува почнува да врти со дланките или да ги отвара и затвара,стануваме од хранилка исто.
    Се облекуваме јакна за да искочиме исто.
    Книга што 100 пати ја има видено исто.
    По скали се качуваме за накај спална исто.
    Не знам како да опишам но премногу сум исплашена ,веќе се повеќе само во тоа ми е фокусот ,мислам дека и психички и мене ми влијае стравот.

    Едит:покажува со прсте.Не знам дали менува ова нешто но само нафрлам работи што ми текнале или главата што си ја тупам со читање.
     
    Последна измена: 30 март 2026
  2. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    6.697
    Ништо од ова не е знак за аутизам, и единствен проблем што го гледам е што го хиперанализираш секое негово движење. Да, сите бебиња прават такви движења, некои помалку, некои повеќе. И не се причина за загриженост воошто. Самото тоа што користи показен гест за комуникација практично ги сведува шансите да има аутизам на 0. Единствен совет што можам да ти го дадам е да поработиш на својата анксиозност затоа што не си правиш услуга ни на себе ни на детето. Знам како се чувствуваш, зашто сум била на твое место, ама очигледно читаш погрешни работи, затоа што аутизам не е вртење на дланките или мафтање со раце. Правење браво не е гест за комуникација, мафатање за чао може да дојде и подоцна, моделирај му, кога некој испраќате, или кога искачаш од соба, ќе му кликне. 3 збора се очекуваат до 15м, рецептивен говор му е супер за возраста. Аутизам е дефицит на социјално комуникациски вештини, нешто што не го гледам во она што го имаш пишано. Олабави се, не читај глупости и играј се со детето, зашто еден ден ќе ти биде жал за изгубеното време.
     
    На dromka, EnaEnA30, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    834
    Пол:
    Женски
    Нема ден веќе 2 месеци и повеќе константно го вежбаме чао со мафтање.Го разбира зборот посебно кога он треба да иде некаде точно знае и гледа во врата но не мафта.
    Ти благодарам но ме смири.
     
  4. AlmaOculta

    AlmaOculta Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2026
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    712
    Пол:
    Женски
    Мрдањето на рачињата е нормален процес кои многу родители го сметаат како знак за аутизам. За зборувањето - можеби е фокусиран за да прооди и затоа нема започнато. Бидејќи не е никој на форумов дефектолог, ниту експерт, имаш ти страшна грижа, мој совет е да посетите дефектолог. Кажи му се што имаш забележано, да го види детето и многу е олеснително кога ќе добиеш информации од лице кое е стручно за оваа област.
     
  5. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    834
    Пол:
    Женски
    Затоа и прашав дали има некаде за 13м бебе или воопшто не прегледуваат толку мали.
     
  6. tanna13

    tanna13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2013
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    85
    Во советувалиште за вакцинација, таму можат да ти направат проценка (има дефектолог,психолог). Моето дете почнав да го носам од 8мес. на проценка кај дефектолог бидејќи не се вртеше на име.
     
  7. Little_girl

    Little_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2015
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Некој да ми препорача добар доктор кој би направил проценка за моето дете?
     
  8. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.485
    Допаѓања:
    5.457
    Проценка во центарот за слух говор и глас преку матичен
     
  9. Снегулк@23

    Снегулк@23 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    4.091
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Ако ти треба за по институции за да оствариш некое право мора државно, ако ти е лично за себе ако сеуште работи др Олга Јотовска
     
  10. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.233
    Допаѓања:
    13.249
    Пол:
    Женски
    Син ми има 4 и пол години. Уште од мал е некако поразличен од другите деца, ама во последно време почнаа сѐ повеќе да се забележуваат тие разлики. Не сака да се социјализира, не знае како да се однесува во група, не сака да оди во градинка, нити соработува таму, а исто и се помочкува. Ги избегнува сите, и познати и непознати, и деца и возрасни. Дома ужива, црта, пишува бројки ( знае и собирање, и не, не сум го учела), пишува букви и на кирилица и латиница, решава сложувалки и има еден куп книги соодветни за возраста, сите пополнети, може за час да ги реши, игра со коцки, со камиончиња, вози тротинет и велосипед, се искачува, трча, премногу е активен. Самостален, интелигентен, креативен, многу размислува и постојано бара некој нов предизвик. Со зборувањето има проблем, еден период воопшто не сакаше да зборува, само вриштеше, сега е подобро од тој аспект, работам многу со него, но уште има потешкотии кога треба да спои цела реченица.
    Од друга страна, има ужасни тантруми, многу е агресивен, кон себеси и кон другите. Ако се случи да му се измести чорапчето, одма бурно реагира. Буквално за ситници. Може да се случи и јадењето да го фрле од чинијата право на земја. Стиска, си ги чкрипе забите, тропа со нозе, вришти, и најново, си ги приклештува рацете. Не слуша насоки воопшто.
    Го носев прво на приватен психијатар, му даде есприко и ми препорача да го носам во центарот за младинци. Од таму не добив конкретен одговор освен дека треба да се работи со логопед. Треба набрзо да почне на логопед, чекаме да се ослободи термин. Не знам што понатаму, не знам каде да барам одговори и како да се справам со неговите изливи на нервоза.
     
  11. Little_girl

    Little_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2015
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    може ли да ми кажете кој доктор ви го дијагностицираше и какви сензорни проблеми има детето бидејќи ми треба помош и не знам каде да се обратам?
     
  12. Little_girl

    Little_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2015
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Имам дете на возраст од 2 години и 5 месеци и би сакала да побарам совет и насока.
    Детето се врти на името, но не секогаш. Имаме контакт со очи, но забележувам дека не трае премногу долго. Кога ќе покажам тага (на пример кога ќе се преправам дека плачам), доаѓа веднаш до мене, ме фаќа за рака или ми седнува во скут. Кога се смеам, се смее со мене и се вклучува во играта. Кога се гушкаме со неговиот татко, и тој се приклучува и се гушка со нас.
    Понекогаш си игра со други деца, а понекогаш и сам, но генерално сака деца, луѓе и животни. Дома знае долго време самостојно да се заигра. Има голем интерес за книги и редовно читаме пред спиење. Особено сака животни.
    Она што ме загрижува е што понекогаш реди животни или други предмети во линија (едно до друго или едно зад друго). Исто така, понекогаш оди на прсти, но тоа не е постојано. Знае и да се врти во круг, но кратко – брзо престанува, било самостојно или кога ќе му укажам.
    Кога реди предмети, ако му ги растурам, не се лути – напротив, ако го правам тоа низ игра и смеа, и тој се смее и се вклучува, па заедно ги растураме.
    Во однос на говорот, има развиен говор за неговата возраст – користи реченици од 2 до 4 зборови, разбира и извршува наредби. Она што го забележувам е дека ретко ги користи зборовите „да“ и „не“ кога му поставувам прашања. Почесто одговара преку формулации како „сакаш“ или „не сакаш“, зборувајќи за себе.
    Инаку, реагира нормално на звуци, не е премногу чувствителен, знае песнички, памети делови од приказни и ги повторува, а исто така одговара на прашања поврзани со нив. Препознава предмети и слики и ги именува.
    Сепак, овие одредени ситници ме загрижуваат и не сум сигурна каде најсоодветно да се обратам – дали кај невролог, психолог, психијатар, дефектолог или логопед.
    Ви благодарам однапред за советот и насоката.
     
  13. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.604
    Допаѓања:
    8.836
    Пол:
    Женски
    Мислам дека сте претерале со гледање видеа за аутизам. Сори. Сите ние па и децата правиме нешто од тие видеа, малце комон сенс уклучете, не само паника.
     
    На happygirl, eli25, andromedae и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.333
    Допаѓања:
    18.087
    Пол:
    Женски
    Апсолутно нормален развој, 2 ипол години има, не треба ништо повеќе да очекуваш за таа возраст.
     
    На st-el, mariz, H.VAGA и 3 други им се допаѓа ова.
  15. tanna13

    tanna13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2013
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    85
    Здраво мајки,дали можи да ми кажите какви оленувања/ поволности имаат децата со аутизам од страна на државата? Ви благодарам
     
  16. Снегулк@23

    Снегулк@23 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    4.091
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Скоро па никакви, посебен додаток и толку... нити децата нити родителите имаат било каква помош
     
  17. Little_girl

    Little_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2015
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Eve denes doktor Vladimir Trajkovski ni utvtdi autizam…
     
  18. Meddy

    Meddy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2021
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    576
    Кај е др? Како да закажам кајнего?
     
  19. lala15

    lala15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2014
    Пораки:
    499
    Допаѓања:
    980
    Пол:
    Женски
    Како ви утврди? Врз основа на што?
     
  20. Little_girl

    Little_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2015
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски