1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Африка

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Pirana, 3 јуни 2014.

  1. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Sawyer, не ми е животна желба да напишам книга, а уште помалку да отварам блогови од едноставна причина што немам потреба, желба ниту пак време за такво нешто. Друга причина, но не и помалку важна е тоа што не верувам дека некој го интересираат делови баш од мојот приватен живот и заради тоа гледам што помалку да пишувам за работи кои ми се случиле и се концентрирам на опис од друга гледна точка т.е. туристичка, историска и внесувам мали делови од лично мои анализи за земјите кои претпоставувам ве интересираат затоа што помагаат да се научи нешто повеќе, даваат една поинаква слика за местото и се надевам дека не ви се досадни за читање.
    Трета причина против книга и блогови е мојот идентитет кој не сакам да биде откриен, ова и не е така голем проблем затоа што би можела до некој степен да си ја зачувам анонимноста и да пишувам под псевдоним ако имам желба за такво нешто, а јас ја немам.
    На мене Фемина ми е доволна и мило ми е што ви се допаѓаат моите пишувања.

    N.Kety, во врска со јазикот, имам напишано дека живеев во Либија и бев запишана на државниот универзитет во Бенгази на вонредни студии на арапски јазик за странци, комуникацијата на арапски не ми е голем проблем затоа што владеам со јазикот на некое ниво кое за мене е доволно. Во Либија конкретно, од странски јазици најмногу се зборува англиски и за оној кој знае англиски не е проблем да се снајде. Не само во Либија туку низ целата територија на Африка освен локалните јазици над 90% од населението знае англиски, француски па дури и руски на некои места, така да јазикот барем за мене не е проблем за снаоѓање и комуникација низ Африка.

    Занзибар
    Е место со едно многу популарно и модерно име, па многу често туристите одат на оваа територија без да знаат многу или подобро да кажам без да знаат апсолутно ништо за Занзибар и неговата историја.
    Занзибар е архипелаг кој е составен од 2 поголеми острови – Занзибар (на арапски значи Земја на црнците), островот Пемба кој на арапски значи Зелениот остров и многу други мали островчиња во Индискиот океан. Најголемиот остров за кој сите слушнале и разбрале се вика Занзибар (локалците си го викаат Унгуја) и тука преовладува муслиманското население затоа што Персијците (денешен Иран) биле меѓу првите луѓе кои се населиле на островот, потоа следи колонизација од Португалија (некаде во 1500година), а 200 години подоцна овој остров паѓа под контролата на Оман. Од поновата историја, оваа територија била британска колонија се до `60тите кога ја добива својата независност (не во буквална смисла бидејќи денес сеуште е неразделен дел од Танзанија), а војната во Иран и бомбардирањето на Блискиот исток на некој начин влијаеа врз туризмот во Занзибар бидејќи овој остров се сметаше за територија со мал ризик, јас би рекла никаков ризик но кога рандом турист ќе ги слушне зборовите “ризик“ и “бомба“ поврзани со муслиманска земја, веднаш крева паника и автоматски ја трга оваа дестинација од списокот.
    Насекаде се користи англиски јазик, платежно средство е доларот, а температурите се движат од 30 до 40 степени преку целата година. Нема потреба да напоменувам за маларијата, тоа се подразбира, водата не е за употреба и треба многу да се внимава со храната (да не се купува од секаде). Кујната е базирана на морски плодови и зачини нормално, овој остров е познат по зачините, а многу од нив беа нешто ново за мене и можат да предизвикаат мали проблеми со стомакот (ништо опасно, ама ќе има реакција!).

    Овој остров е одалечен помалку од 50километри од бреговите на Танзанија, може да се пристигне со фери или авион, најдобра воздушна опција се африканските локални компании кои имаат одлични понуди до Занзибар (меѓународниот аеродром е во одлична состојба и многу добро организиран), а ако се патува преку Танзанија тогаш ЗАДОЛЖИТЕЛНО со фери, глетката према островот е нешто феноменално. Се пристигнува на пристаништето Стоун Таун кое се наоѓа во главниот град кој е место на кое се гледаат многу комплицирани и тесни улички, омански дворци кои се остаток од исламските империи, со еден збор повеќе се гледа блискоисточна култура отколку типично африканска.
    Занзибар (така се вика главниот град) е културниот и економски центар на државата, место полно со луксузни хотели кои се изградени од богати трговци и цените се движат од 50тина долари од вечер па се до 400 долари зависи од класа и сезона.
    Овие хотели, рестораните, дискотеките и сите позначајни објекти се наоѓаат на крајбрежјето покрај пристаништето, а нешто што треба да се посети е комплексот од бившите дворци на оманските султани кој се издига над пристаништето (оваа градба датира од периодот кога островот бил под контрола на Оман и султанот го преместил центарот на владеење во Занзибар, станува збор за многу краток временски период од кој датираат речиси сите комплекси во арапски стил), потоа во негова близина се наоѓа Куќата на чудото т.е. тоа е нешто како музеј на културата со многу слики и задолжително е изнајмување на водич кој одлично си ја врши работата и објаснува до детали, па со сите слики околу вас и приказните на водичот имате чувство како да се наоѓате во кино. На ова место се наоѓа една од најзначајните работи во Занзибар а тоа е споменикот на мирот и работа која туристите одат да ја видат е медицинското куферче на Ливингстон кое исто така се наоѓа на територијата на овој комплекс.
    Надвор од музејот, има многу кафичи, ресторани и барови во кои најчесто се игра билијард, а место на кое може да се јаде добра храна и да се измешате со локалците е Фородани Гарденс, тоа се наоѓа точно на излезот од Куќата на чудото. Пред залез на сонцето се монтираат скари на отворено, маси покрај водата и за да си направите една слика од местото, ова можам да ви го опишам нешто како пиво фест во Прилеп. На ова место секоја вечер се случува по нешто, а за викендите е најгусто и претежно има музика до сабајле – тука се журките!
    Друга работа која треба да се посети е англиската црква и местото каде што робовите кои биле увезувани од цела Африка се изложувале за продавање, во близина на црквата и ова место се наоѓа и мал музеј во сеќавање на трговијата со луѓе – тоа се 2 мали затворски келии со окови во кои некогаш биле чувани робовите.
    Доста популарна и атрактивна тура низ Занзибар е така наречената обиколка на зачините која ја нудат низ цел град, места за посета на оваа тура се бившиот дом на британецот Ливингстон и плантажите на периферијата на градот за одгледување на индиски орев, пипер, тропско овошје итн, работи за кои Танзанија плаќа многу малку и луѓето се обидуваат на секој начин да ги пренесат и продадат своите работи во Кенија. Покрај плантажите, риболовот игра голема улога во економијата па и во туризмот, а голем дел од овие производи кои не успеале да се превезат до Кенија се наоѓаат на централниот пазар во градот, огромен избор на зачини, кокос, некои дрвени скулптури, дури и расипани црно-бели телевизори, буквално од се по нешто и ова е место на кое може да се ценкате.

    Интересен период за посета на оваа земја е периодот во кој се одржуваат некои од локалните фестивали (а ги има многу, сигурно ќе се погоди да присуствувате на некој фестивал) и можноста да се видат нивните ритуали и традиција, како на пример јас бев на фестивал на музиката и може да се видат најразлични стилови не само од Занзибар туку и од околните земји (Кенија, Сомалија, Мадагаскар, Танзанија...), има и фестивал на филмовите, фестивал на бродовите, фестивал на зачините...

    За љубителите на плажи и туризам од тој тип, идеално место е плажата Кендва и малото рибарско село што се наоѓа во близина на оваа област во која нема апсолутно ништо повеќе од плажи, вода, растенија и животни, сместувањето е во мали бунгалови и нема што да се прави освен мрзливо да се лежи на плажа по цел ден, да се јаде, чита книга и плива, место на кое повеќе од 5 дена не се издржува затоа што е многу досадно!

    Во врска со малите островчиња наоколу кои се дел од Занзибар, има опции да се посетат со мали бродчиња и не би сакала да почнам да објаснувам за секој остров подетално затоа што ќе ми одземе многу време, еве како најзначаен би го издвоила островот Пемба (Зелениот остров), а она што го прави значаен и интересен е фактот што ова место е број еден по извоз на каранфил во светот! Други места познати по одгледување на каранфил се Индонезија, Индија и Мадагаскар, ама Пемба е местото каде е најмногу застапен и најголем дел од каранфилите низ светот се увезени од Занзибар т.е. островот Пемба. Го кажувам ова затоа што е интересен податок од општа култура и прашање кое многу често се паѓа по квизови, го имам видено неколку пати на тв и сум се напнала максимално затоа што никој не го знаеше одговорот!
     
    На Lemon, Doozy, lunicka и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Танзанија
    Оваа територија која уствари се вика Танганика ја добива својата независност во 1960год. (исто како и Зимбабве), а четири години подоцна т.е. во 1964 година Танганика и островот Зимбабве се обединуваат во една република која денес е позната под името Танзанија. На оваа територија годишните времиња се разликуваат само по количината на дождови (цело време е лето), најголемата сезона на дождови е од март до мај, а сушната сезона е од мај до некаде октомври. Држава позната по национални паркови и резервати во кои се гледаат секакви видови на животни и огромниот број на мравки и термити кои ги има насекаде и градат куќи на висина од неверојатни 3-4 метри над земјата. Во езерата и реките живеат крокодили, освен во езерото Киву за кое легендата вели дека сите животни заедно со крокодилите се свариле при ерупција на вулканот Карисимби, некогаш одамна...
    Танзанија е земја која поставила повеќе од 1 третина од својата територија под официјална заштита, станува збор за различни форми на заштита според статусот, релјефот, климата, флората и фауната, а за сите нив се грижи организацијата ТАНАПА (создадена 1959 од страна на Велика Британија). До
    Официјален јазик е англискиот и јазикот суахили кој се користи низ племињата, официјална валута е танзанијскиот шилинг но се користи и доларот како платежно средство низ речиси целата територија. Населението се дели на племиња кои веруваат во различни богови, христијани и муслиманите кои се во најголем процент.

    Дар ес Салаам
    Е најголемиот град во Танзанија кој беше главен град се до 2003, а денес тоа е Додома. Јас слетав на меѓународниот аеродром кој изгледа типично арапски, со високи згради од жолт камен и многу мал број на вработени, а тоа по дефиниција значи дека гужвата е огромна. Има процедура од вообичаените медицински прегледи, потполнување на формулари и потпишување на декларации, а визата се добива на лице место и се плаќа 50 долари т.е. ќе си платиш некои 80тина долари ако не сакаш да се гужваш и да чекаш со саати, а и самите воени лица нудат да ве бутнат преку ред и да добиете брза услуга за 20/30 долари во џеб.
    Надвор од аеродромот има многу водичи и таксисти, такси до центарот на градот се нуди за 20 долари за растојание од 10 километри (задолжително ценкање и во никој случај прифаќање на оваа цена, јас на крај платив пола т.е. ме возеше за 10 долари).
    Работа која треба да се посети е пристаништето кое е многу добро поврзано со Занзибар и од огромна важност за економијата на земјата, местото е полно со мали ресторанчиња (и локали налик мали дискотеки/ барови за ноќен живот), рибниот пазар во близина, а центарот на градот не е ништо посебно и нема многу што да се зборува во споредба со природата која ја нуди оваа територија, па затоа не би да пишувам многу за градот - почнувам за резерватите и националните паркови кои мора да се посетат.

    Резерватот Нгоронгоро
    Се наоѓа во северниот дел на земјата (во близина на езерото Маниара), поради неверојатната убавина и можноста да се видат голем број на различни животни овој резерват многу често е нарекуван и осмо светско чудо. Мислам нема потреба да нагласувам дека на вакви места ЗАДОЛЖИТЕЛНО се оди со водич кој ќе ви ја раскаже целата историја и се што ве интересира за местото (се поставуваат прашања – за тоа го плаќам!).
    Ззначи, се смета дека овој парк е формиран пред милиони години кога престанала вулканската активност и најверојатно размерите на овој резерват тогаш биле приближно како оние на Килиманџаро. Со деактивацијата, вулканот почнал да пропаѓа образувајќи огромен кратер (инфо, последната ерупција на вулканот била пред 250 000 години, а неговото прво активирање е пред 2 500 000 години) и ова е еден од најголемите кратери на земјата кој се образувал од вулканските ерупции и пропаѓање, има дијаметар од 20 километри и висината на ѕидовите достигнува 1.800метри од неговото дно (од кои првите 600метри се вода т.е. езеро). Се верува дека во минатото (зборувам за пред неговата прва ерупција по која следат промените т.е. пред 2 500 000 год) овој вулкан бил најмалку 2 пати поголем и водичот тврди дека се протегал од Мозамбик до Дамаскус (Сирија), ги земам во предвид тектонските движења и формата на земјата во тој период и мое мислење е дека оваа теорија држи вода. Денес, научниот термин за оваа појава (езеро во кратер по негово пропаѓање во земја) е CALDERA (не знам како да го преведам на македонски, форма на леген?) и оваа caldera во општа селекција е на 6то место по големина во светот, а во селекцијата на calderas кои не ја менуваат формата на ѕидовите се наоѓа на 1во место.

    Патот кој води према дното на кратерот е многу груб и нерамен, нема шанси да ве пуштат да влезете сами доколку немате висок џип и дозвола или не сте дел од организирана туристичка екскурзија. Поради влажноста, тука има вода во текот на целата година па животните не мигрираат и ова е место на кое ќе видите милиони големи розеви птици – фламинго, кои живеат на најниската точка од кратерот, веднаш до езерото. Во близина на калните јами ќе видите слонови, црни носорози и разни видови на птици кои водата од јамите ја користат за пиење. Ова место е жива лабараторија на земјата, поради неговата апсолутна изолираност денес имаме голем вид на мутирани животни и повеќе од 100 различни видови на лав за кои се смета (научно докажано?) дека се поколение на едвај 10 различни видови од минатото. Резерват во кој ќе видите над 200 видови на птици, мајмуни, хиени, антилопи и многу други животни, и секако да не ги заборавам локалците кои припаѓаат на племето Масаи, овие луѓе се заглавени во минатото и се пештерски луѓе – во буквална смисла на зборот. Во принцип не се опасни и не ги напаѓаат посетителите, но препорачливо е да се оди со обезбедување, а поготово ако се останува на неколку дена. Во врска со сместувањето, на врвот од кратерот се изградени многу приватни (читај луксузни) вили со ПРЕКРАСЕН поглед со почетна цена на 2.000 долари од вечер, е сега ова не е од човек туку за цела вила и + општо познато е дека вие треба да му платите ноќевање на обезбедувањето и водичот, па кога ќе пресметате таа цифра од 2.000 долари и не е така многу висока во однос на бројот на луѓето.

    Манара
    Е езеро и име на национален парк и територија заштитена од Унеско со уникатна флора и фауна од огромно значење врз која се прават голем број на истражувања. Местоположбата е север, регионот Аруша, во близина на Нгоронгоро. Ова место е посетувано од над 140.000 туристи на годишно ниво и носи приход на државата од близу 3 милиони долари, а со закон (познато како програма SCIP) е утврдено 10% од овие приходи на годишно ниво да се одвојуваат за училишта и болници во околните места.
    Разнобразието на растителните видови варира во зависност од топографијата на регионот, па затоа во северниот дел имаме типична африканска џунгла (заради поволната влажност) која постепено исчезнува и на крај преминува во савана во која се наоѓа и самото езеро Манара. Во овој дел се гледа дрвото баобаб, фикуси, палми, едно познато африканско дрво “Кигела Африкана“ го викаат и многу други растенија.
    Во врска со животинскиот свет, ова место е меѓу првите во светот по концентрацијата на диви животни (зборувам за густината). Африканските слонови се сместени во посебен лагер и врз нив се вршат голем број истражувања (лагерот е изграден 1970год), алармантен е бројот на црни носорози кој драстично се намалува заради ловниот туризам т.е. сафарито (огромни пенали ако убиеш црн носорог), се гледаат жирафи, лавови, антилопи, зебри, леопарди, над 400 видови на птици, голем број на влечуги (грозно!) меѓу кои се неколку вида на кобра итн итн итн...
    За да се спречи незаконско изнесување на заштитени видови, целата територија е заштитена со електрични огради (бодликава жица со струја) па ако некој планира да прави букет од цвеќиња или има намера да изнесе животно – речиси невозможна мисија.
    Ова место имаше огромни проблеми со епидемии кои драстично го намалуваат бројот на животните, `60тата година епидемијата на чума уништува 30 посто од биволите, во `70тите имаме неиндетификувана епидемија која им го одзема животот на 20% од слоновите, а во `84та епидемијата од антракус уништува неверојатни 90% од резерватот. Во 2004год се појавува масовна смрт на птици од кои најпогодено е фламенгото и египетската гуска.
    Како што кажав, денес овој биосверен резерват е дел од проектот на Унеско за заштита, поддршка, развој и зачувување на ретките заштитени видови низ Африка, па се надевам дека местово ќе потрае...

    Националниот парк Аруша (со местоположба помеѓу Килиманџаро и Меру, прекрасен парк на кој најголем проблем му се пожарите) и планината Меру (2ра по височина во Танзанија, а 5та низ цела Африка) се работи кои треба да се посетат, а нешто поинакво од природна убавина на територијата на Танзанија е:

    Багамојо
    Ова е најстариот град во Танзанија и е заштитен под Унеско, нестандардна и егзотична дестинација затоа што располага со перфектни плажи надвор од градската зона која има уникатна убавина. Во минатото градот бил големо пристаниште за трговија со робовите, и Ливингстон пресметал дека во просек од секои 10 робови кои тргнувале од ова место па до нивната крајна дестинација (Арапскиот свет) останувал само 1 преживеан. Интересни работи за посета се местата на кои се изложувале робовите и затворите кај што биле чувани и измачувани (станува збор за градби во арапски и индиски стил кои се изработени претежно од големи камени блокови и изрезбани дрвени врати), потоа крајбрежјето на кое риболовот е главна окупација и секако жените со ќупови на глава!
    Друга работа која треба да се посети низ градот, па училиштето за резбање кое е најголемо во Танзанија, исламското место Калое кое датира од 13ти век и претставува рушевини од две џамии и неколку гробници во близина, и љубителите на плажи и излежавање со коктелчич ја имаат таа шанса за уживање на периферијата од градот.

    Сафари и лов
    Ловот во Танзанија е многу развиена гранка која носи огромни приходи на домашниот буџет, а тоа по дефиниција значи дека оваа држава е една од најпопуларните места за сафари во светот. Статистиката вели дека околу 800 ловци годишно ја посетуваат Танзанија и застрелуваат околу 10.000 животни, што е во просек 12.5 животни по човек.
    Сезоната на лов е од 1ви јули па се до 31 декември, низ Танзанија има околу 130 ловни региони и се делат на 3 типа: резервати за дивеч, контролирани региони за дивеч и слободна територија. Најпознати територии за лов се Селус (најголемиот резерват за дивеч во цел свет!), Масаи и Рунгва, низ териториите на овие 3 места има над 40 различни видови на дивеч.
    Лагерите т.е. бунгаловите за преспивање се во одлична состојба, спални со туш кабини, фрижидер, камник, телефон, телевизор со сателит итн, а превозот за време на сафарито е исклучиво со нови Ланд Ровер џипови.
    Да не се повторувам со програмите за сафари, исти се како оние што ги имам спомнато погоре во текстот за Зимбабве, може да одите на лов во парови (2ца со 1 водич) или цела екипа, ловната програма и општата квота зависат од многу работи (каква дозвола имате, денови на терен, возраст итн...) по принцип има понудени опции во кои секој ловец би можел да се вклопи, е сега некој ако има посебни желби и барања може да му се исполнат. Ако е спремен да плати, секако.

    Мислам дека горе-доле кажав по некој збор за сите позначајни и атрактивни туристички места низ оваа земја, на Килиманџаро не сум се качувала па не можам да ви кажам ништо повеќе, а еве уште една работа за крај која на мене ми беше максимално интересна.
    Според истражувањата на секторот за агрокултури на Обединетите Нации, Танзанија има огромен потенцијал за производство на био гориво, се посочува дека оваа држава има големи предиспозиции за одгледување на растението маниока од кое се произведува етанол. Доколку се дојде до ситуација Танзанија да произведува био гориво, со сигурност дека ќе се намали бедата на населението и ќе им се даде можност на локалците да развијат бизнис, а тоа значи и позитивно влијание на економијата. За да дојде до ова, првиот чекор е инвестиции од приватни лица, па некој ако планира да инвестира, еве една добра идеја...
     
    На Lemon, Trnche, Doozy и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Намбија
    Земја позната како најголем извозник на дијаманти во светот и место каде океанот се сретнува со пустината.
    Најголем дел од територијата на Намбија е пустината Намиб, за која се смета дека е најстара пустина во светот и се наоѓа на крајбрежјето на оваа земја. Во источниот дел се наоѓа пустината Калахари, а на северозапад се издига планината Коаковелд, овој опис ни кажува дека густината на населението е најголема во внатрешноста, Намбија е држава со речиси 900,000 км2, а населена со помалку од 2 милиони жители па таа “густина“ не е многу изразена.
    Официјален јазик е англискиот, но се зборува и германски, официјална валута е доларот и најголемиот дел од населението се христијани.

    Моето патување со кола до оваа земја започна од Јоханесбург (ЈАР), преку Габороне (Боцвана) каде што направив пауза од една ноќ и продолжив возејќи низ пустината Калахари се до граничниот премин Мамуно, оваа релација се поминува за нецели 3 дена со минимални паузи. Патот е малку депресивен, поминуваш низ пустина и ретко има кривини, гледаш само песок, жолта трева и по некое дрво, многу е опасно да се вози брзо затоа што има животни кои излегуваат и ти го пресекуваат патот, ова е работа на која треба многу да се внимава, а поготово ако се вози навечер и си сама, возење во мртва темница со брзина од 70км на час по убиствено прав пат може многу лесно да те деконцентрира, ти се спие, главата почнува да ти паѓа над воланот и малку е тешко да ги држиш очите отворени додека возиш. Патиштата генерално се во добра состојба, а голем проблем е тоа што ништо не е обележано па без GPS навигатор нема теоретска шанса да се снајдеш, на мене најголем проблем ми беше влезот во Виндхук, не можев да се снајдам за излез од магистралата и да се приклучам на патот за влез во градот, кружев наоколу речиси 3 саати и 5 пати стигнав на истата раскрсница од која тргнав, тоа возење во круг ме излудуваше и мислам дека малку ми фалеше буквално да полудам.
    Кога се вози низ вакви места, треба да имате основни познавања од некои работи, мора да имате компас каде се наоѓате и да бидете максимално спремни психички и физички за тоа што ве чека бидејќи неретко се случува туристи да се изгубат по патиштата низ пустината и веднаш ги фаќа паника. Останувањето без ориентација кај се наоѓаш не е најголем проблем бидејќи за саат, 2, 3 па и 5 саати ако треба ќе го најдеш правиот пат, него што правиме ако останете без гориво in the middle of nowhere?

    На граничниот пункт помеѓу Боцвана и Намбија нема никакви проблеми и гужви, нема потреба од потпушување на декларации туку само печат во пасош и слободен си да ја преминеш границата.
    На прв поглед не се приметува апсолутно никаква разлика, се што гледаш околу тебе е крави, магариња, диви свињи, коњи, антилопи и многу многу глупави птици кои ми одеа на живци бидејќи не гледаат каде летаат па се маваат и лепат на шофершајбна.
    Преку малиот град Гобабис кој се наоѓа на 3 саати пат од главниот град и плус уште 3 саати вртење во круг, конечно пристигнав во:

    Виндхук
    Градот се наоѓа во централниот дел на земјата, најголем и главен град, современ, чист и многу скап!
    Низ улиците во центарот е полно со кафичи, барови, бутици, ресторани и хотели со казино, ноќни клубови, дискотеки и стриптиз барови - јас останав со спуштена вилица.
    Во близина на еден од најдобрите хотели кој се вика Швернисбург, се наоѓа комплекс од замоци (Хајнцбург) кои датираат од 20тиот век, а одма до него е Националниот музеј во кој се наоѓаат повеќе од 2 милиони предмети кои говорат за историјата, природата и културата на оваа прекрасна земја (водич се подразбира). Акцентот во овој музеј се става на големата колекција препарирани животни преку кои ќе можете да се запознаете со буквално целиот животински свет низ Африка. Другата атракција е змијскиот парк кој е во склоп на музејот, а нешто подалеку од овој комплекс се наоѓа Националната галерија во која освен вообичаената тура, можете да присуствувате на лицитација на рачни изработки (сувенири, големи скулптури, резби итн).
    Низ продавниците најголем впечаток оставаат женските ташни, паричници, облека кои се направени од кожа на бафало и се сметаат за луксуз, а она што ме привлекува мене и ми остави впечаток се скапоцените камења... рубин, жолт, кафеав, црн дијамант и еден од најретките - танзанит ги има за извоз, цената не е од парче туку на килограм, големината и квалитетот на овие камења едноставно ми ги отвори очите како филџанчиња!
    Друга работа што се сретнува низ продавниците се глави од препарирани животни, наметки од лавовско крзно налик оние од филмовите и најразноразни традиционални работи.
    Од Виндхук, се упатив кон петтиот град по големина во Намбија:

    Свакопмунд
    Место кое се наоѓа на 400 киклометри од Виндхук (возење низ пустина), на крајбрежјето од Атлантскиот океан, а тоа по дефиниција значи дека имаме пристаниште кое во минатото било број еден во регионот. Со оглед на тоа што овој град бил изграден од германците во 1890тите, денес целата архитектура и атмосфера потсеќа на 19тиот век и некако зборува за животот во тоа време. Се зборува германски јазик, се слушаат германски песни на радио, се гледа германска телевизија и ако некој ден се разбудиш и не знаеш дека си во Африка - ќе помислиш дека се наоѓаш заглавен во 19ти век во некое германско село.
    Градот има се што ќе посакате, убави плажи, ноќен живот, хотели, ресторани и многу приватни авиони на некои ВИП личности.
    Работи кои треба да се посетат е градскиот аквариум во кој се гледа речиси целиот воден животински свет на Атлантскиот океан (стаклен тунел под вода) различни риби, оргомни желки, ајкули, фалеа уште дракули, прекрасно направено нешто кое мора да се посети.
    Има градски музеј и музеј за минерали во кој е изложен најголемиот кристал во светот, па регионот Тифелфонтан каде се наоѓаат пештерите со цртежи од племето Бушман (ова племе нема постојано место на живеење туку постојано патува низ територијата на Африка, нешто како циганите).
    На излезот од градот према плажите Валвис Беј се наоѓа неактивниот вулкан Еронго и Изгорената планина која е создадена од лава, ова е единствено место на кое уживав зад воланот бидејќи додека возите покрај бреговите на Намбија - од една страна го имате океанот а од друга страна црвен песок од пустината Намиб, глетка која ми го одзема здивот, пред очи имате вода и пустина кои влегуваат едно во друго, ова е една од оние слики кои ми останаа врежани во глава за цел живот.

    Во северниот дел на Намбија се наоѓа националниот парк Етоша кој е доста голем резерват од над 120 различни видови на животни, од најголемите слонови во светот до минијатурните антилопи кои тежат само 5кг. Друг парк од овој тип е резерватот Ватерберг кој исто така се наоѓа во северниот дел, нешто помал од Етоша и акцентот е ставен на растителниот свет заради влажноста.
    Наредна атракција на овој дел од земјата која треба да се посети е метеорот Хоба кој паднал на земјата пред нешто повеќе од 30 години и претставува огромна топка која тежи повеќе од 50тона и е составена од железо и никел. Според проценките на специјалистите, возраста на овој метеор не е помалку од 100 милиони години. За ова место да изгледа подобро, изграден е амфитеатар околу каменот и има еден ѕид на кој е испишана неговата историја.

    Патот за назад кон Јоханесбург е секогаш полесен кога го поминуваш по втор пат бидејќи знаеш каде си и што те очекува, а од друга страна е многу досаден затоа што е веќе видено и познато па нема што да те изненади. Километражата е голема, 6 дена возење во двата правци за да ја видам Намбија, најмногу вредеше она место каде Атлантскиот океан се допира со црвената пустина Намиб.
    Уникатно нешто...
     
    На Lemon, Doozy, Sawyer и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Кенија
    Кога се спомнува името на оваа земја, во главата на секој човек се појавува слика од егзотична природа, диви животни и сафари. Кенија мене секогаш ме асоцирала на сафари, а традицијата за лов по која е позната оваа земја започнува некаде во 1900тите кога Теди Рузвелт и неговата експедиција доаѓаат на сафари во Наироби, поточно во хотелот Норфолк и со негова помош и афирмација, оваа земја се претвора во едно од најдобрите 3 места за лов и сафари низ црниот континент.
    Потоа, во 1980тите пушките се заменети со камера т.е. спортскиот лов е забранет но сафарито и понатаму е активно и привлекува голем број на туристи од целиот свет (станува збор за над 2 милиони туристи на годишно ниво). Сега, овој закон е само на хартија додека во пракса спортскиот лов сеуште е активен само што мора да бидеш дел од елитата за да си дозволиш пушка низ сафарито.
    Под специјална државна и светска заштита се 25 национални паркови, 31 животински резерват и апсолутно секоја џунгла, планина, езеро и река, а тоа по дефиниција значи дека оние што ја сакаат природата и уживаат во неа се дојдени на право место за да ја достигнат посакуваната нирвана.

    Работи кои треба да се видат генерално низ целата територија на Кенија се миграциите на дивите животни кои претежно се забележуваат покрај реките Мара и Талик т.е. тоа спаѓа под резерватот Масај Мара и најповолен период за овие движења е од август до некаде крајот на октомври.
    Фламингото, во принцип го има на повеќе места но најголемата концентрација на овие птици се наоѓа кај т.н. Кенијски езера од кои јас би ги издвоила езерото Накуру и прекрасното розево фламинго кај езерото Богориа.
    Оние големи мачки е многу тешко да ги видите, а поготово во периодот помеѓу април и мај заради висината и густината на тревата, премногу вешто се кријат и треба буквално да ги бркате низ цел резерват или да ги чекате од заседа да се појават за да успеете да ги видите.
    За разлика од мачките, слоновите се супер, секогаш расположени за шетање низ резерватите и може да ги гледате како влегуваат во водата 2 пати на ден и точно во определено време, интересно е дека на секои 6 часа имаат определено еден водич (машко слон) кој не влегува во вода и ги пази останатите. Нема голема опасност ако се доближите премногу блиску со џипот, само слонот водич ке почне да мафта со ушите (многу големи уши како Дамбо) и да прави кругови околу џипот. Нормално дека не треба да се излегува од џипот и да се бутате помеѓу нив, ако осетат некаква опасност цела група излегува од вода и секој слон трча наоколу како мува без глава и ако влезете во таа гужва, живи не излегувате.
    Е, за разлика од слоновите кои трчаат несвесно, носорогот е ужасно животно низ сафарито и мене коса ми се крева кога ке видам див носорог во моја близина. Овие животни ми се ноќна мора (од искуство), многу се агресивни и недај боже да надушкаат дека се криете во нивна близина, веднаш полудуваат и почнуваат да трчаат директно во вас. Со трчање нема теоретска шанса да ги надтрчате и да им избегате на отворено, да се качиш на дрво - нема да се симнеш никогаш, да почнеш да трчаш и ти према него божем да го исплашиш - таа финта не делува кај овие животни, да стоиш во место и да не мрдаш - не застанува, ќе те фати и ќе те качи на рогови.
    Спас во оваа ситуација е само една варијанта, во првиот момент кога носорогот ќе почне да трча по вас да испукате еден куршум (јак звук ќе ги изненади и моментално застануваат во место) и имате некои 2,3 секунди време да размислите кој пат да го фатите (влегувај во најблиска џунгла да се криеш или трчај према џипот), после тие 2,3 секунди пауза - носорогот пак тргнува да трча по вас и вие треба на секои 10тина секунди да пукате по еднаш за да го доведете до тие 2,3 секунди безсознание и тие 2,3 секунди ви се единствениот спас и предност што ќе ја имате за да им избегате.
    Е сега, ако НЕМАТЕ пушка или пиштол, а гледате дека носорог трча према вас... почнувате да вриштите колку ве држи глас во рок од 1 секунда (јако ааа и стоп), носорогот од јак и краток звук налик истрел застанува во место и е во иста состојба на безсознание во рок од 2,3 секунди и пак имате некаква предност за бегање кон џунгла или џипот за да ја земете пушката, па овој кога ќе се освести - пак ААА и бегај и така се во круг додека не стигнете на безбедно. МНОГУ ВАЖНО е да пукате или викате (во случај да немате пушка) на секои 10тина секунди од прилика затоа што постојано урлање (долго аааааа) или пукање наоколу во паника има контра ефект - носорогот после првиот шок од звукот се навикнува и тогаш сте ја надрапале работата, ништо нема да го сопре т.е. теоретски ќе го сопре тишина и звук од истрел во наредните 30-40секунди, ама вие немате толку време, колку и да сте во предност за 40сек континуирано трчање ќе ве стигне.
    Значи пукање или урлање на секои 10сек од прилика за да добиете 3 секунди предност и да знаеш на каде трчаш а не само да бегаш во круг затоа што ќе останеш без куршуми или без глас, ќе се измориш и пак исто ќе те снајде... леле не сакам да знам на што личев додека бегав, да гледаш од страна ваква комедија сигурно е многу интересно и смешно, ама да ти гори под нозе и да ти диши носорог во врат не е баш пријатно...
    Меѓу другото, ти ако имаш опрема со себе - можеш да го убиеш уште кога ке го приметиш и да се поштедиш од урлање и бегање, ама кога ќе ти ја плеснат казната за тоа што си убил без дозвола и заштитен вид и ред други работи, ќе ти се стемни пред очи и ќе посакаш ти да беше жртвата во оваа ситуација.

    Наироби
    Главниот град на Кенија е претворен во вистинска метропола и одлична туристичка дестинација, а во минатото бил изграден како место за преноќување на железничката линија помеѓу Момбаса и Кампала, па локалците и ден денес гледаат на ова место како место каде преспиваш една вечер и одиш према плажата или на сафари.
    Центарот на градот е со многу ресторани, огромни пазари, луксузни хотели од колонијалната ера (Кенија прво била под арапска контрола, па потоа имаме португалци и британци од кои конечно оваа држава ја добива својата независност во `63та), па имиња на некои по елитни (да ги наречам) локали и ресторани кои ги посетив и ми оставија добар впечаток се “Лорд Деламер“ и “Карниворе“, вториов ресторан е еден вид на дворец со палми каде предлагаат прекрасно месо и има можност да се проба месо од камила и крокодил, а најубаво за мене беше филето од антилопа.
    Наироби го бие лош глас заради криминалот во вечерните часови и тоа е точно, па заради тоа не се препорачува да се шета низ темни улички во ниедно време, на журки и забави се оди во хотелите и после се качуваш директно во соба.
    Најголемиот пазар во Наироби е една голема зграда во вид на храм кој има работно време, мислам беше од 9 сабајле до кај 4-5 попладне, така нешто и се наоѓаат многу работи кои се својствени за оваа земја, дрвени маски, резби, огромен избор на плодови итн. За по елитни и скапи подароци се оди во продавницата Зебу каде секој производ е изработен од кожа, има и некои стаклени предмети и бижутерија но акцентот се става на кожата.
    Градби кои се интересни да се видат низ главниот град се часовната кула, зградата на парламентот и судот, и домот на првиот претседател на Кенија.
    Многу често се организираат изложби на ретро автомобили малку подалеку од центарот на градот, па ова е многу интересна работа за љубителите на коли, на мене не ми беше интересно и не бев, а цената за влез на изложбата е околу 10евра и во период кога има изложби постојано нудат влезници на туристи низ центарот на Наироби.

    Работа која треба да се посети е сиропиталиштето за животни кое се наоѓа на 20тина минути од центарот на градот, мали слончиња кои беа пониски од моите колена, се шетаат наоколу и ви се плеткаат помеѓу нозе, леле тука се и досадните жирафи кои сигурно ќе ве излижат со огромните и лигави јазици (неубаво, имаат многу лиги) се вратив целата излижана од жирафи. Влезот се наплаќа 3 евра и имате право да седите некои 2 саати внатре.

    Во близина на градот се наоѓа местото Каран кое е наречено Каран по некоја жена на дански барон, и тука се наоѓал нејзиниот дом во кој живеела околу 30 години, а денес местото е претворено во музеј. Цената за влез е нешто помалку од 10 евра.

    Момбаса
    Овој град е втор по големина во Кенија и се наоѓа на крајбрежјето на Индискиот океан, а тоа по дефиниција значи дека работа која треба да се посети е пристаништето кое во минатото (а богами и денес) играло огромна улога за трговија со стоки и робови помеѓу Африка и Индија.
    Ова е место за љубителите на плажи, вода и тој тип на одмор, низ целиот град има прекрасни хотели кои нудат се што ќе посакате, освен пристаништето и неколку места на кои биле чувани робови друго нема што да се види. Најпознати и најубави плажи на кои се прават журките се Ламу, Кикамбала и Ватаму, а на 40тина километри јужно од Момбаса се наоѓа Дајани Бич, бел ситен песок и многу палми, најчесто тука се оди за водените спортови и изнајмување на глисери или мали бродчиња.

    Оваа земја покрај сите работи кои ги набројав, најпозната е по животинскиот свет и прекрасната природа, претставува синоним за добро сафари и оние кои сакаат предизвик и природа едноставно мора да ја посетат Кенија барем еднаш во својот живот.
     
    На Elena69221, An-na, Sawyer и 4 други им се допаѓа ова.
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.671
    Допаѓања:
    97.722
    Пол:
    Женски
    Јас темава дури сега ја видов. :o
    Боже, Пирана колку си нашетана.Ги голтнав твоите постови.
    Можам да замислам колку си само исполнета.
    [​IMG]
     
    На Pirana му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Боцвана
    Најголем дел од оваа земја е пустината Калахари и фактот што Боцвана нема излез на океан нема големо значење за економијата бидејќи според статистиките од последните 30 години токму Боцвана е земјата со најбрз економски раст во целиот свет. Основната причина за овие бројки е дијамантската индустрија која го дрма светот во буквална смисла на зборот, на годишно ниво се добиваат над 20 милиони карати кои претворени во долари се нешто повеќе од 4 милијарди, а тоа ја прави Боцвана бр.1 по производство на дијаманти.
    Само за илустрација на нивниот неверојатен економски раст, денес просечната цена на дијамантите од Боцвана изнесува над 200 долари за карат, што е за 50% повеќе за разлика од 2011година.
    А кога станува збор за извоз на веќе преработени дијаманти (по легален пат), денес оваа земја е во првата петорка во светот со приход од над 5 милијарди долари, а тоа се ненормални 90% повеќе од 2011, па сега вие видете за какви цифри станува збор... факт е дека дијамантите се вечни, биле, се и секогаш ќе бидат барани во светот (секоја година нивната цена по карат се зголемува за 2% на глобално ниво), се вртат огромни суми околу овие совршени камења кои буквално те заслепуваат со нивниот сјај и секој што е вмешан во овој бизнис на било кој начин, најверојатно го направил најдобриот потег во својот живот кога се одлучил да се занимава со оваа перфекција од камен.
    Назад на темата, освен дијамантите, значаен придонес за економијата на оваа земја е извозот на говедо низ Европа каде повторно го зазема првото место во светот, и како трета гранка од која влегуваат најголемите приходи е секако - туризам.

    Околу 20% од целата територија на оваа земја спаѓаат под национални паркови и резервати кои се подразбира дека се под различен облик на заштита, места кои јас ги посетив, би ги одвоила како најзначајни и ќе пишувам за нив се:

    Пустината Калахари
    Оваа пустина е (класична) пустина само на хартија, во живо добар дел од нејзината територија е зелен пејсаж, високи треви, баобаб, а на одредени места може да се види и реткото африканско дрво мерула кое дава плодови 3,4 пати годишно и тоа е основната храна за слоновите на ова место.
    Најчесто се организираат тури со џип (сафари), а има и опција да се оди со хеликоптер на цена од некои 200 долари (инфо во врска со платежно средство, имаат нивна валута “пула“ и никаде не примаат ни долари ни евра, јас ви пишувам цени во долари за ориентација, а низ цела територија се зборува англиски јазик), хеликоптерите се во одлична состојба и не е опасно за разлика од возење џип низ овие места кое си бара многу искуство, добри возачки способности и јако опремен џип затоа што возите низ длабоки песоци, се пресекуваат реки и се вози низ вода итн. па овој предизвик не е за секого.

    Едно од светските чуда се наоѓа во оваа пустина т.е. реката Окаванго и секако дека мора да се посети, мислам, си отишол во Боцвана и да не видиш светско чудо - исто како да не си бил.
    Тоа е најголемата река во светот која не се влива во море или океан туку достигнувајќи ги огнените песоци на пустината Калахари, реката започнува да се разделува на мали канали и постепено исчезнува. Туку така, едноставно исчезнува и ја нема!
    Оваа река во горниот дел го носи името Кубанго (на границата помеѓу Ангола и Намбија) па со навлегувањето на територијата на Боцвана го добива името Окаванго и по нејзиното течение се создадени многу мочуришта кои се домови на еден неверојатен животински свет.
    Друга работа која се гледа по течението на оваа река се локалците кои ја користат реката за прехранување преку риболов и претпоставувам водата за пиење, но не сум сигурна.
    Има опција за сафари со џип и неколку дневна тура со пешачење низ целата територија.

    Националниот парк Чобе
    Ова место е еден огромен резерват кој е дом на огромни стада слонови, над 350 видови на птици, лавови, антилопи, хиени, зебри, жирафи, носорози, биволи, крокодили и многу змии. Најдобра локација на територијата на овој резерват се бреговите на реките каде се собираат најголем број на разновидни животни за да пијат вода, а најголеми стада на кои се става акцент се оние масивни групи од околу 500 слона.
    Работа на која јас ставам акцент е луксозното сафари со блесави цени кои се навистина претерано високи, а тоа е последица на тактиката за туризам т.е. помалку ловци и посетители но да бидат одбрани или со еден збор - елита.
    За пример, сафари од 12 дена со лов на леопард или бивол на почетна цена од 1,850долари на ден = 22,200долари за 12 дена + дополнуваш ако употребуваш медицинска помош (а сигурно ќе употребиш барем 2 пати за инфузија). Следно, 14 дена сафари со дозвола за лов на слонови на почетна цена од 2,000долари на ден = 28,000долари за 14 дена и под претпоставка дека ќе примиш само 2 инфузии, заокружи на 30,000долари.
    Дополнителна лиценца т.е. дозвола за лов на лав е 2,000долари + една од горенаведените опции, а трофејот... за да си земеш убиен лав ќе платиш минимум 5,000долари, ако убиеш крокорил имаш пенали од 200долари - а за да си го земеш и да му ја одереш крокодилската кожа 1,000 долари. За секоја застрелана антилопа се наплаќаат пенали од 500долари, а за да си ја носиш дома - 600долари. Иако имаш дозвола за лов на слон, за секое застрелано слонче имаш пенали од 4,000долари, а ако застрелаш еден грозен, див, црн носорог кој те брка - пенали од 10,000 долари. На здравје!
    Е сега, обично сафари мислам без дозвола за лов туку само возење низ резерватот со џип и набљудување на животните се плаќа 300долари на ден, па за 12 дена имаме 3,600долари односно 4,200долари за 14 дена + медицинска помош која најверојатно нема да ви биде потребна бидејќи не сте под притисок и така физички активни како при ловот (добро, освен ако не ве збрка носорог).

    Габороне
    Покрај оваа природна убавина и животински свет кој го нуди Боцвана, нема многу што да се каже за населените места т.е. Габороне кој е главниот град на оваа држава со население од 200,000 жители што ни кажува дека станува збор за слабо населена земја, главниот град се наоѓа на границата со ЈАР.
    Како последица на брзиот економски развој, очекував нешто слично на она што го видов и не бев изненадена од инфраструктурата на градот, модерни згради, огромни приватни вили, добар образовен систем и здравство, е сега, сеуште не е толку волшебно како што звучи, но за разлика од пред неколку години Габороне доживеа огромен напредок и верувам дека ќе биде уште подобро во иднина.
    Може да се најде се што се очекува од еден светски и модерен град, трговски центри, продавници, ресторани, кафичи, хотели, барови и интересен ноќен живот.
    Низ улиците се гледаат прекрасните згради на Универзитетот и Парламентот кој се наоѓа во центарот каде се и поголемиот дел од рестораните и баровите.
    Работи кои треба да се посетат низ градот се Националниот музеј и Националната галерија каде по дефиниција се оди со водич, а во близина на градот има многу мал резерват до кој се оди со коњи, тоа е нешто како организирана тура на која не бев, јавањето е убав спорт кој троши многу калории но јас малку се плашам од диви коњи па затоа јавам само во кревет.

    Друга работа која е интересна за посета на територијата на оваа држава е пештерата Гвихаба, градот Сероуе кое на времето било престолнина на некое локално племе и таму се наоѓа музејот на династијата Хам. Во музејот се гледаат различни видови на оружје, статуи, па дури и долниот веш на кралот Хам Трети и неговите потомци, нивната гробница се наоѓа во центарот на Сероуе кое во принцип е едно село и нема ништо позначајно, па претежно се оди на организирана тура со водич од еден ден за посета на овие работи без престој во самиот град.

    Боцвана ја добива својата независност во 1965година и од тогаш е во постојан развој па денес е една од најуспешните држави на црниот континент, станува збор за една цивилизирана и модерна држава која заслужува да биде посетена бидејќи претставува синоним за голема авантура.
     
    На Abeja, An-na, sagittarius57 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Мали
    Африканска држава со муслиманско население, арапско влијание врз културата и малку од француската аристократија, тоа е Мали, држава која нема излез на вода, но има место кое беше номинирано за едно од новите 7 светски чуда и на нејзина територија се наоѓаат 4 објекти кои се под заштита на Унеско како светско културно наследство. Најдобра опција за посета на оваа земја е во сопствена режија, или ако веќе се оди преку агенции би било убаво да си направите индивидуален план за посета на атрактивните туристички места и да си изнајмите добар локален водич со цел да научите нешто повеќе.
    Јас бев со локален водич (зборуваат перфектно француски или англиски на некое задоволително ниво), но ги гледав и слушав водичите од туристичките агенции што им преведуваа на групите и воопшто не ми се допадна тоа што не кажуваат апсолутно ништо за историјата, не ги преведуваат испишаните текстови по објектите бидејќи не го познаваат јазикот и зборуваат работи кои се тотално небитни за тоа што го гледате пред вас.

    Името Мали за белиот човек не означува ништо, но за локалците ова е едно големо нешто, синоним за славно минато кога владеел кралот кој се викал Мали и оваа држава се протегала на многу поголема територија од денес, во периодот на неговото владеење се носат архитекти, математичари, астрономи, географи од Египет и арапските земји со цел да го пренесат своето знаење во оваа африканска земја. Потоа, кон крајот на 15ти век имаме колонизација од Португалија, па Англија (црн период во кој се продавале робови) и на крај доаѓа Франција која ден денес ја држи оваа територија (ќе објаснам за моменталната ситуација од геополитичка гледна точка на крај од текстот).
    Најголемиот дел од територијата на оваа земја е пустината Сахара која се наоѓа на север, па сите значајни работи и населени места се во јужниот дел во околината на главниот град.

    Бамако
    Или градот на крокодилите, знаејќи дека Мали е една од најбедните држави во светот, очекував овој град да биде мрачен, депресивен и без никаков живот, но повторно бев изненадена. Улиците се полни со мотори и луѓе кои продаваат и купуваат на секој чекор, пазарите се најголемата атракција, огромно шаренило, уникатни сувенири, се наоѓа буквално се, од цвеќиња до злато и некои музички касети со африканска музика.
    Локалците живеат премногу бедно, а јас не видов ниту едно тажно лице, сите беа насмеани и расположени за разговор во кој најчесто сакаат да им објаснувате и раскажувате за животот надвор од Африка.
    Ако имате јаки нерви и желудник, низ пазарите има места каде се продаваат мајмунски глави, мртви птици, змии и останати влечуги, а нервите ќе ви требаат за расправање со продавачите бидејќи го користат секој момент на ваше невнимание за да ви тутнат нешто кое ќе мора да го платите.
    Националниот музеј е работа која треба да се посети бидејќи поседува најдобра етнографска колекција во регионот, има изложено навистина добар број на традиционална облека и стари предмети.
    Бамако е еден доста раздвижен град, не е модерен, нема големи шопинг центри и административни згради, нема да најдете некакви луксузни ресторани, барови и хотели но со оглед дека е главен град на една од најбедните држави во светот ми остави прилично позитивен впечаток, пред се заради локалците. Еден од вкупно СЕДУМ аеродроми низ Мали се наоѓа во главниот град, како и седиштето на авио компанијата “Ер Мали“ која е 100% државна компанија и лета низ цела Африка.

    Џене
    Место кое вообичаено е испуштено од туристите затоа што се наоѓа надвор од главниот пат, т.е. се наоѓа точно на местото каде реката Нигер се разделува и за време на дождовите, ова место се претвора во една фантазија, куќите се направени од кал со дрвени прозори и врати обоени во разни бои и декорирани со метални предмети.
    Во овој град се наоѓа и најголемата џамија во светот која е изградена од цигли и кал, која за жал не може да биде посетена од немуслимани, а една од причините за оваа забрана е бидејќи некој европски фотограф го злоупотребил гостопримството на локалците и ја употребил внатрешноста на една од зградите за неговиот календар, еротски календар на кои имало голи девојчиња кои биле присилени да се соблечат и можам да замислам што друго се случувало помеѓу ѕидовите додека биле заклучени во една од собите.
    Сликањето не само во џамијата, туку низ целиот град е забрането, освен ако немате посебна дозвола за тоа, луѓето исто така не сакаат да ги сликате затоа што веруваат дека камерата одзема дел од душата на оној што е на сликата. И секако, треба да го запазите нивниот кодекс на облекување, не смеете да одите разголени за да не бидете уапсени и депортирани од земјата по брза постапка.

    Во близина на Џене, се наоѓа местото Жене-Жено и најпаметно е да се оди со такси (некои 10мин возење) бидејќи патиштата во овој дел од Мали воопшто не се обележани и не верувам дека турист може да се снајде, а да не изгуби многу време лутајќи. Ова место би било едно обично село да го немаше ураниумот по кој се потепаа Французите и се смета дека токму тука е за прв пат употребено железо во цела Африка. Не е место на кое има многу туристички атракции за гледање, но ете, кога сте веќе тука би било убаво да се посети.
    Џене и Жене - Жено одат заедно, тоа се гледа и по имињата...

    Тимбукту
    Е местото кое беше номинирано за светско чудо на новиот свет (натпревар кој се одржа 2007год), Тимбукту не беше прогласено за светско чудо, но влезе во финалето т.е. во топ 20 и секако дека е место кое мора да се посети.
    Се наоѓа во пустината Сахара, да стигнеш до него е многу тешко, има аеродром но нема летови, па единствена опција ви се приватни џипови, организиран превоз со тура или камили низ пустината.
    На прв поглед, овој град не воодушевува со неговиот надворешен изглед, влезот е нешто веќе видено со песочните улици и мали куќички од кал, а во внатрешноста се наоѓаат трите прочуени џамии од кал и глина кои личат на кактус, сликањето во принцип не е забрането, но препорачливо е да се праша пред да сликате.

    Како се вика жител на Мали на македонски? Малиот? А во множина, малите? Или како се вика жител на Брегот на Слоновата коска? Жител на Чад, Буркина Фасо или Гана? Ганци ли да ги кажам? Циганци... цело време вртам наоколу за да ги избегнам овие зборови низ моите текстови, па некој ако го знае одговорот нека ми пише, да ме поштеди од мозгање во иднина.

    Во 1880тите години, Франција ја прогласува оваа територија како своја колонија и и го дава името Француски Судан, после втората светска војна т.е. некаде во 1960тите Мали на хартија се прогласува за слободна република, а пред само една година (2013год), французите повторно влегоа на оваа територија во еден многу познат и веќе виден стил... се појавиле некакви измислени бунтовници налик оние во Либија, па Франција како Мајка Тереза веднаш од љубов испрати помош за својата екс колонија за која жали 50години и на секој начин се обидува да ја врати под своја контрола.
    Во Мали има злато и ураниум.
    Годишно се произведуваат околу 57,000 тони ураниум низ цел свет (според Викилажија), оваа броја можеби изгледа многу ако го товариш рачно, но бројката и те како говори дека ураниумот е редок минерал за кој државите војуваат, не затоа што е профитабилен како бизнис (не е, 57,000тони = 13 милијарди долари - НИШТО) туку дека како енергенс е многу важен.
    Златото кое учествува со 20% во БДП на Мали (БДП вкупно 10,6 милијарди долари), споредено со БДП на Франција е минорна бројка, но ова злато би бил совршен бизнис на мала група моќници од Франција кои ја креираат надворешната политика на земјата, политика која ја претставуваат како неколонијалистичка и многу опортунистичка. Фали уште розе панделка за подобар маркетингшки трик.

    Личните интереси и енергенсите пред се, се добрата за кои се војува и за кои допрва ќе се војува низ Африка и светот. Кој воспостави контрола врз нив - има контрола над се, а тоа е желба на секој тоталитарен режим. Е сега, да не звучи дека овие американски банди ги нарекувам тоталитаристи, сепак ова што го прават е империјализам, а империјализмот е крајната граница на капитализмот. Одговорот, кон што води импреијализмот кога ќе го премине капитализмот, јас искрено не го гледам во ништо друго освен тоталитаризам.
    Монополарен свет каде има една војска, една полиција, еден господар.
     
    На sagittarius57, Sawyer, An-na и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Земја во која доаѓањето на власт на црните луѓе во 1994 година беше нешто многу добро од демократски и политички аспект, но од економска гледна точка нивното владеење не се покажа како успешно од причина што црните политичари кои доаѓаат на власт се необразовани, а некои од министрите освен основно образование, немаат завршено ништо друго (драстичен пад на економијата). Ова владеење доведе до корупција која е многу распространета, особено помеѓу црнците кои земаат мито само од црнци, а јавна тајна е дека ако не дадеш мито - нема да завршиш работа.
    Криминалот во оваа земја е ужасен, по бројот на убиства и силувања, оваа држава се наоѓа на првото место во светот (станува збор за над 50 убиства на ден), а најлоши се силувањата затоа што црнците кои се ХИВ позитивни веруваат дека ако имаат односи со бела жена, вирусот ќе премине во жената и тие ќе се излечат. Ви зборувам за земја во која се наоѓаат над 60% од СВЕТСКАТА популација заразени со ХИВ вирусот или дојдени до стадиум на сида, а тоа значи дека имаме над 100 силувања дневно, не баш добри бројки за една бела жена која престојува на оваа територија, секој нејзин чекор, секоја нејзина постапка и појавување сама во јавност е ставање на сопствената глава во торба, имањето односи со локалец (било силување или своеволно) е руски рулет во права смисла на зборот, а ретки се оние кои излегуваат како победници.
    Нема државен транспорт, а низ улиците не се оди пешки (поготово сам) туку со изнајмена кола. Оној кој нема кола е принуден да користи такси кое најчесто е без лиценца и дел од локалната мафија, а локалната мафија е многу глупа - прво убиваат па потоа проверуваат колку пари имате, ако воопшто имате...
    Колите се крадат додека возите или стоите на семафор, ќе ве замолат да ја напуштите колата или ќе ве застрелаат на лице место без разговор, зависи од расположението.
    Со големи притисоци од светската јавност, што побараа - тоа и добија на чело со Нелсон Мандела, човекот кој ја смени историјата, можеби на вас ви звучи како кошмар-територија на која крвта обилно се лее по земјата, но за жал тоа е секојдневната, сурова реалност во:

    Јужноафриканската Република или ЈАР
    Е земја која го има главниот збор во Африканскиот Сојуз и членка на голем број меѓународни организации меѓу кои се Меѓународниот монетарен фонд, Групата на 77те, Г-20 и секако Г-8+5, ЈАР е единствената африканска држава со излез на два океани, Атлантскиот и Индискиот океан.
    Иако имаше голем удар врз економијата во `94, ЈАР сеуште се наоѓа во друштво на 20те најразвиени индустрии во целиот свет (1во место во Африка), благодарение на златото (1 место во свет, 50тони годишно а тоа му доаѓа над 20% од светското производство), дијаманти (3то место во свет - до 7,000карати годишно), уран, азбест, олово, титан итн...
    ЈАР е најатрактивната земја за туризам на црниот континент со (според мене) одлична клима, некои 20-22 степени во зима (Јуни е зима) и никогаш нема врнежи, особено е развиен ловниот туризам т.е. сафарито со една неверојатно добра понуда за лов на голем број животни, меѓу кои се и оние од Big 5. Овие “неверојатно добри туристички понуди“ претставуваат 8% од БДП, а тоа укажува дека туризамот после гореспоменатото злато и дијаманти, е една важна економска гранка со просек од над 3милиони туристи годишно.
    Парично средство е рандата и многу ретко примаат долари, официјален јазик е англискиот (ЈАР е екс Британска колонија до некаде `60тите години) и некои нивни локални јазици.

    Јоханесбург
    Најголемиот, најбогатиот и најмодерниот град во ЈАР (не е главен град), а Јоханесбург за мене е градот на златото, поготово местото Голд Риф Сити кое се наоѓа во периферијата на градот, тоа е нешто како парк каде се наоѓа рудникот Crown Mines и за љубителите на златото, се спуштате 200метри каде што се обработува злато и се произведуваат златни монети (може да си купите), буквално се осеќа една “златна треска“ додека ве спуштаат надоле во рудникот. Во склоп на паркот има пивница што се вика Џо, задолжителна посета откако ќе излезете од златниот рудник - влегувате во биртија, да се напоркаш од мука... баш паметен потег ова пивницава, на право место и право време.
    Зоолошката градина која истотака е во склоп на овој комплекс се смета за најдобра низ целиот континент, огромно место со сигурно над 500 животни (не сум сигурна за бројката, сеуште не бев отрезнета кога ги броев лавовите...), пештерите Стенкфонтејн се атракција и доказ за постоењето на човекот пред 3милиони години. Тоа се 6 пештери поврзани помеѓу себе и биле откриени од некој италијанец кој на времето барал злато, а денес ова спаѓа под заштитата на Унеско како светско наследство и е прогласено за “Лулка на цивилизацијата“.
    Во центарот на градот остава впечаток зградата на поштата со часовникот кој е изгработен во Лондон (станува збор за истата работилница од каде се деловите на Биг Бен, или водичот ме лажел), гратската галерија во која има изложено колекции од Европа и Африка (има дела на Пикасо, Ван Гог, Роден...), а нешто што на мене ми го одзема здивот се Историскиот и Геолошкиот музеј каде може да се запознаете со останките на првобитните луѓе и има изложено скелет на диносаурс кој живеел во Африка пред 130мил. години!
    Друга атракција која би можела да се посети и вреди да се спомне е гратската Библиотека и едно од најпопуларните места меѓу туристите за посета е семејниот музеј на Мандела и негово комплетно разгледување со водич одзема цел ден, а и гужвите се многу големи.
    На само саат време со кола од Јоханесбург, во кратерот на вулканот се наоѓа:

    Сан Сити
    луксузен казино ресорт кој го споредуваат со Лас Вегас, изграден на кратер од неактивен вулкан и да дојдете во ЈАР, а да не го посетите - казниво со закон!
    Комплекс, посетуван од 30,000 туристи дневно во кој се наоѓаат 4-5 светски хотели заобиколени од џунгла и голф игралишта, аква парк, неверојатно казино, стриптиз барови на кои 3,4 пати неделно се оди топлес, а баш на ова место се одржува светски познат турнир во голф на кој му го заборавив името ама крокодилите не ги заборавив, голф терените имаат 18дупки, а во водите низ овие терени до 13та дупка има ненормални 38 живи крокодили! Ако ти падне топчето во вода, оди земи го...
    Многу алкохол, дрога, секс, светски крем и забави 24/7, не за џабе го викаат градот на гревовите сред џунгла.
    Има организирани туристички викенд тури од Јоханесбург до Сан Сити и се плаќа 800долари за 3ноќи, но не верувам дека се ол инклузив и вклучен теренот за голф во цената на пакетот затоа што јас не одев во група, па според мојата математика овие 800долари се соба+јадење во најдобро сценарио, а за се останато се доплаќа.

    Кејптаун
    Град од важно истористо значење бидејќи на неговата територија се водела борбата за ослободување на ЈАР, ниту едно друго место во оваа држава не може да искомбинира една неверојатна природа која ти го одзема здивот и така значајни историски факти во едно. Се наоѓа на крајбрежјето близу Ртот Добра Надеж и е првиот град во југот на Африка кој е основан од европејци и заради тоа е наречен како “градот мајка“.
    Планината Тејбл е икона на градот и нешто што мора да се посети т.е. да се искачите на неа бидејќи погледот према градот од високо е едноставно ФАНТАСТИЧЕН, го имате врвот на Ѓаволот на исток и Лавовска глава на запад.
    Низ градот се наоѓаат неколку галерии кои не се ништо посебно, а она што било место за трговија со робови во минатото - денес е ботаничка градина која се наоѓа во близина на парламентот.
    Кејптаун е град каде може да се јаде добра храна, еден од најдобрите ресторани низ јужниот дел на овој континент се вика Аберџин за кој треба претходна резервација, во врска со цените, комплетна вечера за двајца + вино не би било повеќе од 100 долари.
    Малку подалеку од центарот на градот се наоѓа регионот Опсерваторија и тоа е единственото место низ ЈАР каде нема расна дискриминација и би можеле да уживате во ноќниот живот, барот Обз мора да си го пофалам, место каде станав дел од инвентарот или маскота во најмала рака.
    На 5 саати возење од Кејптаун се наоѓа музејот на златото на Африка (влез некои 5,6 долари) во кој се гледаат 2 века златарство, од златни монети до маски за крокодили направени од некои африкански мајстори, а во склоп на музејот има и хотел бидејќи туристите претежно остануваат една ноќ, па возат назад до Кејптаун.
    Плажите се доста посетувани од туристи и благодарение на специфичната местоположба и временски услови, во еден ист ден може да посетите различни плажи со потполно различен рељеф и клима, на пример плажите на Атлантскиот океан се многу по ладни и водата е камен јано камен душо - камен да се сториш, но се доста поразвиени во поглед на ресторани, барови за разлика од плажите према пристаништето Порт Елизабет т.е. веќе Индискиот океан. Кога сум кај Индискиот океан, на крајбрежјето покрај плажите има пингвински регион на кој може да се гледаат пингвини (влез се плаќа 3,4 долари) и на оваа страна има само еден ресторан кој на мене ми остави впечаток, се вика Пингвин Поинт и има некакво азијско влијание, цените се доста високи па ако седнете на предјадење, јадење, десерт + алкохол ќе платите дупло повеќе од центарот на градот т.е. отприлика 200долари за 2ца.

    Преторија
    Е административната престолнина на ЈАР, одличната местоположба и големите пронаоѓалишта се причините за многу чести конфликти на оваа територија, а малку поопширно за историјата и значењето на овој град ќе слушнете и видите во Националниот културно - историски музеј во Преторија.
    Една од позначајните атракции низ градот се двете високи кули кои се симбол на двојазичноста т.е. на 2та официјални јазика - англискиот и африканскиот, а околу нив се наоѓа амфитеатарот и градината во која има споменици на локални херои. Во близина на овие кули се наоѓа музејот (куќата) на Пол Кругер, а тој бил човекот т.е. еден од командантите кој е заслужен за победата над Британија и прогласување на независна република.
    На периферијата од градот се наоѓа фармата “Дорнклоф“ која исто така е претворена во музеј, место каде живеел поранешен премиер на ЈАР и човек кој играл многу важна улога за Обединетите Нации во 1946год. Баш уникатна атракција е метеорниот центар “Цваинг“ и местото што е наречено “Светот на монетата“ каде се изложени златни монети и истите се на продажба, мислам дека навистина нема смисла да почнам да пишувам за националните паркови и сафарито бидејќи никогаш нема да завршам за ЈАР.

    Многу специфична земја која ме освои уште со моето прво стапнување на нејзино тло, имав прилика да живеам одреден период во Кејптаун и можности да се запознаам многу подобро со сите нејзини добри и лоши страни, историја, политика и криминал, а ова е ЈАР видена низ призмата на моите очи. Се будат емоции во мене додека пишувам, а најверојатно така би требало да биде кога пишуваш за нешто во кое си вљубен.
     
    На Abeja, An-na, sagittarius57 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Pirana2

    Pirana2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    248
    Туристичка дестинација која има што да понуди, а покрај Мароко и Тунис е ставена во сенка од европските туристи, љубители на плажи, авантуристи и културен туризам. Поранешна француска колонија која после 5години војна официјално ја добива својата независност во 1959 година, а потоа имаме граѓанска војна која официјално завршува во 1992година, а неофицијално - сеуште трае и најверојатно нема да заврши во блиска иднина и тоа е една од причините кои му штетат на туризмот.
    Превоз исклучиво со сопствена или изнајмена кола, во никој случај не треба да се користи јавниот транспорт, автобуси и такси возила (освен ако не се препорачани од хотелот) затоа што овие работи се најчестиот објект на терористички напади и бомбаши самоубијци. Освен превозни средства, мета на теротистички напади се хотелите каде престојуваат странци, ресторани и трговските центри, па затоа треба многу внимателно да се одбере место за престој, јадење и да се движите на места со помал ризик од вакви напади (реномирани хотели и ресторани, места на кои има обезбедување и да се информирате за најчестите мети на теротистички напади, кои секако дека треба да се избегнуваат).
    Како муслиманска држава, жените би требало да се придржуваат до некои правила (имаат многу лошо мислење за жена која пуши цигара или наргиле), да се знаат некои основни зборови и фрази на Арапски (арапскиот јазик е поразличен од Либија и Мароко заради француското влијание), копија од пасош и сите поважни лични документи треба да имате во секое време бидејќи на секои 2,3 километри има патна полиција која врши проверки и претрес, жена во НИКОЈ случај не е препорачливо да вози сама надвор од населени места, прво бидејќи требаат посебни дозволи кои се вадат во локалната полиција, а втората причина се големиот број на киднапирања од страна на терористите, силувања и убиства (најкритични региони се границите со Тунис и Либија, пустината Сахара и југот на земјата).

    Силно сонце и типично арапски домови од жолт и бел камен, палми, пустина и една од најжешките точки на планетата земја - во секој смисол. Родната земја на човекот кој е автор, филозоф и добитник на Нобелова награда за литература - Албер Ками, сигурно веќе се сетивте за која земја станува збор, место во кое се развива дејството на моето омилено негово дело “Чумата“ кое има уникатна филозофска основа и таа негова чума е една метафора за секое зло кое може да биде скриено, но никогаш отсутно.

    Алжир
    Втора земја по големина во Африка со контрасти кои носат многу прашања, а за да се дознае нивниот одговор е потребен туристички водич (лиценциран и проверен), имаме исламска архитектура на кои се забележува француското влијание, исто како што се забележуваат и француски ресторани, барови и ноќни локали кои се стационирани во северниот дел каде се наоѓа 90% од населението.
    Паричната единица е динар и не примаат ништо друго, а официјален јазк арапски и француски.

    Алжир (главен град)
    Главен и најголем град во државата со излез на Средоземно море, тесни еднонасочни улици во арапски стил и пристаниште од каде се изнесува вино, тутун и игра многу голема улога во економијата на оваа земја.
    Работи кои треба да се посетат е стариот град Касбата кој е заштитен од Унеско (вклучен во списокот за светско културно наследство) и претставува центарот на борбата за ослободување од колонијалната власт на французите во периодот од 1954 - 59година. Водич задолжителен!
    Црквата “Нотрд Дам д Африк“ која е изградена на скала и се издигнува над Алжирскиот залив (многу личи на Св. Богородица во Париз), ботаничката градина Ел Хамма каде се наоѓа една од најстарите кралски резиденции и секако, големиот споменик на мачениците од Ослободителната војна кој е 90метри висок се работите кои треба да се посетат и видат како позначајни туристички атракции и каде најчесто се оди во група со водич.
    Други работи вредни за спомнување од овој бел град се централниот плоштад (ги има 2 плоштади - 1 Мај и Адис Абеба како главниот град на Етиопија и треба да се слушне легендата зошто баш тоа име) каде се наоѓаат француските локали, дворецот на културата, има и музеј но јас не бев бидејќи не ми остави баш добар впечаток, а и ми беше малку сумливо да одам во тој период.
    Новиот дел од градот е многу модерен со широки патишта и тука се наоѓаат многу државни универзитети и хотели, алкохолот по принцип е забрането да се служи на јавни места (освен по хотелските ресторани) ама па никој нема да дојде и да влезе во затворен локал после работното време за да провери дали има некој и што се пие или дали некоја жена пуши наргиле и цигари.
    А да, многу интересна работа се оние продавнички каде се продаваат традиционалните килими каде ќе ви раскажат за нивната симболика и традиционалниот начин на изработка, за нивното потекло од Азија и најстариот килим на светот, итн итн итн... приказни.

    Тимгад
    Град кој е одличен пример за римската архитектура бидејќи бил изграден како воена колонија на некој римски император на кој му го заборавив името, ама било некаде 100год пред нашата ера. Се наоѓа близу пустината и планината Аурес и таму требало првично да биде воениот лагер на императорот, но се проширило во населено место и денес имаме остатоци од амфитеатар, централен плоштад кој изгледа како шаховска табла, храм посветен на Јупитер, некои религиозни згради и други објекти кои датираат од тој период, место со историско значење кое треба да се посети и е заштитено од Унеско.
    Најголем впечаток ми остави цитатот се наоѓа во еден од аглите на плоштадот: "Да ловиш, да убиваш, да играш игри и да се смееш. Тоа е животот." Убава реченица која претпоставувам служела како мотив за римските војници.

    Ел Голеа
    Егзотичен град кој претставува врата кон пустината Сахара и уште го викаат Малиот рај - заслужено, сите тие палми ќе ви остават баш таков впечаток. Низ градот има многу пазари на кои најмногу се наоѓаат плодови т.е. урми, портокали, цреши, сливи, праски итн. Урмите се нешто што мора да се проба!
    Работа на која локалците даваат големо значење е гробницата на муслиманскиот светец Мулаи Хас, не ме интересираше многу за неговата животна приказна и што направи, само знам дека има некаква поврзаност со Мека, а на периферија од градот се наоѓа првата католичка црква која била изградена во таа област.
    Многу е строго и локалните жени се движат цели во црно, ни очите не можеш да им ги видиш, некако многу бев напната кога се разминував со некоја таква и очекував во секој момент да се разнесе со бомба.
    Жените кои се дојдени во посета т.е. туристите не мора да бидат цели во црно туку само да ја покријат косата и да бидат пристојно облечени.

    Други места низ Алжир кои се сметаат за туристички дестинации и би требало да се посетат се Ал Кала Бени Хамад - планински објект каде се наоѓала престолнината на емирите од Хаммадид пред 1.000години, има џамија каде собата за молитви има 13патеки, а тоа ја прави една од најголемите во Алжир.
    Тасили н Анжер, природен биосверен резерват и место кое е заштитено од Унеско, многу интересно за геолозите бидејќи има пештери и места кои говорат за миграции на животни и еволуцијата на човечкото суштество во периферијата на Сахара, по ѕидовите има јасни слики од телиња, крокодили и антилопи и некои други недефинирани животни. Посетата на овие 2 места е голема авантура со џип за сафари и водич кој многу детално објаснува што е она што го гледате.

    Алжир би бил многу побезбдно и поубаво место за посета да не беа замешани француските петли со нивната надворешна политика која јас воопшто не ја сакам, обични империјалистички окупатори, ништо поразлично од она што беа пред пола век во Виетнам, единствена разлика е што тогаш главна закана беше комунизам, а денес тоа е екстремниот ислам.
    Ги мразам и заради нивната замешаност во Либија, нивните лицемерни потези и ниски удари кон овие земји кои им ги донесоа брадестите исламски “маченици“ да се разнесуваат низ париските метроа.
     
    На Abeja, Nimai, mims-89 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Pirana2

    Pirana2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    248
    Едно од моите омилени места во северна Африка, држава каде се забележуваат колонијалните француски влијанија од минатото и италијанскиот притисок на денешницата, надополнети со арапскиот луксуз и егзотика, место каде има џамии, католички катедрали и казина, иако 99% од населението се муслимани - државата е производител на пиво, вино и други алкохоли и место каде комшиите од Алжир и Либија одат за да се напијат и уживаат во ноќниот живот.

    Тунис
    Оваа држава е најмала во северозападна Африка и најмала од оние држави кои традиционално се нарекуваат Магреб (Магреб на арапски јазик значи место каде заоѓа сонцето), а место кое е најпознато по залезите е Нос Рас ал Абиад (на арапски значи Белиот нос) кое е најсеверната точка на цела Африка, а се наоѓа на територијата на Тунис.
    Држава која денес е многу успешна во одржување на еден баланс помеѓу муслиманското и светското, забележителна комбинација помеѓу капитализам и социјализам, а заради нејзината местоположба и близината до јужна Европа, во минатото оваа држава била мета на инвазии на различни држави - Картагена, Византија, Арапскиот халифат, Османската империја... а нејзиниот последен колонијален владетел е Франција, од која во `50тите години успева да ја добие својата независност, а тоа значи дека станува збор за држава со многу историски споменици/места кои го привлекуваат вниманието на археолозите и туристите.
    Добра вест е што при сите тие природни богатства, туризмот не е развиен до таков степен како низ другите места по средоземноморјето што по дефиниција значи дека може да се посети оваа земја и без да располагате со многу средства, тука мислам на периодот декември-јануари, а во шпицот на сезоната од јуни до август цените на хотелите се ненормално високи, а и тие гужви од туристи низ отворените пазари и музеите се неподносливи.
    Од поинаков аспект, Тунис е доста добро муслиманско место за една жена бидејќи после Турција, според мене, тука жените ги имаат најголемите права и поволности, образованието (за кое се троѓат и до 30% од државна каса) е бесплатно и задолжително, а дури 60% од 9милионското население припаѓа на онаа “средна класа“ која полека се губи низ светот. Само за споредба, 70% од 80те милиони население во еден Египет живеат на работ од бедата, 95% од територијата на Египет е пустина , а и во двете држави главната економска гранка е туризмот па стопанството, произведството на нафта апсолутно незначајно во споредба со еден Алжир, Либија, Кувајт и Саудиска Арабија.
    По принцип, целата економија во ваквите арапски земји низ целиот свет е управувана од авторитетните семејства на претседатели и шеици кои владеат со ненормално големи богатства и многу позитивна работа е фактот што се отворени за соработка и знаат да дадат страшно добри привилегии на бизнисмени од странство (поготово жени), поволности кои денес ретко ги сретнувам низ арапските земји и не се лесни за добивање.
    Веќе кога ги спомнав жените, насекаде низ Тунис има плакати со ликот на Хабиб Бургиба, тоа е првиот претседател кој ја бутна монархијата, ја тргна и забрани полигамијата и даде еднакви права за жените. Тунис е единствената држава во која проституцијата е ЛЕГАЛНА и каде жените имаат поголеми права од мажот при развод, една жена има право да одлучи за себе - дали сака да биде традиционална и маскирана како нинџа во црно или да биде современа, облечена, на штикли и средена тип-топ зад воланот. А по закон, никој нема право да сопре автомобил ако зад воланот има жена! Дури ни полицијата! - уф ова како ми се погоди, ако не си на време и касниш за некаде во тој хаос на улици и во сообраќајот - “Вози Мишко!“, вртиш малку на лево и низ тротоари, еднонасочни улици возиш во спротивен правец, со колата низ ружите и каранфилите на комшијата (само многу да се пази да не закачиш или утепаш некој човек - тогаш сигурно ќе те застанат), се паркираш на 3 паркинг места зашто немаш време да се препотуваш у рикверц, излегуваш задоволна од кола и кажуваш “Добар ден“ на полицаецот и така ѓаволски им мафташ на сите мажи кои корнат коси чекајќи на семафори во километарска редица на пеколни 40+ степени.
    Мажите во принцип не се лоши, постојано даваат комплименти и максимално културно се обидуваат да те добијат и да допрат до една жена, а особено жена од странство, тоа им е предизвик во кој уживаат, абе тоа му доаѓа како дел од туристичката услуга, а меѓу другото, во Тунис има професија "Beach boy" - млади момчиња кои... масираат, така нешто како жиголо.

    Сус
    Третиот по големина град во Тунис и навистина прекрасно место за одмор, се наоѓа на некои 30мин возење од аеродромот, а историчарите тврдат дека токму овој град е постар дури и од Картагена. Се гледаат многу историски забележителности, медина со голема џамија и пазар каде има многу сувенири и облека, прекрасни плажи со бел песок и неверојатно добри хотели кои имаат и приватни плажи на супер цена.
    Туристичката зона Порт ел Кантауи се наоѓа на север од градот и тука е шемата со арапските ноќни клубови и ресторани, барови, танчерки (и танчери!), голф игралишта, тениски игралишта, центар за подводни спортови, ботаничка градина која патем доаѓа во втор план покрај ноќниот живот и тие журки до сабајле.

    Хамамет
    Низ центарот плоштади, продавници, паркови и луксузни хотелски згради, а од друга страна го имате Мединскиот пазар кој се наоѓа малку повисоко и го имате градот на дланка, а во околината на Медината се наоѓаат многу ресторани, кафичи и продавнички за сувенири (ценкање), а од центарот, неколку километри на југ се наоѓа туристичката зона Јасмин Хамамет (во близина на Картагена која е асоцијација за Ханибал), тука е шемата со дискотеки, ресторани, барови, пристаниште за јахти кое е убаво да се посети и прекрасните плажи. Е тука се наоѓа и детскиот парк, нешто како Дизниленд а се вика Карфаголенд кој вклучува неколку вида водни атракции (и да не сте дете, ќе пројдете), ресторани, продавници, ова место е повеќе за одмор со деца т.е. фамилијарни луѓе.

    Во селцето Набеули кое се наоѓа многу блиску до Хамамет и е најважниот занаетчиски центар уште од минатото и познат по керамиката, килимите и кожата, а вратите се отворени за посетителите и многу е интересно да се набљудува како се обработува глината, не сум купувала и не знам за цените на сувенирите но не верувам да се многу скапи.
    Инаку, за време на 2рата светска војна, Хамамет бил еден од штабовите на еден од најпознатите генерали на нацистичка Германија - Ервин Ромел, а денес, не го викаат за џабе Туниски Сен Тропе!

    Чебика
    Мал, оазиски град кој се наоѓа внатре во пустината и всушност претставува место каде има водопади на сред пустина, планините во околината на градот не изгледаат толку привлечно од далеку, но кога ќе се искачите на врвот имате неверојатна глетка кон оазата, пустината и градот каде сите згради т.е. живеалишта се направени од глина.

    Ел Џем и Картагена
    Историски места кои се наоѓаат на 15мин едно од друго и се вредни за посета, прво за местото Ел Џем кое е сведок на влијанието на Римската Империја во историјата, во 2риот век од нашата ера ова место игра важна улога во производство на зејтин, а во 3тиот век се гради она по кое е познат денес - прекрасниот амфитеатар кој е на трето место по големина (веднаш позади колосеумите во Рим и Капуа) и место каде се одржувале борби со гладијатори во чест на еден римски император, Гордијан 1ви ако не се лажам, а денес се одржуваат некои музички фестивали. Ова е местото каде е снимен филмот “Гладијатор“ со Расел Кроу, и секако дека е една од работите кои мора да се посетат и видат.
    Во Картагена, освен водич кој ќе ви ја раскаже историјата на градот и неговата поврзаност со римјаните и зошто сакале да го срамнат ова место со земјата, има неколку забележителности кои треба да се видат, катедралата Св Луис, плоштадот, остатоците од стариот град итн... и за крај:

    Тунис (главен град)
    Главниот град не е многу голем во споредба со мега-големите главни градови низ светот, за среќа на туристите, центарот е мал и во него се наоѓаат речиси сите забележителности кои треба да се посетат. Градот има стар и нов дел, новиот дел е модерен и направен од французите, а во стариот дел се наоѓа она историското и културно срце на градот. Една од најстарите забележителности е џамијата Зитуна која била изградена во 7ми век, срушена и повторно крената во 9ти век кога се носел материјал од римска Картагена за да се направи централната сала за молитви, во стариот дел се наоѓа и гробница со останките на многу туниски принцови и принцези, министри и ред други значајни луѓе. Недалеку се наоѓа и центарот за народни обичаи, тоа е некаде помеѓу стариот и новиот дел на градот, не е нешто посебно но вреди да се спомне како нешто што би можело да привлече нечие внимание.
    Улиците низ новиот дел се обградени во стар француски стил со она ковано железо и мали кулички, тоа потсетува на европа и секако, мал милион француски слаткарници, дискотеки, ресторани... во новиот дел единствена работа покрај баровите и дискотеките која ми остави впечаток е катедралата Св. Винсент, која е некој чуден микс на стилови - готика, византиски и северноафрикански стил.

    Покрај малата територија, Тунис нуди едно разнобразие со кои и два пати поголема држава би се гордеела, место кое заслужува да биде видено, рај за жените и толку е од мене за Тунис, малата оаза во големата Сахара.
     
    На Elena69221, SparkyAngel, sia.bella и 2 други им се допаѓа ова.
  11. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Јас аплицирав за туристичка виза за Мароко но за жал со 34 уредно доставени документи. виза неможам да добијам сакав да одам во приватна посета со покана но никако да добијам одговор од нив и нивната неспособна амбасада
     
  12. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    ме винтересира танзанија,односно занзибар,дали во јуни е добар период за посета ,и дали од тука некој бил преку наши агенции или евентуално српски