бабичке те сакам :/ почина пред 3 недели но замене се вечност толку ја сакав како мајка знаеше да ме насмее кога ми е најтешко ми недостиго секој ден да ми се јави или да подвикни од прозорецот : ,,заминваш? ајде чао и убо да поминиш и 5ка да донесиш,, сакам да ја видам барем уште еднаш и да му казам колку многу ја сакам
заспав со оваа мисла ,утрово се разбудив со истава ,и сега налетувам на ваква тема . фалииш вујче болно фалиш ,најмногу на малите ангелчиња кои без никаква вина останаа сами на светов пред некој ден малиот пушти твоја слика и прашуваше кога ке се вратиш од америка а на малечката само и се насолзија очињата и зборче не кажа, повеке и од очигледно беше дека незнае каде е ни зошто го нема татко и човек незнае што има се додека не го изгуби чувај не од горе знам дека господ те зема со една причина му фалело ангел на небото ,ти почина без да умреш а ние умревме без да починеме
Ми фали малото девојче со сина косичка и со сини очиња, девојче кое секогаш беше насмеано и секогаш кога ќе ме видеше ми леташе во прегратки Ми фали и кумот, човекот кој секогаш беше тука кога ми беше тешко, човекот кој знаеше да ме насмее....
Бато...фалиш...проклето многу ми фалиш...секогаш ке ми фали твојата насмевка...уште неможам да поверувам дека никогаш нема да се вратиш...ми недостигаш премногу...чувај не сите...не дозволувај на никого да му се случи тоа што ти се случи тебе,не дозволувај никој да не напушти толку млад...верувам дека Господ ги зема најпрекрасните и најдобрите луѓе да бидат покрај него и да ги спаси од пеколот што владее овде на Земјата...и тоа ми е единствена утеха...знам дека болката исчезна...и тоа ме теши...но ми недостигаш...премногу...
Го изгубив татко ми на 12 годишна возраст и многу ми недостига. Но тој продолжи да живее во мене..долго ,долго..засекогаш.И често си го поставувам прашањето, што би било кога би било..односно кога тој би бил жив сега...и така полека си го терам животот замислувајќи го крај мене.
Ми фали дедо ми ... ми фали неговото смеење,неговиот глас ми фали да го гушнам силно и да му кажам дека премногу го сакам. Ми фали мојот најдобар другар... Пола година без него а болката сеушта иста... Зарем требаше прерано да си заминеш ... Ми фалиш бро ,премногу ми фалиш ... Уште чекам да ми се јавиш да ме насмееш ... и сеуште мислам дека кога ке си одам дома ти ќе бидеш првиот кој ме чека пред врата ... ЗАРЕМ МОРАШЕ вака да биде?! Би сакала да можам уште еднаш да те видам ,да те гушнам и да ти кажам дека те сакам мноооооооогу... Please come back to me :'( :'( :'( But it's so hard to be strong when you've been missing somebody too long ... http://www.youtube.com/watch?v=jxK4Rh3NDC4
Седам доле кај тебе и го гледам креветот...празен. Фрижидерот во кој барав нешто благо кога тебе те немаше. Фотелјата на која ги минуваше последните денови. Смоките и портокалите исечени на парчиња ме потсетуваат на тебе. Веќе се болни спомените. Го гледам креветот и ми доаѓа слика на тебе. Се обидуваш да се фатиш со едната рака за масата, со другата за креветот во обид да станеш. И кога ќе видиш дека немаш сила, бараш малку да те поткренам. А јас сум немоќна. И тогаш почнуваш да плачеш зашто толку голем борец како тебе со толкава волја за живот, нема веќе сила. Но не се предаваше. Се мачеше и мачеше, но не сакаше да прифатиш дека животот за тебе е завршен. Веруваше дека е минлива болест. Иако одживеа скоро цел век, ти беше малку. И мене ми е малку да ти кажам. Сакам утре да дојдеш, да ми ја отвориш вратата, 3 пати да провериш дали спијам. И на крај да ми речеш "Ајде стани, што е ова спиење?!". Па да ми говориш за дедо, како тој сакал да не исчувате заедно. Да се моткаш низ двор и да работиш нешто, па да дојдеш да се пофалиш. Да ме искараш зашто сум пуштила музика или сум говорела гласно со другарките. Да ми донесеш пржени компирчиња. Да бараш низ фрижидерот додека спијам, и после да се жалиш дека ништо не си јадела. Да се радуваш на секој мој положен испит. Да раскажуваш колку внуци имаш и колку те сакаат. Да ме бакнеш на челото, да ми кажеш "Убава на баба". Кога ќе дојде некој, да го пречекаш. А сега...празна е куќава без тебе. Сама сум. Некогаш посакував и јас да почувствувам како е да си сам, никој да не ми се качува тука, да не се интересира кој ми дошол на гости, да не ми зирка кога правам ручек, кажувајќи ми дека не му се допаѓа јадењето. Не ми треба да сум сама, само ти врати се. Карај ме бабо, имај си ја таа налутена фаца, негодувај, жали се...ама дојди. Не можам да се помирам дека те изгубив. Не можам да ја избришам таа слика на твојата беспомошност во последните денови. Не сака да си оди. Ќе ми мафнеше со раката да дојдам, да ме прашаш кога ќе се раздени, да ми кажеш дека те мачат лоши соништа, ќе бараш да те станам. Па ќе тераш инает и ќе се каравме. Ама пак те сакав, бабо. И не знаеш колку ми недостигаш Не ми се лути што плачам за тебе секој ден, те молам. Ама страшно многу ми требаш.
Ми недостига само тој што и двајцата се сакаме,само што тој терат инает.Ми недостига неговата прегратка,неговите бакнежи,ми недостига се што е негово.Ми недостасуваат насмевките. Се надевам дека се ќе се среди,и ќе биде како што беше.
ХХХ, ми недостига твоето присуство, твојата мека духовитост и секојдневна сериозноста. Секое парче од она што те правеше тебе се искорени од моето секојдневие. Дебатирањето за бош теми, тоа што ме познаваше многу добро, а се имавме зближено за неполна година. Отиде нашата двосмисленост на исказите, сомнежот во секоја гримаса и удобната тишина. Напишав неколку текстови за тебе, ти ги посветувам.. а џабе се‘, најверојатно. Ништо се сторивме за да останеме вака.. па баш поради тоа што ништо не сторивме оставивме далечината да надвладее.. можеби и нашиот инат, тврдоглавост, его. Ги прекорувам, да знаеш. Сеуште пред спиење ми текнува на последното наше смирување на автобуска.. филмски беше остварено, јас и ти главни улоги, сета околина не ја перцепиравме. Затоа што ние бевме единствени што постоевме. Сеуште се сеќавам на некои зборови што ми ги кажа, некои вести што ги интерпретираше, занемев по нивното искажување и по твоето прашање во моментот На што мислам(?) и двајцата знаевме што размислувавме, и двајцата знаевме која грешка ја направивме, ама веќе беше направена. Би дала делче од мене за повторно да шетаме гушнати на плоштад и да јадеме шекерна волна. Летото ќе ми остави спомен на една личност која можеби не сум ја љубела толку силно... но остави печат во моето постоење.. огромен. Проклето многу ми недостигаш.
Животе мој.... беше тоа Августовска ноќ... изминаа 10 месеци од кога те запознав тебе. Изгледаше премногу привлечен, интелигентен, очи како месечина ... имаше преубава насмевка , просто речено ме опи со неговата волшебна насмевка, беше толку чиста и искрена. Долго време си ги крадевме погледите .. во еден момент станав и се упатив кај него, почнавме да разговаравме. Разговаравме на најразлични теми, се смеевме, се зафркававме, се беше супер. Цела вечер додека разговаравме се гледавме и двајцата со восхит, и двајцата треперевме целите. Разговаравме цела вечер, да не кажам не фати утро. Видов колку е часот тек кога заприметив дека надвор веке е разденето. останав ваква Времето ни е брзо поминало. Си разменивме бројчиња, почнавме да се слушаме секојдневно. За кратко стапивме во врска.Не беше сон, беше реалност, ми се случи, ни се случи. Како поминуваше времето се со поголемо нетпение чекав да се видиме, се повеќе и повеќе ми недостигаше. Едно сватив, како изминуваат стрелките на часовникот јас се повеќе се заљубував во него. Знаев дека и тој ме сака , искрено, без скриени намери, но незнаев зошто , зошто секогаш кога помислував на нас двајца ме обземаше чуство на ТАГА ... Тој беше мојата звезда која ми го осветлуваше патот по кој одев низ мојот живот. Се забавувавме 7 месеци. Тие месеци ни летнаа премногу бргу. Седум месеци исполнети со љубов , со среќа , со радост, со смеење ... итд итдн.. Но и покрај тоа што се беше убаво секогаш ме обземаше чуство на ТАГА кога ке помислев на нас двајца.. сеуште незнаев зошто.. зошто?!?! Можеби нашата врска ќе траеше уште многу долго, можеби ќе траеше вечно.. но само да не ми го одземеше таа ...СМРТТА - проклета да е! Ангел беше на земјата, ангел ќе бидеш на небото.замина а сепак остана! Изминаа 3 месеца од кога загина, а болката сеуште не стивнува, солзите не запираат. Течат .. река ... Љубовта е посилна од СМРТТА затоа мојата љубов кон него нема да згасне никогаш! А кога ке заминам и јас горе кај облаците ке се најдеме повторно, ке бидеме заедно повторно! Ми недостига неговиот топол поглед, секогаш кога ке ме фатеше за рака ме носеше кај облаците... Ми недостига неговата силна прегратка и скришно украдените бакнежи. Ми недостигаат нашите долги разговори и доверените тајни! Ми недостигаш Ти .. Ми недостига неговата топла насмевка .. Ми недостигаат неговите очи како месечина .... Ми недостига се што правевме заедно... СЕ ....... Сеуште се секавам на неговите последни зборови и неретко истите ме одржуваат во живот. После толку време го разбирам значењето на чуството кое ме обземаше секогаш кога ке помислев за нас двајца. - ТАГАТА .... тоа беше чудно чуство, кобно чуство! :'( Секој ден како изминува се повеке и повеке ми недостига, секој изминат ден, секој изминат час, секоја измината минута.. секоја измината секунда.. секоја измината стотинка ....
AnimeHQ ме расплака многу,неможев да се смирам Ми недостига дечко ми,вчера се скаравме за глупост и веќе еден ден не збориме а премногу ми фали. Ми недостига и дедо ми МНОГУ кој почина пред 6 месеци..........:'(
Девојки ме расплакавте Навистина ми е жал Јас сум многу приврзана за татко ми,секад ме брани и е на моја страна (дека сум најмала во фамилија ), а сега е на пат и го немам видено 10дена и ми фали,одвај чекам да го видам и ако не го слушнам барем 1 во денот многу ми е тешко... A моментално ми фали и дечко ми,бидејќи (бев со него до сега,)се испокаравме и си замина налутено без поздрав со неговите зборови "овој пат нема да останам и више никогаш нема да бидеме заедно"
Херојот мој ! Помина многу време откако не си меѓу нас,но тоа не значи дека не си со нас,понекогаш размислувам колку само би ми бил различен животот да си со нас да застанеш до мене и да кажеш "Полека до девојкава јас ја штитам" сега знам дека тоа го правиш од горе,знам дека не можеш да ме препознаеш бидејќи тоа мало девојче кое некогаш бегаше и се плашеше од тебе сега е веќе девојка,девојка која оди по патеката на животот,паѓа,станува но се бори, да си тука ти немаше да плача во себе-ќе плачев пред тебе,бидејќи сум сигурна дека ќе ме сватеше повеќе од кој и да е,ќе ми викаше да не пушам цигари бидејќи се штетни и да не носам кратко бидејќи ќе настинам,ах идолу мој,ти живееш,ќе живееш со мене,на сите им раскажувам каков човек беше ти,сега знам дека ме гледаш од горе и си велиш Немој не тагувај,не чувствувај горчина во грлото,јас сум тука и те штитам. Понекогаш те сонувам,повеќе од останатите,тогаш сакам да останам со тебе бидејќи ме штитш од сите а јас гордо застанувам на нозе и не се плашам од никого и од ништо,тогаш сакам да ти ја подадам раката и да те донесам овде со мене,но баш тогаш раката ми се одлизнува и ти пак заминуваш,а јас го чекам сонот кога пак ќе те видам ... Дојди вечер да те сонувам Твојата миленичка
без разлика на тоа каков бил што бил и колку ме сакал како мала.. секогаш плачам кога ќе се потсетам на него ,малку време поминавме заедно ,малку работи научив од него. но, го сакав таков каков што беше ..и секогаш ќе го сакам. Ми недостига многууууууууhttp://www.youtube.com/watch?v=wyLxuy4tPLs
Насмевката смрзна,токму тогаш кога заигра на белото лице. Сјајот во очите исчезна. Студот го зароби беспомошното тело. Викање.Урлање. Солзи и лелекања. Малку е ... Залудно е ! Од тебе ни трага ни глас. Не знам ни зошто. Не знам ни како. Само знам дека повеќе те немам. Те немам ... Гори срцет Се дави од солзите. Телото ми се распарчи. Во мене се беснее. Само една твоја насмевка, прегратка... Твојот глас би ме вратил во живот. Се запре.Светот потона. За мене се е мртво, се освен ти. Живееш во моето срце, мојата душа. Те носам како спомен. Највредниот подарок од Бога. Летај...Уживај во небесните убавини. Воздигни се во рајот. Заиграј нежен бал со ангелите. Радувај им се на убавините. -Чувај не ! ТЕ САКАМ СЕГА И ЗАСЕКОГАШ ! * Почивај во мир * Ми недостига баба ми
ми недостига саканиот, мојот сокол,да ме прегрни нежно,да ме привие во себе,да ја наслонам мојата глава на неговото рамо како некогаш,да ме бакне нежно....сакам јас ама тој несака.....тоа е...