Ја третиравме со нистатин 2 месеци,па пак испитавме и пак имаше а многу внимаваме и на исхраната,сега давам само масло од семки од грејпфрут па ке видиме како ке испадне
Здраво на сите. Повторно јас, но со нови вести. Детето беше на проценка кај дефектолог и невролог посебно (во државата каде што живееме) и рекоа дека е сосема ок, нормално дете, дека има мали знаци од Аутистичен спектар но дека не може да се каже дека е аутизам класичен. Бев скептична па дојдовме и во Мк каде што го однесов пак на две различни места, во Систина кај Др. Демерџиева имавме закажано и кај Др. Наталија и плус кај Др. Соња што е дефектолог таму, а после тоа и на државна го однесовме на невролог и дефектолог и од сите го добив истото мислење и став: “Зошто сте дошле воопшто ова е сосема нормално дете, дури прави работи за дете од 3 год што треба да прави”. Да и они рекоа дека има некои стереотипни движења и од тројца слушнавме дека е преинтелигентен но никој не виде проблем во него. Единствена насока и во двете земји од сите посетени доктори беше “Да се запише детето во градинка”.
Знам некои членки од тука ме посоветуваа да и дадам на ќерка ми мелатонин. Некни решивме да земеме, докторот ни го препиша. Ни рече прво да пробаме со него, со нешто природно, отколку со лекови. Некни вечер и сношти и дадов едно апче. Заспа во рок од еден саат. А сабајле кога се пробуди, хаос. Плачење, вриштење, нервозна е, 10 пати повеќе е хиперактивна, цел стан го има рушено, се качува насекаде, фрла работи и крши, и ова трае цел ден. Баш ги читав side effects на овој лек и баш овие се. За жал, не и одговара овој мелатонинот.. Ќе мора понатаму лекови да и се дадат.
Мајки ве молам да ми кажете дали некоја имала искуство со училница Даскалови,конкретно дефектолог од таму
Здраво.дете 18 месеци не зборува.само мама и баба и ам кога јаде...приметувам и дека не си игра со играчките наменски.само ги истуре и толку(не се заигрува),слабо се врте на име и не покажува со прст..каде најпрво треба да се обратам?дали прво треба на проценка(предложете место или доктор со кој сте имале искуство и сте задоволни)
https://kalinka.mk/ Јавете се тука, објаснете го проблемот, ќе ве насочат. Ако сте во можност во систина др Демирџиева
Здраво, може ли да ми кажете која е таа докторка Василка и каде работи приватно? Ќерка ми има некои сензорни дисфункции па сакам да се консултирам. Гуглав ама без презиме бе ми излегува
Здраво феминки. Сакам да прашам доколку некоја членка има искуство, за позитивно искуство од основно училиште во однос на интегрирање и поттикнување самостојност на деца во спектар, конкретно на деца со аспергер (високо функционален спектар). Притоа не мислам на образовен асистент, туку баш на обучен кадар.