Ми недостига времето кога живеев помирно и поспокојно. Ми недостига и другарка ми која што моментално е на одмор. И Смоуки, мачорот мој.
ми недостига многу...баш денес на мојот роденден тој не беше со мене.не дека намерно ама пак...многу сум тажна,многу сакав да стигне за роденденот!наместо да бидам среќна денес ми е многу депресивен ден..многу ми недостига многу!!!!андријан те сакам!
Ми недостига дедо ми, кој почина... тој ми беше најголема поддршка, никој не ме разбираше како него, па дури ни мама, секогаш ме бранеше.... Исто ми недостигаат и старите денови кога се беше подобро...
ах.многу премногу ми недостига TOJ.....најубавите очи на светот кој ме гледаа толку милно и имаа сјај само за мене...... ми недостигаат долгите телефонски раговори со него,за важни и неважни работи,смеењето,,,,,,,,,,,,, ми недостигаат неговите железни прегратки и бакнежи,скокотливите муабети,..неговиот глас како ми вика TE CAKAM............. за жал не сме заедно,и се ова ке остане само мој спомен на едно преубаво време кое замина во историјата....
Ми недостига дечко ми....сите те тешат еее што се 6 месеци како ништо ќе поминат. Ама за мене се цела вечност и никако да поминат....ах љубов љубов
ми недостига една личност која ми помогна да се чуствувам прекрасно со неа се гледам по 1 во годината
Ми недостига мојот пријател. Многу го сакав се споделував со него а и тој со мене. Некој ќе рече пријателство помеѓу машко и девојче нема, но тоа не е точно јас и тој бевме многу добри пријатели. Ми недостига се' кај него , зезањето , смеењето , долгите разговори по телефон , па дури и карањето за беззначајни работи . Но тоа сега е минато. Се скаравме за "ситница" и од тогаш не живееме. САКАМ ДА СОБЕРАМ ХРАБРОСТ И ДА МУ КАЖАМ КОЛКУ МИ НЕДОСТИГА , НО ПРОКЛЕТАТА ГОРДОСТ НЕ МИ ДЗВОЛУВА :'(
Ми фали татко ми... Да ми рече -Ај тури едно кафе- 16 пати денеска, да ми дава совети, да си седиме да си правиме муабет до 5 сабајле секоја вечер во двор, ми фали секој рооденден, секоја слава, секоја собиранка, секој успех и неуспех, ми фалеше да биде главен фраер на веридбата, ќе ми фали да биде главен фраер на свадбата, ми фали да не ми фали секој, секој ден...
кога би бил до мене сега друго не би посакала едвај чекам да го видам, да го гушнам, и да му кажам колкууу многу го сакам