Аутизам кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од Hipica, 16 април 2011.

  1. Little_girl

    Little_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2015
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Го гледаше детето на камера половина час-45 минути. Не учествувало детето во разговорот со нас, си играло на страна, затоа што реди играчки во линија, затоа што не си игра многу со други деца, понекогаш оди на прсти, се врти во круг и мавта со рачињата.
     
  2. lala15

    lala15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2014
    Пораки:
    499
    Допаѓања:
    980
    Пол:
    Женски
    Зарем не е нормално да си игра на страна и дали преку камера може да се утврди за сигурно? И јас се сомневам за ќерка ми, меѓутоа за одредени знаци некои ми велат дека се, а некои дека не се карактеристични за децата со аутизам...според тоа што го имаше погоре има баш доста вештини развиено, да побараш и второ мислење?
     
  3. Camille84

    Camille84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    899
    Пол:
    Женски
    За овој Владимир се е аутизам...многу дефектолози имаат кажано така за него. Детето не е заинтересирано да збори на камера со некој непознат и што сеа, редењето играчки во линија не е симптом на аутизам, мојата нема аутузам се е реди под конец, одењето на прсти се корегира. Се од ова горе може да се надмине. Аутизам треба да утврди тим од психолог, педијатар невролог, дефектолог или специјален редукатор и логопед, не е еден само. Само работа со детето, активности за фина моторика, дружба надвор со деца.
     
    На st-el, happygirl, Panda00 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.564
    Допаѓања:
    9.414
    Пол:
    Женски
    Јас не би се согласила со ова ама баш ич. Како може состојба како аутизам да се дијагностицира преку камера?

    Ти пишале и други, ќе си побараш повеќе мислења.
     
    На Panda00, Aschenputtel, mareane и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.467
    Допаѓања:
    206.819
    Пол:
    Женски
    И на моето дете му утврди аутизам затоа што наопаку држеше колички и ги вртеше тркалата, и не комуницирал со него. Нормално дете од скоро три години што да прави кога е со непознати во соба? Моиве ни двајцата не сакаат секогаш да зборат со луѓе што не ги знаат, без разлика дали јас ги знам или не. И еве го, 15 години има, комуницира со сите, особено со возрасни му оди муабетот, сега ќе упишува средно, се интересира за астрономија и историја...според тестирањата во заводот кај Симпо испадна дете со висока интелигенција.
    Со резерва земајте ги неговите мислења и дијагнози, јас лично мислам дека тој не треба да дава дијагнози и проценки, воден е од други побуди, не од потреба да помогне. Побарајте второ, трето мислење ако треба. Нормално е дете да оди на прсти, секој ортопед ќе го каже тоа, пожелна е таа фаза во развојот на стапалата. Вртење во круг е исто нормално во детска возраст, нема дете што не се вртело, бар еве јас паметам дека и ние ко деца се вртевме, си игравме. Редење на играчки во линија исто не мислам дека е знак за аутизам, еве не мора да се играчки, ама ако тргнеме по таа логика, 90% од возрасните имаат аутизам бидејќи сите имаме по некој симптом од спектарот.
     
    На kozuf, eliesaab, sweety91 и 12 други им се допаѓа ова.
  6. Little_girl

    Little_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2015
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Дали знаете дали може дете од 2 ипол години да се тестира за степен на интелигенција?
     
  7. Little_girl

    Little_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2015
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Јас ве разбирам сите затоа што и јас самата сум збунета и некако како сите работи добри кај детето да ми беа занемарени. Ми вика нема говор, викам како нема кога прави реченица од 3 и 4 зборови, вика да ама не му е функционален говорот и викам како кога точно знае што сака да каже на пр: одиме кај другарчињата, сакаш да јадеш ананас, и он ми вика епа да ама треба многу посложени реченици да знае и не да збори за себе во 3 лице еднина. Потоа детето сакаше животни играчки да му дадам кои му се сокриени сега за да може да си игра со нешто друго, да смени затоа што има премногу играчки и кога ја отклучив собата да му покажам на д-рот детето ги виде и пона да плаче клекна доле на коленици зопто му реков не може животинки сега и тогаш д-рот вика аа ете и ова не е воопшто добро и ова е знак. И вика видете он сеа ни збориме на камера он не не приметува, и потоа детето ми донесе таблет играчка и почна да скиска по него и да кажува кое што е и да гледа во мене и викам гледате дека не е дека он нема воопшто контакт, да има помалку можеби но не е дека воопшто нема. И му викам на д-рот дека и јас како мала сум се вртела мн во круг и тоа предолго без престан, се вртам и сеа возрасна жена коа ќе си пуштам музика со детево плус му викам јас сама од мал сите колички и животни му ги редев едно до друга и дортирам се пл боја дома па што може и јас сум аутистична а видете ништо не ми фали и факултет имам и семејство функционално имам и ништо не кажа на тоа.
     
  8. Little_girl

    Little_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2015
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Што ме советувате, каде да одиме на второ мислење?
     
  9. Camille84

    Camille84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    899
    Пол:
    Женски
    Гаспар, Даскаловски, Тимот А, Цедуз, сите имаат дефектолози и логопеди. Невролог Педијатар Д-р Олга Јотовска, ако успеете да ја лоцирате, последно што знам е дека беше во Калинка како консултант.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.604
    Допаѓања:
    8.836
    Пол:
    Женски
    Па мајка ти сама си го гледаш детето, кој е овој експерт од пола саат гледање двегодишно дете што утврди дека имало аутизам. Немам коментар. Луѓе со години одат кај цели тимови доктори, овој го виде и кажа. Мислам ако сакаше тоа да слушнеш, ок. Моето дете на 2г4м многу слабо збореше, не се ни заигруваше со ништо, само трчаше како мува без глава. За себе во 3 лице збореше долго после тоа. Еве го 6 години има, далеку е од аутистичен. Не знам, јас да сум на твое место ќе се олабавам малце и ќе му дадам време на детето и себе. Какви процени на интелигенција на 2 годишно дете побогу, моето ништо не соработуваше тогаш. Ама го гледаш дали комуницира со тебе, дали е способно да комуницира, контакт со очи дали прави, дали дава некаков фидбек. Ако толку си се запнала да го носиш на процена, прво однеси го физички кај некој што ќе те ислуша, ќе го види детето, па ќе каже мислење. Се зачудив од овој Владимир, што експерт ќе беше.
     
  11. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.250
    Допаѓања:
    78.542
    Пол:
    Женски
    Мајче имаш луѓе околу тебе сигурно, го гледаат детето... некој нешто до сега ти дал мислење? Во градинка оди? Незнам какво е ова проценување преку камера, глупости...
    Немам искуство каде да го носиш ама обавезно да си бараш и други мислења!
     
  12. Little_girl

    Little_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2015
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Не оди во градинка, ни јас не работам и сами сме дома најголем дел од времето и затоа јас го пратам и го тумачам секој негов чекор. И мене ме загрижуваа малку некои од тие работи, исто и бабите негови затоа што сите ние сме читале на интернет за аутистични спектри. Кај него почнавме од тоа што не се врти секогаш на името, па се додаде одењето на псрти, редењето играчки..и затоа се исплашивме малку сите три иако он има многу добри други вештини и тоа исто ме буни..д-ров вика дека он сеа е проблем што знае да сортира по боја а дефектолошки и за развој на детето викаат дека треба да знае. Исто знае да сортира форми, животни на пр. Птица со птица, знае како прават, знае преку 100 животни, ги џнае сите бои, бројки до 20, букви разликува, кога читаме книги му викам кај има маче на сликата и покажува, каква боја е мачето и кажува, исто му викам каде има деца и покажува, па ајде да ги броиме и броиме после заедно. Сака многу да игра криенка и да вози колички и вика брм, исто им ги врти тркалата, прави да се судрат и вика бум, или животни едно со друго ќе ги доближи и вика агрр демек се тепаат-караат, коа ќе земе авион го држи високо во раката и вика фиуу. Ко ќе му кажам каде ти е бебето ајде дај му да јаде и млеко да пие и си го рани сам, па ајде во кујната да си играме и вика правиш манџа, готвиш па кажува што става во тенџерето набројува.. Меѓутоа мене и татко му не не слуша многу ако му кажеме не тоа или не секогаш слуша наредби, (некогаш ќе ги послуша на крај со плачење ако му викнеме) и затоа не разбирам зошто го прави тоа затоа што ако не не разбира што зборуваме нема да разбира ни кога му викаме. Многу забележува детали, и на пример си игра со нешто а паралелно длуша што ние збориме и повторува, премногу песнички знае и тоа на година и 7 месеци знаеше 10 песнички… Има и добри и загрижувачки работи затоа сум збунета.
     
  13. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.564
    Допаѓања:
    9.414
    Пол:
    Женски
    @Little_girl , ај вака, настрана од тоа што се знае, колку имате контакти со деца? Во парк пример, во игротека, дома ако дојдат. Како комуницира со истите?

    На страната на Даскаловски на Фб, ми остана во мисла еден негов коментар, нешто во смисла демек не е проблем дете да научи букви. И на 2-3 години ќе ги научи како симболи ама не знае да ги употреби.

    Друго верувам дека анализираш дури и премногу, анализирам и јас, затоа ти пишувам.
    Сигурно и на сите тие активности и игри си премногу посветена и вклучена во истите.

    Како е детето со груба и фина моторика? Да скока во место, да се качува по скали со помош или без, да држи боичка, да бои?
    Во групата на ќерка во градинка, деца со неполни 3 години веќе знаат и да сечкаат со ножичка, само за пример. Има и такви што не знаат ни да ја држат правилно. Не дека е ова пресудно. Ама како пример на активности што може да ги работите.

    Дали може да се храни само, дали и а осет за мочкање/какање?

    Пред такво пак ќе речам дијагностицирање преку камера има многу работи што би се работеле и корегирале.

    Постои и веројатност да ве игнорира веќе ако цело време го довикувате, ако цело време му поставувате прашања.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Little_girl

    Little_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2015
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Знае да јаде сам да држи вилушка и лажица, да пие од чаша. Знае и да бои но не убаво само шкрта. По скали се качува сам а за рипање во место рипа кога се радува со двете нозе. Сака многу да си игра со песок и вода. Со други дечиња е ок не се тепа но не е дека игра премногу со нив, повеќето игра сам но знае некогаш и да игра со други. Знам дека кај моториката сме слаби и во совијалноста со други деца, затоа што додека сме дома он бара да одиме надвор и бара другарчиња сам кажува а кога ќе отидеме претежно игра сам, но знае и да даде рака на поголемите да го водат.
     
  15. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.333
    Допаѓања:
    18.087
    Пол:
    Женски
    Се што прави детето е нормално за возраста. Децата до кај 4 години ретко се групираат за игра, обично секое си игра само (не сите, има исклучоци), ретко кое дете сака да дели игрчки, посебно лично негови, до возраст од 3-4 години. Моите исто не секогаш се вртеле на името, зошто не секогаш ги интересирало кој ги вика, не може од 100 пати секој 100ти пат да се сврти дете на името, премногу анализирање му правиш на детенцето, а не е потребно, си прави се што треба, па дури и повеќе од тоа, некои деца ниту на 5 години не јадат сами, а твоето јаде на 2.

    Не треба да се прават споредби помеѓу децата, секое си има тек на развивање, а ние како мајки некогаш претеруваме со грижа и анализирање и си бараме и создаваме проблем, таму каде што го нема.

    И не знам како докторов преку камера, од прва, заклучи дека детето има аутизам, ова за мене е луда работа, давање дојагнози и лепење од ракав, преку камера бе! (facepalm)

    Побарај второ мислење за лично твој мир, иначе според кажаното детето ти има нормален тек на развој за годините.
     
  16. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.564
    Допаѓања:
    9.414
    Пол:
    Женски
    И не се очекува да бои во линија на 2,5 години.
    Мислам дека немаш причина за загриженост ама еве нека е и второ мислење побарано за секој случај.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. lala15

    lala15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2014
    Пораки:
    499
    Допаѓања:
    980
    Пол:
    Женски
    Искрено, јас мислам дека детето ти е супер и одлично си го воспитала и израснала. Моториката му е супер за таа возраст, воопшто не е слаба. За социјализација е нормално до 3 годинки да се поприврзани со мајката отколку со децата. И јас се едуцирам за аутизам, бидејќи се сомневав за ќерка ми, (таа е нешто помала), меѓутоа во последно многу напредна и немам грижа веќе. За да си олесниш ти на душата побарај второ мислење. И јас ќе ја носам мојата на испитувања за да немам грижа.
     
    Последна измена: 7 мај 2026
  18. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.505
    Допаѓања:
    45.876
    Пол:
    Женски
    Види, аутизмот не е неможност да се заврши факултет или да се формира семејство или што и да е социјалното очекување. Ништо од тоа не е знак дали некој има или нема аутизам. Впрочем, аутизмот се пренесува генетски и има аутистични деца затоа што аутистичните возрасни си формираат нормални социјални врски. Така да, можеби си и ти. Не е тоа смртна казна.

    Затоа има нивоа, спектар е и имаш многу "лесни" случаи ама и случаи кои бараат огромна секојдневна поддршка. Не е болест, туку различно функционирање на мозокот.

    Не е ни толку битно да си префокусирана на официјална дијагноза, колку што е битно да му пружиш на детето соодветна поддршка доколку треба и да се препознае тоа, па да му се одговори на потребите. На хартија и да имаш и да немаш дијагноза не менува многу, ако во пракса не се менаџираат симптомите.

    Побитно е тоа дете да се прилагоди на околината, да му се олесни, да се едуцираш итн. Како што кажав горе, не е аутизмот болест која се лечи за да е толку многу значајно баш сега да знаеш дали има аутизам.
    Можеби понатаму ќе стане појасно дека е аутистично, можеби некои знаци ќе се повлечат и веќе нема да исполнува критериуми за дијагноза.

    Како и да е, работи си со него и следи го, ако ти треба понатаму повторна евалуација нормално никој не ти брани да побараш второ мислење.
    Не ви е ни на двајцата од корист ниту да си преоптеретена со симптоми, ниту па да игнорираш од страв од дијагноза.
     
    На eliesaab, tambelina и theowndemon им се допаѓа ова.
  19. Meddy

    Meddy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2021
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    576
  20. KiviOdMaldivi

    KiviOdMaldivi Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2018
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    220
    Пол:
    Женски
    Од искуства на мајки никој не ми го препорача владимир трајковски ситр ми рекое никако кај него
     
    На Meddy му/ѝ се допаѓа ова.