1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Африка

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Pirana, 3 јуни 2014.

  1. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Ја отварам оваа тема со едноставна цел да дискутираме конкретно за земјите од Африка, да споделиме импресии и некакви информации за оние кои планираат да го посетат овој континент кој е втор по големина во светот и завзема 20% од вкупната површина на Земјата.

    Би сакала оваа тема да ја започнам со земјата во која “живеев“ нешто помалку од една година, земја која пред да биде нападната од НАТО го имаше најдобриот стандард за живот во Африка а и пошироко, земја во која секој жител имаше загарантирано живеалиште, струјата беше БЕСПЛАТНА исто како и образованието за локалци и странци, здравството беше бесплатно за сите, а медицинските сестри земаа плата од 1.200 долари месечно. Земја во која литар нафта беше 0.15 долари и секој еден што имаше дозволен престој можеше да земе кредит во износ од 100.000 долари без камата за започнување на свој бизнис, истиот тој човек со своите документи можеше да земе кола која 50% ќе му биде платена од државата.
    Не знам колку сте запознаени, но за разлика од останатите западни држави, тука банките беа државна сопственост а не на династијата Ротшилд, беа единствени банки кои немаа долг и се полнеа секојдневно со пари од висококвалитетната нафта, буквално каде и да пробушиш - извираше нафта.
    Ми беше отскочна даска во животот и во тој период го направив најголемиот капитал до сега, најубавите денови ги поминав таму бидејќи можев да си дозволам многу работи, тоа беше една од оние животни шанси кои не доаѓаат многу често а најмногу се гледаат кога ќе си заминат, среќна сум што успеав да ја искористам максимално и вечно ќе жалам за мојата убава:

    ЛИБИЈА
    Добар дел од територијата на Либија е пустината Сахара, па речиси се е сконцентрирано на морскиот брег према Европа. Јас прво живеев во Триполи и плаќав 300 долари месечно за изнајмување на стан, а кога почнаа немирите се префрлив во Бенгази, седев некои месец дена во хотел со надеж дека ќе биде подобро, ама тоа подобро никогаш не дојде и морав да заминам од земјата.
    Целиот брег е (беше) добро развиен за туризам, друга култура, палми, пеколно сонце, забулени жени, прекрасни арапски залези на сонцето и километарски плажи. Државен транспорт како возови/метро/автобуси НЕМА, ама има такси со смешни цени бидејќи бензинот е многу ефтин, а и може да се изнајми/купи кола.
    Климата на мене ми беше супер, зимно време некои 20тина степени, а летно доаѓаше и до неверојатни 50 степени кои не се осеќаа така многу се додека не отидеш во внатрешноста према пустината.
    Кујната е арапско-италијанска, свинско нема теоретска шанса да најдеш никаде ама затоа има прекрасни јадења со риба и морски плодови, пилешко, јагнешко па и камилско месо (јас тука за прв пат пробав месо од камила). Рестораните се секогаш полни и за голем дел од локалите ќе треба да си резервирате унапред, атмосферата е пријатна и вработените секогаш ќе ве дочекаат насмеани и ќе гледаат да ви удоволат, особено ако сте странец.
    Наргиле (задолжително да се проба!) и чаеви буквално на секој чекор, ама мал проблем е алкохолот... Имало и смртни казни за оние кои се обидувале да шверцуваат алкохол од други земји и да го препродаваат на локалците, во принцип ако се потрудите може да дојдете до шише вотка или виски ама не дај боже да ве фатат вас или оној што ви го продал па да ве пропее на полицијата, во најдобро сценарио ќе завршите без рака, а може и со живот да ја платите флашата алкохол, најмногу зависи од количината што сте ја земале. Јас не се осудив на таков чекор, и бидејќи го сакам ноќниот живот (читај алкохолот) секоја вечер има фери од Триполи до Малта каде може да отидете и да се журкате до сабајле, па после враќај се мамурен, никој нема да ти направи проблем.
    Мажите во Либија знаат да бидат многу досадни и да ви довикуваат “хабиби хабиби“ поготово ако сте странец, ама уште од старт ќе ги откачите или само спомнете им полиција и веднаш ќе престанат, жените претежно се забулени од глава до пети, ама по улиците може да се сретнат модерни либијки, ретко - но ги има, не им е забрането со закон туку нивно право.
    Јазикот е Арапски, прво нешто што ќе научите е “Салам алејкум“ а одговорот ќе ви биде “Аламалејкум салам“, напоменав дека образованието беше бесплатно па јас се запишав на државниот универзитет во Бенгази на вонредни студии на Арапски јазик за странци ама како што кажав заради се што се случи немав шанси да продолжам, а меракот ми беше многу голем.

    Рибниот пазар во Триполи кој се наоѓа во близина на пристаништетот е место на кое се наоѓа буквално се што може да се извлече од Средоземно море, од ракови, школки, риби до ретки и скапи деликатеси, како филе од ајкула на пример, и тука ќе имате можност да ги купите на многу ниска цена. Либиец секогаш од вас ќе очекува да се ценкате и тоа е вистинско доживување низ пазарот, ќе ви нудат се што имаат и очекуваат да се расправате со нив, во буквална смисла на зборот.
    Малку подолу од рибниот пазар се наоѓа уште еден, универзален пазар на кој има некои бижутерии, зачини, јаткасти плодови, алишта, шишенца со ароми и секакви дрангулии, и тука нормално ценкање, во спротивно продавачот ќе биде многу навреден.
    Луксузен кварт во Триполи е Гаргареш, тука се наоѓаат огромни молови (од кои повеќето се под земја) и продавници со брендирана облека, куќите низ квартот се преубави, рестораните се луксуз невиден на пристојни цени, освен оние хотелските ресторани (Коринтија и Ел Махари) каде може да одите на забави и алкохолот ќе ви биде дозволен но не смеете да го изнесете надвор од хотелот.
    Во центарот на Триполи се наоѓа зелениот плоштад, на секоја зграда, трговски центар, куќа, знаме па и бандера ќе го гледате ликот на Гадафи та во никој случај не заборавите кој ви е лидер и како изгледа, на истиов плоштад се извршуваа и смртните казни пред кои Гадафи лично држеше говор, оној што има добар желудник и желба може да оди и да гледа егзекуција во живо.

    Целата земја е богата со споменици и стари театри кои треба да се посетат, а јас би го одворила местото/римски град Лептис Магна кое е заштитено од Унеско и се наоѓа на периферијата на Триполи (Триполитанија се вика местото), според мене ова е најпривлечна туристичка дестинација која мора да се види. Таму се наоѓа триумфалниот брод, стариот и новиот плоштад, амфитеатарот и циркуз од времето на Цезар.
    Во близина на овој град се наоѓаат и едни бањи, не се сеќавам точно кој цар ги направил ама многу се убави и треба да се посетат, ИСЛКУЧИВО на пролет, зима или доцна есен затоа што овие две места спаѓаат во територијата на Сахара и пеколот ќе ви го убие авантуристичкиот дух.
    Пустината треба да се посети и убаво е да се направи една тура со камила или џип кои ќе ви одземат цел ден, има низ Триполи многу штандови кои организираат секакви екскурзии кои не се скапи и треба да се доживеат. Многу важна работа, кога се оди во пустина да се носи соодветна облека за да не се наголтате песок, за разлика од Гоби во Сахара има многу ветар и песочни бури, и нормално ако одите на повеќедневна тура да имате зимска облека со вас, општо познато е дека во пустина преку ден е 50 степени а ноќта доаѓа до -20 степени, буквално измрзнување и трескање заби.
    Друго што е убаво да се види е зоолошката и ботаничката градина која е огромна, има и некакво мало сафари во склоп на објектот ама не е ништо посебно.

    Последниот ден кога бев во Либија беше 1ви Јули и присуствував на протестите кои се одржаа на зелениот плоштад против решението на НАТО да го бомбардира Триполи, тоа беа пеколни протести од 2 милиона народ кои го поддржаа Гадафи, тие 2 милиона се 1 третина од вкупното население на Либија и 90% од жителите на Триполи. Гадафи откажа да си го продаде народот и својата земја, работеше во интерес на граѓаните и верувам дека со неговите реформи ќе ја донесеше Либија на врвот и оваа држава ќе беше светска сила.
    Секој либиец има манири и почит према вас, и најважната работа за нив е првиот впечаток според кој го креираат своето мислење за една личност и многу тешко го менуваат. Успеете ли да добиете либиец за пријател, тој ќе ви биде пријател без разлика на се, ќе биде спремен да ја стави раката во оган за вас, секогаш ќе биде на ваша страна без разлика за што станува збор и никогаш нема да побара ништо за возврат.
     
    На LittlePinky, senza.parole, Acerola и 25 други им се допаѓа ова.
  2. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Ако вашата претстава за рај или идеално место е поврзана со палми, километарски плажи и син океан, сигурна сум дека ќе ви се допаднат овие дестинации. На сето тоа додадете ја аромата на неверојатните плодови и сликата ќе ви биде комплетна. Океанот е прекрасен, жителите се многу љубезни и прва работа што ќе ви ја кажат е да не се плашите од ајкули затоа што водата до островот не е доволно богата со кислород за нив, па повеќето од туристите нема да ги видите надвор од вода.

    Маурициус
    Ви е многу подобра и поефтина варијанта од Малдивите, барем за мене. Освен вода, палми, плажи, излежавање на песок и печење на сонце, хотелите нудат одлични тури околу островот, ама пред да се уплати најдобро е да се разгледа наоколу затоа што во внатрешноста на островот (некои 2,3 километри од плажите) има штандови со истите тури на пола цена, а авантуристи може да си фатат патот и сами да го истражуваат островот или да изнајмат точак.
    Турите се организираат во едни малечки и стари минибуси (тука одма ќе ја приметите разликата со луксузот на Малдиви) и прва станица ви е Градината на цитроните во која има мал милион растенија, од палми до цитрони нормално, па ќе ви дадат да пробате бесплатно некои плодови од кои голем дел за мене беа непознати. Следна дестинација ви е црвената земја т.е. магма од која се разделиле азотните соединенија пред да се оладат, па на тој начин настанала прекрасна површина со црвена боја, задолжително да се посети, местото е неверојатно. Во близина се наоѓаат и три водопади, до нив се оди пешки ама не е многу далеку и убаво е да се видат.
    Речиси во сите тури е вклучена посетата на главниот град и пристаништето кое игра многу важна улога во економијата на земјава, јас се запрепастив колку е прометно и поврзано со Индија. Градов е познат по текстилот и светските модни куќи ја користат ефтината работна рака, истото се однесува и за обработка на дијаманти и златарството, и бидејќи пристаништето е FTZ = некој што има барем малку сенс може многу лесно да ги спои овие точки и искористи во своја полза, работи што за мене беа максимално интересни.
    Многу од зградите во Порт Луи се во некој колонијален стил, ќе видите многу католички цркви, џамии, еврејски гробници, индијски храмови, баш големо разнобразие во религијата, а и во населението, од Англичани, Кинези, Африканци, белци и црнци, сите зборуваат некој нивен јазик што за мене беше деформиран Француски со некои нивни зборчиња и тежок за разбирање, ама затоа Англискиот им беше перфект, баш се зачудив, нема човек што не знае Англиски. Стандардот на жителите е многу мизерен, ама луѓето се максимално работливи, пријателски настроени и секогаш насмеани. Во принцип, процентот на невработеност е многу низок, речиси и да го нема (пристаништето), ама некоја средна плата им е 200евра месечно со што имаат бесплатно здравство (здравството е бесплатно и за туристи, мене ме фати заб па бев да го правам и не платив ништо).
    Во главниот град ќе имате прилика да го посетите стариот градски театар и пазарот на кој ќе најдете се и сешто, нема потреба од ценкање затоа што цената на сувенири, храна и слично е многу ниска, па баш нема смисла да се ценкате, ај ако не да му го земам производот па одозгора и пари да му барам!
    Истото важи и за продавниците во моловите со брендирана облека, кажав дека тука се користи работната рака од светските компании па тоа по дефиниција значи дека ќе се направи добар ШОПИНГ, за 200 долари ќе наполните цел куфер со брендирана облека.
    Друга работа што треба да се посети е птичјиот парк, т.е. има 2 едниот знам дека беше Касела или така нешто а другиот не знам како се викаше, освен птици ќе видите тигар, мајмун, мало езерце, мнооогу желки, нешто како зоолошка која си има и сафари во склоп на објектот ама на мене не ми остави огромен впечаток зашто е многу мало – ништо посебно.
    Во близина на парковите се наоѓа и ботаничката градина со милион палми и шеќерни трски, местото е огромно и тука може да најдете продавнички и нешто како ресторанчиња/кафичи/дискотеки, шемата е тука, кремско место за туристи и локалци.
    Има организирани тури и до кулите кои се нешто како атракција на градот, но нема потреба да се уплаќа тура кога може сами да си отидете кога ќе се запознаете малку подобро со територијата и ќе имате некоја ориентација кај се наоѓате.
    Кујната им е турли тава, од се по нешто се наоѓа, но многу е вкусна и лута! Ми кажаа дека многу делувала како афродизијак – потврдувам.
    Да се навратам за турите кои ги нудат хотелите и се наоѓаат низ градот, огромно ДА за одење до соседните острови со брод, сите тури се со вклучен ручек на бродот (риба претежно) и има опција за нуркање која јас не ја искористив но верувам дека е убаво.
    Во врска со ноќниот живот, хотелите организираат забави речиси секоја вечер, а и на она кремско место што го спомнав погоре има 2,3 локалчиња налик дискотеки со ТОП журки до сабајле, нормално мора да се проба рум кој е со многу добар квалитет, а имате и такви помирни ресторани и во 90% од нив има нивни традиционални (читај еротски) танци до сабајле кои ќе ве натераат да поцрвенете во образите, задолжително да се одвои барем една вечер за ова!
    Препорачувам за посета во секое годишно време (зимно време е најефтино - нивно зимно т.е. јуни – септември) и важна работа што треба да се знае е дека хотелите даваат НЕНОРМАЛНИ попусти за сместување/храна/пиење/тури на брачни парови, тоа по дефиниција значи дека ако сте во брак ќе поминете 3 пати поефтино. Нема простор за паника кај вечните несреќи во љубовта - секогаш ја има онаа опција “најди некој да ти изиграва партнер“ и утепај 2 муви со еден удар.
    Заборавив да кажам за музејот на птицата додо во Порт Луи, тоа мора да се посети и ќе ви ја раскажат приказната како птицава загинала од наивност, задолжително да се купи сувенир како на пример додо сурферот, додо рокерот, додо КАМАСУТРА, а мене ова додо секогаш ќе ме асоцира на човековата глупост.

    Групирано по местоположба и на островска база, да кажам нешто повеќе и за островот на кој бев 6 дена (пак тие нискобуџетни компании ме подлажаа):

    Сејшели
    Слетав на аеродромот во Махе, тука се наоѓа и главниот град на Сејшелите кој патем е најмал во светот – Викторија. Со самото излегување од авион бев зашеметена и се почувствував анемично, последица на пеколниот воздух и големата влага – баш шок! Од тука, се зима такси до пристаништето, а од пристаништето фери или приватно мало бродче за до островот Силует, 20мин пат, не е многу далеку. Број на жители – не повеќе од 50! Малку подлабоко во островот т.е. во шумата да ја наречам, има цел комплекс од хотели на цена од 100 долари па нагоре од вечер (оган скупо!!!), тука ни партнер ни ништо не ви помага за попуст (мислам, освен ако не ве финансира некој)!
    Тука ќе видите многу приватни луксузни куќички сокриени од јавноста, а во малото селце кај што живеат локалците задолжително да се посети фармата за желки (огромни желки!), желката е еден од симболите на островов и местово е права атракција.
    Важна работа е да се земат заштитни креми со висок фактор (ќе бидете многу блиску до Екваторот, сонцето мава), јас мислев дека имам некаква подлога и нема да ми треба па така убаво се заебав, веќе на вториот ден бев целата оперутена, изгорев до коска и изгледав како да сум оболена од некоја кожна болест, неубаво и многу непријатно!
    За љубители на риболов – задолжително, леле какви риби по 40тина сантиметри должина, фантазија! За спортисти, има туристички патеки кои те носат до самиот врв на островот кој во интерес на вистината воопшто не е низок! Ќе видите голем зор, задолжително да се земат соодветни чевли, не се тргнува со боси нозе по папуча или апостолка, ви изгледа ниско ама не е така. И да не се фаќате за се што ќе видите, НИКАКО јадење на непознати плодови што ќе ги сретнете по пат!!! Има такви што се многу отровни, ако сте лаком газ како мене и се заграбате за некој плод, ОБАВЕЗНО консултирање со водичот што е тоа што сте го обрале!
    Погледот од врвот е импресивен...

    Иако слетав на Махе, прво бев на островот Силует па последните 3 дена пред да си одам престојував на Махе.
    Тука се наоѓаат поефтини хотели, нормално не се таков луксуз како претходно ама колку да се преспие се ОК, на цена од 40тина долари од вечер.
    Викторија е многу мало гратче, забележителни се зградата на општината пред која се наоѓаат симболите на Сејшели – желките и кокосот (коко дел мар), будистичкиот храм, часовникот во центарот на градот...
    Од тука, има опција да се отиде со хеликоптер до островот Праслин (некои 20мин лет) кој е заштитен од Унеско и тоа е единственото место кај што расте кокосот, нема да најдете такво нешто никаде на друго место низ светот, има форма на задник и се смета за голем афродизијак (логично, не ме изненади...). ВАЖНО немој да се осудите да изнесете кокос од островот – се казнува со затвор! Ако толку многу сакате да имате некаков спомен од газлест кокос, може да си купите со сертификат за кој ќе платите 200 долари, ама само за кората (испразнета е внатрешноста). А ако сакате да отидете и да ги видите плантажите каде што расте, ќе треба да платите 30 долари. E знам, ништо не е бесплатно, очекував на крај да ми врачат фискална со број на воздишки па и тоа да го платам...
     
    На Elena69221, senza.parole, lunicka и 19 други им се допаѓа ова.
  3. Susmita

    Susmita Активен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    15
    леле супер ќе се изначитаме хухуху
     
    На fighter му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    За да се најдеш во срцето на Етиопија, потребна ти е задолжителната вакцина против жотлата треска, коктел од таблети против маларија и виза за која се чека околу месец дена. Нема шанси да влезете во земјата ако не сте ја примиле вакцината, имате опција сами да ја купите и да ја примите пред патувањето (мора да се извади меѓународно уверение дека сте вакцинирани) или ќе бидете вакцинирани со самото слетување на аеродром, а доколку одбиете - веднаш ќе ве транспортираат назад од кај што сте дошле.

    Ова важи за повеќето Африкански земји (Гана, Сиера Леоне, Кенија, Конго, ЈАР, Боцвана итн.), но еднаш ако ја примите вакцината заштитени сте во наредните неколку години па не мора во секоја земја каде што владее епидемија повторно да се вакцинирате, а додека таблетите за маларија се земаат секојдневно додека престојувате на ризична територија (општо познато е дека за маларија нема вакцина па затоа ќе мора да бидете под заштита со таблети).
    Јас немав потреба од имунизација пред ова патување затоа што не ми беше прв пат да одам на територија со висок ризик од инфективни болести, веќе имав престој во Африка и под тоа се подразбира дека морам да бидам вакцинирана против сите смртоносни болести од типот на колера, чума, хепатитис, хеморагична и жолта треска (овие се задолжителни низ повеќето земји), а имате некои кои се примаат пред посета на одредена земја, како на пример вакцината против болести на стомакот од типот на салмонела и слично.

    Слетав на аеродромот во Адис Абеба целата замаена, првата причина е заради нус појавите на таблетите против маларија кои ми направија мал проблем, а другата причина е тоа што градот е на многу висока надморска височина и заради ниската концентрација на кислород ќе мора да вдишувате и издишувате двапати побрзо за да не се онесвестите.
    Ќе ви требаат неколку дена за адаптација, јас во принцип немам проблеми со терапии за заштита од болести но овој пат имав и плус проблемите со воздухот предизвикаа 2 дена да се чувствувам многу лошо.
    Уште на “паркингот“ пред аеродромот наидов на инвалиди и деца кои почнаа да трчаат околу мене и да ме тегнат за рацете, повторуваа само money, money, money...
    Стигнав до хотелот кој беше во центарот на градот, објект кој е опкружен од дрвени колиби и затворен од сите страни со голема ограда, а на самиот влез имаше обезбедување од 15тина воени лица навооружени до заби кои беа задолжени да ги држат локалците да не им се приближуваат на туристите и да бараат пари или да не вознемируваат на некој начин. Многу често навечер (околу 3 по полноќ) ќе ве разбудат гласови, луѓето имаат навика да шетаат покрај хотелот и да пеат (претпоставувам дека тоа го прават за да го привлечат вниманието на туристите), а штом наеднаш настане тишина, не се осудувајте да искочите на тераса или да погледнете низ прозор бидејќи во рок од неколку секунди ќе видите вознемирувачки крвава слика предизвикана од обезбедувањето на хотелот која ќе ви предизвика инсомнија.
    Првиот впечаток од градот ми беше едно големо село, главниот пат од аеродромот до хотелот беше асфалтиран ама со толку многу дупки што подобро би било да е земја.
    Некаде на периферијата од градот интересно место е еден кафич, т.е. тоа е авион ама приземјен, не лета, и служи како кафич/ресторан, убава идеја! На секој агол ќе гледате атлетика, луѓето по цел ден само трчаат и се тркаат - јасно е дека од Етиопија се најдобрите маратонци па ова не ми дојде многу чудно, си тренираат луѓето... Не знам дали е од преголема љубов кон спортот или од немоќ да се надмине мизеријата, ако си доволно добар и упорен да се издигнеш на ниво на меѓународно позната атлета и да се здобиеш со пари и слава, но не успева секој и надежта последна им умира, па секој што трчаше потајно се надеваше дека можеби тој ќе е еден од тие кои ќе успеат во животот преку маратонот. Ова е слика што се гледа буквално на секој чекор.
    Во врска со условите за живот, во секој кварт/населба од 30тина колиби има по една чешма за пиење вода, тоалет и нешто да го наречам како туш кабина за лична хигиена на луѓето од тој кварт. Локалците не се жалат, кажуваат дека се среќни што не треба да носат вода на грб со километри.
    Нешто што мора да се посети е пазарот Меркато, огромно место, еден од најголемите откриени пазари низ Африка на кој можеш да најдеш се што ќе посакаш, јас се чувствував многу непријатно, 3ца белци помеѓу милион црнци, не можеш да се тргнеш од инвалидите околу тебе кои плачејќи бараат пари или храна, ќе дадеш - но не можеш на сите! Малку подолу, надвор од пазарот се наоѓа маркетот Теско (познати се овие низ Африка, ланец на супермаркети) а кога сум веќе кај Теско, на пазарот видов едно детенце како имаше закачено кеса од Теско на дрво и со неколку дупки од кои течеше вода пробуваше да се избања, ме забележа и се затрча према мене да ми побара пари, брзаше да се врати назад ама водата веќе одамна му беше истечена...

    Друга работа што треба да се направи е да се отиде до Ентото, место на кое ја имате Адис Абеба на дланка. Патот низ планината е стрмен и по пат ќе имате прилика да видите жени како носат храна и вода а мажите им се дрогираат и плачат. На врвот од Ентото имате еден објект пред кој стои маж во одело и ќе ве покани да влезете во неговата галерија, има интересни слики од историјата на градот кои е убаво да се видат.
    Место како ресторан, една вечер сакав да отидам и да јадам некаде надвор од хотелот па влегов во еден локал што се вика Фасика и било познато по традиционалната кујна и танците - е тоа го барам јас!
    Жените беа многу убави, замислете нешто како Наоми Кемпбел само 100 пати подобро, додека мажите не ми оставија баш добар впечаток. Е, седнав на масата која е во форма на песочен часовник и малку вдлабната, како леген, не беше многу голема и немаше ништо одозгора, некој материјал како чаршав, не знам како да ви го кажам, само дрво. Гледам менито, ништо не разбирам, порачав нешто што и ден денес не знам што е, ама беше традиционално јадење и ми го препорачаа, па ајде... По некое време доаѓа девојчето и става на масата едно огромно како палачинка, дојде и го плесна одозгоре - онака го фрли на маса! Тоа да ти бил некој специјален леб, кисел, сив по боја и мирисаше многу лошо, не знам точно од што го прават, заборавив, а и нема потреба да памтам зашто не планирам да го јадам пак. Следно, донесоа манџа во големо тенџере (за цела маса) и таман почнав да се чудам кај ќе ја стават па сега таа манџа, земаа ја плиснаа целата течност врз сивата палачинка! На места имате парчиња месо од јагне, свинско, тук там некој зеленчук, вода, се тоа распостелено низ масата, добро, следен чекор очекувам прибор? - Е нема, си кршиш од лепчето и си мацкаш во манџата, исто како и останатите 10 души околу тебе на масата!!! Баш слатко, прсти да излижеш!!! Јас останав гладна таа вечер, си се вратив во хотелот по сендвичи...

    Симиен
    Планините Симиен се место кое треба да се посети во Етиопија, по пат ќе го видите езерото Тана и Синиот Нил. Пред да влезете во Симиен, на некои 30тина километри од Дебарк ќе ја видите пустината Данакил и резерватите, спој од планина со снег и мали вулкани, територија на која нема теоретска шанса да стапнете без јако обезбедување (местото е познато по многуте напади врз туристи, киднапирања и убиства од страна на локалците) во никој случај да не се истакнува храброст и да се оди на своја режија низ овие предели.
    Меѓу другото, овие тури низ Симиен се прават со џип или магариња, јас немав многу време за магаре па бев со џип и турата траеше 3 дена, а со магаре не знам колку е, сигурно една недела ако не и повеќе (без застанување на караванот). Ова е интересна опција ама одзема многу време, а и треба да си изнајмите дупло повеќе магариња за да ви го носат багажот и храната.
    По пат се гледаат многу колиби, купишта сено и многу високи кактуси, ниски дрва и мали поточиња, и најважно ќе сретнете едни мајмуни со крваво срце ги викаат (редок и специфичен вид), леле не ми текнува на латинското име, нешто бабун беше... и еден вид на Афрички лав. Мајмуниве можат да бидат многу опасни, па се препорачува да не ги гледате директно во очи и да си ја наведнете главата кога поминувате покрај нив, имало случаеви кога туристи биле нападнати и се здобиле со тешки повреди, па и смрт.
    Како што се искачувате нагоре, на некои 4.000метри надморска височина ќе може да ги гледате орлите и нивниот лет, прекрасно, ќе ви прелетуваат над главата и единствено нешто што ќе слушнете е гласот на водичот - апсолутна тишина и прекрасен поглед. По некое време и водичот ќе запре, тоа е едно од оние места на кои нема многу што да се каже. Место на кое сите проблеми го губат своето значење и се претвараат во муви кои тук-там летаат околу тебе, длабоко во себе чувствуваш дека повторно си се родил...
     
    На Elena69221, senza.parole, lunicka и 14 други им се допаѓа ова.
  5. galijan

    galijan Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2012
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    260
    Pirana со задоволство ги прочитав твоите раскажувања.Животот е една голема авантура а ти очигледно ја живееш.Знам дека за ова се потребни финансии, ама дај да си признаеме колку од луѓето кои имаат пари знаат со ентузијазам и широка мисла да заминат во вака далечни и необични за нас места.Едно од најинспиративните писанија на овој форум, барем за мене.
     
    На LittlePinky, senza.parole, lunicka и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Возењето на кола низ песок покрај бреговите на Африка на 50 степени знае да биде многу напорно, особено ако нема кој да те замени и да вози наместо тебе. Посетата на оваа земја ми беше преку работата, а јас се одлучив да одам со кола наместо со авион - донекаде логично, знаејќи дека литар гориво е 0.15 долари, време имав и повеќе од доволно за една поинаква авантура, па зошто да не..?
    Опремена со GPS навигатор, потребните таблети и 2литарски термос полн со кофеин кој го надополнував на секоја станица, тргнав од Бенгази и патував повеќе од 3 дена, од Либија преку Египет, застанав во Каиро на преспивање за на крај конечно да стигнам на граничниот премин во:

    Судан
    пристигнав некаде на полноќ со мали главоболки и подочњаци до колена, скокнав од среќа кога видов дека нема жив човек на редот за проверка на пасош и медицински сертификат, си ги земав документите и што да видам... Работно време за медицински прегледи од 05.00 сабајле до 19.00 - уф леле СУПЕР! Ми се спие - ми се плаче а јас ќе скиснам 5 саати на граница, ма како што бев преморена не размислував двапати, се паркирав во близина на дежурната гранична полиција и му пријавив на тој што стражареше дека ќе поспијам малку во кола, да ме чува!
    Абе мислам дека само што затворив очи - ми ѕврцна алармот, ништо не сум осетила, дали ме искасапиле додека спиев или можеби се пукало и бомби паѓале околу мене, фала богу се разбудив жива сум и бубрезите ми се на број, проверив дека имам се околу мене и во 5 саат си фатив ред и влегов со првата група на проверка, треба да се потпишат неколку декларации - формалност и може да ја преминете границата.
    Патот е убиствено прав и делува многу лошо на психа, нема ни една кривина и гледаш само асфалт и камени куќи насред пустина, нема ништо интересно за гледање, јас продолжив со возење и конечно стигнав во главниот град:

    Хартум
    Енергично и моќно место - прв пвечаток.
    Центарот за економија и трговија на областа Ал Хартум, па и на целиот Судан. Градот е многу добро организиран и модернизиран, раздвижен и со многу зеленило. Многу пријатно изненадување!
    Хотелот во кој требаше да бидам сместена целиот период, зградата т.е. влезот беше ист како на филмот “Однесени од виорот“ во хотелот Тара и очекуваш во секој момент Скарлет О Хара да истрча по скалите. Значи изграден пред 200 години во некој стар стил со врати од црно дрво, прозорите со црно стакло, имаше некои светилки во собата ама штекер НЕМА!!! А тоа крушките на таванот беа некои економични, прст пред нос не се гледа, па после ми текна дека во времето на Скарлет на свеќи се читало... Следниот ден си го сменив хотелот, ме заеба пријателот, не се покажа како добар домаќин со избор на хотел.
    Во близина ми беше еден огромен мол и треба да се знае дека не може да се користат картички низ Судан, никаде нема да најдете банкомати па ќе мора да си носите само кеш. Кога сум кај парите, во Судан имаат своја валута - Судански паунди ама може да се користи и доларот. Молот е фантазија, од брендирана облека до ресторани со секаква храна, имаат и Мекдоналдс, ама цените им се малку надувани па едно кафе внатре во центарот ќе го платите 10 пати поскапо од кафичите надвор и тука немате шанса за ценкање, цените се фиксни.
    Надвор од молот се наоѓа еден кафич “Озоне“, супер модерно место за јадење и кафе, само да се знае дека во петок речиси ништо не работи за време на нивните молитви, цел ден ќе слушате арапски молитви и на пат кон нивната најголема џамија, Шахед се вика, ќе гледате големи колони од мажи со бели наметки. Мажите низ улиците и рестораните ќе ве канат на вечера, ама културно - воопшто не се нападни ниту ќе инсистираат, само ќе ве прашаат дали би сакале да ве носи на вечера и толку, нема свиркање, довикување и малтретирање.

    Историскиот град е нешто што мора да се посети, бил изграден на местото кај што се соединуваат Синиот и Белиот Нил, тука има опција да се земе мало фери за малото островче Тути што лежи на реките и да се прошета низ паркот на островот.
    Од тука, се оди према Омдурман - место што порано било главен град на Судан, интересна работа што ќе видите на ова место се локалците со нивните танци кои почнуваат на зајдисонце и мажите се вртат во круг се додека не изгрее сонцето или буквално не паднат во несвест и не им потече пена од устата - и кога ќе паднат тоа значи дека се соединиле со Алах, јас бев една вечер да гледам и се угушив од мирисот на пот. Ова е слично како индијанците што се вртат и играат околу оганот, има тапани во позадина и црнци трчаат во круг до сабајле.

    Пазарот во Омдурман е следна дестинација на која се наоѓаат рачно изработени накити од дрво и слонова коска, и тука ќе имате прилика да видите продавачи што се покриени со леопардова кожа како наметка и пердуви на глава - нешто традиционално за ова место, имате разна храна и јаткасти плодови, некои зачини – типичен арапски пазар и има можност за ценкање.
    Кујната е типично Арапска, по рестораните низ Хартум жените ги гледаат како нешто свето, па постојано ќе се вртат келнери околу вас прашувајќи дали ви треба нешто, препорачувам да се проба говедско филе, мислам дека во Судан е најубавото говедско што сум го јадела до сега.
    Италијанскиот ресторан е исто така добра опција за јадење и таму после полноќ има нешто како забави, музика (претежно пуштаат џез!), само алкохол нема да најдете никаде - се пијат чаеви и сокови по клубовите. Кога сум кај алкохолот, се наоѓа на црно и само во одредени хотели од кои немате право да го изнесете, а ако ве фатат добивате 40 години затвор – фиксна казна без разлика на количина. Ама не е толку строго контролирано како во Либија на пример, па може некоја вечер да се ризикува – претпазливо и со познати луѓе на проверени места (на пример ако останете после работно време во некој ресторан – клуч на врата и може да се отвори вино, никој нема да влезе и да гледа), сигурно нема да седнете на плоштад со флашата за да ве видат сите, малку камуфлажа и никој нема да ве примети.
    Е нешто што на мене ми го одзема здивот се Мароканските бањи (САМО ЗА ЖЕНИ!) во северот на Хартум. За оние кои сакаат СПА центри, ќе имате посебна парна соба и ќе лежите од глава до пети во билки и нешто како сапун, не знам точно што беше, па после тоа неколку жени (обично доаѓаат по 3 жени на клиент) ќе ви ги направат сите можни третмани за кожа, маникир, педикир, ќе ве чешлаат и мачкаат со миризливи масла, ќе ве дружат во сауна, ќе ве депилираат и чупаат, ќе ви приготват јадење по желба, буквално се што ќе посакате! За некои 50 долари ќе се занимаваат со вас цел ден и ќе направат да се почуствувате како кралица, ова го препорачувам за секоја жена, а мене така добро ме прероди после патот од кој бев целата како здрвена.
    Друга работа, па треба да се посети и најголемиот музеј т.е. Националниот музеј на Судан кој се наоѓа во градот и е прикажана историјата на земјата, во негова близина има и мала ботаничка градина, убаво е средено но мало.
    Во градот има и нешто како забавен парк, ама јас не бев, одамна ми поминаа годините за вртење на рингишпил.

    Шенди
    Е место покрај Нил во кое се наоѓаат пирамидите, низ Хартум имате туристички пунктови кои нудат тури до Шенди (покрај турата со автобуси имате и со камила), ама јас бидејќи бев со колата па се решив сама да одам т.е. без водич и мислам дека направив грешка затоа што да бев со водич повеќе ќе разберев што гледам, ќе ми објаснуваше за местото и историјата и ќе научев нешто повеќе од она што веќе го знам.
    На ова место има уствари два некропола, едниот е царски и издигнат на високо, а другиот има многу повеќе малечки пирамиди за благородниците од понизок ранг и тој се наоѓа пониско во дворецот. Внатре во пирамидите гроб нема - туку длабоко под земјата, стилот е типично Египетски а интересна работа на ѕидовите покрај хиероглифи видов и жени фараонки со кадрава коса. Друго што ќе видите на ова место е бања на која подот и е прекриен со песок, сега местово не е многу строго чувано, нема многу туристи и може да шетате каде сакате, јас влегов во бањата се симнав доле и почнав малку да раскопувам од песокот (не ме замислувајте како Индијана Џонс со лопата или копач на рамо, ептен малку фатив со рака и дрвце), видов дека има многу интересен мозаик на дното, и тука зажалив што немам водич!

    На пат за назад кон Египет, застанав на едно место каде што имаше многу луѓе собрани наоколу, нормално одма искочив од кола и се зазборев со локалците да видам што се случува, ми кажаа дека тука имало многу старо злато од некој антички период и дека секој ден доаѓале да го бараат, ми звучеше лудо и почнав да им се смеам во фаца па кога ми покажаа злато веднаш ми ја симнаа насмевката од лицето!
    Дневно секој човек наоѓа повеќе од 100 грама злато, па вие видете колку многу има... Интересно е тоа што многу од локалците го собираат златото како сувенир т.е. нешто како да е дар од боговите – не знаат што да му прават и го чуваат во шишиња, па ако знаете малку Арапски може да пробате да ги убедите да ви дадат некој грам злато во замена за нешто корисно за нив (на пример облека/патики/кебиња) затоа што очигледно не ја знаат правата вредност на златото.
     
    На LittlePinky, senza.parole, lunicka и 14 други им се допаѓа ова.
  7. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    МАРОКО
    Уште од старт препорачувам да се оди на сопствена режија и сами да си го организирате престојот за да успеете да го доловите вистинскиот дух на Мароко и да видите многу повеќе од вообичаените тури што ги организираат туристичките агенции. Градскиот сообраќај е хаотичен и ќе видите секаков вид на превозни средства, од магариња, камили, мотори па се до најнови модели на Мерцедес и огромни џипови, сите се движат ненормално и ти пресекуваат пат без разлика дали имаат предност, права лудница и треба да бидете многу внимателни позади воланот. Патиштата се добри, градските улици се добро организирани, а магистралите се Европски, да ти е мерак да возиш. Имате можност за изнајмување на кола (некои 150евра неделно – зависи од колата), или да се возите со такси, тука ќе паднат расправии додека го натерате таксистот да го пушти таксиметарот, а ако одбие – задолжително да се договорите за цената до дестинацијата пред да тргне за да не ви земе повеќе. Имате 2 типа на такси, едните се помали коли а другите се поголеми кои не тргнуваат додека не соберат 6 патници во кола од типот на стар Мерцедес, од оние големине, и исто ќе платите само ќе се гужвате 4 души на задните седишта.
    Валутата е Дирхам и нема ни долари ни евра, важна работа е да се запази курсот и да се чуваат фискалните од менувачница затоа што за поголеми банкноти можно е да ви бараат фискална како доказ дека не е фалсификат и дека сте ја земале банкнотата од менувачница. За разлика од Либија, тука горивото е околу 1 евро за литар, хотели има од секоја класа и задолжително е ценкање се додека не ви симне 70% од цената, иначе си заминувам и не купувам.
    Кујната е базирана на месо, а како муслиманска земја по дефиниција свинско нема да најдете никаде. Најголем дел од јадењата им се со јагнешко и телешко, пилешкото многу ретко го јадат, и нормално месо од камила! Мене најмногу ми се допаднаа салатите, кус кусот во Мароко е како никаде на друго место (мене не ми е баш омилен но мора да признаам дека во Мароко е најдобар), се наоѓа баклава ама не ми беше многу блага, десертите им се некако без вкус. Типични ресторани има низ целата земја, ама многу повеќе се места за брза храна и take away, само хигиената не е баш задоволителна па малку да се внимава од каде се купува јадење, вода од чешма викаат дека не се пиело ама нема врска јас пиев неколку пати и ништо не ми беше, само има некој чуден мирис.
    Во Мароко се зборува Француски, сите знаци се преведени, или ако имате мала претстава од Арапски ќе се снајдете ама со потешкотии затоа што Мароканскиот Арапски многу се разликува од оној во Либија на пример.
    Луѓето... знаат да бидат многу досадни и да се обидуваат да ви продадат триста глупости само за да ви ги земат парите, а многу често ќе ви нудат хашиш или други дроги (мароканската шишарка е најпозната и може да ја најдете само во Мароко, не се таблети ниту прав туку буквално шишарка и се гриза околу дршката и тоа зеленото се шмука и на крај го голтаат дрвото, јас не сум се дрогирала ама многу често ги гледав како прават) и вакви луѓе строго игнорирање или најжестоко откачување уште од старт. Најчесто овие што нудат дрога доаѓаат со едно како картонска тепсија со разни слатки на неа, и нормално дека не ви препорачувам да си купите баклава од таков човек.
    Алкохол се наоѓа и не е строго забранет, и локалците си пијуцкаат само не на јавно место. Во повеќето супермаркети и продавници ИМА алкохол, ама на пример во еден од најголемите молови низ Африка “Мароко Мол“ нема шанса да најдете ништо без разлика каде се наоѓате затоа што инвеститорот е од Саудиска Арабија.
    Друго, па препорачувам да си купите сим картичка со Марокански број, за некои 2 евра имате 50минути и 50смс и плус интернет – ова е локално, а и меѓународните повици се многу ефтини, не знам точно ама многу поефтино отколку да се јавувате од странски број.
    Во Мароко сум била многу пати и на различни места, а денес би сакала да ви напишам за Рабат, Фес, Казабланка и Маракеш, ги одвоив овие дестинации како најатрактивни и најинтересни за посета.

    Рабат
    Иако е главен град, Рабат се наоѓа на второ место по големина и економија, големо пристаниште со многу добра позиција и поврзаност со Европа и секако дека има и аеродром. Како главен град, се подразбира дека тука се наоѓа кралскиот дворец т.е. резиденцијата на кралот и тоа е една од работите што мора да се видат, комплексот се состои од огромен дворец, џамија и многу административни згради, огромни позлатени врати со многу детали. Местото е многу тивко и мирно, цената за влез ви е 10 евра и може да играте голф во кралскиот дворец, голфот во Мароко е многу познат спорт и кралот им е претседател на федерацијата за голф или како и да се вика (читај страсен голфер) и има многу терени низ дворецот на кои ќе може да се испробате во овој спорт (вклучено во цената за влезница, па зошто да не се проба!) а и што знаеш може кралот да посматра од некоја страна во потрага по скриени таленти, па да види потенцијал во вас, да ве земе во неговата голферска екипа и да ве прави професионалец, ејј тоа не е мала работа од кај знаеш што ќе те снајде и што таленти имаш – затоа се што е ново (читај + бесплатно) треба да се проба во животот.
    Медината (стариот град) во Рабат треба да се посети, иако не е на исто ниво како оние во Фес и Маракеш кои се заштитени под Унеско, сепак претставува еден прекрасен начин да ја почуствувате егзотичната атмосфера на старите градови низ Мароко.
    Не знам од кој век датира оваа градба, но одвоена е од градот со ѕид кој е познат и под името Ѕидот на Андалузија или така нешто, и во времето имало многу порти за влез а денес се останати само две со нивниот оригинален изглед. Најпознатата врата се вика Баб Шелах и влегувате директно во центарот на Медината и тука ве чека еден нов свет, цвеќиња, секакви работи по тезгите, бижутерија, килими, светилки и нормално мал милион зачини на кои ќе им го осетите мирисот со самиот влез низ портата. За ценкање мислам дека нема потреба да нагласувам, тука ќе имате права можност да се испокарате до степен на мавање лакти и буткање со продавачите за да ви ја симне цената, нешто МНОГУ ВАЖНО на кое треба да се обрне внимание се лоповите, тука не се продава мода и не се оди со ташни, лични документи и многу пари во вас, еве ви еден совет – јас на вакви места парите ги чувам во прслук или страничниот дел на долната облека, зависно од тоа како сум облечена.
    Низ пазарот ќе имате можност да си ги направите рацете со к`на, има многу жени што цртаат и ќе ви нудат, а има и такви досадни што ќе ви ја фатат раката и ќе почнат да ве цртаат – ако сакате ок, ако не тргнете се, јас не направив не ја знам цената.
    Надвор од Медината се наоѓа Казбата, порано живееле војниците на кралот а денес тоа е најлуксузниот дел од Рабат каде живеат најбогатите мароканци и странци, патиштата се многу тесни и тука ќе се изнагледате мозаици и луксузни палати кои се најчесто во бела и небесно плава боја. Тука во центарот да го наречам, има еден огромен и модерен кафич/ресторан за елитата, мора да се проба традиционалниот чај од ментол (многу е благ, премногу ставаат шеќер) кој ќе го пиете од позлатена чаша, и келнерите се исклучиво мажи, жените не смееле да работат во тој локал. Чајче со наргиле = 15 евра, искрено јас очекував повеќе.

    Фес
    Е една голема лудница од град, насекаде се чувствува мирисот на животинска крв, ментол, портокал, суво месо, печено месо, хашиш... Не знам дали знаете, ама ова е место од каде се набавуваат 2 третини од марихуаната низ светот па нејзиниот мирис се чувствува низ воздухот, толку е јак што мислам дека бев издрогирана само од мирисот. Има такви сомнителни улички низ кои не дај боже да се најде сама една жена, не знам каква црна судбина ќе ја снајде, ако немате некој познат човек со кој би оделе – ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се земе водич и моја препорака е тој водич да не е изнајмен од Фес туку од друго место и да се оди на организирана тура низ градот и никако двоење од групата.
    Низ тесните улички ќе видите многу продавнички, многу е прљаво и мириса на се и сешто, еден таков одвратен мирис што мислев дека некој постојано оди позади мене со кофа полна ла*на.
    На секои пола саат се слушаат молитви од џамиите, “Алах, Акбар, Алааааах“ и ќе гледате локалци како се молат, низ градот нема ништо интересно освен ако не ве интересира горенаведеното, а Фес е познат по Медината Фес Ел Бали која застанала во средниот век и е заштитена од Унеско. Милион улички низ местото, со кола не смее да се оди – само пешки или евентуално точак. Низ стариот град има многу мали куќички и е пренаселено, а лоша работа е што немаат канализација туку све тоа си оди низ вода помеѓу градбите, па може да се почуствувате малку зашеметени од миризбата.
    Интересно е да се види каде и како локалците го изучуваат и читаат Куранот, како приготвуваат храна и живеат. Токму на ова место се наоѓа најстариот Универзитет во светот “Ал Карауин“ – нормално дека треба да се посети Околу универзитетот се продаваат обесени свежи јагнешки глави од кои сеуште капе по некоја капка крв, сушени плодови, чаеви со арома, шалови и слично. Имате опција да си изнајмите човек со добар Англиски и да ви раскажува приказни за градот, седнувате со него на кафе и го плаќате 20 евра за 1 час а тој ви раскажува.
    Прекрасен поглед кон Фес, лавиринтот од улици, коритата во кои се обработува бојата и Медината ќе имате од местото кое заборавив како се вика ама се наоѓа на периферијата и препорачувам за посета, погледот кон градот од високо е ФАНТАСТИЧЕН, а и воздухот е почист!

    Казабланка
    Еееее Казабланка е многу повеќе од оној филмот и магичниот бакнеж...
    Овој град е најевропскиот град низ цело Мароко, метрополата на Северна Африка, прекрасни улици со високи палми и огромни модерни згради, нешто што мора да се види е џамијата Хасан 2(втори) и мислам дека е во првите 5 по големина во свет, собира околу 100.000 души и сигурна сум дека е највисока, 210 метри, разбрав дека инвеститор бил истиот човек од Саудиска Арабија кој е сопственик на Мароко Мол. Имате организирани тури по 3,4 пати на ден помеѓу молитвите и само така може да влезете внатре во џамијата и да разгледате, многу е строго и нема да ви дозволат да влезете сами како посетител.
    Има една и единствена катедрала која е тотално запуштена, има само еден чувар и може да му дадете некое евро да ве пушти да влезете и да се искачите на врвот, катедралата се наоѓа во центарот на градот и каде и да се завртите ќе ја имате Казабланка на дланка – ПРЕКРАСНО!!!
    Мароко Мол во Казабланка мислам дека е најдобро опремен, задолжително да се влезе за шопинг (европски цени) или само да се разгледа, има многу голем аквариум на средината од центарот и отворен ресторан на врвот.
    Доаѓа мојот омилен дел, а тоа е пристаништето и крајбрежјето.
    Булеварите покрај водата се фантазија, какво Мајами какви глупости, овој дел од Казабланка е ФАНТАЗИЈА, невидени луксузни куќи и коли, ресторани, дискотеки и ноќни барови, цените ви се дупло од Скопје на пример ама си вреди. Во кварталот Хабус се наоѓа кралска резиденција, и тоа значи дека тука е шемата... Огромни и модерни згради на банки, хотели и канцеларии, “модерен пазар“ со килими, светилки, кожа, злато итн итн итн. Кафичот “Рикс“ ми остана во срце, супер место со убаво пиво и журки у стил на Скопски Џубокс, малку подоле има и “Рикс“ по елитен ресторан – и тоа е супер. Лелеее една вечер во еден од рестораните имаше свадба, делеа бонбони и пиење, имаше оркестар и топ музика, па каде е орото таму сум и јас прва да се фатам, имаа многу интересни ритуали, невестата беше целата во злато и со преубава к`на на рацете, супер е ако ви се погоди некоја вечер да бидете непоканет гостин на вакво нешто.
    Препорачувам коктел “Казабланка“, црвено вино “Казабланка“ и во попладневните часови голема е веројатноста да пуштат некој филм по рестораните кој по некоја коинциденција се вика “Казабланка“...

    Маракеш
    За мене овој град е град на приказните, бил претходен главен град на Мароко, изобилува со планински пејсажи и нешто што привлекува е средновековната исламска архитектура низ улиците. Центар на североафриканскиот стил на живот, и ноќен живот кој го осетиле личности од типот на Џулија Робертс и Наоми Кемпбел, огромни СПА центри и продавници со брендирана облека. Клубовите на плажата Ривиера ти се на исто рамниште со Ибица – ако не и подобро. Медина е стариот кварт во градот т.е. историскиот дел, и токму оваа Медина е најголемата низ Мароко која мора да се посети, град обиколен од 10 метарски ѕидови, внатре на пазарот ќе најдете се што ќе посакате, ова е нешто на многу повисоко ниво од Фес на пример па нема место за паника.
    Плоштадот, и куќата – училиште за Куранот се наоѓаат многу блиску во центарот на градот, а тука има и еден ресторан Ле Тобсил се вика, го препорачувам ако сакате да пробате типична Мароканска храна со ладни салати (резервација е задолжителна!).
    Малку подолу се наоѓа еден од најпознатите пазари низ светот, т.е. плоштадот Џама Ел Фна и тука има мал милион слаткарници, едно парче од слатките се продава за некои 3,4 евра, баклавата е многу подобра од Рабат.
    Влез за дворецот Бахиа се наплаќа околу 2 евра и внатрешноста е преубава, многу соби, градини, дворови и базени – место што би требало да се посети, а јас пак да се навратам на рестораните... Во близина има еден ресторан (не го знам името) со најдоброто суши низ Мароко, од терасата имате прекрасен поглед кон градот а и после јадење може да си фатите креветче, да слушате џез и пиете алкохол (дозволено е).
    За хаус музика и ненормално блесави журки се оди на “Ники Бич“ – рамниште Ибица, а кога ја спомнав Ибица, сигурно сте слушнале за Пача најдобрите ноќни клубови низ светот (има и на Ибица), е – има и тука!!! Комплекс од 2 ресторани, базени, диџеј, отворено 24 часа на ден и влезница е од 40евра па се до 100евра – зависи што има на репертоар и кој диџеј гостува, пијачките се скапи ама си вреди, светско место за ноќен живот.
    Други работи што треба да се посетат, имате Марокански бањи – исто како што опишав малку погоре за Судан за жените, цената на услугата е иста само тука е за нијанса подобро – што е и нормално, во Мароко се наоѓаш.
    Има и ботаничка градина која ја отворил некој французин, полно е со туристи и мене лично не ме фасцинира баш многу но и тоа е некоја работа што е вредна за спомнување и посета кога сте веќе тука...

    Мароко ви е една уникатна и необична земја, колку и да ви пишувам нема да успеам да ви го доловам ова место, преживување си е преживување и ниту еден збор не може да го замени, така да ако можете – фаќајте куферите и патот кон Мароко!
     
    На Elena69221, Schmetterling4, senza.parole и 18 други им се допаѓа ова.
  8. BlackPiano

    BlackPiano Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2012
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Јас сакам да ви напишам мислење за прекрасниот Египет.
    Тогаш јас имав само шест години и дефинитивно Египет го видов во тотално друга перспектива од повеќето што се го посетиле. Отидовме со авион од Скопје до Хургада, каде што бевме сместени десетина дена. Хотелот беше прекрасен, а за цени нема ништо да ви зборувам, бидејќи тогаш плаќањето не беше моја одговорност. Изборот на храна беше огромен, но за жал не пробав многу бидејќи тогаш ептен бев детуле и сакав она што веќе ми е познато. За оние кои прв пат посетуваат друг континент, со друга култура, секако ќе имате проблеми со стомакот безразлика на чистотата и квалитетот на храната. Многу ми се допадна начинот на однесување на луѓето кои работеа во местото(незнам дали беа локални жители). На многу места ме застануваа продавачи, ме прашуваа како се викам и на арапски ми го запишуваа името, а еден ми подари сувенир. Нештото кое најмногу ми остави впечаток од Египет, дефинитивно беше морскиот свет. Во морето има риби и корали во секакви бои уште на длабочина од десетина сантиметри. Исто така искусив и пливање во доста голема длабочина, а ништо чудно под нас да пливале и опасни риби. Сега подалеку од Хургада и од прекрасното море, ги посетив Каиро и Луксур.
    Во пустината беше околу 50 степени, но беше издржливо. Пирамидите, Сфингата и Долината на кралевите, се нешта кои не смеат да се пропуштат. Се беше неверојатно прекрасно, но високите температури сепак не се издржуваат лесно. Моја препорака е во никој случај да не одите во сандали или кратки панталони. Многу ми беше жал што не успеавме да влеземе во гробницата на Тутанкамон, бидејќи беше затворена неколку дена. Во Каиро многу ми се допадна музејот во кој можеше да се научи целата историја на Египет. Имаше буквално се, од накитот на фараоните, па се до мумии.
    Исто така бидејќи неколку денови бев болна, што беше и нормално како што спомнав погоре, не успеав да одам на возење со џипови низ пустината и јавање на камила.
    Интересна е појавата на фотоморгана во пустината, а и локалните жители живеат на многу интересен начин. Домашни миленичиња им се змии, шкорпии, некои видови на инсекти. Исто така имаат многу чуден и вкусен леб.
    Исто така погоре заборавив да кажам дека на плажата има луѓе кои нудат јавање на камила. Поради тоа што немав прилика да јавам камила во пустината, јавав на плажата и беше доста интересно, но и страшно, посебно кога камилата застанува, бидејќи прво се спушта на предните нозе и не е баш невозможно да паднеш при застанувањето. И доколку одите, обавезно да купите слика која е типична за Египет. Има слики по доста прифатливи цени и ќе зажалите доколку не купите. Исто така има и многу убав накит, па влезете и во некоја златара.
    Ние не бевме приморани да се снаоѓаме со превоз, престој и други работи како Pirana, но ова дефинитивно е големо доживување, посебно па за мене како тогашна првоодделенка.
    Исто така еве и една слика на папирус која ја купивме од таму. :)
     

    Прикачени фајлови:

    На mims-89, lunicka, Lemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Денес би сакала да ви напишам за една држава од западна Африка, позната како најголемиот производител на какао, масло од палма, банани, ананас и влегува во првата петорка по производство на кафе во светот, мирисот на сите овие работи ќе го почуствувате со самото слетување на аеродром. Кафето од оваа земја беше првиот производ кој го доби Германскиот “Fare Trade” печат, нешто што звучи многу добро но да појаснам, на секоја држава која има потпишано ваков договор и е забрането да ги продава своите производи преку други посредници, а со тоа се подразбира дека цената се диктира по принцип “ако жетвата е добра – цената паѓа“ и обратно, е сега има некоја минимална цена на откуп која е само на лист, а во пракса сите овие производи се купуваат по смешни дампинг цени. Тоа е таа причина зошто земјите од типот на Венецуела, Гана, Колумбија, Индонезија,Чиле се бедни и мизерни, а имаат предиспозиции да бидат едни од најбогатите со пласирањето на нивните прозиводи со кои го снабдуваат цел свет. Позитивната страна на овој договор која НЕМА да ја видите на дело, е тоа што производителите се обврзуваат да се држат до социјалните стандарди (како на пример да не употребуваат детски труд и да гарантираат работнички права, намалена употреба на пестициди и слично), секако дека и ова звучи убаво но е ставено во сенката на профитот, па затоа екстерното здружение кое ги издава сертификатите нема строги критериуми по ова прашање, или подобро да кажам дека нема никакви критериуми за одобрување на “Fare Trade”. Ова е еден таков систем од светски рамки во кои влегуваат држави кои (не)свесно потпишуваат договор со Ѓаволот лично, си ја запечатиле својата иднина и најверојатно никогаш нема да го добијат заслуженото и никогаш нема да излезат од ситуацијата во која се наоѓаат.
    Држава со различно име на секој јазик низ светот, многу територии недопрени од човечката рака и прекрасно крајбрежје.

    Брегот на Слоновата коска
    Денес како последница на економската криза и етничкиот конфликт (кој е ИЗМИСЛЕН со цел да се симне цената на кафето на светските берзи - слично како 2001 кај нас) оваа држава е поделена на два дела, север и југ, на север се божем бунтовниците, а југот го држи власта и сега логично, штом мириса на го*на – мора да ги има во близина, па помегу овие две територии се наоѓа носот на НАТО кој се бута секаде кај што не му е местото.
    Како Француска колонија, официјален јазик е Францускиот (многу ретко некој да знае англиски) и официјална валута е франкот, но има места на кои може да го користите доларот.
    Брегот на Слоновата коска не е муслиманска земја, тука ќе гледате многу секташки објекти и племиња, муслиманите мислам дека не се повеќе од 20% во оваа земја. Патиштата се неасфалтирани (со исклучок на центарот на градовите, мислам на меѓуградски и периферија - мал е процентот на асфалтиран пат), а градски превоз не постои, па треба да се изнајмува кола или да се возите во такси.
    Канализацијата низ речиси целата територија е ужасна, хигиената е на многу ниско ниво и треба МНОГУ да се внимава на заразни болести од секаков тип, комарците шират еден од четирите најопасни видови на маларија и се подразбира дека ќе бидете под јака заштита од микс на таблети, во хотелите има мрежа над креветот која штити од комарци но не може постојано да бидеш во стаклено ѕвоно, сигурно дека ќе те закачи некој и оставаат многу големи точки, јас носев лузни од убод на комарец со месеци, целата бев крвава од чешање.
    Престојував нешто помалку од две недели, немав многу време за шетање, ги видов Абиџан и Јамусукро.

    Јамусукро
    Иако не е најголем и најразвиен град, се води како главен. Тука се наоѓа најголемиот и највисокиот Католички храм во светот, не е многу стар – мислам дека е изграден пред 50тина години и за него се потрошени ненормални пари, оваа градба многу личи на црквата Св. Петар во Ватикан само крстот е поголем. Внатре е огромно, вака од око сигурно има над 5.000 места за седење и уште толку за стоење, нема нешто посебно за гледање внатре во црквата, туку посебна ја прави фактот што е најголема во светот па би требало да се посети. Седиштето на епископот се наоѓа во една катедрала на која и го заборавив името ама се наоѓа тука во близина на црквата, па овие две места се посетуваат со еден удар.
    Други атракции низ главниот град, или места кои треба да се посетат се Фондацијата и училиштата на Феликс Уфуе (не знам кој бил овој, ама го носат неговото име), зградата на општината, аеродромот и имаат една џамија. Хотел во главниов град = 100 евра од вечер без јадење, ненормална работа, е сега се наоѓаат и поевтини ама на вакво место не сакав да ризикувам и да седам во некој ќумез на периферија без канализација па да фатам секакви болештини.
    Низ центарот има Француски ресторани, ноќни клубови и дискотеки со жива музика кои работат до сабајле, многу се скапи во однос на стандардот и најчесто се посетувани само од туристите, а оние останатите локални ресторани и барови не ги препорачувам.

    На некои 300 километри од градот се наоѓа најголемиот национален парк во Западна Африка, се вика Комое и е заштитено од Унеско, нема шанса да отидете сами туку ќе мора да изнајмите водич и најчесто турите ги прават со едни малечки превозни средства, личат на вовчиња ама не се. Тука се гледаат мал милион животни, од зелени мајмуни до слонови, а за друг тип на парк може да го посетите Таи – тој е меѓу најстарите низ Африка ама мислам дека не е под Унеско, без разлика дали е или не е, убаво е да се посети. Во овој парк нема животни туку само растенија, многу високи и чудни дрва.
    На периферијата ќе имате можност да видите деца на плантажите за кафе и какао, ќе видите на кој начин го преработуваат маслото од палмата и производството на какао, малку подалеку од овие места ќе ги видите племињата и нивните куќи од трска – типична слика како од филмовите, црнци со Тарзан гаќички и жени со изглодана коска во косата. Не сум застанувала ниту разгледувала многу многу, ги видов овие работи на поминување и не сакав да застанам, некако ми беше страв од “бунтовниците“ и од болестите кои можам да ги закачам на така лошо место.

    Абиџан
    Овој град е економското и културното седиште на земјата. Многу поголемо место од Јамусукро, гледа право во океанот и е расположен на брегот што се вика Ебрие. Во Абиџан се наоѓа најголемото пристаниште во Западна Африка, мајко моја каков воден сообраќај на дијаманти, нафта, какао, кафе, тропски плодови и што ли уште не! Во близина на пристаништето се наоѓа рибниот пазар, се наоѓаат секакви видови на риба и морски плодови, цени не знам затоа што не сум купувала.
    Град на контрастите, слично на она што го имам кажано за Индија, ќе видите квартови со огромни згради, луксузни вили, хотели, модерни бизнис центри рамо до рамо со бедотијата и мизерните услови за живот. Местото е буквално поделено на два дела, богатата и луксозна страна се вика “Кокоду“, а бедните квартови се викаат “Трејчвил“ и “Маркора“. Хотелите и нивните ресторани се БОЛИ ГЛАВА, таков луксуз мислиш си дошла во Европска метропола, а не у сред бедотија. Сигурно ви е познато “Ибис“, два од овој ланец на хотели се наоѓаат тука – Ибис Маркору и Ибис Плато, има и еден локален кој се вика Новотел Абиџан и воопшто не заостанува во однос на светски познатиот Ибис, има уште едно место Софител кој се наоѓа во самиот центар на градот, таму бев само една вечер во ресторанот и зошто ги набројувам овие работи? Затоа што најпаметно е да се движите на вакви места, јас ниту еднаш не отидов во некој од традиционалните ресторани, барови или дискотеки, едноставно има некои места на кои треба да се постави граница и да не се ризикува сопствениот живот по цена на љубопитноста.
    Е сега, по хотеливе може да си нарачате традиционална храна, претежно морски плодови и месо и сигурно ќе роните солзи од луто!!! Многу лута кујна, оние што немаат издржлив стомак ќе видат права револуција низ цревата, јас се препотував и буквално ми се запали устата, во принцип јадам луто ама не знаев дека е до толку па се залетав и очите ми искочија од зор.
    Има многу локални музеи, јас бев само во еден музеј за историјата на градот и не запамтив како се вика, не ми беше интересен, многу повеќе уживав во пешачењето покрај океанот или едноставно во глетката на океанот, палмите и жолто-црвениот песок.
    Друга работа што треба да се види во градот е катедралата, националната библиотека и паркот Банко, сите овие места се наоѓаат во елитниот дел, а за бедните квартови не би сакала да почнам да пишувам.

    Надвор од градот има едно селце што се вика Ле Гранд Басам познато по своите занаети, ова мора да се посети, тука ќе ги видите децата со суканици, жените како носат кофи со вода на глава, мажите во традиционална племенска облека, има само една пумпа на сред село за вода и тука е шемата, играње, пеење, и сигурно ќе го видите “кралот“ на племето со накит од слонова коска, злато и дијаманти, баш кралски.

    Имате опции за тури до соседниот остров Гранд Лаху со фери кои тргаат од пристаништето во Абиџан, си имате локален водич за цел ден и имате опција да слушате одличен Француски или очаен Англиски. Островот е рајска градина, палми, желки на секој чекор, има и неколку ресторани ама луѓето на овој остров ми оставија лош впечаток, намрштени и баш непријателски настроени према туристите за разлика од Абиџан.
     
    На Doozy, lunicka, Lemon и 10 други им се допаѓа ова.
  10. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    397
    Пол:
    Женски
    Јас би ги искажала моите импресии од Зелено'ртските Острови. Прекрасно место, но самото не би го дефинирала како дел од Африка, токму поради фактот дека се наоѓа измеѓу Европа (Португалија) и Сенегал, сред Атланскиот океан. Културата, менталитетот, желбата на луѓето за муабет и раскажување на својата животна приказна, ме потсетија на Македонија. Праја е главен град и најмногу е развиен туризмот. Сите скоро се занимаваат со риболов, па во раните утрински часови, ако ја имате таа желба, појавете се на плажа,ќе ве поканат да уловите некоја риба заедно.
    Виза се добива при самиот влез, на аеродром, чини околу 50 евра.
    Сладолед, вода, цигари и алкохол се со поскапи цени од кај нас, бидејќи прават увоз на сите добра од Сенегал преку брод или авион. Јазикот на кој зборуваат е португалски, музиката и играта се феноменални! Уживав и сеуште најдраго се сеќавам на моментите поминати во "малата" Евро-Африка.
     
    На Doozy, lunicka, ph.orhideja и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Lemon

    Lemon Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    167
    Гледав пред некој ден преку TUI имаат аранжмани со тргнување од Дизелдорф, Келн итн. Најевтиниот е околу 250 евра ама секако не во пикот на сезоната. Но, би сакала на пример околу Нова година да заминам. Ти кога беше? Треба да проверам и температурата колку би била во зимскиот период :) Толку егзотично ми изгледа :wasntme:
     
  12. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Ниту една држава на светот не доживеала таква бесплатна глобална реклама преку цртан филм кој го носи нејзиното име. Симболи на островот кој уште го нарекуваат и како “осмиот континент“ се дрвото баобаб, преку 200 различни растенија и животни кои може да се видат тука и никаде на друго место, едно од нив е она малото мајмунче со долга опашка и ококорени очи - лемур, камелеони и разно разни видови на гуштери.

    Мадагаскар
    Иако после цртаниот филм приходот од туристите кои доаѓаат да посетат еден од најголемите природни резервати на светот се зголеми за неверојатни 10 пати, овој остров сеуште има огромни проблеми со основните работи од типот на превоз, ужасно лоши патишта и никаков возен ред.
    Климата е прекрасна, постојано некои 30тина степени и дожд има само во Јануари. Официјална валута и платежно средство низ целиот остров е Ариарот, никаде нема да ви примат ништо друго, а и да се согласат на тоа сигурно ќе бидете украдени со курсот.
    Населението е некоја интересна мешавина од Азијци и Африканци, на истокот се Азијците со коси очи и необичен темен тен а на запад се типичните Африканци. Народот е многу изолиран од светот и секој допир со странците им е доживување и ве гледаат со чудење, многу често ќе ве прашуваат за животот надвор од Мадагаскар и сакаат да им раскажувате за се што им е непознато. Официјален јазик, имаат некој нивен кој е многу сличен со францускиот ама секој жител знае француски и сите знаци се преведени на француски, англискиот им е на некое задоволително ниво - колку да се разберете доколку не знаете француски.
    Цените за сместување се многу ниски во однос на тоа што го добивате, некои 40тина евра од вечер во туристички населби од цели комплекси за сместување, и многу често туристите од Сејшели и Маурициус преспиваат во Андрада па преку ден си одат со кајче до другите острови. Има и многу поефтини хотели со супер услови, убави и чисти соби, интернет, ол инклузив за 15евра од вечер ама се наоѓаат повеќе на периферија и ќе треба да се оди со фичото секојдневно до градот, или уште полоша опција да фатите некој минибус кој има капацитет за 10души ама нема да тргне додека не се наполни со 30! Ако не сакате да се возите залепени за стакло - може да си купите 3 карти и ќе имате комодитет (една карта на почетна цена од 15 евра, а ма немојјј - на крај му земав 3 за 15евра!). Ценкање задолжително (освен таму кај што има фиксирани цени - ресторани, национални паркови) и тука важи она симнување на цената за 70% расправање со шофери и урлање наоколу се додека не попушти, ако не сака секогаш ќе си најдете некој друг, еее не е последен!

    Во Мадагаскар сум била неколку пати (со фери од Мозамбик и со авион), од аеродромот во Антананариво до центарот на градот имате такси т.е. ништо повеќе од обично фичо и ќе ве вози за некои 10 евра до хотелот. Слетав ноќе и првиот впечаток ми беше ЖИВОТ! Луѓе низ улиците, отворени продавници и баорви, ресторани, музика насекаде, се игра и се пее - баш интересен ноќен живот!
    Стигнав до хотелот кој беше во традиционален стил, се наоѓа во центарот и работи кои треба да се посетат наоколу се замокот на кралицата кој е направен како музеј, централната улица и административните згради (министерствата, судот, зградата на општината) кои имаат некој специфичен изглед, јас само што пристигнав - си оставив куферите во соба и таксистот ме чекаше пред хотелот да ме носи во провод. Возење низ Мадагаскар ти е доживљај, нема семафори ни знаци, возат како лудаци низ улиците, јас првата вечер бев како мачка, ноктите си ги оставив на седиштето од страв, после ќе се навикнеш и ќе ти стане интересно.
    Рестораните се супер и хигиенски, нудат традиционално јадење а тоа е супа од ориз и месо од некое нивно говедо што го викаат зебу, а имате и обични јадења, ама сега сме дошле во Мадагаскар да пробаме нешто ново и традиционално а не Мекдоналдс. А кога сум кај новото, во Мадагаскар имате можност да пробате месо од крокодил и змија, го сервираат со некакви сосови и се наоѓа во некој од по елитните ресторани низ главниот град, ова како ексклузивно јадење има набиено цена од 40евра порција за разлика од се останато.
    Првата вечер јадев, пиев пиво (некое нивно локално пиво - многу добро!) и за цела вечер вкупно платив смешни 15 евра. Нешто како дискотека и ноќни клубови има, и најлоша работа е тоа што не служат пијачки со лед! Леле оган топло, загушливо, јас цела се потам а пивцето веќе одамна се препотило и станало мочка, најпаметно е да се пие пиво зашто колку толку е ладно кога ќе ви го донесат, жестоки пијалоци никаде нема да најдете со лед. Причина за тоа е бидејќи водата не се пие, заби не се мијат со вода од чешма, овошјето и зеленчукот не се мие со вода од чешма и заради тоа не се препорачува да се јадат салати затоа што не знаеш како се миени - нема врска јас јадев неколку пати, имав малку турбуленции во стомак ама еве жива сум, добро сега можеби немам последици бидејќи сум вакцинирана ама не е толку страшно како што објаснуваат само со цел да ви продадат некоја флаша повеќе минерална вода.
    Друг начин на кој ќе ви ги земат парите е ако ви се оди во тоалет, а се наоѓате некаде на периферија каде нема ресторани или хотели во близина. Има едни мали кабини со дрвен под и дупка, муви насекаде (мувите знаеме на што се лепат) и види сега, тарифата се определува во зависност од тоа што ќе го правиш - пипи = 1евро, а саса = 3ипол евра и нема тоалетна хартија туку лист од дрво! Циркуз... не дај боже да ве фати зор на вакви места.

    Поради лошите патишта, најубаво е да се шета островот со екскурзиите кои ги нудат на локалните штандови, Иранија ви е врвот, тура што е најдобра и мора да се помине. Тоа се уствари 2 острова кои имаат прекрасни плажи со бел песок и кога гледаш од далеку изгледа како да пропаѓаат во водата, прекрасна глетка, цената е 50евра и таму се останува цел ден на плажа. Освен оваа фасцинантна глетка, ќе видите и мали дечиња кои плачат за јадење, куќите на локалците и ќе видите како ја сушат рибата на едни дрвени, како да ги кажам, како оние големите што се за сушење на теписи ама дрвени (како рамка од гол, вака изгледа - П) и од горниот дел висат свежи риби.

    Друга тура ви е Носи Комба и Таникели островот, тука се наоѓа огромниот парк со животни и лемурите буквално ќе ве нападнат и ќе почнат да ви се бесат за да им дадете банана. Многу се лакоми и нервозни, ако не им дадете може да ве гризнат (не е опасно и мала е раната) ама не можеш да ги откачиш, многу се напорни ви скокаат на глава и се бесат околу вас постојано. Камелеоните се фантазија, многу бавно се движат и тешко е да ги приметиш, јас земав еден и го ставив на рака и почна да побелува! И овие не се страшни, бавно се движат и не може да ве изненадат ниту да ве повредат, само малку грепкаат по кожата со рацете и нозете. Во овој резерват освен лемури и камелеони, се подразбира дека ќе видите многу други видови на гуштери, змии, и разно разни животни ама овие два вида се нешто посебно и заради тоа се става акцент на нив, препознатливи за островот и ги привлекуваат туристите. Оваа тура е поефтина, не знам точно ама некои 10 евра поефтино.

    Митсио е must see, тоа е остров одалечен на 2 саати со брод низ океанот, се оди со едно малечко бродче за 20тина души и сите пребледевме од страв додека да стигнеме, отворен океан - гледаш празен хоризонт и само делфини, после некое време те фаќа страв затоа што појма немаш кај те носат црнциве!
    Е кога стигнавме... погледот си вреди! Неверојатна тишина, бел песок, исто како што имам напишано за Малдивите, ама баш исто, рај на земјата. Има многу лежалки од оние што се помеѓу две дрва, да легнеш и да се лулаш, јас не пливав и не лежев на плажите, тука си седев. Ај што ќе платиш 70евра пред тргнување како цена на турата, па и кога ќе стигнеш ти нудат “обиколка на островот“ на цена од 30евра = 100евра ако прифатиш да одиш, ако не седи си на плажа додека да дојде време за назад. Јас ја направив турата, сакам вакви работи, тоа е навистина еден друг свет, нема вода ни струја низ целиот остров, луѓето живеат во некое друго време, децата немаат појма што значи зборот школо, по цел ден трчаат голи и си играат низ плажите. Куќите им се од трска и ќе гледате лемури по покривите (овие мајмуниве нема откачување секаде ги има!) и нешто како на средина од населеното место се наоѓа ПАЗАР! На пазарот се наоѓаат банани, кокос и многу други овошја од кои голем дел за мене беа непознати, има жени кои нудат зготвена храна, нешто од ориз и не знам што друго, не сум купила да јадам туку само гледав и разгледував.
    Турата вклучува посета на едно езеро што го викаат вулканско езеро, се гледа само од висина затоа што доле е вода и зеленило од растенија околу водата, нема пристап ама глетката е феноменална!

    Мадагаскар е прекрасен остров (читај континент), нешто сосема поразлично од Африка и Азија и баш заради тоа би требало да се нарече континент. Лугето се прекрасни, преку ден работат, а навечер знаат да се напоркаат и да пеат низ улиците до сабајле, очигледно станува збор за многу позитивен и весел народ!

    Цртаниот филм кој ме предизвика да ја посетам оваа земја, сега ми стана еден од омилените =

    http://www.youtube.com/watch?v=hdcTmpvDO0I
     
    На Doozy, lunicka, Trnche и 13 други им се допаѓа ова.
  13. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    397
    Пол:
    Женски
    Јас бев во Јуни, лето. За Божиќ одат многу туристи од европските градови.

    Најдов мислење од туристи што биле за празниците.
    http://www.tripadvisor.co.uk/ShowUserReviews-g482843-d649445-r94342813-Royal_Decameron_Boa_Vista-Boa_Vista.html

    Ај носи ме и мене :) 8)
     
  14. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Зимбабве
    Оваа држава е место кое може да пружи многу работи на еден турист, почнувајќи од прекрасните пејсажи, богата и разнобразна тропска природа, африканска музика и танци, лов и сафари па се до луксузот на главниот град кој личи на светска метропола.
    За разлика од повеќето Африкански земји каде се збори француски, во Зимбабве официјален јазик е англискиот (имаат и 2 нивни – шона и ндебле ама тие се користат само по племињата). Шона меѓу другото е водечка етничка група (да не кажам племе) кое сочинува некои 80% од вкупното население на Зимбабве (поделбата на населението е племенска со верувања во различни богови, немаме муслимани/католици итн итн итн), белците се помалку од 1%, а останатите % припаѓаат на други племиња на кои не им го знам името. Карактеристична работа за ова племе е тоа што луѓето се занимаваат со изработка на скулптури и резбање на дрво со некаков лик на боговите, овие работи не се купуваат ама може да ги гледате и дефинитивно се вредни за вашето внимание. Климата е околу 25 степени на лето, а под лето мислам на Октомври (шпицот на сезоната), а од Ноември до Март некаде има постојани врнежи и температурата не се симнува пониско од 15тина степени.
    Официјална валута, па имаат некој нивен долар ама нема потреба од менување затоа што низ целата територија може да се користи американскиот долар. Во врска со сместување, хотелите во центарот на Хараре почнуваат од 100долари од вечер (ова зборам за полуксузните хотели), а има опција за изнајмување на соби или цели вили на цена од 1.000 долари од вечер, па ако сте цела група од 15тина души дојдени за сафари на пример, ова ви е многу подобра и поефтина варијанта од хотел. Јавен транспорт нема, постои опција за такси, изнајмување на кола (јас изнајмив преку хотелот за првите неколку дена бидејќи не знаев каде да најдам на друго место, ме избричија на суво 150долари од ден, ќе пукнам од мука, а после најдов на пола цена, памет за друг пат) или ако одите чисто туристички имате организиран превоз со уплата на турите т.е. екскурзиите или сафари (за сафари ништо не ви треба 20 дена сте со џип).

    Хараре
    Главниот град наследил некоја европска нота како резултат на тоа што беше колонија, центарот е многу модерен со неколку големи шопинг центри, густ сообраќај и постојано движење на луѓето. Најпогоден период според мене за посета на Хараре е есента заради цвеќињата, едноставно имате цел град со пурпурни улици и паркови, натрупано е со розеви, црвени, бели и сини цвеќиња на сите страни. Кога сум веќе кај растенијата, има една градина во Хараре која е најголема и тука се наоѓа макетата на водопадот Викторија, намалената копија на дождовната гора и целиот објект е нешто како парк – не е типична затворена градина туку отворен парк па љубителите на природата тука може да поминат цел ден.
    Низ градот има и други паркови ама овој е најголем и место кое треба да се посети, а па кога ќе дознаеш дека за викендите има жива музика по рестораните, автоматски почнуваш да ја засакуваш природата и парков ти станува едно од поомилените места. Низ центарот се наоѓаат сите молови и продавници, има еден дел што е како елитен кварт да го наречам, затворен е за сообраќај со автомобили и тука се наоѓаат поголемиот дел од рестораните, баровите, дискотеките, цените се многу високи и местата се преценети, туристите најмногу се лажат првите денови и мислат дека тоа е единственото место за ноќен живот (меѓу кои сум и јас) ама кога ќе се запознаеш подобро со околината ќе видиш дека во западниот дел на градот има исти такви ресторани и ноќен живот (ако не и подобар) на пола цена!

    Места кои е најпаметно да се посетат преку турите што ги нудат на штандовите, затоа што прво ќе ви биде обезбеден превозот ако немате кола, а и да имате ќе лутате низ Зимбабве во обид да го најдете она што го барате и само ќе изгубите живци и време, втора причина е тоа што ќе имате водич со вас за да ви објаснува што е тоа што го гледате и да ве запознае со местото и неговата историја, не само да гледате а да не знаете што е тоа пред вас.

    Националниот парк Хванге е најголемиот, најпознатиот и најдостапниот национален парк во Зимбабве за диви животни. Порано ова место било ловен резерват за кралевите, па може да замислите како изгледа. Тука има над 100 различни видови на животни, милион птици од секаков вид (јас не ги сакам многу птиците, па го прескокнав тој дел), ова е еден од малкуте резервати низ Африка во кој останале слонови, претежно на залезот се забележуваат стада од по 100 слона. Ова ви е еднодневна тура, за тој ден ќе поминете сигурно 500километри со џип низ паркот. Друга работа што има во склоп на Хванге е сафарито! На источната граница од паркот се наоѓа Хајд (така се вика сафарито) и може само да гледате, ловот е забранет, овој парк е во предност затоа што има изградено едни како кули за да може да гледате од високо, на друго сафари немате таква можност.
    Во близина на паркот имало некои водопади, и тие спаѓаат во турата за посета ама јас не бев, останав во Хајд.

    Националниот парк Матобо е единственото место на светот кај што може да го видите црниот орел. Други животни кои ќе ги видите се црниот и белиот носорог, антилопи, зебри, жирафи, а во склоп на паркот се наоѓа областа Тенгененте каде ќе можете да видите голем број на скулптури, мислам дека беа околу 20.000. Е во парков си набиле така добра цена за ноќевање и храна, има тура со и без преноќување ама со еднодневната нема да видите се како што треба, а ова со спиење е ненормална цена, е сега јас разбирам дека паркот е нешто уникатно и треба да отскокнува со цената од другите места, ама да искеширам 300 долари за една вечер во Зимбабве е навистина претерано.
    Се посетуваат и врвовите Шумба Шаба и Шумба Шам, е сега локалците веруваат дека ако покажуваш со рака према нив ќе те следи несреќа и секој ден одат да им се молат на боговите за дожд! Друга работа што се посетува се пештерите и гробот на Сесил Роудс и телото му имало некоја положба што не ја запамтив ама била позната како “Поглед кон светот“, јас се заинатив па почнав да го прашувам водичот, не дека ме интересираше баш за овој Сесил ама многу ме изнервира водичот, сум дала толку пари бе има да зборуваш, а не да ќутиш ебати водичот ебати!

    Помал парк од претходниве два, но не и помалку значаен е паркот Мана Мана (мана значи 4 на Африкански) и таму се наоѓаат 4 езера – Лонг, Мајн, Чине и Чисамбик (ми се погоди водичот, сум научила нешто). Освен езерата, тука ќе видите и слонови, хиени и лавови, навечер малку е језиво за спиење заради звуците од природата, цената на апартманите е под 100 долари од вечер (зависи од тип на соба, ама нема поскапа од 100 долари) што е донекаде нормална цена за парк од овој тип.

    Друга работа што МОРА да се посети е водопадот Викторија кој се наоѓа на границата со Замбија, познат како еден од најголемите чуда на светот, мислам светско чудо и најголем водопад во светот, да отидеш во Зимбабве а да не го посетиш.... за џабе си бил. Прв впечаток – колку МОЌНО изгледа! Целата таа водена завеса што паѓа, леле кој звук, која глетка... Интересна работа е што најгоре има едно место како базен и водата не тече, па може да влезете во вода и буквално да се најдете на работ од водопадот!!! Јас не влегов во водата, многу ми беше страв, бегај таму тоа не ми беше за верување на очиве, си мислев дека во секој момент водата ќе ги однесе луѓето надоле! Верувам дека погледот од работ на водопадот е ПРЕКРАСЕН, ама јас не собрав храброст да влезам во водата. Има опција да се разгледа околината и да се види водопадот од воздух, т.е. лет со хеликоптер околу местото (1 саат е летот и оди према камената клисура) ајјј каков блесав лет, јас мислев ќе ме истресе во секој момент од хеликоптерот, има да го видите водопадот од секој агол, ама буквално!
    Друга работа, има скок со падобран од хеликоптерот и БАНЏИ скок! Ова со падобран уште од старт отпадна, ма каква бев истрауматизирана од летот уште падобран ми фалеше, а банџи... еее... јас до тој ден немав пробано такво нешто, си знаев дека сакам да пробам и многу бев силна и убедена да скокам ама кога дојде моментот да се одлучам некако ми се расклатија ножињата. Се мислев, се двоумев, на крај викам па што се мислам еднаш сум дошла тука и може никогаш повеќе, стегнав зуби и се решив да скокнам за прв и најверојатно последен пат во мојот живот. Тоа е ненормална работа, мислам дека пола Зимбабве ги разбра моите вокални способности па после 3 дена бев со фатен глас, јас фатив уплав од банџи и не знам дали некогаш пак ќе скокнам. Има и параглајдери, ама на мене ми беше и повеќе од доволна дозата адреналин за тој период.

    Друга работа која треба да се посети е Големо Зимбабве, средновековен град од 13век (се наоѓа на 15км од Викторија), ова место е најголемиот археолишки објект во цела Африка. Ова е место на кое се наоѓаат камени куќи, и во тоа време се тргувало со слонови и слоновата коска стигнала дури до Кина, јас пак направив грешка затоа што не уплатив тура за да разберам нешто повеќе за местото туку отидов сама без водич, бев кратка со времето за екскурзии, а морав да отидам за тоа што дојдов - САФАРИ!

    Ловниот регион и сафарито во Зимбабве се нешто неверојатно, според мене едно од најдобрите 3 сафари се наоѓа токму во Зимбабве. Регионот за лов се протега на некои 30 хектари површина по долината на една река на која и го заборавив името, но се наоѓа во југо-источниот дел на Зимбабве, баш на границата со националниот парк Гонарезу (исто така познат парк во Зимбабве). Важно е да се знае дека не смеете да ловите со свое оружје (прво нема шанси да го внесете во земјата) и не смеете да носите ваша опрема па ќе мора да изнајмувате од паркот со специјални дозволи. Да ги објаснам типовите на сафари и лов кои горе доле секаде се исти низ Африка:
    1. Класично сафари од 21 ден со слон, бивол, леопард, антилопа и зебра
    2. Сафари од 18 дена со дозвола за лов на лав, бивол и антилопи и зебра
    3. Сафари од 15 дена со лов на слон, бивол, антилопи и зебра
    4. Сафари од 15 дена со лов на гепард, бивол, антилопи и зебра
    5. Сафари од 10 дена со лов на бивол, антилопи и зебра
    6 И сафари од 7 дена со лов само на антилопи
    Со овие тури имате комплетно опремен џип за сафари и преноќувате во бунгалови кои се наоѓаат низ целата територија, модерно опремени со струја, тоалет, туш кабини итн... Јас бев на тура од 10дена со дозвола за лов на бивол, антилопа и зебра, не сум физички спремна да издржам повеќе време на терен бидејќи е многу напорно, постојано си во движење и на штрек, ако нема бунгалов во близина се случува да не спиете и цела вечер да ја поминете на терен, а тоа е многу напнато и стресно, јес да постојано сте под надзор од нивна екипа со лекари што ве пратат и може да побарате помош (неретко се прима инфузија по бунгаловите, јас примив 2 пати за овие 10дена). Во врска со тоа што ќе го уловите, за секое убиено животно се плаќаат пенали, а ако сакате да си го земете за спомен или да го изнесете од земјата - ненормална цена што воопшто не сум ја разгледувала (или ако имате дозвола за одредена група на животни, а по грешка убиете некое друго животно - пеналите се многу големи!). Е сега, ако сте многу лош и очаен ловец, екипата од резерватот во последните 2 дена ќе го стесни обрачот на животни околу вас (ќе ги бркаат од сите страни за да имате повеќе на нишан со цел да убиете нешто) така да нема шанси да не погодите, никој не се вратил без лов од сафари.
    За оние кои не сакаат да ловат, сафари не значи само убивање, па има опција овие тури да се прават без дозвола за лов - само шетање со џип низ резерватот.

    За крај, само уште да кажам за дијамантите кои се наоѓаат во Маранге (источно Зимбабве) и залагањата на ООН против трговијата со “крвавиот дијамант“, се смета дека концетрацијата на дијамантот во Маранге е една од најголемите во светот. Една од причините за граѓанските војни во Ангола, Сиера Леоне, Конго и околните земји, повеќе од 70 земји во светот имаат потпишано декларација да не тргуваат со дијаманти кои се здобиени со крв, а статистиката вели дека огромни 90 проценти од дијамантите низ светот се добиени по крвав пат. Иронија, нели? Информација плус, за 900 000 карати на дијаманти кои се појавени на црниот пазар, умираат во просек по 200 души.
    Уште една статистика вели дека доколку на оваа држава и се одврзат рацете сама да го продава своето богатство, ќе се здобие со чисти 2 милијарди долари на годишно ниво и би влегла во првата петорка по производ на дијаманти. На Зимбабве му требаат овие пари за да се справи со болестите, гладот и бедата во која живее, но, некој повторно (не)свесно си ја запечатил судбината потпишувајќи договор со Ѓаволот.
    Не би сакала да почнувам на оваа тема затоа што има многу да се зборува, само кратко за крај:

    Зимбабве е место кое ќе ги задоволи речиси сите ваши потреби, ќе ги видите сите животни кои спаѓаат во Big 5, ќе ги видите изгубените градови, ќе пробате многу плодови за кои не сте знаеле дека постојат и најважното, ќе добиете личен впечаток за начинот на живот на луѓето низ племињата во Африка. Една интересна туристичка дестинација која заслужува да биде посетена.
     
    На senza.parole, 1209, Doozy и 16 други им се допаѓа ова.
  15. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Камерун
    Секое едно патување низ Африка е доживување, а Камерун не е исклучок, земја со големо разнобразие (како и повеќето низ Африка) каде природата дала се од себе, густи џунгли и зелени планини, пустина без крај, прекрасни плажи и савани. Места кои ги посетив се плажите во Криби, националните паркови од кои би го одвоила Ваза, место на кое ќе видите секакви животни, а најмногу слонови и секако главниот град во кој бев сместена:

    Јаунде
    Всушност, да стигнеш до Јаунде не е баш лесно. Во смисла, да патуваш со авион немаш многу големи опции бидејќи летаат (летаа тогаш, а сега не знам) само 2 авиокомпании - Air France и Swiss Air, има и африкански компании кои летаат само низ Африка но не до главниот град туку до Дуала па од тука евентуално до Лагос и после мора да се оди со кола, варијанта што не ја препорачувам бидејќи патиштата не се баш најдобри и не е сигурно да се возиш навечер сам низ Камерун на така долга релација, а поготово ако доаѓаш за прв пат на една потполно непозната територија и не знаеш што те очекува.
    Се здобив со прв впечаток од градот 30минути пред да слетаме кога пилотот објави дека почнуваме да се спуштаме, гледам низ прозорот што да видам - темно зелено море и густа шума наоколу, глетката беше прекрасна ама писта никаде не видов, клучното прашање - каде ќе слетаме?
    Авионот се спушта, а јас цела возбудена не гледам ни зграда ни писта, ништо, веќе изгубив надеж реков готово овој ќе не забие во некое дрво, кога во последен момент од нигде никаде се појави една кратка писта и малечка зграда, тоа на се личи само на аеродром не. Низ целиот објект само 3ца вработени на шалтер за пасошка контрола и 2ца на медицински преглед, права лудница од црнци, а јас единствен белец во целиот тој циркуз. Само ЕДНА лента за чекиран багаж од сите авиокомпании (локалните и овие 2те), па можете да замислите каков циркуз е низ аеродромот.
    Слетав касно вечерта, па со самото излегување од аеродром ме нападнаа комарците, фатив такси и за некои 30мин пат се стига до центарот на градот, меѓу другото имаат нивна официјална валута ама може да се плаќа и со франци. Нема многу избор за такси, само неколку коли и возат едни црнци ама црни како темница, само ноктите и белките од очите ноќно време се гледаат на нив, јас седнав позади и овој кога и да се завртеше - паметот ми го вадеше, многу ми беше страшен не пробав да се ценкам, а и нема потреба затоа што таксистите се плаќаат по 2 евра од саат. Патот до градот е многу тесен има само една лента и се вози низ џунгла, асфалт гледаш па не гледаш, доживување на некој начин.
    Влегуваме во градот и што да видам, семафори кои работат, јавен превоз и луѓето многу културно влегуваат во автобусите - еден по еден и никакви буткања и гужвање, мислиш во Лондон се наоѓаш.
    Хотел во центарот на градот = 250 евра од вечер со појадок, ова е нешто необјасниво. Хотелот е една стара зграда, ништо посебно, собите се многу големи и со стар мебел, не вреди за парите што ги даваш. Нешто што е многу ВАЖНО е дека водата не се употребува за ништо, јас во други земји сум пиела иако така викале ама овој пат сериозно - водата е ужасно лоша и никаква употреба (ни заби миење, ништо).
    За јадење, треба да се оди на прометни места или хотелските ресторани низ градот заради хигиената, а места на кои може да се проба традиционална храна се Буена Виста, Плаза, Хилтон и Кафе Јаунде. Кујната им е многу чудна со некои зачини, сосови од банана и пченка на пример, мојот стомак не ја поднесе баш најдобро оваа храна па се наоѓа риба со гарнир ориз (ориз со се оди, пилешко со ориз, риба со ориз, салата со ориз). Храната е многу ефтина за разлика од сместувањето, јадење од салата до десерт со вклучено пиење за некои 20 евра максимум. Хотелските ресторани речиси секоја вечер имаат забави, по локалните места не сум одела и не знам како е, а по хотелите секаде низ светот е исто. Нешто што мора да се проба е локалното пиво, мнооогу добро пиво, имаат 2 - едното се вика 33 а другото Castle на цена од некои 30 центи. Речиси насекаде низ градот има мали пазари кои се типично африкански, а во центарот се наоѓа затворен пазар Моколо, огромен избор на овошје и некои саксии, чаши, керамички садови, черги од камила, голем избор на бижутерија и монистри, од се по нешто.
    Во центарот на градот се наоѓа и националниот музеј т.е. бивши претседателски дворец и музејот Афхеми (историски музеј), работи кои треба да се посетат. Друга работа низ Јаунде која е вредна да се спомне е малата зоолошка во Мвог Бетси, нема многу животни ама ете и тоа е некоја атракција на градот.
    Е, од Јаунде си фатив такси и за 3 саати се стигнува до најголемиот град во Камерун.

    Дуала
    На периферијата пред влез во градот се наоѓа една многу интересна работа - вулканот Камерун кој е сеуште активен, се наоѓа блиску до Персијскиот залив (има и тука недалеку од границата со Гвинеа залив со исто име, не само во Иран) и тука се наоѓа една од највисоките планини во Африка. Врвот е покриен со снег низ целата година, а најголемата експлозија е регистрирана пред 50тина години кога лавата достигнала до брегот на океанот. Имало уште една експлозија во `95 ама не била толку опасна како претходната - овие работи јас не ги знаев, таксистот се погоди еден голем дрдорко па ми објаснуваше.
    Националниот парк Лобеке е познат по горилата и работа што авантуристите треба да ја направат е да се качат на кулата за набљудување и да чекаат зајдисонце. Глетката на африканските залези и животни од типот на слонови и антилопи кои поминуваат некаде далеку а вие ги гледате како црни фигури е нешто што се гледа во Африка и никаде на друго место.
    Резерватот Џа Фунал е нешто слично само акцентот е ставен на џунглата, а не на животните (од животни најмногу птици ќе гледате, меѓу кои е и некој вид што може само тука да се најде ама јас не бев многу заинтересирана за ова).
    Малку подалеку од Дуала се наоѓа Лимбе, место со најдобра морска храна низ Камерун и прекрасни плажи. Во Лимбе се наоѓа пристаништето, не е многу раздвижено за разлика од Брегот на Слоновата коска на пример, ама затоа рестораните се ТОП! А уште по топ е фактот што тука доаѓаат да сурфаат туристи од цел свет, а јас отсекогаш сум го сакала овој спорт (читај згодни дечки).

    Во Камерун сум била 2 пати, еднаш за викенд и еднаш на 4 дена, се на се 7 дена во оваа црна земја. Период кој за мене не е доволен да се запознаам подобро со нивниот начин на живот и култура. Ми остави впечаток на место на кое се наоѓа од се по нешто, почнувајќи од океан, паркови, резервати па се до затворените пазари и сурфери - нормално!
     
    На LittlePinky, Doozy, lunicka и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Мозамбик
    Ова е уште една земја од Јужна Африка која би можела да се опише со еден збор – контраст.
    Официјален јазик во земјата е португалскиот што е логично бидејќи Мозамбик од Португалска колонија станува независна држава во `70тите. Официјална валута е нивниот метикал, но американскиот долар, еврото и рандата на ЈАР се широко распространети низ земјата заради економската зависност од овие земји па нема потреба од менувачници. Фактот што еден жител преживува со помалку од долар дневно и просечна плата од 50 долари месечно мислам дека кажуваат доволно за економијата на оваа земја, па многу честа слика низ улиците е жена како носи огромни кошници полни со се и сешто (овошје, вода, зеленчук, облека), неверојатни 30кила на глава (сериозна сум за бројката) и постојано е насмеана, јас едвај кревам таква тежина, а не па да носам на глава со километри! Поголем дел од населението (над 50%) веруваат во богови и извршуваат племенски ритуали, а останатите се делат на муслимани и христијани (кои се во поголем процент од муслиманите).
    Како последица на колонијализамот, храната е во некој афро – португалски стил, а во многу региони е застапена и британската кујна.

    Мапуто
    Градот е поделен на два дела, луксузен (каде претежно живеат бизнисмените од Индија во затворени кругови) и мизерен дел. Првиот дел е покрај бреговите со асфалтирани патишта каде се наоѓаат хотелите, рестораните, казиното и најголемата дискотека од која на изгрејсонце излегуваат пијани туристи и не можат да погодат каква кола имаат изнајмено за да се вратат до хотелските соби, додека во вториот дел каде улиците се камен и пепел, луѓето уште пред изгрејсонце ги напуштаат домовите од глина и трски, одат во потрага по вода и храна и се враќаат на зајдисонце со 30 кила на глава и бебето под мишка, а заспаните убавици сеуште не се расонети по хотелските соби. Во овие мизерни делови ретко стапнува белец, па затоа не е препорачливо да се оди сам, а поготово ако си жена. Се поминува со кола и не се застанува или ако сакате да застанете и разгледувате обавезно се оди со обезбедување од хотелот.
    Дискотеката што ја спомнав погоре се вика Навал, еден од најголемите клубови низ Мапуто кој е направен од Португалец и порано било место само за белци, а денес таму одат туристите и богатите локалци. Навал не е само дискотека туку цел комплекс, има тениски игралишта, базени, јахти за изнајмување, ресторани во кои главен специјалитет се 3 вида на свежа риба која ја ловат на лице место (90% од менито се морски плодови).
    Овој град меѓу другото е место на комунизмот и неговите лидери, па улиците и булеварите ги носат имињата на Ленин, Карл Маркс и Улоф Палме, а сите објекти во кои живеат богатите се заградени со решетки, низ улиците има такви коли на кои еден европеец може да позавиди, луѓето пазарат во огромни супермаркети и шопинг центри или евентуално одат до ЈАР за поголем избор на шопинг.
    На другата страна се прави шопинг на улица со секонд ханд роба, а од храна се наоѓа само неопходното во минимални количини. Кога сум кај овие места, работи кои треба да се посетат се пазарот на маските кој се организира секоја сабота, многу интересна работа, ќе имате можност да видите маски и сувенири од црно дрво, камен и слонова коска, има дрвени фигури кои се високи и до 1 метар и тие одат во пар (машко и женско). На мене ми беа најубави големите лица изработени од слонова коска и сликите од џунглата на дрво, каква уметност човече, а кога ќе помислам дека сето тоа е рачна изработка во никакви услови...
    Друг пазар кој треба да се посети е пазарот на инвалидите кој се наоѓа на булевар на крајбрежјето, во принцип се наоѓаат истите работи ама посебен го прави тоа што се влегува во едни ниски камени куќички без никаков прозор т.е. отвор за воздух освен влезот.
    Покрај овие два, има и рибен пазар на кој сите риби се ставени на дрвени тезги, не сум купувала ништо од пазарите и не знам за цени и дали има или нема ценкање.
    Работи за посетување од типот на културно историско наследство многу нема да се види, има еден музеј на диносаурсите и уште еден музеј на каменот кои не се наоѓаат баш во најдобра состојба и не собираат голем број на туристи.

    Надвор од главниот град се наоѓа езерото Малави кое е трето по големина во Африка и 10то (не сум сигурна) во светот. Ова езеро е место на кое се наоѓаат најмногу различни видови на риба во слатките води и тоа е тоа што го прави познато на некој начин. Друго име на езерово е Календар – затоа што е долго 365 милји и 52 широко, баш интересно! Во близина на езерото се наоѓа и парк кој е заштитен од Унеско во кој се наоѓаат некои ретки видови на животни ама не разбрав баш најдобро за детали, кои, што, како... Гледав мајмуни, слонови, леопарди и некои диви свињи, не видов некое посебно животно на турава. Иначе кога ги спомнав слоновите, еве плус инфо, карактеристично е за тој дел на Африка да има многу слонови но во Мозамбик ги нема, па владата за да има по некој слон во парковите – откупува од Боцвана по 500 слона годишно на цена од 2,500 долари од парче, па удрете една математика колкав дел од скромниот буџет на земја со вака сериозни проблеми одат во слонови! Тешка глупост.
    Иначе до езерото се оди со организирана тура што ја нудат од хотелите и превозот е обезбеден, а во цената е вклучена и мала прошетка со бродче низ езерото.

    Многу интересна работа е турата по реката Лимпопо која е огромна и цело време пловиш по неа за да стигнеш до океанот, а нејзините приливи и одливи се на 6 часа и се создава една таква визуелна измама па ти се гледа дека 6 часа тече на лева страна, а после на десна страна (ова се учи на час по географија за прилив и одлив на океанот).

    Има тури до островот Ил де Мозамбик кој се наоѓа на само 3 километри од Мозамбик и е сврзан со мост, па освен со фери може да се стигне и по копнен пат. На времето ова место бил центарот на источно африканските колонии на Португалија, а денес е познат по многуте џамии, цркви и индиски храмови.
    Повеќето од местата кои се заштитени од Унеско како светско наследство се наоѓаат на север, првата работа која треба да се посети е дворецот Сан Пауло т.е. резиденцијата на гувернаторот од 18 век која денес е претворена во музеј. Ова место претставува еден голем плоштад изграден од големи камени блокови кои биле пренесувани од западниот дел на островот, а во внатрешноста се гледа една голема мешавина па имаме редок мебел и украси кои доаѓаат од Португалија, Арапскиот полуостров, Индија па дури и Кина! Во близина се наоѓа музејот на религијата, и ова е еден голем микс од религии во кој се гледаат различни слики, скулптури и украси. Во овој дел од островот се наоѓа и Носа Сењора де Балуарте а тоа значи најстарата зграда на островот, не е којзнае што ама влегува во турата за разгледување.

    Едно од најубавите места во Мозамбик е морскиот национален парк Базаруто на 10 километри од брегот, фактички ова е место со над 100 мали островчиња (многу слично на Малдиви, место од тој тип) водата е многу чиста, песочни плажи, палми, нешто што е убаво да се направи е нуркање, тука видов такви риби што мислам дека нема да ги видам на други места низ светот. Нормално дека целата оваа област е заштитена под Унеско и тоа е една од поголемите причини цената за сместување низ куќичките на вода да биде ненормално висока во однос на останатите места низ Мозамбик. Има нешто помалку од 20 куќички и мора да се резервира однапред (во најдобро сценарио ќе добиете место за месец дена) и убава работа е што во цената е вклучен скутер на вода за секоја куќичка па може да се прави обиколка и да се видат голем дел од овие 100 мали островчиња на кои приватноста им е јака страна. Многу јасно дека ова е опција за парови и романтики, во спротивно нема многу што да се прави затоа што секој остров е копија на претходниот (бел песок, палми, вода и ништо друго), мислам, сигурно нема да земам книга во рака и да читам со денови сама на пуст остров во Индискиот океан!

    Мозамбик може да биде убава туристичка дестинација, но од една поинаква гледна точка оваа земја е една од најбедните во светот со најлоши услови за живеење на локалното население. Ослободувањето од Португалија резултираше со познатата кампања “24-20” (во рок од 24 часа португалците се повлекуваат од Мозамбик со право на 20кг багаж), а со тоа државата останува без лекари, архитекти, учители итн. со еден збор не се инвестира во образованието и животот се враќа во минатото. Следна работа е крвавата граѓанска војна во која беше замешана и ЈАР, а беше предизвикана од 2 причини. Првата е пристаништето кое игра многу голема улога за транспорт на источниот африкански брег, а втората е тоа што Мозамбик е една од најбогатите држави во светот со дијаманти и 2 вида на скапоцени камења кои се многу специфичен и редок вид, се наоѓаат во северниот дел и беа откриени сосем случајно преку еден проект кој беше финансиран од приватно лице.
    Последиците од оваа војна се разрушена економија, градови, патишта и многу мински полиња (на ова треба многу да се внимава и туристот да биде запознаен со ризичните територии!) т.е. зборувам за нешто повеке од 3 милиони мини низ Мозамбик! Се прават напори за нивно деактивирање, но знаеме колку бавен и пред се опасен е тој процес на деактивација.
    Статистика што не оди во прилог на економијата е тоа што големи 80% од населението се занимаваат со земјоделие, а преку земјоделието БДП се полни помалку од 20%, причина за овие бројки се временските непогоди, ако не е суша – ќе биде дожд, а ако не е дожд – ќе биде ураган, а штом имаме вода – ќе имаме и поплави па така секоја година во просек околу 400,000 луѓе остануваат без своите домови од трска и глина.
    Повеќе од 50% од населението не инвестира во банки, берза на злато, акции, недвижини и слично туку во крави. Успех е да овозможат свадба на детето и да ги покријат своите должности со продажбата на кравите. Тука 50% од населението се необразовани, а неверојатни 60% од државниот буџет се полнат со помош на меѓународни фондации.
    Следно, поради сериозни проблеми со болести од типот на сида, маларија, а и лошите хигиенски услови во глобала, еден жител на Мозамбик е среќен ако го дочека својот 40ти роденден. До сега се регистрирани 15% од вкупното население кои се носители на ХИВ вирусот и дошле до стадиум на СИДА, а уште колку има нерегистрирани?

    Ги разбирам локалците и нивниот гнев, донекаде ја оправдувам таа нивна постапка да ги напаѓаат туристите знаејќи дека сметката за една вечера во елитниот ресторан на крајбрежјето е повисока од нивната тримесечна заработка. Во Мозамбик можете да отидете на 2 начина, првиот е преку хуманитарна организација, а вториот е на одмор, како и да е – ќе стигнете на истото место каде бедата и богатството одат рака за рака.
    Толку од мене за Мозамбик, за луксузот, мизеријата, Индискиот океан и животот во една држава од Африка.
     
    На Doozy, lunicka, thinkerbell и 9 други им се допаѓа ова.
  17. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Сиера Леоне
    Мала држава со слабо развиен меѓународен туризам од повеќе причини, а првата и најголема според мене е транспортот, асфалтирани патишта речиси и да нема низ целата земја. Превозот ми беше голем проблем и баш заради тоа не го посетив главниот град т.е. Фритаун. Официјалната парична единица е леоне, но може да се користи и доларот. Официјален јазик е англискиот, се користат и некои нивни племенски јазици но речиси секој има познавање од англиски јазик, на некое задоволително ниво колку да се разбереме. Климата е околу 25тиот степен преку целата година, ама заради големата влажност на воздухот имате чувство како да се наоѓате во парна бања, од толку голема влажност мене уште на аеродром ми се извитка косата како никогаш до сега, абе не личев на себеси кога се погледнав во огледало.
    Аеродромот е одалечен околу 30километри од Фритаун, а помеѓу нив има една река која влегува директно во океанот па за да стигнеш од аеродром до Фритаун имаш 2 опции = да леташ со хеликоптер или со брод да ја преминеш реката. Јас бидејќи требаше да бидам сместена во Фритаун, морав да најдам начин да ја преминам реката. Гледам првата опција (хеликоптер) леле абе едни безнадежни хеликоптерчиња, од оние старите никакви руски машини без душа, јас знаев дека во просек по неколку летала годишно паѓаат или експлодираат во воздух на оваа релација ама не очекував дека ќе го видам тоа што го видов и без многу размислување одлучив да не летам т.е. буквално да изигравам камиказа во самоубиствена мисија. Отидов до местото (не можам да го наречам пристаниште) од кое тргнуваат “бродовите“ за да ја видам ситуацијата и што да видам... тоа чамчето старо и рѓосано од сите страни, кофи до нас во случај да влезе вода, ајде си викам некако ќе стегнам зуби да ја преминам реката (многу подобра варијанта од хеликоптерот кај што те чека сигурна смрт ако нешто тргне наопаку), купив карта и си ги натоварив куферите, кога гледам овој нема опрема за спасување!!! Само што не се шлогирав, веднаш станав и реков крај, јас во Фритаун НЕ ОДАМ!

    Се вратив назад до аеродромот и од таму отидов до едно село што се вика Лунги, најдов нешто за кое зборот хотел е многу тежок збор, јас сум видела секакви класи низ моите патувања ама во соба да најдам шарен гуштер како лежи утепан под кревет - не бев видела се до тој ден. Низ селото ноќен живот нема, ама цела вечер локалците се шетаат низ улиците или седат по некои сокаци со запалени свеќи и пијат најчесто кока кола. Луѓето зборуваат толку тивко, па во целата таа тишина ти е непријатно да повишиш тон или да направиш некаков звук.
    Без разлика дали е ноќ или ден, странците низ Сиера Леоне се шетаат со обезбедување, тоа може да е свое приватно или изнајмени телохранители уште од аеродром или од хотелот за цел престој, причина за ова се нападите на локалците и опасноста од животни. Ова е многу важно, поготово кога се оди низ периферијата и племињата, а за главниот град не знам дали има потреба бидејќи не сум била.
    Надвор од селото, во близина на океанот се наоѓа мало место населено од некое племе кое живее во куќи од глина и трски, луѓето немаат никаква облека освен некакви гаќи и тук таму некои кошули кои очигледно ги добиле од туристи. Деца како деца, не разбираат и не се опасни па цело време трчаат околу обезбедувањето, се обидуваат да ве допрат и плачат да им дадете нешто, не е препорачливо да влегувате во директен контакт со нив па ако сакате да им дадете некои работи тоа се прави преку друг или едноставно ја оставаш торбата со храна од хотелот на земја и се одалечуваш, во рок од неколку секунди сите ќе се соберат околу неа и настанува права тепачка кој да земе повеќе храна. Овој гест сигурно нема да им ја промени судбината на малите црнчиња ама ако ништо друго, барем малку ќе се насмевнат и израдуваат. Барем така мислев...
    Возрасните знаат што може да им се случи ако почнат да ги следат туристите и да бараат нешто повеќе па ретко се осудуваат на такво нешто, ама како што кажав децата се деца и не разбираат па после ова сигурно ќе ве “нападнат“ околу 30 деца на различна возраст, а обезбедувањето најверојатно ќе здиве и во целата таа гужва ќе видите една многу вознемирувачка и непријатна крвава слика околу вас. Родителите на овие деца се во близина и го гледаат истото што и вие, па ретко кој родител ќе остане рамнодушен гледајќи си го детето облеано во крв, ќе се обидат да ви се доближат и да ве нападнат, а лицата кои се задолжени за вашата безбедност не размислуваат 2пати дали да стрелаат. Многу лоша слика која ќе остане врежана во вашата глава засекогаш, ќе ве натера да се почуствувате виновни и да се покаете што ја оставивте торбата со храна која на некој начин ја предизвика оваа ситуација и донесе смрт наместо среќа.

    Во овој дел, плажите се полни со ѓубре, изумрени риби (и делфин видов) а водата од океанот е прилично загадена. Локалците ја користат за пиење затоа што друго немаат, па тука ги има оние жени што носат вода на глава, сите, буквално сите и мажи и жени имаат прекрасни мускулести тела! Едвај ќе се собере 1кг сланина од цело село, фактот што немаат Мекдоналдс и тешката физичка работа на која се изложени секојдневно си го кажува своето. Можеби звучи чудно, но јас седев со саати на плажата само за да ги гледам како работат и се восхитував на нивните перфектно изградени тела.

    По главната улица од селото до аеродромот има неколку локали налик ресторани кои беа направени од кал и трска, имаше едно место и на вратата пишуваше “Добредојде кај Елиса“, а детето што стоеше на врата носеше маица од Хард Рок кафе! Влегов кај Елиса, а внатре 4 маси, телевизор, фрижидер и неколку локалци околу нас. На менито има риба со ориз и ништо друго, нарачав ама не го пробав јадењето, имаа неколку пива и тоа е тоа. Од телевизорот се слушаат само африкански песни и после неколку пива сите стануваат да играат, баш пријатна атмосфера...

    Сиера Леоне од туристичка гледна точка ми е слаба страна т.е. станува збор за земја со слабо развиен туризам како последица на најбруталната граѓанска војна за крвавите дијаманти од пред неколку години и се наоѓа во топ 10 земји низ светот кои туристите би требало да ги избегнуваат ако сакаат мирен одмор. Фактот дека Сиера Леоне по завршувањето на војната забележува раст на БДП од запрепастувачки +25% асоцира на брзо опоравување, но со оглед на катастрофалната ситуација во која се наоѓа, овој раст значи едвај одлепување од мртва точка. Сиера Леоне е сеуште многу сиромашна земја, а рудниците на дијаманти со кои располага официјално престанаа да бидат причина за колење (мижи митро тулумби паѓаат, ни јас самата не си верувам на напишаново), а прогнозите за економскиот раст во 2013 беа над 15% кои тикви зелени се исполнија. Целото ова фарбање со бројки и статистики во розева боја е за луѓе кои не се запознаени со реалноста и никогаш не биле на лице место за да видат со свои очи што се случува, а од другата страна на розевите бројки е моето скромно искуство кое ми кажува дека оваа земја никогаш нема да излезе од тешката економска ситуација во која се наоѓа, земја во која посетата не е препорачлива бидејќи може да ви биде загрозен животот поради една златна обетка која ќе ја носите на вас.
     
    На Doozy, lunicka, Trnche и 8 други им се допаѓа ова.
  18. presiosa1

    presiosa1 Активен член

    Се зачлени на:
    15 март 2014
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    11
    pirana многу убаво ги доловуваш местата што си ги посетила...додека читам како јас таму да се наоѓам....продолжи така..само ме интересира дали ти сама одиш зошто сепак се опасни тие места,, :)
     
    На Pirana му/ѝ се допаѓа ова.
  19. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.763
    пирана прекрасно искуство си доживеала,тоа што го пиша за мароко дека не се внимава како се вози,ти го пресекуваат патот и се тоа е точно,јас сум моментално во туниси и тука се такви,деновиве ке пишам за мојот престој овде и за убавините на туниси и евтиниот живот овде.. ме интересира дали научи нешто арапски или? оти јас дојдов тука на пракса а тебе тоа ти било работа па на кој јазик комуницираше и како се снаогаше?
     
    На Pirana му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Sawyer

    Sawyer Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.031
    Пол:
    Машки
    Пирана, а ти да си отвориш блог и уште по нашироко да ги раскажеш твоиве доживувања, или евентуално книгичка, стварно ме заинтересираа приказниве, па после првата прочитана, ти ставав лајк на секоја наредна уште пред да ја прочитам :D
    И се гледа дека многу уживаш во непознатото и природата, чим сама одиш. :)
     
    На Pirana му/ѝ се допаѓа ова.