чичко погодено, во најголем дел Tенис спорт кој се препорачува за чичковците а денес му е роденден на Rафаел Nадал , а и тој е чичко
Спојлер Ќерка (5 мај – 4 јуни) Среќен ден: недела Успешни месеци: мај и септември Елемент: оган Дрво: гуава Боја: кафеава Знакот ќерка се поврзува со симболот на ѕвездата со пет крака. Тие се дарежливи и оптимисти, но секогаш се грижат за непотребни работи. Тоа не води никаде и понекогаш им го уништува животот. Потребно е да ја гледаат светлата страна на работите и да научат да им веруваат на другите. Нивната најголема предност е нивниот светол, весел дух. Животната радост и грижливиот инстинкт ги заштитуваат и им обезбедуваат многу добри пријатели. Љубов: Ги сакаат силната страст и љубовните изјави. Тоа за нив е сè или ништо; еден момент си заминуваат, а веќе следниот момент се назад во прегратките на партнерот. Имаат идеал за тоа каква треба да биде љубовта и така кршат многу срца, иако по природа не се такви. Неодоливи се затоа што секогаш го слушаат сопственото срце. Потребна е силна страст, нови големи возбудувања и мотивација за да ја одржите врската со партнерот роден во овој знак. Работа: На работа, пријателите се тие што им даваат идеи и им помагаат на родените во овој знак. Креативни се и ентузијастички настроени, но им недостасува издржливост. Најдобро се снаоѓаат во графиката, комуникацијата и односите со јавноста. Нивниот талент доаѓа до израз кога работат под притисок. Здравје: Најмногу им одговараат тимските спортови. Треба да внимаваат на истегнувања на мускулите и на циркулацијата. Рибата и морската храна се добри за нивната кожа и нерви. Епа така е
Лав (5 август – 3 септември) Среќен ден: среда Успешни месеци: август и декември Елемент: земја Дрво: кола Боја: црна Знакот лав, како што кажува неговото име, се поврзува со млад, енергичен лав што означува среќна личност која го сака животот. Сите го сакаат нивниот позитивен начин на размислување и способноста да го заборават она што ги повредило. Родените во овој знак се живи, нестабилни, сонуваат со отворени очи и не секогаш другите можат да им угодат. Имаат вродено шесто сетило и силно развиен инстинкт. Не ја сакаат рутината и често го менуваат работното место, домот или партнерот. Ја извршуваат секоја задача, но штом постигнат нешто, тoа брзо им здосадува и бараат нов предизвик. Љубов: Нивниот љубовен живот е полн со промени. Ненадејни далечни патувања, изјави на вистинска љубов и жестоки расправии се дел од нивните врски. Но и покрај тоа, припадниците на овој знак гледаат објективно на нивниот однос со партнерот. Кај нив, кога е љубовта во прашање, нивниот разум го победува срцето и така успешно ги надминуваат сите пресврти. Работа: Овие луѓе брзо се заморуваат од работата. Често го менуваат работното место. Треба повеќе да ѝ веруваат на сопствената интуиција. Родените во овој знак не се плашат да преземаат ризици. Најмногу им одговара професија која ќе ја поттикне нивната креативност. Здравје: Сакаат секаков вид физичка активност, па дури и едноставно спортување на плажа. Но, често не ги изведуваат вежбите правилно. Потребно е да знаат како да го добијат најдоброто од секоја вежба. многу точно
Мудрец Па сигурно дека ќе ми се октомври и февруари успешни месеци, кога во октомври ми е роденден и си собирам некој денар , а во февруари празници ово-оно и ајде уште некој денар
Среда за среќно Па секако дека го сакам животот иако некогаш велам дека ми иди да се фрлам од 15 спрат Јас сум најголемиот позитивец што го видела човештвото Па секако дека му е тешко да ми угодат,ретки се тие што можат. А за физичка активност но еј двете леви ми се бре.. За друго нема да коментирам.
Татко (4 јануари – 3 февруари) Среќен ден: четврток Успешни месеци: јануари и мај Елемент: воздух Дрво: баобаб Боја: зелена Знакот татко е поврзан со Сонцето и светлината. Тие се стабилни и чесни личности кои живеат во реалноста. Внимателни се. Другите имаат доверба во нив и затоа често им се обраќаат за совет. Имаат чувство за добри бизнис зделки, но притоа често ја забораваат хуманоста. Среќни се, но повеќе се потпираат на нивната издржливост, отколку на нивната среќа. Работат многу напорно. Веруваат во себе и во своите одлуки. Љубов: Родените во овој знак бараат стабилна врска која постепено расте и се продлабочува. Сакаат сè да прават заедно со својот партнер; од заедничко живеење, до заеднички патувања. Припадниците на овој знак се најчесто јадрото на врската. Му помагаат и го поддржуваат партнерот. Имаат многу пријатели и сите нив подеднакво ги ценат. Работа: Имаат потреба од висок социјален и професионален статус. Секогаш го добиваат тоа што го сакаат. Треба повеќе да се изразуваат, да водат проекти или тимови. Важно е што луѓето лесно ги препознаваат нивните способности и квалитети. Здравје: Луѓето родени во овој знак треба да вежбаат за да се ослободат од стресот. Најмногу им одговараат тенис и пливање. Добри за нив се и вежбите кои вклучуваат длабоко дишење, како што се јогата и пилатесот. Потребно е да се ослободат од токсините. Се ми погодиле, освен тоа со партнерот, не сум сигурна дали би сакала со некој дечко да одам на патување
Антилопа (4 септември – 3 октомври) Среќен ден: четврток Успешни месеци: септември и јануари Елемент: воздух Дрво: савана-грмушка Боја: бледа розова Знакот антилопа се поврзува со извонредна мешавина од стабилност и дебаланс. Тоа е двоен знак со две посебни страни; страв и надеж, поаѓање и враќање. Антилопите се наоѓаат во два различни света. Едниот е широката савана каде што се слободни, а другиот свет се грмушките каде што тие се кријат. Родените во овој знак се страсни, сакани сè од сите други, имаат точни барања и донесуваат цврсти одлуки. Сè што ќе посакаат, го сакаат веднаш. Треба да научат како да размислуваат посмирено и да ги прифатат другите. Љубов: Повеќе сакаат да имаат неколку навистина блиски пријатели, отколку многу познаници. Истото важи и за нивните партнери. Сакаат силни и интензивни врски. Потребно им е многу време за да ја најдат личноста за која сонуваат, која ќе ги разбере, ќе ги прифати и ќе им ја даде потребната слобода. Партнерот треба да ја почитува нивната мистериозна страна. Пријателите, родителите и семејството им се многу важни затоа што ги потсетуваат на нивното потекло. Работа: Често се случува да работат под притисок и да бидат ограничени во работењето. Креативната работа или хоби го разубавува нивното секојдневие. Најдобро се снаоѓаат со финансии и работа на берзата. Здравје: Припадниците на овој знак страдаат наизменично од тежок замор, па од премногу енергија. Потребно е повеќе да спијат и да имаат соодветен појадок за да бидат постојано снабдени со енергија и да немаат променливо расположение. па погоди
95% e точно. Спојлер Лав (5 август – 3 септември) Среќен ден: среда Успешни месеци: август и декември Елемент: земја Дрво: кола Боја: црна Знакот лав, како што кажува неговото име, се поврзува со млад, енергичен лав што означува среќна личност која го сака животот. Сите го сакаат нивниот позитивен начин на размислување и способноста да го заборават она што ги повредило. Родените во овој знак се живи, нестабилни, сонуваат со отворени очи и не секогаш другите можат да им угодат. Имаат вродено шесто сетило и силно развиен инстинкт. Не ја сакаат рутината и често го менуваат работното место, домот или партнерот. Ја извршуваат секоја задача, но штом постигнат нешто, тoа брзо им здосадува и бараат нов предизвик. Љубов: Нивниот љубовен живот е полн со промени. Ненадејни далечни патувања, изјави на вистинска љубов и жестоки расправии се дел од нивните врски. Но и покрај тоа, припадниците на овој знак гледаат објективно на нивниот однос со партнерот. Кај нив, кога е љубовта во прашање, нивниот разум го победува срцето и така успешно ги надминуваат сите пресврти. Работа: Овие луѓе брзо се заморуваат од работата. Често го менуваат работното место. Треба повеќе да ѝ веруваат на сопствената интуиција. Родените во овој знак не се плашат да преземаат ризици. Најмногу им одговара професија која ќе ја поттикне нивната креативност. Здравје: Сакаат секаков вид физичка активност, па дури и едноставно спортување на плажа. Но, често не ги изведуваат вежбите правилно. Потребно е да знаат како да го добијат најдоброто од секоја вежба.
Воглавно точно. Особено болдираното. Ама не мислам дека сум пребирлива кога е во прашање љубовта. И не ги сакам промените.
Јас сум мајка! Иначе скоро се ми е точно, освен тоа дека не обожавам спорт. Јас одсекогаш сум спортувала нешто. Неможам да си го замислам животот без спорт.
Мајка (4 февруари – 5 март) Среќен ден: среда Успешни месеци: февруари и јуни Елемент: воздух Дрво: кокос Боја: сива и сина Знакот мајка е поврзан со Месечината, со илузијата на ноќта, што им овозможува да ја истражуваат својата потсвест. Тие се личности кои смируваат со својот убав, но истовремено и силен изглед. Даваат многу, забавни се и затоа другите им се восхитуваат на нивната човечност и способноста да слушаат. Но, овие луѓе најчесто не се разбрани од другите, затоа што не е лесно да им се пријде. Припадниците на овој знак повеќе сакаат да ги слушаат другите, отколку да зборуваат за себе. Љубов: Во љубовта често се предомислуваат и не се секогаш верни. Тие се духовни и индивидуални личности кои бараат партнерот да ги смета за малку понеобични од сите други. Сакаат долги разговори, еротски средби и сè што може да ја направи врската поинтересна. Не се заинтересирани да бидат само со една личност, но постои можност да го најдат вистинскиот партнер и да останат покрај него, сè додека тој им дава простор и не ги задушува во врската. Работа: Постојано се зафатени и затоа понекогаш треба да застанат малку и да размислат за работите што ги опкружуваат. Потребно им е слободно време, за да може подобро да функционираат. Може да ја сменат работата неколку пати. Можно е дури и да се ориентираат кон друга кариера. Опкружени се со луѓе кои секогаш им даваат добронамерни совети. Здравје: Родените во овој знак треба да јадат здрава и лесна храна и да му се спротивстават на искушението на слатките. Потребно е да внимаваат на коските и белите дробови. Не го обожаваат спортот, но добро е понекогаш да излезат на свеж воздух. скоро се ми е точно, освен тоа дека не обожавам спорт.
Вештерка (5 јули – 4 август) Среќен ден: вторник Успешни месеци: јули и ноември Елемент: оган Дрво: африкански кедар Боја: портокалова Знакот вештерка не означува ништо страшно, ниту опасно. Овој знак всушност се поврзува со рамностран триаголник, што ги симболизира авторитетот и восхитот. Тоа се ведри и определени личности. Добро се познаваат себеси, сопствената сила и граници. Дарежливи се, но и нетрпеливи. Не го трошат времето жалејќи за минатото. Имаат многу силна интуиција. Работите ги предвидуваат пред да се случат и многу лесно можат да ги прочитаат другите луѓе. Нивната мистериозност ги фасцинира другите. Се е точно. Јас сум вештерка.
Антилопа (4 септември – 3 октомври) Среќен ден: четврток Успешни месеци: септември и јануари Елемент: воздух Дрво: савана-грмушка Боја: бледа розова Знакот антилопа се поврзува со извонредна мешавина од стабилност и дебаланс. Тоа е двоен знак со две посебни страни; страв и надеж, поаѓање и враќање. Антилопите се наоѓаат во два различни света. Едниот е широката савана каде што се слободни, а другиот свет се грмушките каде што тие се кријат. Родените во овој знак се страсни, сакани сè од сите други, имаат точни барања и донесуваат цврсти одлуки. Сè што ќе посакаат, го сакаат веднаш. Треба да научат како да размислуваат посмирено и да ги прифатат другите. Љубов: Повеќе сакаат да имаат неколку навистина блиски пријатели, отколку многу познаници. Истото важи и за нивните партнери. Сакаат силни и интензивни врски. Потребно им е многу време за да ја најдат личноста за која сонуваат, која ќе ги разбере, ќе ги прифати и ќе им ја даде потребната слобода. Партнерот треба да ја почитува нивната мистериозна страна. Пријателите, родителите и семејството им се многу важни затоа што ги потсетуваат на нивното потекло. Работа: Често се случува да работат под притисок и да бидат ограничени во работењето. Креативната работа или хоби го разубавува нивното секојдневие. Најдобро се снаоѓаат со финансии и работа на берзата. Здравје: Припадниците на овој знак страдаат наизменично од тежок замор, па од премногу енергија. Потребно е повеќе да спијат и да имаат соодветен појадок за да бидат постојано снабдени со енергија и да немаат променливо расположение. хахахаха