Највеке ми недостига баба ми.Почина пред 8 години и доста често мислам на неа и страшно ми недостига.Баба ми беше супер бабичка.Нетипичен стар човек.Дете заробено во телото на стара бабичка.Леле кога ке ми текне по цел ден како си пиевме кафенце и муабети да се згазиш од смеа,ги играше сите деца у маало.Другарките просто ја обожаваа.И многу ми е жал што си почина така наеднаш.За мене беше голем шок и два месеца не можев да се вратам во нормала. И ми недостига дечко ми.Живееме заедно,мораше да оди на пат во странство две недели и овие две недели ми се видоја ко две години...ааман веке,едвај чекам да си дојде...Ми фали неговата подршка за се и сешто,макар и кога се нервирам за глупости знае да ме смири за две секунди
Ми недостига човекот што е далеку од мене некои 200 км.. тој што прво ме сакаше како другарка,потоа како женско,па пак другарка ... тој што ми ја приреди шпанската серија на мојот живот,до сега ! И стварно ми фали да биде до мене сега !
Најубавиот ден во мојот живот,не беше тоа без тебе Сепак знам дека беше до мене,иако сакав да те гушнам и да го одиграм првиот валцер со тебе,сакав да се смееш и играш до мене,да ме гушкаш и да пуштиш солза радосница......Сакав да ја гушнеш мама и заедно да се радувате.....Ме болеше што беше сама,што седеше со тага на првиот валцер иако стискаше заби за насмевка,најмногу и фалиш...............................
САКАМ ДА СЕ ВРАТАМ ВО ВРЕМЕТО: -Кога одлуките ги донесував со еци, пеци, пец... -Кога се каравме само за тоа кој побрзо трча! -Кога за парите беше одговорен банкарот во Монопол. -Кога не беше чудно да имаш два или три најдобри пријатели. -Кога за постар се сметаше секој над 20 години. -Кога мрежата на тениското игралиште беше совршено за играње одбојка, а за правилата не се грижеше никој. -Кога никој не ти беше поубав од мама. -Кога раните се лекуваа со бакнежи. -Кога секое враќање од град се завршуваше со купување нова играчка. -Кога вртоглавиците и паѓањето на подот беа предизвикани од скокоткање. -Кога најголема напријатност беше чекањето дали ќе те одберат во екипата. -Кога постарите браќа ти беа најголеми мачители и најголеми заштитници.
Многу ми е жал!Само едно ќе ти кажам,се што правиш прави го за него,кога ќе речеш не можам помисли на татко ти и ќе добеш огромна сила! Инаку мене ми недостига,мојот дедо кој почина пред 9 месеци!Тој ми беше навистина голема поддршка во животот,знаеше буквално се за мене,ми ги даваше најдобрите и најмудрите совети.Тој беше полн со знаење,беше мудар и паматен човек и пред се секогаш правичен.И покрај сите услови,тој завршил средно училиште па дури и факултет и ги извел мајка ми и вујко ми на прав пат и никогаш ништо не им недостигало благодарение на него!Никогаш не не делеше со братучедите,секогаш на секој даваше еднаково.Одсега,се што правам правам за него и утште не можам да поверувам дека го нема и дека зборувам за него во минато!Ехххх да можам само уште еднаш,еднаш да го гушнам и да му кажам колку го сакам.
Ми недостасува неговата насмевка. Не ја имам видено, ни слушнато толку време.. Погледите, закачките. Неговата црна коса.. Секој атом од неговото тело ми недостига. Јас си кажав, сега тој нека си спие мирно, ко да не се знаеме.
Знам дека не смеам да праќам мислења едно по друго, но ми помина копчето редактирај. Ако можат модераторите да ми ги спојат мислењата добро ке е. Сакав да кажам дека ми фали Оффи и нејзините мислења.
Дедичко. Почивај во мир душо моја.Знам дека од таму некаде ме гледаш,ме гушкаш и ме сакаш исто како што те сакам јас. Господ прерано ни те зеде,ама знај дека нашите срца секој ден чукаат за тебе. Немој да си осамен и да се грижиш за нас,ние сме добро. Знам и дека на тој свет убаво живееш и многу луѓе те сакаат,затоа што е невозможно тебе човек да не те сака. Да знаеш дека живееш и се додека живеам и постојам ќе живееш во моето
Баба ми. Ужасно ми недостига. Ахх, колку сакам да ја видам, барем уште еднаш. Нема таква личност како неа, една и единствена. Многу работи научив од неа, не можев да се помирам дека ја нема повеќе Бабоо, те сакам премногу!
Ми фалиш! Незнам каде и како и на кој да кажам дека премногу ми фалиш. Каде си сега коа ми требаш? И зошто си замина баш тогаш? Знаеш ли колку заеднички планови имавме? Знаеш ли дека се мразам шо толку многу ми треба твојата прегратка? Немам на кој да му се јавам во ниедно време и да се смеам со него на глупостите и да му плачам и да му се жалам кога ми е тешко. Секој ден се повеќе ми фали твојата насмевка и сигурна сум дека од некаде ја слушам, ама за жал тебе неможам да те видам. А ми беше најблизок, најдобар. Повеќе како брат. И сега? Се остана така...Сите работи шо ти ги ветив ќе ги направам.Само шо не требаше да ги правам сама уште волку рано. Ке завршам факултет, ќе одам таму кај шо требаше да одиме и двајцата, и ќе го купам тоа шо го сакаше. Ке си го крстам детето исто како тебе, и на секој мој роденден ќе јадам по две парчиња торта, едно за мене друго за тебе иако многу ке ми недотига твојата порака шо ја добивав многу години наназад,,Дадичке нека ни е срќен роденденот и нека ни се исполнат сите наши желби.Те сакам.,, Многу ми недостигаш, ама никогаш нема да те заборавам и засекогаш ке останеш мој најдобар другар.
Мхм, ми недостига денес. Го сонував. Дека ми рече дека сака да зборуваме, тоа е само начин реалноста да ми каже-дрим он, лузр. Дури се расплакав.
Колку ми недостига баба ми Прекрасна жена која што не успеав доволно да ја запознаам.Почина кога бев многу мала.Единствено нешто на што се сеќавам е дека постојано ме тераше да јадам со сила зошто со јадењето бев скарана.Постојано ме шеташе низ парковите,ме носеше на љуљашки и ми пееше песнички.Како да заборавам дека се жртвуваше за мене и стануваше во 5 да доаѓаш да ме чуваш само затоа што јас не сакав да одам во градинка???Се би дала да можам барем уште еднаш да те видам и да те гушнам најсилно што можам :'( :'(
Цигарчиња мои слатки на прсти мирно што ми лежевте, и во досада и во гужва, во тага и среќа друштво што ми правевте, ми недостигате како вода во сред пустина. Рацете веќе не мирисаат на вас, цигарчиња мои напатени, конечно дозволивме да не раздели здравјето на Магнолија. Бевте дел од мене и од моите љубови, љубомори, корнење корени, тепачки, од моите милувања и мирувања, најмили мои, цигарчиња мои ко циганчиња ве оставив на патот. Кога ќе помислам на нашите собиранки во полноќните часови кај гаражата, каде скришно ги повторувавме нашите ритуали.... Само ти, цигарче мое ќе ги ислушаше моите мисли. Само ти усните ќе ми ги помилуваше. Постели врели со тебе сум поминувала, друг со тебе сум чекала. Неверна ти бев, љубов моја единствена. Љубов моја, шеесетденарска Ќе дојде тој ден, јас ќе посакам да ви се вратам. Но тогаш вие бегајте... бегајте и не оставајте ја миризбата позади вас, бегајте и не отежнувајте ми... Бегајте, цигарчиња мои