1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Аутизам кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од Hipica, 16 април 2011.

  1. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.718
    Пол:
    Женски
    Ни пола саат не му давам да гледа. Ќе кажам и зошто.
    Моето дете има задоцнет говор. Но не онолку за да треба да се превземе нешто. Правевме проценка на дефектолог. Развојот му е ок, од 29 до 40 месеци, а тој е 38. А говорот му е како на 2 и пол год дете. Пред се, он покасно почна да зборува, патем кога беше чуван од баба беше цело вр уклучен телевизорот. Дали гледал и колку гледал ни јас сама не знам. Дали тоа е од тв, никој не може да каже.. Ама имаме простор до пролет добро да го истимулираме да се подобри без логопед. Во спротивно ќе му треба помош. Јас мислам, а и дефектологот мисли, дека ќе успееме зашто е баеги бистар и умен. Соработува, обожава книги и да учи ново.
    И реално он не ни бара цртани..
     
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.747
    Допаѓања:
    65.195
    Пол:
    Женски
    Ние не одиме во крајности, го коментираме писмото од видеото погоре, го слушна?
    И јас еден саат пуштам, некогаш ни толку. И не јутјуб, не сакам да шкрапа само и да менува клипови, си гледа цртан, патролни шепи, дора, нешто со содржина да и држи внимание.
    Гледам да си е активна цело време, а цртаните се заменети со читање. Ако бара цртан за со јадење јас и читам сликовница. Гледам саатот да го искористам ептен кога ќе треба. Имаше и една студија излезена дека децата што поминуваат подолго време пред тв од препорачаното се помалку интелигентни, да видам дали ќе ја најдам. Ама аутизмот да е само поради цртаните некако...
    Па и тука на форумот имало членки што пишувале дека детето заостанало поради гледање цртани, ама потоа со работа има напредок.
     
    На gjoker4e, mal.ecka, candy.cane и 5 други им се допаѓа ова.
  3. pianogirl

    pianogirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2018
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    767
    Пол:
    Женски
    Пумпа н
    е мислев стрикно на тебе душо знам дека допрва ќе има коментари од ситр видови. Татко ми е дефектолог и мн работи ги знам и плус индивидуално работи со деца со аутизам, адхд, даунов, церебрална и со деца со заостанатост што ја имаат од електричните уреди. Когс во лице им кажува на родителите дека се е океј со детето да не даваат толку мн да седе на тие уреди да видиш како ги свестува колку ги уназадуваат децата шѕо не сакаат да работат со нив и само им даваат телефони у раце и жално е мн
     
  4. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.127
    Допаѓања:
    10.721
    Пол:
    Женски
    Кога ми искочи темава во Најнови, знаев дека е заради видеото погоре. А читам претходно и вакцините се спомнуваат.
    Мене во нерв ме мава моментот "предизвикан". Демек, здраво право дете, и заради Х причина сега има дијагноза.
    И од аневризми така викаат, здрав прав од нигде си умре, а тој уствари цел живот имал аневризма во мозокот, темпирана бомба која во секој момент може да експлодира.
    Исто е со аутизмот (и еден куп други болести). Не можам да тврдам дека апсолутно никаква поврзаност нема од вакцините или цртаните или било што друго со дијагностицирање на едно дете со аутизам. Ама дека предивикуваат дефинитивно не (correlation does not equal causation). Тие се можеби само тригер за нешто што веќе постоело во организмот, или можеби само случајно временски се поклопило.
    Како што членката кажа погоре, ако тоа е причината, при нејзина елиминација би се решиле и симптомите.
    Вакво ширење на дезинформации ми е неверојатно. Цртаните не се најголемо зло на светот. Ама како и се друго, ама претеруваш нормално дека има последици. И да читаш цел ден без физички активности не е добро, и да јадеш постојано цел ден не е добро, и да играш фудбал цел ден не е добро, и да учиш цел ден не е добро. А сите овие работи ако се прават по малку секој ден доведуваат до избалансиран живот. Се во умереност.
    Аутизмот не е болест што се фаќа. Си има генетски предиспозиции, и може да се манифестира порано, или со поголем интензитет заради лош животен стил. Како што и на просечното дете не треба да му се дава да гледа цртани 10 часа на ден, истото е за аутистичното, само што на второво ќе има посериозни последици (како што не е исто да дадеш чоколадо на слабо и дебело дете - двете не треба да јадат цело чоколадо од 100гр, ама за второто е полошо). А да го предизвика аутизмот, тоа во никој случај не е така. Ние како родители треба да им вродиме добри навики на нашите деца за да имаат убав живот, а не да им браниме цртани само за да не се разболат.
     
    На KuklickaSk, ana89, LiliMia и 21 други им се допаѓа ова.
  5. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    5.944
    Допаѓања:
    20.434
    Пол:
    Женски
    Се согласувам Спиди, не сакам јавно да пишам, но имам пример во комшии со дете кое најверојатно има аутизам, не е потврдено од доктор, но сите знаци ги има...нејќам да навлегувам во детали, а има историја голема за да детево биди со аутизам...за жал и не мислам дека е од вакцината, нема шанса од тоа да е...
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.952
    Допаѓања:
    59.545
    Пол:
    Женски
    Каква историја има?
    Чисто ме интересира од што може да е предизвикано
     
    На Mrs. Lovett му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Имам и во другата тема пишано, вистинските експерти и педијатри можат да го забележат аутизамот многу рано, само што кај нас приметуваат сите кога ќе стагнира развојот или по примањето на вакцината која ќе ја забрза состојбата па наеднаш ќе станат видливи симптомите. Цртаните го успруваат моторниот развој, а затоа што целокупниот развој зависи од повеќе сегменти па се случува тоа да влијае и на менталниот развој, говор и така натака затоа што детето е изложено само на едносмерна комуникација.Аутизамот не е едноставна дијагноза, ниту може да се даде веднаш, аутизамот не е само невнимание, тантруми и не вртење на името, меѓутоа кај нас многу лесно се дава дијагноза аутизам, а и народот слушнал па ајде тоа е аутизам. За жал има доста дечиња кои имаат проблеми со увото и слухот кои се дијагностицираат како аутизам. Аутизам е спектар на нарушувања и никогаш едно дете не личи на друго дете, постојат повеќе испитувања и некогаш може да биде потребно и пола година за да се даде дијагноза. Мене ми е јасно дека немаме многу експерти во земјава за аутизам, нема регистар, нема многу работи но сепак ги има неколку, има луѓе кои учат за тоа и максимално се вложуваат и низ чии раце секојдневно поминуваат по минимум 8 деца, а на интернет секој може да пишува и да си кажува што сака.

    Накратко се согласувам со тебе.
     
    На Снегулк@23, slobodka, CameliaMiller и 7 други им се допаѓа ова.
  8. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    5.944
    Допаѓања:
    20.434
    Пол:
    Женски
    Пиши ми лп Мони ќе ти кажам. Несакам тука јавно.
     
  9. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Не можам да го едитирам постот во брзање бев, да додадам дека успорувањето на моторниот развој не се случува преку ноќ и само од цртаните туку немањето физичка активност и дремење пред телевизор таблет и лап топ, а притоа немајќи ниту комуникација и не значи дека ако кај едно дете влијае лошо дека ќе влијае и кај друго. Што се однесува на епилептичните напади тие се случуваат од визуелните ефекти што ги имат цртаните и игрите и нема врска тоа дали е таблет, телевизор или лап топ исто е (зборувам за дечиња кои имаат епилепсија). Сите помлади генерации се растени со технологии, не е проблемот во тоа, проблемот е во правилно дозирање. И премногу овошје јадење може да предизвика нус појави. Девојкава од видеово имала некој контакт со дете со аутизам или пренесува непроверени информации од писмо??
     
    На NarCis@, Lianna Anna, Lolipop23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. ☁сон☁

    ☁сон☁ Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    404
    Пол:
    Женски
    Видеово не го догледав до крај искрено, со бебе мало некако не успеав.
    Ама од работата со деца со аутизам, можам да ви кажам дека од 13 деца, 9 беа невакцинирани, а сепак со симптоми на аутизам. Друга работа, како што напишале и погоре, мора да постои нешто во организмот за да може било кој фактор да предизвика појава на симптомите на аутизам. Тука не се само вакцини и цртани, туку и запоставеност на детето, ниска свесност кај родителите итн.
    Се додека родителите го контролираат времето пред тв, како и понудената содржина, нема место за грижи.
    На родителите со кои сум соработувала до сега им препорачувам времето пред тв да го поминуваат заедно, да раскажуваат што гледаат, и да му поставуваат прашања на детето. Тоа да биде можност за учење нови нешта, а не бесцелно гледање во екран.
     
    На NarCis@, Sexybaby86, Lolipop23 и 8 други им се допаѓа ова.
  11. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.941
    Допаѓања:
    278.461
    А ти неуролог си, генетичар итн?
     
  12. ☁сон☁

    ☁сон☁ Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    404
    Пол:
    Женски
    Дефектолог
     
    На eli25, лукајана, Mrs. Lovett и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.718
    Пол:
    Женски
    Приватно. Кај драган, училница даскаловски или така нешто беше. Презадоволна сум.
    Он од сам старт рече нема потреба ама ние сакавме за да добиеме совет на што повеќе да обрнеме внимание и на кој начин да прајме стимул. Друго е коа ќе ти кажат вака прај онака прај.

    Иначе малиот ми прозборе мама тата дај сакам и сл на време. Правилно е до 14 месеци. Он само понечист говор има. Од памет ме извадија во градинка за џабе..
     
    На Mrs. Lovett му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Да го слушаш дефинитивно што ќе каже. Многу добар дефектолог е. Верувам дека се што кажал држи вода. Ич да немаш гајле ако така ти кажал.
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.718
    Пол:
    Женски
    А го знаеш?
    Ако го знаеш, кажи мк осве дефектолог логопед што др има таму? Зашто видов баеги деца. Нешто часови имаат?
     
  16. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Тој пред некои 3-4 години имаше приватен центар (не ме фаќај за збор кога го отвори) Абв каде што навистина вработуваше врвни дефектолози. Одамна го немам видено, но знам дека се прошири и мислам дека отвори инклузивна училница во Пинтија или Драчево некаде натака. Мислам дека тогаш имаше тим само од дефектолози и логопед е сега видов дека бајаги има нови вработено (дефектолози), точно да ти кажам за училницата не знам, а во центарот работеше на стимулација, реедукација и ран развој и навистина се што ќе кажеше и направеше му беше на место.
     
    Последна измена: 27 декември 2019
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  17. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.718
    Пол:
    Женски
    Во лисиче му е ова..
    И јас сум мн задоволна.
    Инаку од градинка ми го препорачаа.
     
    На Mrs. Lovett му/ѝ се допаѓа ова.
  18. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.881
    Пол:
    Женски
    Внук ми веќе скоро 2г оди кај Драган Даскалов. Училница Даскалов. Секој понеделник, среда и петок имаат час. Нај фер и нај добар дијагностичар е тоа ти тврдам. Ако смета дека дете има проблем ќе ти каже, ако рече дека нема значи нема. Ќе даде само совет што и како да се стимулира одредениот проблем пр. говорот и ќе ти каже јасно и гласно : нема проблем и не сакам пари да ви зимам да доаѓате кога не гледам проблем.
    Знаеш внук ми е со аутизам. Со него работат, а и со останатите деиња таму цел тим. Точно што и како се по струка незнам ќе те излажам.

    Да се надоврзам на темава.
    Во неделата имаше од Здружението за Аутизам забава во МКЦ. Бев гостин поканета од сестра ми. Бев и со синко мој зашто го друѓам и сакам да се дружи со дечиња кој имаат попреченост од било кој степен. Имаше дечиња преку 50. Со аутизам, даундов синдром, церебална парализа итн. Прекрасна забава и прекрасно организирано дружење. Можете некогаш да отидете на една од нивните собири и забави. Пред све за едукација на оние кој од ракав даваат дијагноза : од цртани и тв е аутистично, од вакцини, постоело нешто во организмот за да појави аутизам ( постот од членката која рече е дефектолог... озбилно? Па ти каде ја купи таа диплома јас да те прашам! Па дали си чула ти за генетски/кариотипски хромозомски проблеми? Па за мозочни бранови итн кој уште во самата делба на ембрионит се оформуваат м? Да не должам немам намера по 10пати на оваа тема да се објаснувам, но ако си стручно лице по професија како што се декларираш би те советувала да поразговараш со некој генетичар и стручно лице од оваа област! Иначе џабе само работиш со деца. ), од запоставеност на родителите си пишала! Озбилно? Би сакала да беше во неделата на забавата па на тие родители да им кажеше : децата ви се вакви од запоставеност! Незнам само после тоа како ќе излезеше од МКЦ!
    Засрами се и повлечисе и молчи! И ако навистина работиш како дефектолог - под итноооо да ја напуштиш работата зашто не си доволно едуцирана и верувам влијаеш лошо на самите родители после вакви изјави!
    Ајде те повикувам на следниов собир мој гостин да си и ова што го напиша да станеш и да им го кажеш на тие родители!
    Каде работиш како дефектолог? Изјасни се!
    Зашто на форум може и научник секој да е па и пилот нели?
    Аутизам најрано се детектира од негде 6тиот месец кај бебе. Кај нас сеуште нема толку добри специјалисти. Во поразвиените земји ова е веќе пракса! Аутизмот е спектар. Не секое дете има исти тикови, агресии, кумуникација итн. Но, едно нешто им е на сите заедничко! Отсутноста во дадени моменти, начинот на игра, начинот на кој се радуваат и уште некој ситници кој не секој ги воочува доколку нема близок со аутизам дијагноза и не е запознаен со спектарот на аутизам.
    И да се дополнам. Се прават и кај нас низа на испитувања за дијагноза на аутизмот и степенот. Има мн стручни лица. Но, за почеток ќе кажам дека најголем пропуст е кај педијатрите ( не сите ) кој ги водат од бебиња пациенти и не воочуваат некој од симптомите. Треба и секој еден педијатар да се едуцира и запознае со овој проблем па од рана возраст да ги упатува родителите доколку приметат нешто нествоиствено за возраста на бебе/дете зашто се сепак педијатри.
    Со самото ЕГГ, со магнетна, со кариотип, со низа деуги испитувања се гледа јасната слика и се дава дијагноза и терапија соодветна. Во најголем број кај тие дечиња мозочната активност и бранови се драстично поразлични од кај здрави дечиња. Подетално не објаснувам зашто на темава не ми се збори. Но, апел до секој оној кој поима нема од аутизмот е да не тресе од ракав нешто за кое не знае и не е упатен, едуциран и не доволно запознаен со аутизмот.
    Имајте осет сепак има многу кој само ве читаат, а не се членови за да може да пишуваат или се членови и не сакаат да влагаат во дискусија зашто имаа такво дете дома! Па малку емпатија и малку осет да се има не е на одмет!
    Имајте убави празници и бидете среќни сите оние кој дома имате здрави дечиња! Неможе ни да замислите како им е на тие родители кој немаат здраво детенце! Појдете некогаш на некој нивни собир, дали за аутизам, даундов итн, на собир на Здружението на деца со мал раст итн. Појдете и дај те им поддршка и видете како живеат тие родители и како се борат 24/7!
    Па некој од оние ( ќе се препозаете ) бидете јаки како на форумов и кажете им дека од запоставеност, цртани, кавги по дома итн им се дечињата такви. Жално!
    Во понатамошна дискусија не навлагам веќе на темава, нити на реплика нит на цитирано. Што имав кажав.

    @LiliBoz бакни го тоа фацулето Д од нас :* уживам кога го гледам на инста и секогаш уживам во тој негов осмех :inlove:


    Едит : се извинувам на некој печатни грешки, утнати букви итн. Во брзање пишував иако се трудев цел ден да не пишам зашто се напнав сериозно на оваа тема гризам. Среќа е форум не е тета тет дијалог каде реагирам страшно зашто се работи за внук ми па и дечиња кој ги знам на мои блиски плус. Така да се извинувам на грешките.
     
    На Pepsii, MaLeCkO :), SkarletOHara и 19 други им се допаѓа ова.
  19. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.718
    Пол:
    Женски
    @sofi2107 фала што ми пиша срц :* и за тебе, С и внук ти :*
     
    На sofi2107 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Една од најголемите грешки е што веќе е влезено во пракса родителите и стручните лица да се напаѓаат меѓусебно кој повеќе знае, кој по стручен е и кој повеќе ги сака децата, а на штета на децата. Нема потреба разберете дека за еден развој на детето се потребни сите педијатар, развоен психолог, психолог, дефектолог, психијатар, невролог, невропсихолог, окупационен терапевт, аба терапевт и да не ги набројувам сите, па понатаму воспитувачите во градинките кои верувале или не имаат клучно влијание, па наставници, професори и тн и тн. Дефектологот не е дијагностичар, може да прави проценка (за да има ориентационо до каде е детето и од каде треба тој да почне со реедукација), но има државни центри кои треба да го потврдат тоа, значи не може како што почнаа да си дозволуваат кој како сака да дава дијагноза па после родителите лупаат глава. А и градинките одма што праќаат кај дефектолог (порано кај психолог сеа смениле) зарем немаат ли дефектолог и психолог кој може да каже врз основа на што се праќа детето? Значи мора да има меѓусебна соработка иако ги сфаќам родителите дека се огорчени (а секој има во блиско или далечно семејство лице со пп. и знае како е) од системот кој е никаков и не пружа никаква помош меѓутоа тоа не е до стручните лица. (Јас лично повеќето квази приватни центри би ги затворила одма, секоја чест на исклучоците). Меѓутоа мора да се има меѓусебно разбирање затоа што не знаете со какви луѓе се среќава и стручното лице секој ден. Не сите родители се подеднакво загрижени. Има родители кои сакаат намерно да им се даде дијагноза за да земаат паричен недостаток (дури и кога нема причина), спремни се да фатат врски само за да им се даде дијагноза додека други деца со дијагноза не можат да дојдат на ред. Има родители кои иако им се вели детето да има моторна активност (заради развој на мозокот и говорот да не навлегувам понатаму) тие постојано таблетот му го даваат и ред други работи кои не би ве оставиле рамнодушни ниту како родители ниту како стручни лица. Верувајте дека веднаш се познава со кое дете дома се работи со кое не, децата и развојот не може да излажат и да се скријат.

    Едит: Верувам членката која е дефектолог не се изрази доволно јасно и дека мислеше на децата кај кои се јавува задоцнување и отстапување на развојот и говорот ( зборувам за големо доцнење од речиси година)кое многу често кај нас се дијагностицира како аутизам (од „дијагностичари“) и дека најчесто тоа се случува поради недоволно посветено внимание, верувам дека не мислеше на аутизам, во спротивно би останала без коментар.
     
    Последна измена: 28 декември 2019
    На eli25, Dalia93, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.