1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Афера (The Affair)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од DzingrlakaDzikica, 23 октомври 2014.

  1. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Showtime овој месец стартува нова серија. The Affair.
    Креативни и талентирани имиња во писателската фела ама и актерската пред камерата е доста импресивна. Доминик Вест англискиот актер, во The Affair ја толкува улогата на Ноа Соловеј, (женетиот татко на 4 деца). Неговата „ТВ сопруга“ Хелен е портретирана од Маура Тирни, актерката која 1 декада публиката ја препознаваше како медицинската сестра/докторка Аби Локхарт во медицинската драма E.R. Рут Вилсон која во серијата ја глуми Алисон Локхарт, мажената кенлерка и љубовница на Ноа веќе беше номинирана за Златен глобус, но глумеше и во критички обожаваната серија Luther.

    Тоа што ја прави уникатна серијата се ликовите. Особено на Ноа и Алисон. Нивната историја, сегашност, траумите, разочарувањата. Ноа е професор во јавно средно школо и навидум среќно оженет татко на 4 деца. Но, под задоволството од мирниот живот во Бруклин се крие немир и разочарување затоа што неговата сопруга е побогата, поуспешна од него, а не помага што и неговиот „дедо“ (таткото на Хелен) е богат, успешен и арогантен со голема вила во Хемптонс- елитното одморалиште каде што тие заминуваат на летен одмор уште во првата епизода. Алисон пак е истрауматизирана од смртта на синот Габриел 2 години претходно и се обидува да се справи со тагата и вината (се наговестува дека смртта е поради нејзината негрижа).

    Секоја епизода (вкупно 10 епизоди) трае по 60 минути ама поделена е на два дела, секој дел по 30 минути за секој од двата лика Ноа и Алисон. Најпрво Ноа добива 30 минути за да ја прикаже неговата перцепција за настаните, а потоа и Алисон. Во сцените слушаме нарација не само од двата ликови, туку и од трет актер кој посебно води разговор со секој од нив како еден вид на испрашување во полициска станица. Третиот лик ги прашува за нешто што се случило (најверојатно убиство- но тоа не е објаснето за да се држи мистеријата), почнувајќи од тоа како се запознале па за деталите од нивните индискреции.

    Трејлер: https://www.youtube.com/watch?v=Til6Nt2ps9s

    ...................................................[​IMG]
     
    На edenandrej, kikin и summer24 им се допаѓа ова.
  2. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.211
    Допаѓања:
    13.861
    Пол:
    Женски
    ЈАс денес планирам да ја почнам...ја немам гледано. Таман 4 сезони, со ред да ги фатам без чекање., па ќе пишам мислење
     
  3. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.994
    Пол:
    Женски
    Каде може да се гледаат серииве?
     
  4. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.364
    Допаѓања:
    317.424
    Пол:
    Женски
    јас на Netflix ја гледам
     
    На RosettaStone му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    151.772
    Тек сега ја открив серијата
    моментално 2 сезона гледам од вкупно 5
    екстра е стварно е добра