ми недостига најдобрата другарка (што ми е и повеќе од сестра) но оддалеченае од мене со илјадници километри.. ми недостигаат бабите дедовците моите најсакани тетички што ми се како мајка уште од мала ме разглуваа и правеа се да бидам среќна ми недостигаат тие две мали суштества што секој ден ми го правеа посебен- моите две братучетчинја но оние две поголеми што си ги сакам премногу мојата братучетка и братучед ме недостига вујкоми што ме насмејуваше секој ден без него денот е празен ми недостигаат мите другари кои за разлика од овие сегашните беа вистински... ми недостига живото кој го живеав пред моите да отидаат во странство да тогаш га осетив правата среќа ... ми недостига безгрижноста и мојот стар живот.
Ми недостига дедо ми,мојот мил дедо кој ме израсна колку мудар и паметен човек. Ти би знаел како да ме утешиш и да ми дадеш совет и да ме насочиш каде е излезот од ова сивило. Ми фалиш да јадеме макарони од твојот превкусен рецепт кој никој не може да го направи како ти па ни мајка ми ,,,ми фалиш пак да ме дочекаш како кога бев мала секогаш со чоколада од ориз(мојата омилена).Ти знаеше да ми покажеш што е почит и што е љубов.Знам дека ме гледаш од горе.Те сакам,еден ден повторно ќе те сретнам.
Ми недостига многу неговиот поглед, прегратка, бакнеж на мојот врат... Се ми недостига буквално се од него само што не сме повеќе заедно
Многу ми недостига сестра ми која не сум ја видела скоро цела година,и ми недостига и дедо ми кој не е повеке со нас ама ке остане со мислите засекогаш со нас!
Ми недостига твојот глас, твоето смеење на моите шеги, ми недостигаат часовите минати на телефон со тебе, ми недостига да ме засмејуваш. Погледот твој ми недостига, премногу сјајни беа твоите очи додека ме гледаше.
Дојран....и моите спомени кои сеуште лудо талкаат низ него и упорно не можат да си го најдат своето место речиси две години...а кој знае и дали некогаш ќе го најдат...се додека не ме пронајдат мене, тебе, тоа што можевме да бидеме, нас...и нашиот Дојран, кој за век и векова во секое ќоше ќе содржи по нешто твое и секое доаѓање на пролетта која мириса на тебе повторно и повторно, потсетувајќи ме дека поминав уште една година во други прегратки, а сепак во самотија...и копнежот по Гевгелија, каде улиците дишат од тебе и каде небото е огреано само од твојата насмевка, каде ти цветаш од ден на ден, исто како доаѓањето на пролетта, бавно но сигурно, додека наспроти тоа, јас венам...Живеам за нашиот Дојран!
Знаеш, те пеев еднаш таму во една книга. Каде многу други пееја, ама тебе само јас. И ме потсети сега Германецот на тебе, не‘ сонувал. И се сетив само колку ли време не сум те посетила. Ми фалат тие долини твои, киселец и мајчина душица. Големиот камен, гробот на Павле и Менка. Злата страна, и тој личниот спроти тебе, што се смеев додека го бакнував. Ќе дојдам за брзо, само нека пукне пролет
Дедо, врати се...Ужасно ми недостигаш ти и твојата гласна смеа. Ветерот кој што ми минува низ коси додека стојам над твојот вечен дом ме потсетува на твојата топла рака, која што ја држев и стискав додека Бог те земаше горе, кога те зема од мене. Јас сум крива! Јас требаше да не те пуштам. Да те држам. Да не дозволам да ме оттргнат од тебе. Да бев покрајтебе сега немаше да биде вака. Или сепак ќе беше. Само што сега ќе ми беше уште потешко. Зошто не ми дозволија да го видам твоето последно движење? Додека се бореше во таа соба, со смртта, јас седев во ходникот. Те чекав да излезеш да ме фатиш за рамо и да ми кажеш „Не е ништо, чедо.“. Но, се што слушнав од таа соба беа само воздишки, тешки воздишки...И онаа последната, најгласната, од која срцето ми затрепери. Воздишка по која занемев. Не зборував. Не ни сакав. Ти ми беше најдобриот пријател. Секогаш ќе останеш во моето срце. Длабоко врежан. Неможам вака. Барем да те сонам. Барем на сон да ми се јавиш. Да си поразговараме. Како во старите добри времиња. Но, ни тоа. Зарем не заслужувам. Ми недостига твоето лице и насмевка...Кога ќе престанат да ми навираат солзи кога ќе те споменат?,, Кога ќе те помислам? Мислам дека никогаш... Таа тага вечно ќе ми плаче во срцево. И би сакала само едно да знаеш: Ужасно ми недостигаш, те сакав, те сакам и ќе те сакам најмногу од сите, бидејќи ти ме научи се што знам.На храброста, на сите мои добри особини. Ти си мојот херој!
Ми недостигаш многу, ама не заслужуваш да жалам што ми недостигаш... ама што да правам кога бес тебе не можам?
ДЕЧКО МИ ! Толку сакам сега да е до мене и да го гушнаааааааааааааааааааааааааааааам,бидејќи го сакам најмогууууууууу на светоттттттттттттттттттт!
Да, толку многу ми недостигаш и ти тоа го знаеш! Но што можеме понекогаш не го правиме она што сакаме туку она што мораме
Ми недостига баба ми...таа прекрасна мила топла жена со тие прекрасни сини очи... повторно да можам со неа да пијам кафе на кеј, топлината што ја носеше со неа, сигурноста и советот за добар живот. Ми недостига баба ми затоа што само таа знаеше да ме разбере никогаш не ми ја прекинуваше реченицата (сите други упаѓаат на сред збор ) знаеше да ме чува .... многу ми недостига баба ми ќе пукнам ...
Ахххххх колку ме растажи темаваа ..и така денов ми е никаков цел ден сум тажна барем си се изнаплачав онака убаво,како што не плачев одамна....жал ми е и сочуствувам со сите што изгубиле некој значаен во нивниот живот.. Тешко е кога никогаш не си ја осетил бабината и дедовата љубов јас никогаш ја немам осетено,моите баби и дедовци заминале прерано,само на едната едвај и го памтам ликот онака ко во сенка ми стои секогаш пред очи .. и секогаш ко ке видам некои бабички и дедовци ме фаќа носталгија голема .. кога одев со другарка ми кај баба и толку се растажував и ја сакав ко моја баба ја гушкав и бацував ама не е исто.. Ми недостигаат многу работи..овде е само дечко ми ... но сепак јас сум сама немам никој .. ми недостига многу мојата фамилија особено мајка ми со која бев многу блиска ..и ме боли мн што некако ме запостави мене ..некако се одалечивме премногу откако јас заминав на студии ..ми фали брат ми тоа „малечко„ разгалено дете (иако има 18 години) што чекаше се од мене,домашни проектни,јадење ама баш се...ми фалат нашите кавги иако се каравме мн често сепак ми недостига мн..сакам силно да го душнам.. ми фали мојата мала 6 годишна братучедка-срцката моја мала со која поминувавме по цели денови заедно..ми фали нејзиното силно гушкање,бацување..знаете онака детски убаво,нежно .. бевме нон стоп заедно и јас онака набрзина заминав..трчање околу матура..полагања ова она..после спремање документи и си заминав..и сега ко ке ја видам на скупе ко ке ми рече ајде бе даде дојди си ми фалиш мн...сакам силно да те гушнам..да се шетаме и да се шминкаме заедно аххх шмизле мое малоо само да знаеш колку ми фалиш и ти менее...даденце мое мало колку би сакала да дојдам и да те гушнам силно и да си поминуваме по цели денови заедно...да се играм со тебе..да трчам ко мало безгрижно детенце..да се лулам на твојата лулашка со тебе во моите прегратки и да пееме онака нешто без врска..и да се смееме на цел глас незнаејки зошто..туку чисто онака од среќа но неможам срце дадино...овие испитиве не ми дозволуваат да мрднам на никаде..планирав јас денеска да тргнам,пријателката замина ама таа е без обврски а јас..јас останав овде ..ке дојдам злато моее на летоо..времето минува брзо ..ке се забавуваме пак даденце мое малечко ...ми фалис многууу...ми фалат твоите мали рачињааа...твоето будење наутро хех..малечко ама ке се разбуди порано и право кај мене ..душе моее најубаво. ми фали детството оние години пред да почнам средно кога сите заедно се собиравмее од маала и поминувавме по цели ноќи седејки на „гаражата на вера„ ..место каде што се родија многу пријателства,мн.кавги...место каде што се случија првите бакнежи..деновите кога игравме топка со машките..кога игравме миженка и се криевме по бавчите и им уништувавме се на лугето аххх децаа...ми фали она време кога сите бевме заедно,секаде одевме заедно..се сложувавме,браневме,бевме секогаш тука едни за други..но сето тоа исчезна и се претвори во омраза,љубомора..корист..веке се е сменето еден со еден не се гледаат..еден со еден не се поздравуваат а не пак да им текне да седнат заедно како некогаш..едноставно моето маало е прераснато во едно злобно место каде што еден со еден не се поднесуваат.. После 16 години поминати во дружење..лудости..незаборавни денови и ноќи ние две престанавме да се дружиме ..но зоштоооо???? тоа уште не го сватив..сепак после година дена пак почнавме да контактираме се разбира не е исто ко порано но сепак..се слушаме почесто..зборуваме на скупе си ги разменуваме искуствата..зборуваме за нашите успеси и неуспеси..личиме на возрасни,не сме веке оние две девојчиња луди ко некогаш што бевме..аххх колку беше убаво завчера кога се присетивме на нашите случки од детството..на нашите глупости што ги направивме заедно;качувањето по карпи,и по дрва..ко ке ми текне ко мајмуни бевме,се понашавме ко во џунгла да сме...крадењето лалиња на комшивката,бидејки ни беше жал нашите да си ги кинеме .. деновите кога одевме в село кај баба и и и крадевме благо ахаха бидејки јадевме се што ке ни ставеше ама бевме уште гладни ахаха лудост..кога и ги криевме работите..па таа ги бараше насекаде а ние се газевме од смеење..кога ни правеше јадење и ни го донесуваше на ливада па ја теравме да ни чита англиски смеење до солзи..моментите кога по цел ден минувавме заедно..наутро јас ке појдам кај неа ке седиме таму до некое време па после ке дојде кај мене или обратно и се така до ниедно време во ноќта..деновите кога поминувавме со саати заедно зборејки за нашите симпатии и конфузирани чуства...лелеле овој го видов ах колку е убав...абе оној Б бил таму и таму бил со тој и тој...кога на бившиот нејзин му ги дупнавме гумите на новата кола само затоа што го слушнавме дека рече „еве ја оваа„ ми недостигаат сите работи со нејзеее...најлудите години ги поминавме заедноо..те сакам маче моеее..ајде веке се договоривме ке се видиме в лето и ке наздравиме со црно винце онака како што знаеме само јас и ти од средношколските денови најмногу ми фалат деновите кога одев на втори кат и одозгора го посматрав симпатијата..додека пак тој насекаде ме следеше и онака се сретнувавме изненадно и двајцата ко стаписани .. ми недостига најдобриот другар кој живее во скопје кој ми има помогнато најмногу од сите на светов..тој е еедна прекрасна личност..ми недостигаш бато...сакам да те видам и гушнам..да поминеме саати и саати зборејки онака ко пораноо..да се изнасмееме и плачеме заедноо...се слушаме на нет ама не е тоа тоа ..далечината си го прави своето и ми фали една личност која не би требало да ми фалиии ама за жал така е ...ми фали мн.осеќам потреба да бидам во негова близина...поминуваме по цел ден на нет..а и тој самиот незнае да ми опише зоштооо..не сум се чуствувала никогаш толку добро,убави и среќно во нечија близина...утре ке го видамммм аххх и онака ке си се гушнеме другарски хах
9 Години без човекот кој ми беше се во мојот живот. Човекот на кој се одгледував... Нема ден да не помислам на тоа дека ТИ не беше за да заминиш од овој свет.НЕ НЕ НЕ... Беше премногу млад.Велат времето ги лечи сите рани, но не е така... Зошто и после 9 поминати години сеуште осеќам празнина во моето срце?Секоја помисла на тебе раѓа нова болка во мене... МИ НЕДОСТИГАШЕ, МИ НЕДОСТИГАШ и ЌЕ МИ НЕДОСТИГАШ ... Засекогаш во моето срце