Ми недостасува мојто кученце, што не стигнав ни да го видам го успале со инкеција оти било болничко имало тумор на мозоко и јас радосна идам дома тражам го и тогај ми кажаа дека починало ах колку ми е криво што не си го виде за последен пат а 7 години го чуваше
Леле душичка, колку тажно! Инаку мене ми недостига бато. Не сум го видела од Велигден ама пак... Едвај чекам да го посетам.
ми недостасува едно вистинско пријатество,безлицемерство,бесозборување.полно со разбиране и подршка. каде да го најдам? го добивам само од една личнос а останатите другарки... сите се исти... сакам да си почнам нов живот ама се од ново....ми недостасува моите мисли кога бев детенце...да не мислам на ништо само да си играм и се да е забава.... ми недостасува една прегратка од моето срценце...
Дада мииии(не ми е дада,комшика ми е) ама многу ,многу,многу ми недостига(добра вест следната недела си доаѓа)
Поминаа само 10 минути откако те испративме, а веќе страшно ми недостигаш... Ме убива помислата дека три е*ани месеци ќе бидеш во тоа логорот и ќе те нема дома Со кој ќе пијам кафе сега и со кој ќе трачарам... Кој ќе ми досаѓа по цели ноќи и нема да ме остава да спијам... со кој ќе бистрам политики и ќе исправам криви дрини... кој ќе биде тука кога ќе сакам да споделам радост, тага, нервоза... Моите мисли ќе бидат со тебе и ти ветувам дека редовно ќе и идам на посета...
Ми недостига дедо само тој знаеше да ми ги каже вистинските зборови што знаат да ме смираат и да ми дадат надеж дека ке биде подобро
Ехеј уште еден месец и веќе 3 години без тебе. Зар е можно? Ми остана со твојата слика да разговарам, која чинам ме гледа во очи. Замислувам како стоиш пред мене и ти раскажувам за кој ми се допаѓа од таму. Потоа очите ми се полнат со солзи, срцето ме стега, а и дишните патишта мислам дека на момент престануваат со својата работа. Ми недостигаш .. Ми помина и роденденот, а телефонот домашниот не заѕвони. Не се досетија на тоа, а да беше ти уште од зори ќе се јавеше. Се случија толку убави работи, а ти не знаеш. Не си присутна да се радуваме заедно ... Ќе се сретнеме еден ден, таму горе ..
Помина една и пол е*ана година без тебе...Да беше жив пред три дена ќе го славеше својот 81 именден (се проколнувам бидејќи неможев да го посетам твојот гроб ), а за месец и нешто ќе направеше 82 години...зошто останав без тебе? зошто Бог ми ја зеде најсаканата личност? зошто неможам да го почуствувам твоето отсуство и секогаш го чекам твојот повик/посета? ЗОШТО?????................Како еднаш да сватам дека те немам дедичко ?!?!? Жалам што не си присутен овде да ме советуваш и да ме прекоруваш кога грешам.....ТЕ САКАМ најмногу на свет!!! и премногу ми НЕДОСТИГАШ !!!!!..............................................НЕКОГАШ И НЕГДЕ МОЖЕБИ ЌЕ СЕ ВИДИМЕ...
Искрено да ви кажам темава многу ме погоди :'( во моментов и во овие тежки денови многу ми фали ТОЈ , иако мислам дека не се ни секава на мене (не бевме ништо ни дечко и девојка, ни пријатели онака се знаевме ) живее во друг град и ми фали премногу.Кога би знаел како ми е можеби ќе биде поинаку , но најмногу ме нервира што ТОЈ да кажеме дека е ''позната личност'' и дека девојки како луди трчаат по него да се фотографираат се разочарувам му кажуваат разни работи со еден збор го Гњават.Тој е смирен убаво му е ...(па на кој не би му било) само незнам дали е тоа така од Ќејф или е само глума онака за да не ги навреди ''фановите ''
Многу ми недостигаш... Најмногу!!! Со солзи во очиве го пишувам постов.. МИ фалиш, потребен си ми, сакам да те видам, гушнам, бакнам. Тебе те нема. Не ти е гајле за мене и моите солзи. Ме беше се, најголемата поддршка, делевме и лошо и добро. Како можеш така лесно да ги заборавиш тие најубави години што ги поминавме заедно.
ми недостигаш многу... сакам да си тука до мене. сакам пак да ме држиш за рака да ме бакнуваш. сакам пак да го слушнам твоот глас. сакам...да ми се јавиш. да престанеш да ми даваш лажна надеж. тоа ме повредува. сакам да можам да ти кажам колку си ми потребен и колку ми фалиш.